IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 56>
Автор
Порака
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 00:26
Фала за рецептот бабо , ќе видиме утре колку сум вешт...херојјинг%20јанг
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 05:09

Капини со мед

Капини%20со%20мед
 

Потребни состојки:

  • 500 грама Мед
  • 1000 грама Капини 

Подготвување:

 Капините набрзина се чистат и мијат под млаз ладна вода во цедилка.

Добро се цедат, се претураат во тенџере, се преливаат со мед и се ставаат на оган да провријат.

Откако масата ќе зоврие се вари уште 2-3 минути, а потоа уште врела се тура во тегли претходно загреани во рерна.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 04:00
Ледени коцки од малина



За да ги подготвите едноставниот и вкусни ледени коцки од малина, потребно ви околу половина час, неколку состојки и мала желба и причина за да се "проврткате" во кујна.
ledeni-kocki-od-malina


Што ви е потребно: 

  • околу 600 грама малини 
  • 250 мл ладно млеко
  • 150 мл слатка павлака
  • 3 кесички шлаг
  • 1 кесичка ванилин шеќер


Начин на подготовка:

Помешајте ги млекото и слатката павлака, додајте го шлагот и ванилиниот шеќер и миксирајте додека смесата не се изедначи. Потоа, сипете ја смесата во сад кој минимално сте го намачкале со масло или путер, а одозгора распоредете ги малините.

Покријте со алуминиумска фолија и ставете ги во замрзнувач. После 3-4 часа, штом смесата добро ќе се 'стегне', исечете ја смесата на коцки и послужите со преостанатите малинки.



Изменето од ФорумскаБаба - 29.Јули.2010 во 04:01
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 23:55

Лeден сникерс

Лeден%20сникерс


Потребни состојки:

  • 250 грама Шеќер во прав
  • 200 грама Чоколадо за готвење
  • 100 грама Чоколадо
  • 450 грама Маргарин
  • 200 грама кикиритки
  • 2 лажица/ци Какао
  • малку   Ванила екстракт
  • 500 грама Блага павлака
  • 300 грама Бисквити
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.


Краток текст:

Консумирањето кикиритки или путер од кикиритки најмалку 5 пати неделно, може да го намали двојно ризикот од срцев удар. Во прилог на намалување на холестерол, тие спречуваат воспаление и ја подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето.

Кикиритките се важно оружје во борбата против срцев удар, според резултатите од истражувањата на последните американски експерти. Во текот на студискиот период, кое траеше 22 години експертите на Универзитетот Харвард испитуваа околу шест илјади жени со дијабетес од тип два, со што се зголемува ризикот од срцев напад и мозочен удар. Овие жени имаа специјален режим на исхраната, како и на секои две до четири години тие пополнуваа прашалници за начинот на исхраната и навиките при користењето на намирниците.

Подготвување:

За подлогата: сомелете ги бисквитите и со истопеното чоколадо и изматениот 200 гр. маргарин направете хомогена смеса.

Со неа обложете дно на округла и длабока чинија.

Оставете во фрижидер додека го подготвите кремот.

Крем: изматете ги маргаринот и шеќерот во прав во густа пена.

Матејќи додавајте ги јајцата за да се измешаат со маргаринот.

Посебно истопете го чоколадото и оставете да се излади.

Изматете ја слатката павлака и полека додајте ја во смесата со маргаринот.

Сега оваа смеса поделете ја на два дела.

Во еден додајте 2 лажици какао и екстракт од ванила па ставете ја во неправилна форма над тестото.

Посипете со кикиритки.

Вратете го садот во фрижидер, уште подобро во замрзнувач.

За тоа време подгответе го чоколадниот фил: во одвоениот фил додадете го истопеното чоколадо за готвење, па повторно убаво изметете.

Нанесете над светлиот крем и украсете со струготини од чоколадо.

Вратете во фрижидер до служење.


Изменето од sneska_v - 04.Август.2010 во 23:55
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 04:42
Некоја од оние..постарите рецепти...

Брз колач (брзи гонзалес)



Потребни состојки:

6 јајца
20 лажици шеќер
30 лажици брашно
200 мл. млеко
200 мл. масло за јадење
1 кесичка прашок за печење

Шербет (фил):
30 лажици вода
20 лажици шеќер
1 маргарин
6 лажици какао
100 гр. чоколадо
2 кесички ванилин шеќер

Во сад за матење со миксер се матиме 6 јајца и 20 лажици шеќер се додека шеќерот не се растопи. Потоа се додаваат млекото и маслото за јадење. Кесичката прашок за печење се меша со 30 лажици брашно, а потоа го додаваме во садот за матење и матиме додека смесата не се изедначи. Колачот го печиме во намрсена тава на 180oС околу 30 минути. Откако колачот ќе се испече, го вадиме од рерната и го оставамр настрана да се олади. Во меѓувреме го подготвуваме шербетот (филот). 30 лажици водата и 20 лажици шеќер ги ставаме во тенџере на оган да се варат. Го додаваме маргаринот, 6-те лажици какао и 100-те гр. чоколадо, мешаме, и оставаме шербетот да зоврие.откако ќе зоврие го тргаме од огнот и ги додаваме 2-те кесички ванилин шеќер и мешаме додека да се растопи. Испечениот колач го сечиме на коцки или ромбови и врз него со лажица внимателно, пополека, истураме од шербетот. Внимателно ставаме од шербетот меѓу секое парче додека целосно не го потрошиме.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 04:49

    Гурабии со сало    


Потребни состојки:

1 кг. брашно
½ кг. сало
250 гр. шеќер
3 јајца
1 кесичка прашок за печење
1 кесичка ванилин шеќер

Салото, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат со миксер додека да се растопе шеќерот. Се додаваат 3-те јајца и пак се мате со миксер. Потоа, се додава брашното во кое претходно имавме измешано 1 кесичка прашок за печење и продолжуваме да го месиме тестото со рака додека да се соедини. Формираме гурабии по сопствена желба, ги редиме во плех и ги печиме во рерна на тивок оган.

Изменето од ФорумскаБаба - 10.Август.2010 во 04:51
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2010 во 15:36
Десерт од бобинки

Потребно:

600 г боровинки, рибизли
2 ќесички ванилин шеќер
70 г кафен шеќер
1 ќесичка шлаг

Приготвување: овошјето добро измијте го, исцедете го, па изладете го во фрижидер. Потоа, измешајте го со двата вида шеќер и распоредете го во чаши за послужување. Пред да го послужите, десертот добро изладете го и украсете го со изматениот шлаг.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 07:52
Актуел Торта

3 банани
- 5 јајца
- 2 праски
- 200 гр. диња
- 100 гр. мелени ореви
- 2 лажици мед
- 700 мл. хопла
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 1 крем фикс
- половина прашок за печиво
- 100 мл. шампањско

Потребно време за подготовка на овој десерт е 60- тина минути.
Во сад за матење ги кршиме јајцата. Почнуваме да матиме со миксер и во садот го додаваме шеќерот. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашно. Потоа брашното го додаваме во садот за матење и мешаме со жица за матење. Во садот ги додаваме мелените ореви и мешаме со жицата додека смесата не се соедини. Тестото за торта го истураме во тава обложена со хартија. Го рамниме тестото со лажица. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15- тина минути на температура од 180 степени. 
Тавата со испечениот пандишпан ја вадиме од рерна. Со нож ги одлепуваме краевите на пандишпанот од тавата. Го превртуваме пандишпанот на работната маса и ја отстрануваме хартијата. Уште еднаш го превртуваме пандишпанот и го сечеме на половина. 
Во сад за матење ја ставаме хоплата. Почнуваме да матиме со миксер и го додаваме крем фиксот. Откако шлаг кремот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот. Праските ги лупиме и ги сечкаме на парчиња. Исечканите праски ги ставаме во подлабок сад. И бананите ги лупиме и ги сечкаме на тенки кругови, кои ги додаваме во садот со праските. И дињата ја сечкаме на парчиња и ја додаваме во садот. Го промешуваме овошјето. 

Првиот дел од пандишпанот го ставаме на чинија за торта. Го попрскуваме пандишпанот со шампањско. Врз пандишпанот го нанесуваме шлаг кремот и го премачкуваме пандишпанот. Врз шлаг кремот ставаме од мешаното овошје. Врз овошјето ставаме мед. Потоа го ставаме вториот дел од пандишпанот и целата торта ја премачкуваме со шлаг крем. Преостанатиот шлаг крем го полниме во готварски шприц, со чија помош ја украсуваме тортата. 
На средината на тортата ставаме мешано овошје и една лажица мед. Сечеме парче од Актуел тортата и го ставаме на чинија за послужување. Оваа торта мора да се јаде растурена. 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 07:53
Алва од бадеми


- 50 гр. Бадеми
- 2 чаши шеќер
- 150 гр. Путер
- 1 чаша гриз
- 3 чаши вода

Потребно време за подготовка на овој десерт е 20- тина минути.
На оган ставаме едно тенџере и во него ги ставаме трите чаши вода. Во водата ги додаваме двете чаши шеќер и оставаме да зоврие. 
На даската за сечење крупно ги рендаме бадемите. На оган ставаме уште едно тенџере и во него ги ставаме ренданите бадеми и гризот. Промешуваме и оставаме да се пржат на тивок оган додека да пожолтат. Во првото тенџере со шербетот додаваме 150 гр. Путер и промешуваме со лажица за путерот побрзо да се растопи. Откако шеќерот и путерот потполно ќе се растопат со црпалка црпиме од смесата и додаваме во тенџерето со испржен гриз и бадеми. Непрекинато мешајќи на оган смесата ја вариме додека не се згусти. Го тргаме тенџерето од оган и го ставаме на работната маса. Наполу изладената алва ја ставаме во метален калап облепен со алуминиумска фолија. Убаво ја рамниме горната површина на алвата. 
На оган ставаме тенџере и во него ставаме путер и чоколадо за готвење да се растопат. Откако Путерот и чоколадото се растпоени го тргаме тенџерето од оган. Со чоколадниот прелив со црпалка ја преливаме алвата. Калапот со алва го ставаме во замрзнувач да са стегне. Откако алвата е стегната го вадиме калапот од замрзнувач и го ставаме на работната маса. Ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме поголеми триаголни парчиња од алвата со бадеми. Парчињата од сите страни ги валкаме во преостанатиот чоколаден прелив. 
Потоа парчињата ги редиме на чинија за послужување. 
Ги украсуваме со детелинки од лупени бадеми. 
Со тоа алвата од бадеми е подготвена.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 23:02

Торта од ориз со јаболка

   Потребно:

 

1 лажица млеко

1 лажица маслиново масло

200 гр. ориз

100 гр.нерафиниран шеќер

2 ванили

1 кгр.јаболка

3 јајца

Сок од еден лимон

Цимет

На врв на нож морска сол

 

 Подготовка:

 

   Во млекото се става маслиновото масло и солта. Кога ќе зоврие се става оризот и се остава на тивок оган да вари. Кога оризот е зовриен, се додава 100 гр.шеќер и двете ванили. Посебно се лупат јаболката, се сечат на парчиња, се цеди сокот од лимон, се попрскуваат со цимет, па се динстаат да омекнат. Во оладениот ориз се мешаат три жолчки. Потоа во огноотпорната тепсија се става половина ориз и јаболка,па другата половина ориз и така по ред. На крај се матат трите белки со три лажици шеќер, се прелива преку оваа маса и се печи 20 минути.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2010 во 05:33

Чоколаден кох

Чоколаден%20кох
 

Потребни состојки:

  • 100 грама Шеќер
  • 150 грама Чоколадо за готвење
  • малку   Сол
  • малку   Сода бикарбона
  • 45 грама Путер
  • 300 милилитри Млеко
  • 30 грама Брашно
  • 6   Јајца

Подготвување:

 Во еден сад растопете го путерот, додадете брашно, па ставаме на тивок оган малку да порумени, потоа го тргаме од оганот и постепено додаваме загреано млеко, постојано мешајки, па го вракаме тавата повторно оган, за да добиеме густа смеса во неа, односно таканрачена бешамел сос.

Во до половина оладениот крем ги додаваме една по една жолчките, малку сол, па се добро матиме. Чоколадата ја топиме, над пареа гомешаме шеќерот и две лажички вода, па кога до пола ќе се олади ја матиме во масата. Во сосема оладената смеса изладената маса вмешајте ја сода бикарбона и цврсто излупениот снег од белки. Во путерот премачкан со плех печеме во претходно загреана рерна. 
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 12:48
 
 

Вкусен десерт од смокви

 

Смоквите се здрави, а во комбинација со мед и сладолед тие се вистински предизвик за непцата.

Смоквата е здрава за младите, а на старите им помага да не стареат толку брзо со тоа што успешно се борат против брчките. Помага при контрола на нивото на шеќер во крвта и го намалува нивото на холестерол. Тие имаат позитивно влијание врз здравјето на дебелото црево и врз ситоста на човекот. Јадењето смокви исто така е одлично затоа што ги намалува шансите за појава на рак.

Потребни состојки:

Смокви

Мед

Цимет и

Бадеми.

Најпрво, загрејте ја рерната на 200°C, а од смоквите исечете ги краевите.

Потоа капнете неколку капки на секоја смоква, ставете мед и цимет, додадете рака бадеми и целата смеса така подготвена, ставете ја во рерната и оставете ја да се пече 15 до 20 минути.

Смоквите се послужуваат топли со сладолед од ванила.

На смоквите секако може да додадете лешници, ванила, кори од портокал или лимон, ананас, ореви, листови мента или пак некое сортно вино.

Наместо сладолед, смоквите може да ги сервирате со шлаг.

 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 23:29

Смокви со цимет

Потребно:

* 8 смокви
* 60 мл сок од лимон
* 50 г кафен шеќер
* 200 г крем сирење
* 1/2 лажичка цимет
* 1/2 лажичка шеќер во прав

Приготвување: смоквите исечете ги на кришки, па премачкајте ги со смесата од сокот од лимон и кафениот шеќер. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете ги околу 10 минути. Крем сирењето, циметот и шеќерот во прав измешајте ги. Во чинија за послужување прво ставете ја смесата од сирењето, а врз неа печените смокви.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 11:36
Еве еден брз,вкусен десерт кој не бара многу време(5 минути работа),не бара вешта готвачка ,малку чуден состав ама резултатот е фантастичен.

                           БИСКВИТ ТОРТА  СО ЈОГУРТ

Потребни состојки

1 кг бисквити
1л јогурт
400 гр шеќер
4 банани

Се истура јогуртот во еден подлабок сад,се додава шеќерот,потоа се додаваат сецканите   банани директно во јогуртот за да  не потемнат и на крај се додаваат издробените бисквити.

Смесата убаво се промешува за да се хомогенизира ,а  потоа се обликува во форма по ваш избор.

Оставете ја во фрижидер тортата  2 часа,а потоа.....добар апетит!
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.