IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 57>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 16:26
Молам некој ако знае како се прави ашуре да ми напише. Првпат го пиев пред некој ден во “Јахја Кемал“ и многу ни се бендиса (мене и на децата)...Ќе бидам бескрајно благодарна.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25680
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 22:00
Имам пријателка Турчинка па  ја замолив да ми напише рецепта. Знам дека за правење користат едно 40 состојки -од жито до сето можно суво и свежо овошје. Имам пробано еднаш, ама не да се пиезбунетост. Мене ми наликуваше на пудинг, ама многу по цврст.голема%20насмевка
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25680
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 22:16
Ми пиша вака ова е основната верзија
250 гр пченица (сварена, миксирана)

300 гр шекер

  2,5 литра вода

   60 гр густин

   80 гр (една рака) ореви

  50 гр (една рака) суво грозје

   50 гр сушени кајсии (ги има низ маркетите)

сок од лимон, портокал.

ама може да се додаде и секакво друго овошје, свежо или суво.

Дури некои ставале и грав, грашокголема%20насмевка

Важно, се што е тврдо се вари по усталена постапка, па се миксира ( во блендер). Порано го толчеле.

На миксираната пченица со водата во која се вареше  и се додава растворен густинот и шекерот и се меша додека да згусне. Се трга настрана и се додаваат сите останати артикли.

Според неа може се да е миксирано, па да наликува на пудинг, може пола миксирано, а овошјето сецкано.


Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2010 во 22:52
Јоооој, мамамд, фала многу.
Токму така се, густо е, всушност полутечно е и се вика Noah pudding на англиски.Ми ја дадоа рецептата на англиски ама искрено ме збуни тоа грав, грашак и бев сомничава, во тоа што го пиев немаше грав и сл. мешунки туку токму како во твоево-суво гројзе, сушена кајсија...Тоа е.

Пијалак со историја-во чест на Ное (луѓето до Ное се хранеле само со житарки и во негов спомен се прави и се прави на денот Ашура во Турција но и др. на блиски исток)

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2010 во 21:15

Ванилици

200 гр. маст
500 гр. брашно
1 цело јајце
1 жолчка
4 лажици шеќер
сок од еден лимон
шеќер во прав
ванила

Изматете ја пенасто маста, а потоа додајте ја жoлчката, целoтo јајце, шеќерoт и сoкoт од лимон. Потоа дoдајте го брашното, префрлете ја смесата на даска за месење, замесете тесто и исукајте гo тестотo вo кора со дебелина од 1/2 см. Со чашка од ракија вадете ванилици од тестотo и редете ги вo подмачкан плех. Печете ги 20 мин. на 150С. Печените ванилици премачкајте ги со џем, сoставете ги две по две и увалкајте ги во прав шеќер вo кој претхoдно сте додале ванила.
Кон врв
mimicria Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
magnet za defekti

Регистриран: 27.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3444
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mimicria Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 14:55
Domasni biskviti
 
250 gr. brasno
250 gr. seker
3 jajca pogolemi
 
Se mesaat jajcata i sekerot, pa posle se stava brasnoto.
Brasnoto treba da se stava poleka i da bide rastreseno i se mesaat poleka so raka.
Se stavaat so spric ili lazice na hartija za pecenje (po podmackan pleh) i se dekoriraat po zelba (npr so cokoladni troski).
Pri stavanjeto vo tavceto da se vodi smetka da bidat razdeleni na malku pogolemo rastojanie zatoa sto se zalepuvaat.
Se pecat dodeka ne porumenat (10-15 min).
Se odlepuvaat od hartijata tek koga ke se oladat.
Sovrseni se za so kafe (za mackanje) ili kako suv dorucek.
Se pravat se vkupno za 10 min.голема%20насмевка
Dajem ti verse i note, sve moje sarene perle na dar, jos te mogu pjesmom kupiti, lukavo i slatkorjecivo, jos uvjek mogu ti podvaliti ljubav...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 15:00
Originally posted by емил емил напиша:

<TABLE =blank border=0 cellSpacing=0 cellPadding=15>
<T>
<TR>
<TD width="100%"><SPAN =textMain1>
<H1>Ванилици</H1></SPAN></TD>
<TD align=right></TD></TR>
<TR>
<TD colSpan=2><SPAN =textMain>200 гр. маст500 гр. брашно1 цело јајце 1 жолчка4 лажици шеќерсок од еден лимоншеќер во правванилаИзматете ја пенасто маста, а потоа додајте ја жoлчката, целoтo јајце, шеќерoт и сoкoт од лимон. Потоа дoдајте го брашното, префрлете ја смесата на даска за месење, замесете тесто и исукајте гo тестотo вo кора со дебелина од 1/2 см. Со чашка од ракија вадете ванилици од тестотo и редете ги вo подмачкан плех. Печете ги 20 мин. на 150С. Печените ванилици премачкајте ги со џем, сoставете ги две по две и увалкајте ги во прав шеќер вo кој претхoдно сте додале ванила. </SPAN></TD></TR></T></TABLE>


Како гледам, ќе биде од тебе добар, домаќински Македонски зет, БРАВО
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2010 во 17:40
Бадем колач
 
Потребно
225г готови кори
За фил
30мл џем од малини
50г Гриз
50г бадеми
125г шеќер крупен
1 јајце матено
1.25мл екстракт од бадем
75г маргарин-топен
15г сецкани како лушпи тенки бадеми
 
Начин на подготовка
Се загрева рерната на 170ц
Се намрсува тавче со димензии 28х18цм
Се распостилаат корите во тавчето па врз нив се размачкува џемот од малини рамномерно.
Се матат заедно смесата  од останатите состојки освен сецканите бадеми кои се искличиво за декорација.
Се истура целата смеса врз џемот со корите и се нафрлуваат сечканите бадеми.
се пече отприлика 30 мин додека не добие златно-браон боја. Потоа се вади и се лади.
Пријатноголема%20насмевка
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 21:30

Раванија

8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици гриз
4 лажици брашно

3а шербетот:
1,5 литар вода
650 гр. шеќер

Изматете ги белките. Потоа изматете ги жолчите со шеќерот, па додајте го гризот и брашното и на крај изматените белки. Измешајте се добро и ставете ја смесата во намачкано тавче и печете ја 10 минути на температура од 200ºС. Откако се испече оставете ја раванијата да се олади. Од шекерот и водата сварете шербет и ладната раванија попарете ја со врел шербет. Потоа вратете ја раванијата во исклучена рерна да се олади.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 03:09

КОЛАЧ СО КАЈСИИ

            Потребно:

-за тестото: 160 гр. брашно, 30 гр. мелени бадеми, 100 гр. шеќер во прав, 120 гр. путер од фрижидер, 1 помало јајце и малку сол

-за декорирање: 70 гр. кристален шеќер, 40 гр. путер, 40 мелени бадеми, 1 белка, 400 гр. кајсии и шеќер во прав

            Со миксер измешајте го брашното, шеќерот во прав и мелените бадеми. Додајте го путерот во ситни коцки, измиксирајте малку и потоа додајте ги солта и јајцето. Миксирајте полека додека тестото не се собере во топка. Завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1 час. Потоа тестото ставете го во плех (18х18 см или радиус 20-22 см) и со лажица расплескајте го по целото дно. Печете ја кората 15 мин. во загреана рерна на 180 степени, додека работ не се зарумени. Оставете ја кората во рерната да се лади. Измешајте 40 гр. кристал шеќер со путерот и со мелените бадеми и додајте ја изматената белка. Со ова премачкајте ја кората, врз неа наредете ги кајсиите исечени на 8 парчиња. Посипете ги со преостанатиот шеќер и вратете го колачот во рерна да се пече уште 20 мин. Пред сервирањето посипете го колачот со шеќер во прав.

 

 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 19:35

АНАНАС ТОРТА

Потребно: една кутија пишкоти (200 гр.), една конзерва ананас (500-600 гр.), 80 гр. путер, 80 гр. мелени ореви, 80 гр. шеќер во прав, 4 свежи жолчки од јајце и шлаг за украсување

Пенесто се матат путерот, жолчките и шеќерот во прав и се додаваат исечканиот ананас и оревите, и сето пополека се меша. На тркалезна подлога обложена со целофан или алуминиумска фолија се редат пишкотите, потоа ред крема, се додека не се потрошат. Редењето да се заврши со пишкоти. Пишкотите пред редењето накусо да се потопат во млеко или во сок од ананас.

Тортата се става во фрижидер до следниот ден, за потоа да се сврти на прикладна чинија. Се украсува со шлаг, ананас и пишкоти по сопствена желба.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 20:12

Слатки срца


Потребни состојки:

  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 1 кесичка Прашак за печиво
  • 150 милилитри Млеко
  • малку   Кора од лимон
  • 2 лажица/ци Масло
  • 1 кесичка Ванилин Шеќер
  • 250 грама Брашно
  • 1   Јајце
  • 60 грама Шеќер   

Подготвување:

Путерот се сецка во брашното во кое веќе е ставен прашакот за пециво.
Се додаваат јајцето, ванилниот шеќер, шеќерот, солта, сецканата кора од лимон и млекото.

Се меси мазно тестото, се развлекува во кора и се сечат колачиња во облик на срце.

Се печат во подмачкано тавче.


Изменето од емил - 03.Мај.2010 во 20:12
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 12:04
Ima nekoj isproban recept za TIRAMISU torta?
Fala odnapred!
големо%20гушкање
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 17:30
Тирамису


Состојки400g     сирење маскарпоне
     пишкоти
4     јајца
100g     шеќер во прав
250ml     силно кафе еспресо
2 с.л.     коњак, амарето или рум (по избор)
2 с.л.     какао

Подготовка
Изматете ги жолчките од јајцата со шеќерот.
Додајте го во нив маскарпонето и измешајте ја смесата.
Во друг сад матете ги белките, додека не се направат како пена. Потоа додајте ги во смесата со маскарпоне.
Во еспресото додајте го румот. Во таа течност макајте ги пишкотите, една по една. Внимавајте да не бидат премногу влажни, затоа што ќе се распаѓаат.
Во тава наредете еден ред пишкоти. Врз нив ставете од смесата со маскарпоне. Потоа повторно наредете пишкоти, па пак од смесата. По желба можете да наредите уште еден ред пишкоти, но задолжително најгорниот слој треба да биде од смесата.
Одгоре прекријте го овој сладок десерт со какао во прав.
Ставете го во фрижидер. Најдобро е да стои во фрижидер еден ден пред консумирање.

Изменето од емил - 07.Мај.2010 во 17:31
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 57>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.