IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2016 во 08:35

КОЛАЧ СО ГАЗОЗА И ВИШНИ - ОВА НЕ СЕ ПРОПУШТА

Пандишпан: Се мешаат сувите состојки, ги додаваме газозата и маслото. Состојката ја ставаме на намачкано тавче со масло и ставаме да се печена 180 степени, 15 минути.

Оставаме да се излади, потоа со дрвена лажица правиме дупчиња во кои ќе ги ставиме вишните (без семки).

Прелив: На тивок оган се изедначуваат состојките за да се добие убава чоколадна смеса.

Од преливот се става во секое дупче пред и после вишните, а со остатокот ја преливаме целата торта која потоа ја сечеме на коцки и ја оставаме во ладилник за добро да се излади.

Пандишпан

♦ 300 гр. брашно

♦ 100 гр. мелени бисквити

♦ 200 гр. шеќер

♦ 2 пакетчиња ванилин шеќер

♦ 2 лажици какао

♦ 1 лажичка сода бикарбона

♦ 500 мл. газоза

♦ 125 мл. масло

Прелив

♦ 40 (+-) свежи вишни

♦ 200 гр. шеќер во прав

♦ 50 гр. маргарин

♦ 4 лажици вода

♦ 2 лажици какао

♦ 1 пакетче ванилин шеќер



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2016 во 16:17

КОЛАЧИЊА СО ЛЕШНИЦИ

Најпрвин се прават 3 кори од следните состојки:

  • 9 белки
  • 15 лажици шеќер
  • 18 лажици лешници

Секоја кора треба да содржи третина од состојките за да ви излезат 3 (3 белки се матат со 5 лажици шеќер и 6 лажици мелени лешници).

Смесата се распределува во тава за печење и се пече 15 минути на 200 степени.

Се подготвува чоколадната глазура за која ќе Ви бидат потребни:

  • 200 гр. чоколада за готвење
  • 100 гр. слатка павлака
  • 1 лажица путер

Чоколадата искршете ја на коцки и ставете ја во сад на пареа да се растопи заедно со путерот, слатката павлака и лешниците.

Секоја кора кога ќе се испече се премачкува со чоколадната глазура и се оставаат да се излади комплетно за да може чоколадата да се стегне.

Филот се подготвува на следниот принцип:

Во тенџере на оган се става 500 мл млеко да се згрее, 10 лажици шеќер и 1-2 лажици екстракт од ванила. Во друг сад на страна се матат 9 жолчки, 200 мл млеко и 1 кесичка пудинг од ванила.

Убаво се меша целата смеса за да нема грутчиња и се претура во млекото додека врие и се подготвува исто како пудинг. Се става најлонска фолија одозгора (да допира убаво до пудингот за да не фати кора и се остава целосно да се излади.

Кога ќе се излади се мати со миксер на најјака брзина со 100 гр. путер на собна температура.

Корите се редат на следниот принципот: се става кора, врз неа филот, се размачкува убаво, па пак кора, па пак фил и на крај се става последната кора со чоколадо на која се ставени мелени или сецкани лешници (или ореви). Се лади во ладилник околу 1час и се сечат коцки.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2016 во 09:36

Dave’s Kitchen: Опера колачи


Ова се колачи за кои важи онаа народната „прсти да излижеш“. Можеби малку ќе се помачите додека ги приготвите, но верувајте дека вреди.

Потребни состојки за пандишпанот:

  • 5 белки
  • 50 гр. шеќер во прав
  • 250 гр. мелени бадеми
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 80 гр. брашно
  • 5 јајца
  • 50 гр растопен путер

Со помош на миксер изматете ги белките, постепено додавајќи ги 50-те грама шеќер додека не добиете цврста пена. 

Во друг сад на страна изматете ги преостанатите состојки, не додавајќи ги една по една туку сите одеднаш. На крајот кога смесата ќе биде добро изматена додадете 50 грама растопен путер и спојте ја со претходно приготвената пена.

Смесата поделете ја подеднакво во две правоаголни големи тавчиња обложени со хартија и печете на температура од 200 степени околу 10-тина минути додека не добие убаво златна кафена боја.

Кога пандишпаните ќе бидат готови од едната страна премачкајте ги со растопено чоколадо и ставете ги во ладилник да се стегнат околу 10-15 минути.

Во меѓувреме пригответе ги филовите.

Фил со кафе

Потребни состојки:

  • 150 мл. млеко
  • 50 гр. шеќер
  • 3 жолчки
  • 50 гр. шеќер
  • 180 гр путер
  • 2 лажици еспресо

Најпрвин ставете ги млекото и шеќерот на оган и мешајте додека млекото не дојде до точка на вриење. На страна изматете ги јајцата и преостанатиот шеќер и додадете ги во жешкото млеко притоа матејќи со маталка. Откако смесата ќе дојде до вриење накратко оставете ја малку да се излади, па префрлате ја во миксер. Додадете го еспресото и миксајте додека не добиете хомогена смеса. Откако филот потполно ќе се излади додадете го омекнатиот путер и повторно миксирајте додека убаво не се соедини.

Чоколаден фил

Потребни состојки:

  • 150 гр. чоколада за готвење
  • 100 мл слатка павлака
  • 2 лажици мед
  • 3 лажици путер

Во сад на пареа растопете ги сите состојки додека не се соединат. Оставете филот да се стегне на собна температура.

Откако сте ги приготвиле филовите време е за редење на колачите. 

Прво поделете ги корите на 2 дела, така што ќе добиете 4 подеднакви делови. Ставете ја првата кора и врз неа нанесете1/2 од кафе филот. Потоа ставете ја втората кора и врз неа ставете го целиот чоколаден фил. Врз неа следи редењето на третата кора и мачкање на преостанатиот дел од белиот фил. Потоа оставете да се стегне околу 1 час во ладилник. 

На крајот прелијте со чоколадна глазура приготвена од 250 гр. чоколадо за готвење, 100 мл слатка павлака и 5 лажици путер растопени на пареа. Прелијте ја низ целата површина врз последниот слој од бел фил и оставете да се стегне.

Од оваа доза би требало да ви излезат околу 20 -тина парчиња.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2016 во 09:40

Магична торта од основни состојки која ги освојува светските готвачи


Моментално мошне популарна е магичната торта, која ги освојува светски познатите готвачи кои се трудат да ја направат беспрекорно. Иако станува збор за торта со стандардни состојки, магијата доаѓа кога ќе ја извадите од рерна во три слоја. 


Некои ја прават според стандардниот рецепт, а други пак додаваат чоколадо.

Потребни состојки:

  • 4 јајца (одделете ги жолчките од белките)
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 150гр шеќер
  • 125гр растопен путер
  • 115гр брашно
  • 500мл млеко
  • Шеќер во прав или овошје

Доколку сакате да ја направите чоколадната варијанта, додадете уште 43гр какао и 2 лажички еспресо или некое јако кафе.

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 150°С. Растопете го путерот и оставете го да излади на собна температура, а потоа стоплете го малку млекото. 

Истурете ги белките од јајцата во посебен сад.

Во друг сад, измешајте ги со миксер жолчките од јајцата со шеќерот, а потоа додадете го путерот и екстрактот од ванила и продолжете со мешање уште минута до две. Додадете го брашното и мешајте додека сите состојки не се соединат. 

Полека почнете да го додавате млекото и мешајте додека да се измеша убаво. Измешајте ги со миксер белките, да добијат пенлива текстура, но не претерувајте. Потоа додадете ги полека во смесата и измешајте убаво.

Ставете го тестото во еден сад и печете од 50-70 минути, односно додека врвот на тортата не добие златна боја. 

Откако тортата ќе се испече оставете ја неколку часа во фрижидер да олади. Потоа декорирајте ја со шеќер во прав, доколку ја правевте стандардната варијанта, а ако сте ја правеле онаа чоколадната декорирајте со овошје и чоколадо.


Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2016 во 15:32

Чоко „лист“ торта


„Лист“ тортите се ретро десерт што моментално го има своето заживување. Тортите моментално се гастрономски тренд, а причината за преродбата е едноставноста во подготвувањето.


Како да ја подготвите „лист“ тортата и што се ви е потребно за неа?

Состојки за тестото:

  • 248 грама брашно
  • 310 грама шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • ¼ лажичка сол
  • 226 грама несолен путер
  • 50 грама какао
  • 235 мл врела зовриена вода
  • 120 мл. млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажички ванила екстракт



Состојки за чоколадната глазура:

  • 112 грама несолен путер
  • 30 грама какао
  • 6 лажици млеко
  • 400 грама шеќер во прав
  • Чоколадни мрвици

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени  и намрсете го правоаголниот плех со путер или обложете го со хартија за печење.

Во подлабок сад ставете го брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта и оставете го садот на страна. Во друг поголем сад стопете го путерот на пареа (или во микробранова) па додадете ги какаото и водата. Добро промешајте додека не се олади малку смесата. Потоа додадете ги млекото,јајцата и ванила екстрактот, а потоа оваа смеса измешајте ја со таа од првиот сад со брашното. Добро промешајте и смесата истурете ја во плехот и печете околу 25 минути. Кога ќе се испече оставете да се олади.



Во поголем сад стопете го путерот, какаото, млекото а потоа додадете го шеќерот во прав додека не добиете течна чоколадна глазура.

Оставете глазурата да се олади и потоа прелијте ја врз испеченото тесто. По желба ставете чоколадни мрвици, или некое сезонско овошје, а ако не сакате оставете ја како што е.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2016 во 16:08

Превкусна и едноставна торта од костени


Есента веќе пристигна, а со неа и превкусните костени. За таа цел ви предлагаме да приготвите една поразлична торта во која главна состојка се токму костените.


Потребни состојки:

  • 225гр темна чоколада
  • 6 јајца, одвоени белки од жолчки
  • Малку сол
  • 125гр путер
  • 435гр пире од костени
  • 2 лажици рум
  • 65гр шеќер
  • Шлаг за послужување

Пирето од костени може да го направете со килограм костени, кои ќе ги варите во засладена вода со малку шеќер. Кога ќе се сварат костените, додајте малку топло млеко, рум за арома и малку путер. Состојките испасирајте ги да станат како пире.

Начин на подготовка на тортата:

  • Загрејте ја рерната на 180°С и намрсете тава од 23см
  • Раскршете го чоколадото и растопете го
  • Измешајте ги белките од јајцата со малку сол додека смесата не згусне
  • Во друг сад измешајте го путерот со пирето од костени и шеќерот. Полека додавајте ги жолчките, чоколадото и румот.
  • Додајте ги и белките и добро измешајте со цел состојките убаво да се сврзат. Ставете ја смесата во тавата и печете од 40 до 60 минути. Потоа, оставете ја малку да олади и декорирајте со шлаг.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2016 во 18:32

Dave’s Kitchen: Вкусен куглоф брз и лесен за подготовка


Искористете го продолжениот викенд за да приготвите лесен и вкусен десерт за своето семејство и пријателите.

Потребни состојки:

  • 250 гр путер
  • 2 шолји шеќер
  • 6 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 ½ шолји брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • Прстофат сол
  • 1 шолја кисела павлака
  • 100 гр чоколадо

За чоколадниот прелив:

  • 70 мл слатка павлака
  • 150 гр чоколадо

Начин на подготовка:

Во миксер измешајте ги путерот и шеќерот, матете околу 5-6 минути додека путерот не се соедини со шеќерот и не стане пенест. Едно по едно се додаваат 6-те јајца, екстрактот од ванила, брашното, сода бикарбона и прстофат сол. Брашното додавајте го на два пати, а не цело одеднаш и на крајот додека матите додадете ја киселата павлака. 

Добиената изматена смеса претурете ја во два сада по половина во секој сад. Во едниот сад додадете 100 гр. растопено чоколадо.

Од смесите истовремено се става во подмачкан куглоф со путер и со нож се прават нежни кружни движења. Се пече околу 45 минути на 170 степени. 

Кога ќе биде комплетно изладен се прелива со чоколаден прелив кој можете да го подготвите на следниов начин: 

Во тавче на оган ставете да се загрее слатка павлака и кога убаво ќе се вжешти додадете ги парчињата чоколадо. Измешајте убаво додека не се растопи комплетно чоколадото и одозгора на куглофот нанесете од чоколадната глазура. Декорирајте со исечкани ореви.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 08:20

По оригинален рецепт: Жербо торта


Емил Жербо го измислил машинското производство на чоколадо.

Zerbo-torta-01

Неговата слаткарница нудела огромен избор на слатки задоволства меѓу кои стотина видови колачи, вкусни торти со крем од путер, полнети чоколадни бонбони, меѓу кои и најпознатата со полнење од вишна и коњак.

Сите негови производи се викаат едноставно – жербо. Во продолжение следи рецептот за една од неговите највкусни торти: 

Потребни состојки:

За кора

15 белки од јајца

375g мелени ореви

225g шеќер

30g брашно

Прелив за кора 1:

320g шеќер

Прелив за кора 2:

200g темно чоколадо

20g маргарин

Фил:

15 жолчки од јајце

200g шеќер

150g путер

250g маргарин

Подготовка:

Матете ги белките додека не добиете цврста пена, додадете го шеќерот и продолжете со матење. Потоа додадете ги мелените ореви, промешајте ја смесата со дрвена лажица и поделете ја на три дела.

Калапот за печење обложете го со хартија, и ечете ја кората во загреана рерна на 200°C околу 15 минути.

Од шеќерот направете карамел и премачкајте ја кората.

Чоколадото растопете го со маргаринот и премачкајте го врз карамелизираниот шеќер.

Жолчките изматете ги со шеќерот во прав, згответе ги на пареа и кога ќе се изладат додадете ја смесата од изматен путер и маргарин.

Со филот премачкајте ги корите и тортата, декорирајте по желба и оставете ја на ладно за да се стегне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2016 во 08:10

Dave’s Kitchen: Едноставна чоколадна торта


За оваа недела Давор ни приготви супер вкусна чоколадна торта која има убава презентација токму за овој период од годината.

Потребни состојки:

  • 370 гр. брашно
  • 300 гр. шеќер
  • 1 1/2 лажица екстракт од ванила
  • 90 гр. какао
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 200 гр. путер на собна температура (или маргарин)
  • 1 шолја млеко на собна температура
  • 3 јајца
  • 1 шолја жешко сварено инстант кафе

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат заедно во еден сад и се мешаат со жица за матење. Се пече во подмачкано тавче на 160 степени околу 1 час.

За чоколадната глазура:

  • 100 гр. чоколадо
  • 100мл. млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • Неколку сечкани ф'стаци
  • Неколку зрна калинка
Растопете го чоколадото, додадете го млекото и ванилата, оставете да се олади околу 1 час во ладилник и полејте низ целата торта. Декорирајте со исечкани ф'стаци и зрна од калинка.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2016 во 22:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2017 во 14:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2017 во 10:39

Куглов колач со чоколадо и портокал

Направете зимски десерт, кој може да ви послужи и како замена за појадок, но најчесто ќе го консумирате заедно со чај или кафе.



Потребни состојки за тестото:

  • 1кгр портокали
  • 200гр брашно
  • 125гр путер
  • 200гр шеќер
  • 3 јајца
  • 1 прашок за печиво

Потребни состојки за преливот:

  • 1½ дл исцеден свеж сок од портокали
  • 150гр шеќер
  • 3 лажици чоколаден прелив

Начин на подготовка:

Измијте ги добро портокалите и ставете ги во тенџере со ладна вода, а потоа ставете ги на оган за да се варат околу 2 минути. Потоа измијте ги и повторно ставете им нова вода и повторно варете ги околу 2 минути. Кога ќе се сварат сомелете ги во блендер заедно со кората. Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте ја кашата од портокалите, а потоа додајте ги и растопениот путер и брашното измешано со прашокот за печиво. Сè добро измешајте за да се соединат сите состојки. Во сад, искршете го чоколадото и растопете го на пареа.

Земете го кугловиот калап, премачкајте го со путер и посипете го со брашно. Ставајте го растопеното чоколадо и тестото наизменично, па ставете го колачот да се пече во рерна околу 35 минути. Кога ќе го извадите колачот од рерна, оставете да се излади и извадете го од калапот. Потоа полијте го со сокот од портокал и шеќер и оставете повторно да се излади. Пред послужување прелијте го колачот со прелив од чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2017 во 15:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2017 во 11:04

Наједноставните колачи воедно се и највкусни.

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-1.jpg

Се наоѓаат во секоја ситуација, кога ви треба нешто набрзина, а овој старински рецепт влегува во таа категорија.

Состојки:

  • 2 шолји (од 200ml) шеќер
  • 2 шолји јогурт
  • Шолја гриз
  • Шолја масло
  • 1 ½ шолја брашно
  • 7-8 лажици мак
  • Пакетче прашок за печиво
  • Лажица рум

Глазура: 100g шеќер во прав, сок од ½ лимон, малку рендана кора. Или втората, поедноставна опција - топено црно чоколадо.

Подготовка:

Имиксирајте го јогуртот со шеќерот, додадете го гризот, маслото, брашното, макот, прашокот за печиво и румот. Измешајте ја смесата и во добро намачкан калап за печење, нека се пече 25 минути на 170 степени.

Додека колачот се лади, направете ја глазурата која ја одбравте.

Прелијте, исечете коцки, дополнително оладете и послужете.

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-2.jpeg

brz-kolac-od-mak-i-griz-po-receptot-na-baba-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.