IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 56>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2014 во 08:37

Чоколадна торта со цимет која воодушевува


Неодолива комбинација на кремаста структура, вкусно чоколадо и  мирис на цимет ќе ве остават без здив. 

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • цимет
  • 225 гр. шеќер
  • 100 гр. брашно
  • 75 гр. густин
  • 2 лажички прашок за печење
  • 1 лажица мелени лешници
  • 5 лажички какао
  • 7 лажици рендано чоколадо
  • 50 гр. путер
  • 8 листови од желатин
  • 200 мл. млеко
  • 50 гр. чоколадо
  • 150 мл. чоколаден јогурт
  • 800 мл. павлака
  • 2 лажици шлаг

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 180 степени. Изматете ги јајцата, половина лажица цимет, четири лажици вода и 175 гр. шеќер. Измешајте го брашното, густинот и прашокот за печење, просејте преку кремот, додадете ги мелените лешници, лажица какао и лажица рендано чоколадо. Додајте го путерот и замесете. Смесата сипете ја во калап со пречник од 26-на сантиметри, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете околу 30 минути. Извадете, тргнете ја хартијата и изладете.

Тестото два пати  хоризонтално пресечете го. Долната кора зацврснете ја со прстен. Растопете го желатинот. Загрејте го млекото со ½ лажица цимет и 50 гр. шеќер, не варете. Во таа смеса растопете го чоколадото. Сипете го желатинот, измешајте и малку изладете. Чоко-јогуртот сипете го полека во млаката смеса. Земете 600 мл. павлака и соединете ја со смесата.

Со 1/3 од кремот премачкајте ја долната кора, покријте потоа со другата, со 1/3 премачкајте, ставете ја третата и потоа премачкајте ја и неа со остатокот од кремот. Тортата ладете ја четири часа. Тргнете го прстенот. Измешајте го шлагот, додадете малку цимет и лажица какао, но и 200 мл. павлака, па со сето тоа премачкајте ја тортата од околу, посипете со две лажици изрендено чоколадо. 

По желба украсете со уште рендано чоколадо, мелени лешници или шлаг со вкус на чоколадо.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2014 во 10:39

KINDER MILCHSCHNITTE: СОВРШЕН МЛЕЧЕН ДЕСЕРТ

12

Ова е рецепт за совршена копија на оригиналот! Ќе се заљубите во овој лесен колач, во вкусот на медот и слаткапа павлака.

Потребни состојки – тесто:

  • 200 гр брашно
  • 50 гр какао
  • 100 гр шеќер
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • 250 мл млеко

Фил:

  • 500 мл свежа слатка павлака
  • 1 кесичка шлаг-фикс
  • 2 лажици мед

За премачкување на тестото:

  • 2 лажици мед

Подготовка:

Помешајте ги заедно сите суви состојки, бавно додавајќи го млеко во тенок млаз и мешајќи со жица за да не се создадат грутчиња.

Рерната загрејте ја на 160 степени.

Тестото размачкајте го во тавчето во тенок слој (или доколку тавчето ви е помало тогаш печете на два пати) и печете 15-20 минути.

Слатката павлака изматете ја цврсто, додавајќи го шлаг-фиксот и медот. Кората премачкајте ја со медот и доколку сте испекле една голема, тогаш пресечете ја по должина.

Изматената слатка павлака нанаесете ја врз едната кора, лесно израмнете ја со нож и поклопете ја со другата кора.
Нежно притиснете ја кората одозгора да се залепи за филот, па добиениот колач ставете го фрижидер да отстои еден час за да се олади, по што можете да го исечете на коцкички и да го послужите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2014 во 22:07

Лесна црно-бела чоколадна торта




Приготвување:

Стопете ги темната чоколада и слатката хопла во мало тенџере на многу ниска температура.

Кога чоколадата целосно ќе се стопи, тргнете го тенџерето од ринглата. Во него додајте ги јајцата и измешајте. Потоа додајте ги мелените бадеми, солта и сода бикарбоната.

Искршете ја белата чоколада на ситни парчиња, додајте 100 г од неа во тестото и убаво измешајте.

Намачкајте ја тавата или калапот за торта со путер.

Истурете го тестото во тавата, а потоа одозгора наредете ги останатите 100 г искршена бела чоколада.

Печете 20-25 минути на 180 степени.

Оладете ја тортата и послужете.

Состојки:

200 г чоколада

120 мл слатка хопла

2 јајца

150 г ситно мелени бадеми

половина лажичка сол

половина лажичка сода бикарбона

200 г бела чоколада

малку путер

 


Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2014 во 22:32

Колач од малини, чоколада, банани и путер од кикиритки


Приготвување:

За тестото: загрејте ја рерната на 170 степени.

Сварете го какаото во 300 мл врела вода и оставете го да се олади.

Измешајте ги сите суви состојки за тестото заедно.

Во 350 мл млеко додајте 1,5 лажица лимон и оставете го 10 минути, да се засири. Потоа додајте го кај сувите состојки, заедно со маслото и јајцата, и матете додека смесата да се изедначи. На крај додајте го течното какао, убаво измешајте и оставете го тестото да отстои околу 1 час.

Префрлете го тестото (нема проблем ако е потечно) во тава за печење, обложена со мрсна хартија, и печете го околу 25-30 минути. Оставете го да се олади.

За кремот: зовријте 400 мл млеко со 200 г шеќер. Настрана измешајте го пудингот во прав со останатите 100 мл млеко, додајте ја смесата во зовриеното млеко и гответе околу 3 минути мешајќи (како за пудинг). Оставете го да се олади.

Матете го обичниот путер додека да стане кремаст. Додајте му ги оладениот пудинг и путерот од кикиритки и мешајте додека да добиете еднолична смеса.

За филот: намачкајте го тестото со џемот од малини.

Исечете ги бананите на половина по должина и наредете ги врз џемот со исечената страна надолу. Одозгора намачкајте ја смесата од путер од кикиритки.

Ставете го колачот најмалку 1 час во фрижидер.

За преливот: искршете ја чоколадата на парчиња. Во меѓувреме, зовријте ја хоплата и додајте ја чоколадата за да се стопи. Оставете ја смесата од чоколада малку да се олади и прелејте ја врз оладениот колач.

Украсете со малини и послужете.

Состојки:

За тестото:

85 г какао во прав

250 г брашно

500 г шеќер

прстофат сол

3 ќесички прашок за печиво

1 ванилин шеќер

350 мл млеко измешано со 1,5 лажица лимон

130 г сончогледово масло

3 јајца

За кремот:

500 г обичен путер

500 мл млеко

200 г шеќер

1 ќесе пудинг од ванила

300 г путер од кикиритки

За филот:

1 тегла џем од малини

7 банани

За преливот:

200 г чоколада
200 мл хопла

малини, за украс (може и смрзнати)

 



Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2014 во 09:16

СОВРШЕНИ ДОМАШНИ ПАДОБРАНЦИ

9

Состојки

  • 280 г ореви (мелени)
  • 500 г шеќер
  • јајца
  • 8 супени лажици шеќер
  • 3 супени лажици брашно
  • 250 г путер
  • 100 г чоколадо за готвење

Подготовка

  1. Подготовка на смеса со ореви Одвојте ги белките од жолчките во средно големо тенџере. Во белките ставете ги мелените ореви и половина килограм шеќер. Во едно тенџерче ставете околу 2 прста вода и ставете ја на оган да зоврие. Потоа тенџерето со белките, оревите и шеќерот ставете го одозгора.
  2. Подготвена смеса за падобранци Варете ја смесата на пареа на умерен оган 27 минути со мешање на секои 2-3 минути. Откако ќе се свари, тргнете ја настрана и оставете ја убаво да се олади.
  3. Изматени белки Во меѓувреме, изматете ги жолчките со додавање на 8-те лажици шеќер една по една, се додека не добиете компактна маса (бојата ќе осветли до многу бледо жолта).
  4. Варење на жолчките на пареа Префрлете ги изматените жолки во тенџерче, и повторно варете над пареа 13 д0 15 минути (додека шеќерот не се стопи убаво, а масата се згусне) со задолжително постојано мешање.
  5. Додавање на путер во смесата со жолчки Кога ќе се свари кремот, додадете го целиот путер исечкан на коцки за да се стопи побрзо и мешајте убаво.
  6. Додавање на чоколадо во смесата Чокладото растопете го на пареа или во микробранова печка, додадете го во кремот со жолчки и путер и мешајте додека смесата не се изедначи. Оставете го тенџерето да се олади до собна температура, а потоа ставете го во фрижидер (филот нема да ви се растекува ако го мачкате оладен).
  7. Спремни за печење Додека филот се лади, проверете дали смесата за тестото (белките, оревите и шеќерот) е на собна температура, па додадете ги 3-те лажици брашно и убаво промешајте. Со мала лажичка или со шприц за тулумби истиснувајте кругчиња во тавче обложено со хартија за печење (ако ставате со шприц ќе излезат убави округли).
  8. Испечени падобранци Печете ги во убаво загреана рерна на 160 степени точно 15 минути (ако се мали, 16 минути ако се средни или 17 минути ако се поголеми кругчињата). За да бидете сигурни, отворете ја рерната и пипнете одозгора. Треба да е мека површината но сепак да се чувствува како коричка. Кругчињата не смеат да бидат препечени.
  9. Сервирани падобранци Оставете ги да се оладат, а потоа спојувајте ги по две по големина. Ставете од филот со помош на нож врз едната половинка, залепете со другата и завртете ја горната за филот подобро да се распореди. Веднаш ставете ги во фрижидер и оставете ги преку ноќ пред да ги послужите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2014 во 11:01

ДОМАШНИ БИСКВИТ КОЦКИ

25

Состојки
• 450 г брашно (состојки за бисквит)
• 1 јајце (состојки за бисквит)
• 150 г шеќер (состојки за бисквит)
• 1 лажичка сода бикарбона (состојки за бисквит)
• 50 г маргарин (состојки за бисквит)
• 2 лажици млеко (состојки за бисквит)
• 2 лажици мед (состојки за бисквит)
• 1 лажица какао во прав (состојки за бисквит)
• 2 ½ лажици брашно (фил)
• 400 мл млеко (фил)
• 3 лажици шеќер (фил)
• 1 кесиче ванилин шеќер (фил)
• 150 г путер (маргарин) (фил)
• 100 г чоколадо за готвење (глазура)
• 2 лажици масло за готвење (глазура)
Подготовка
1. Исечете три хартии за печење во големина на тавата за печење и една половинка (оригиналниот рецепт вика четири големи).
2. Подгответе го бисквитот: во сад за готвење, со миксер, изматете го јајцето заедно со маргаринот, млекото, медот, шеќерот, какаото во прав и сода бикарбоната. Откако смесата добро ќе се измати, садот ставете го на оган и со постојано мешање, варете се додека не запени.
3. Садот тргнете го настрана, додадете го брашното, измесете глатко тесто и поделете го на 2 дела (доколку сте поискусни може и на 3 дури и на 4 дела).
4. Додека е се уште тестото топло, расукајте го врз хартијата за печење, најтенко што можете. Со нож, исечете ги краевите за да добиете убава коцка и пресечете го на пола така да добиете два правоаголници.
5. Постапката повторете ја и со другите теста, притоа водејќи сметка да при сечење на краевите да добиете иста коцка како и претходната. За полесно, измерете ја првата и останатите правете ги според таа.
6. Остатокот тесто (од отсечените краеви), малку измесете го и направете уште еден правоаголник (пола коцка).
7. Рерната загрејте ја на 180 степени. Тестото, заедно со хартијата за печење, префрлете го врз тавата за печење која ја имате свртена наопачки. Секое тесто печете го околу 6-7 минути или се додека краевите не почнат малку да пукаат.
8. Правоаголници завиткајте ги во крпа и оставете ги така се додека не го подготвите филот.
9. Ставете го млекото да зоврие. Брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер, настрана, измешајте ги со неколку лажици од млекото и кога ќе зоврие, додадете го во млекото. Мешајте се додека не добиете густа смеса како пудинг.
10. Смесата оставете ја да се олади и додадете го путерот. Матете со миксер се додека добиете фина, хомогена смеса.
11. Со филот, филувајте ги корите така да При филување, внимателно притиснете ги, внимавајќи да не ги искршите.
12. На пареа, растопете го чоколадото за готвење заедно со 3 лажици масло. Со оваа чоколадна глазура прелијте ги колачите и оставете ги во фрижидер минимум 5, 6 часа за да омекне бисквитот.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2014 во 21:46

ДОМАШНИ ПЕЧЕНИ ТУЛУМБИ

15

Состојки

  • 300 г брашно
  • 100 мл масло за готвење
  • 500 мл вода
  • јајца
  • 800 г шеќер (за шербет)
  • 400 мл вода (за шербет)

Подготовка

  1. Подготовка на смасата без јајца Во сад за готвење, на оган, ставете вода и масло и причекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте се додека не добиете компактна густа смеса. Тргнете го од оган.
  2. Подготовка на смесата со јајце Додавајте едно по едно јајце и константно мешајте се додека не добиете изедначена смеса. На почеток јајце се меша малку потешко, но бидете упорни. Ќе добиете жолта и леплива смеса.
  3. Наполнет шприц со смесата за тулумби Шприцот за тулумби наполнете го со смесата.
  4. Формирање на тулумбите Истиснете го тестото директно врз хартијата за печење (постапка на формирање на тулумби), и со нож сечете го крајот.
  5. Спремни за печење Печете ги во загреана рерна, на 180 степени околу 25 минути или се додека не добијат златно кафена боја.
  6. Подготовка на шербет Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не се добие фин сируп.
  7. Попарени со шербет Тулумбите попарете ги со шербетот и оставете ги барем 5-6 часа да впијат добро.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2014 во 21:48

КАРАМЕЛ ПЛАЗМА КОЛАЧИЊА

26

Состојки

  • 300 г мелени бисквити 
  • 100 мл вода
  • 100 г путер
  • 50 г шеќер (состојки за карамел крем)
  • 10 г путер (состојки за карамел крем)
  • 50 мл слатка павлака (состојки за карамел крем)
  • 1 кесичка шлаг крем од ванила (состојки за фил)
  • 125 мл ладно млеко (состојки за фил)
  • 80 г мелени бисквити (состојки за фил)
  • малку чоколадо (рендано)

Подготовка

  1. Подготовка на тестото од бисквити Во блендер, ги мелеме бисквитите. Додаваме вода и растопен путер и мешаме се додека не добиеме хомогена смеса.
  2. Спремно тесто од бисквити Доколку тестото ви се распаѓа, додадете уште малку вода и повторно добро измешајте го тестото од бисквити.
  3. Калапчиња намачкани со путер Калапчињата во кој ќе ги печете колачињата добро намачкајте ги со путер.
  4. Тесто од бисквити врз калапчињата Ставете од тестото од бисквити во калапчињата и со прсти подеднакво распоредете го.
  5. Испечени колачиња Печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 7-10 минути или се додека не се исуши тестото и станат малку крцкави.
  6. Крем од ванила Во меѓувреме, подгответе го кремот од ванила. Со миксер, прашакот за подготовка на крем изматете го со 125 мл ладно млеко.
  7. Додавање на мелени бисквити Во готовиот крем од ванила, додадете мелени бисквити и со лажица измешајте.
  8. Карамел Карамел крем: растопете го путерот, па додадете го шеќерот. Гответе го на умерен оган, со констатно мешање, се додека не се растопи шеќерот и добие кафена боја.
  9. Карамел Слатката павлака стоплете ја (но не да зоврие). Садот со шеќер тргнете го од оган и постепено, со константно мешање, додавајте од павлаката. Вратете го на оган само уште една минути и потоа карамелот е готов.
  10. Полнење на колачињата со крем Ванила кремот ставетего во шриц и наполнете ги колачињата.
  11. Карамел врз колачињата Одозгора сипете од подготвениот карамел.
  12. Карамел плазма колачиња Пред сервирање, врз колачињата, наросете малку рендано чоколадо. Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2014 во 17:27

ДОМАШНИ ФЕРЕРО РОШЕР

2

СОСТОЈКИ

  • 100 гр наполитанки (од лешник или чоколадни)
  • 100 гр лешници
  • 200 гр нутела
  • 150 гр чоколадо за готвење (може и млечно)
  • 4-5 супени лажици масло за готвење

ПОДГОТОВКА

  1. Распоредете ги лешниците во тава за печење, а потоа ставете ги да се печат околу 8-10 минути во загреана рерна на 180 степени.
  2. Извадете ги и оставете да се оладат, а потоа излупете ги и ситно исецкајте ги или издробете ги во блендер.
  3. Грубо искршете ги наполитанките (моето искуство вели дека најдобри и најсвежи се секогаш наполитанките на Европа) во подлабок сад, а потоа додадете ги издробените лешници и нутелата и измешајте добро.
  4. Од смесата вадете со една мала лажичка и со дланките обликувајте топчиња. Ако смесата ви е премногу мека, па обликувањето оди тешко, ставете го садот во фрижидер околу 30 минути да се олади, а потоа правете ги топчињата. На крајот ставете ги топчињата во фрижидер најмалку 1 час за убаво да се стврднат.
  5. На пареа растопете го чоколадото и додадете го маслото, а потоа секое топче потопете го во смесата и вратете го во фрижидер да се стврдне уште еднаш.
  6. Кога глазурата убаво ќе се олади, секе топче ставете го во украсна корп**ка.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2014 во 21:19

ПАРЕН КОЛАЧ

10

Состојки

  • јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици гриз
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 400 мл млеко (за преливање)
  • 150 г шеќер (за преливање)
  • 1 пакетче ванила (за преливање)

Подготовка

  1. Матење на белката со шеќерот Во сад, со помош на миксер, изматете ги белките заедно со шеќерот се додека не добиете црвст шлаг.
  2. Додавање на жолчка во смесата Постепено додавајте ги жолчките, притоа константно мешајќи со миксер.
  3. Додавање на брашно во смесата Измешајте го брашното со гризот и прашокот за пециво и додадете го во смесата. Мешајте со силиконска лажица се додека сместа не стане хомогена.
  4. Истурање на смесата во плех за печење Тавата за печење намачкајте ја со маргарин или путер и смесата истурете ја во неа.
  5. Испечен парен колач Печете на 180 степени, во загреана рерна, околу 15 до 20 минути. Проверете со чечкалица дали колачот е испечен.
  6. Истурање на млекот врз ладниот колач Сварете го млекото, додадете шеќерот и ванилата и со постојано мешање, варете околу 10 минути. Смесата за попарување истурете ја врз оладениот колач (но истурајте внимателно бидејќи површината на колачот е нежна).
  7. Парен колач Оставете колач да се олади, исечете го на коцки, наросете малку ореви и сервијате го. Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2014 во 21:47
1

Манчмелоу торта


Категорија: десрти
Време на подготовка: 95 минути
Тип на кујна: македонска
Состојки:
Кекси 200 гр
Млеко 2 л
Јафа кекси 400 гр
Манчмелоу 6 мини пакувања
Маргарин 2
Шеќер 16 лажици
Шлаг 4 кесички
Пудинг од ванила 4 кесички
Шеќер во прав 200 гр
Упатство за подготовка:
Во 1 литар млеко ставете 8 лажици шеќер и 4 пудинга од ванила. Згответе ги и оставете ги да се оладат. Во друг литар млеко ставете 8 лажици шеќер и згответе пудинг од чоколадо. Посебно заматете 1 маргарин со 100 гр шеќер во прав па соединете ги со пудингот од чоколадо. Посебно заматете го вториот маргарин со 100 гр шеќер па соединете го со пудингот од ванила. Начин на редење: наредете кекс во послужавник, половина црн крем, јафа кекс, половина жолт крем, манчелоу, втората половина на жолтиот крем, втората половина на црниот крем и одозгора шлагот изматен со вода.


Изменето од Valerija - 13.Ноември.2014 во 21:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 16:55

Вкусни и поинакви чоколадни коцки


Збогатете ја вашата трпеза или пак изненадете ги вашите блиски со неодоливи костен коцки. 

Потребни состојки:

  • 250 гр. путер
  • 250 гр. шеќер во прав
  • 500 гр. пире од костен
  • 150 гр. чоколадо

Подготовка:

1. Измешајте го добро путерот со шеќерот во прав и додадете лажица по лажица од пирето од костен. Изматете се миксер додека не добиете пенеста смеса. 

2. Изматената смеса поделете ја на два дела, па во едниот ставете 100 гр. растопено чоколадо. Добро измешајте ги потоа заедно.

3. По желба, смесата можете да ја поделите на четири дела, па повторно да ја соедините. Формирајте ролат или пак развлечете ја како за коцки, прилијте го колачот, па кога сетоа тоа ќе се стегне исечете на коцки. Оставаме на вашата фантазија за тоа како ќе изгледа овој вкусен колач.



Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:46

РУЖИЦИ

12

Состојки:

  • јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 240 мл масло за готвење
  • 240 мл млеко (млако)
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 500 г брашно
  • 1-2 лажички какао во прав
  • 1 кг шеќер (за шербет)
  • 500 мл вода (за шербет)

Подготовка:

  1. Подготовка на тестото Јајцата измешајте ги со шеќерот. Додадете млеко и масло за готвење и добро изматете. Брашното измешајте го со сувиот квасец и прашокот за пециво и додадете го во смесата.
  2. Делење на два дела Месете се додека не добиете хомогена и мазна смеса, тесто кое не е премногу тврдо. Поделете го на два дела.
  3. Додавање на какао во тестото Во едниот дел од тестото додадете какао во прав и добро измесете го.
  4. Сукање на белата кора На набрашнета површина, белото тесто исукајте го тенко и во форма на правоаголник.
  5. Сукање на црната кора И црното тесто исукајте го со иста големина како и белото тесто.
  6. Ролување на корите Тестата ставете ги едно врз друго и од нив формирајте ролат.
  7. Сечење на ролатот на тенки парчиња Исечете го ролатот на тенки парчиња.
  8. Спремни за стоење Тавата за печење намачкајте ја со масло за готвење. Ружиците наредете го со поголемо растојание и оставете ги околу 45 минути да отстојат и малку да нараснат.
  9. Испечени ружици Печете на 190 степени, околу 15 мунити или се додека малку не потемнат.
  10. Налевање со шербет Сварете 500 мл вода и додадете го шеќерот. Варете го околу 7-8 минути, додадете малку лимон и истурете го врз малку подоладените ружици.
  11. Сервирани ружици Оставете ружици целосно да го упијат шербетот и да се оладат, па сервирајте ги. Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:44

МЛЕЧНА КИНДЕР ТОРТА


25

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За пандишпан:

5 јајца

5 лажици шеќер

5 лажици брашно

5 лажици какао

1 ванилин шеќер

1 лажичка прашок за пециво

За фил:

200 ml слатка павлака

2 лажици мед

½ ќесичка желатин

4 лажици вода

За глазура:

50 грама чоколадо за готвење

2-3 лажици млеко

2-3 лажици зејтин

ПОДГОТОВКА:

Се матат жолчки, шеќер и ванилин шеќер. На тоа се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво. Белките се матат посебно и двете густи смеси се спојуваат. Смесата се става на обложен плех со хартија и сето тоа се пече 15 минути на 180 степени. Кога кората ќе се олади, се преполовува. Се мати слатката павлака, на која се додава 1 лажица мед. Желатинот со 4 лажици вода се вари додека не зоврие и сето тоа се додава на смесата со слатката павлака. Филот се нанесува на кората и тоа се поклопува со другата половина. По желба, колачот се прелива со глазура, која веднаш по варењето на чоколадото, млекото и зејтинот, се мачка врз кората. Кога ќе се олади, се сече на коцки…

Децата уживаат во овој колач…Израдувајте ги ! а Вие…

Уживајте!!!

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4344454647 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.