IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 56>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 03:09

КОЛАЧ СО КАЈСИИ

            Потребно:

-за тестото: 160 гр. брашно, 30 гр. мелени бадеми, 100 гр. шеќер во прав, 120 гр. путер од фрижидер, 1 помало јајце и малку сол

-за декорирање: 70 гр. кристален шеќер, 40 гр. путер, 40 мелени бадеми, 1 белка, 400 гр. кајсии и шеќер во прав

            Со миксер измешајте го брашното, шеќерот во прав и мелените бадеми. Додајте го путерот во ситни коцки, измиксирајте малку и потоа додајте ги солта и јајцето. Миксирајте полека додека тестото не се собере во топка. Завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1 час. Потоа тестото ставете го во плех (18х18 см или радиус 20-22 см) и со лажица расплескајте го по целото дно. Печете ја кората 15 мин. во загреана рерна на 180 степени, додека работ не се зарумени. Оставете ја кората во рерната да се лади. Измешајте 40 гр. кристал шеќер со путерот и со мелените бадеми и додајте ја изматената белка. Со ова премачкајте ја кората, врз неа наредете ги кајсиите исечени на 8 парчиња. Посипете ги со преостанатиот шеќер и вратете го колачот во рерна да се пече уште 20 мин. Пред сервирањето посипете го колачот со шеќер во прав.

 

 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2010 во 19:35

АНАНАС ТОРТА

Потребно: една кутија пишкоти (200 гр.), една конзерва ананас (500-600 гр.), 80 гр. путер, 80 гр. мелени ореви, 80 гр. шеќер во прав, 4 свежи жолчки од јајце и шлаг за украсување

Пенесто се матат путерот, жолчките и шеќерот во прав и се додаваат исечканиот ананас и оревите, и сето пополека се меша. На тркалезна подлога обложена со целофан или алуминиумска фолија се редат пишкотите, потоа ред крема, се додека не се потрошат. Редењето да се заврши со пишкоти. Пишкотите пред редењето накусо да се потопат во млеко или во сок од ананас.

Тортата се става во фрижидер до следниот ден, за потоа да се сврти на прикладна чинија. Се украсува со шлаг, ананас и пишкоти по сопствена желба.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 20:12

Слатки срца


Потребни состојки:

  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 1 кесичка Прашак за печиво
  • 150 милилитри Млеко
  • малку   Кора од лимон
  • 2 лажица/ци Масло
  • 1 кесичка Ванилин Шеќер
  • 250 грама Брашно
  • 1   Јајце
  • 60 грама Шеќер   

Подготвување:

Путерот се сецка во брашното во кое веќе е ставен прашакот за пециво.
Се додаваат јајцето, ванилниот шеќер, шеќерот, солта, сецканата кора од лимон и млекото.

Се меси мазно тестото, се развлекува во кора и се сечат колачиња во облик на срце.

Се печат во подмачкано тавче.


Изменето од емил - 03.Мај.2010 во 20:12
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 12:04
Ima nekoj isproban recept za TIRAMISU torta?
Fala odnapred!
големо%20гушкање
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 17:30
Тирамису


Состојки400g     сирење маскарпоне
     пишкоти
4     јајца
100g     шеќер во прав
250ml     силно кафе еспресо
2 с.л.     коњак, амарето или рум (по избор)
2 с.л.     какао

Подготовка
Изматете ги жолчките од јајцата со шеќерот.
Додајте го во нив маскарпонето и измешајте ја смесата.
Во друг сад матете ги белките, додека не се направат како пена. Потоа додајте ги во смесата со маскарпоне.
Во еспресото додајте го румот. Во таа течност макајте ги пишкотите, една по една. Внимавајте да не бидат премногу влажни, затоа што ќе се распаѓаат.
Во тава наредете еден ред пишкоти. Врз нив ставете од смесата со маскарпоне. Потоа повторно наредете пишкоти, па пак од смесата. По желба можете да наредите уште еден ред пишкоти, но задолжително најгорниот слој треба да биде од смесата.
Одгоре прекријте го овој сладок десерт со какао во прав.
Ставете го во фрижидер. Најдобро е да стои во фрижидер еден ден пред консумирање.

Изменето од емил - 07.Мај.2010 во 17:31
Кон врв
fantazija_ve Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fantazija_ve Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 14:58
Imali nekoj da mi napise recepta za macmelou i da e vkusno ;)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2010 во 15:19

АНАНАС ТОРТА



 

СОСТОЈКИ
• 1 кутија пишкоти (200 гр)
• 80 гр путер
• 70 гр мелени ореви
• 4 јајца (само жолчката)
• 1 конзерва ананас (500-600 гр)
• 80 гр шеќер во прав
• шлаг, за декорација

ПОДГОТОВКА
Се матат путерот, жолчките од јајцата и шеќерот во прав. Потоа, се додаваат ананасот кој претходно сте го исечкале и оревите и повторно се меша, сѐ додека не се добие смеса. Пред да започнете да ги редите пишкотите, потребно е да се потопат во млеко или во сокот од ананас.

На подлога обложена со целофан или алуминиумска фолија се ставаат ред пишкоти, ред фил, сѐ додека не се потрошат. Најгорниот слој мора да биде составен од пишкоти.

Тортата се става во фрижидер и мора да отстои до следниот ден. Потоа, ставете ја во чинија и декорирајте со шлаг.



Изменето од емил - 16.Мај.2010 во 15:20
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2010 во 03:42

БАДЕМ ТОРТА

 


БАДЕМ%20ТОРТА

 

СОСТОЈКИ
За тесто
• 150 г сенаменско брашно
• 100 г шеќер
• ½ кафена лажичка прашок за печиво
• ½ кафена лажичка сол
• 1 кафена лажичка цимет
• рендана кора од протокал
• 4 јајца
• ¼ филџан вода
• ¼ филџан масло
• ванилин шеќер
• 100 г сечкани бадеми

За глазура
• половина чоколадо за готвење
• 2 супени лажици путер
• 250 г хопла
• ¼ кафена лажичка сол
• 1 супена лажица инстант кафе
• рендана кора од портокал
• ванилин шеќер
• 400 г шеќер во прав
• 100 г толчени бадеми

ПОДГОТОВКА
Рерната загрејте ја на 175С°, а садот за печење не го замастувајте. Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, солта, циметот и кората од портокал во голем сад. Потоа, со рака направете дупка на средина во сувата смеса. На страна одвојте ги жолчките од јајцата и една жолчка сочувајте за подоцна. Убаво изматете ги жолчките со вода. Потоа, во претходно измешаната сува смеса додадете масло, ванилин шеќер и матените жолчки во средината и мешајте со рака додека не стане глатко.

Четирите одвоени белки изматените ги во шлаг, а потоа постепено додавајте го во претходно направената смеса и мешајте. Додадете ги и бадемите на крајот. Сето тоа ставете го сад за печење, кој не е замастен и печете околу 50-55 минути. Кога тортата ќе се испече, извадете ја од рерна, превртете ја наопаку и оставете ја да се лади.

За глазура, стопете ја чоколадата со путерот на ниска температура. На страна измешајте ги хоплата со сол, инстант кафе, кора од портокал и ванила. Додека мешате, додајте ја останатата жолчка од јајце и шеќер во прав. Убаво изматете ја смесата и на крајот додајте го стопеното чоколадо и повторно убаво измешајте. Испеченото тесто тргнете го од садот за печење и ставете го на чинија за сервирање. Прекријте го целосно со глазурата од чоколадо и посипете го со толчени бадеми.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 16:50

АМБРОЗИЈА САЛАТА



АМБРОЗИЈА%20ОВОШНА%20САЛАТА

 

СОСТОЈКИ
• 2 мандарини
• 200 г ананас
• 150 г цреши
• 200 г рендан кокос
• 1 пакување слатка павлака
• 10-тина крем банани

ПОДГОТОВКА
Слатката павлака изматете ја дури не стане цврста смеса. Во голем сад, измешајте ги мандарините, ананасот, црешите, кокосот и изматената слатка павлака. Крем бананите исечкајте ги на поситни парчиња и измешајте ги со останатите состојки. Сето тоа ставете го во фрижидер околу 1 час да се излади.

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 04:09

Сладолед од малини

Сладолед%20од%20малини
 

Подготвување:

 Измешајте ги шеќерот и јогуртот.

Изматете го шлагот од ванила со млекото.

Или можете да употребите слатката павлака.

Измешајте ги двете смеси, додајте иситното овошје по желба (ние употребивме малини), потоа изедначете ги состојките и смесата истурете ја во пластична кутија
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2010 во 10:14
Какао коцки



Потребни состојки:
250 грама Шеќер
1 кесичка Прашак за печиво
250 милилитри Млеко
100 грама Маргарин
500 грама Какао
250 грама Брашно
2   Јајца


Подготвување:
Со миксер измешајте гио јајцата со шеќерот.

Додадете омекнат маргарин.

Помешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво, па ова додадете го на предходната смеса наизменично со млекото.

Убаво измешајте. Калап за печење премачкајте го со масло и побрашнете го, па во него истурете ја смесата.

Печете во рерна на 200 степени.

По 5 минути намалете ја температурата на 170 степени и печете уште 25-30 минути.
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 21:19
Абе кувари , како да направам палачинки???
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 04:35
Originally posted by Џо Џо напиша:

Абе кувари , како да направам палачинки???


Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:



Како да подготвите основен рецепт за палачинки



Се матат добро 3 јајца во подлабока чинија со лажица (обична или лажица за мешање).
Се додава 1/2 кгр. брашно и заедно се промешуваат добро.
Се додава малку сол, а потоа се додава по малку млеко додека не се потроши половина литар.
Се меша добро додека смесата не се изедначи.   
Смесата треба да има густина како јогурт. Да не биде многу густа, но и премногу ретка.


Пржење на палачинките:

Во тавче се става малку масло додека добро не се загрее. Со салфета или тоалетна хартија намастете со масло на тавчето по секоја палачинка. На тој начин избегнувате да се лепат палачинките.
Во загреано масло се додава по една голема супена лажица од предходно подготвената смеса, најдобро е со кутлача.
Се разлева веднаш во тавчето за да бидат палачинките што потенки.
Штом ќе се испржи едната страна палачинката се превртува и се пржи и од другата страна.
Најдобро е малку да ја оставите палачинката да се пече и краевите да ги одлепите со дрвена лажица.
Кога е готова се става на чинија. Палачинките пржете ги додека се потроши тестото.


Иако за да бидат помалку калорични некогаш место млеко ставам кисела вода и додавам малку зејтин(сосема малку). Инаку ги правам отприлика(не вака толку брашно, толку млеко). Па не се сите јајца со иста големина, некогаш ќе ти треба повеќе брашно, некогаш помалку. Исто и со млекото. Ако сакам повеќе да направам, ставам повеќе млеко, ако сакам помалку...помалку. Само пази густината да не ја утнеш


или рецептот од биби

Originally posted by BiBi_G BiBi_G напиша:


400мл млеко
200 мл кисела вода
1 јајце(класа по избор)
1 мало лажиче шеќер
помалку од 1 лажиче сол
и 13 до 15 лажици (супени,нали) брашно

Се’ ова се мати со миксер, а дур тоа матам,во тавчето кај што ќе се пржат палачинките ставам пола филџан(од кафе) зејтин,ама не да преврие туку да се вжешти... Го ставам зејтинот во тестото, промешувам со кутлача и пристапувам кон свечениот чин на пржење на палачинките...Ова со зејтинов спасува од заебанцијата да се премачкува тавчето посебно за секоја следна палачинка.Доволно е само еднаш да го промешате тестото пред да го сипете во тавчето и ритуалот може да продолжи...Не се лепи-загарантирано!трепкање

п.с. авторот на текстов е галичка снаа,да нема забуни хи,%20хи...



А внатре....по желба...намигнување
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 04:36

Раванија

 

Потребно

3 јајца

12 супени лажици шеќер

12 супени лажици брашно

12 супени лажици гриз

12 супени лажици зејтин

12 супени лажици млеко

6 лажици ореви

1 пециво

1 ванила

 

Шербет :

750 грама вода

500 грама шеќер

 

Начин на подготовка

 

Јајцата ги кршиме во подлабок сад им го додаваме шеќерот и матиме со миксер се додека не добиеме густа смеса. Откако смесата е густа смесата додаваме шеќер, брашно, гриз, зејтин, млеко, оревите и пецивото и ванилата. Сето ова добро го промешуваме и го ставаме во предходно подмачкана тепсија. Тепсијата ја ставаме во рерна и печеме на 200 степени 30 минути. Откако е печена раванијата ја вадиме од рерна и ја оставаме да се излади. Во тенџере ставаме 750 грама вода и го ставаме на рингла да зоврие водата. Откако ќе зоврие водата и го додаваме шеќерот 500 грама и го оставаме да врие 15 минути. Шербетот го оставаме малку едно 3 до 4 минути да се залади. Кога е изладена раванијата ја сечеме на коцки и ја попаруваме со шербетот. Раванијата ја оставаме да одстои еден ден.

 

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.