IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - какво е тоа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаВМРО - какво е тоа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 6>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2006 во 19:41
ВМРО ми е омилена Македонска организација а посебно Тодор Александров еве зошто

„Слобода или Смрт“
В.М.Р.О.
10 април 1923 год.
423
Македонија

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
До г. Ал. Стамболиски, копие – неговите другари министри и познати видни општественици, пратеници, претседатели на друштва во Софија и др.

Ако и покрај нашите неколкукратни потсетувања за тоа, пак се насрчите да ги испратите во Македонија под бугарска власт познатите разбојници на бугарското општество – „федератисти“ и дискредитираните пред сите бугарски граѓани и пред светот крадци-„портокалови гардисти“, ВМРО, пред да го стави во исполнување т. 2 од решенијата во окружното под број 303/922 год. и окружното под број 416/923 год., од кој по еден примерок Ви се приложува тука, го смета за свој заповеден долг да Ве предупреди за последен пат, дека за сите лоши последици од ова безумие во Царството Бугарија и за целото бугарско племе ги држи за одговорни: Вас лично, Вашите другари министри и сите вредни учесници во ова дрско и предавничко злосторство, претседатели на друштва и др. земјоделски големци.

Прилог: 2 окружни, под број 303/922 и 416/923.

Чл. во Ц. К. на ВМРО
(п) Т. Александров

Г-н министер-претседателе,

Има веќе триесет години, од кага македонското население, организирано во една тајна револуционерна организација, издигна пред светот свое знаме, на кое што беше напишано - автономија на Македонија. И од тогаш наваму споменатото население, исклучувајќи ги малите интервали, кои свесно ги давало, не престанало да се бори, за да се добере до своето ослободување. Големото масово востание во 1903 г., поради кое беше изработена Мирцштегската реформска програма; потоа борбите за проширувањето на таа реформска програма до полно самоуправување; револуционерните акции по пропаѓањето на младотурскиот режим, коишто беа следени од Балканските војни - војната на сојузниците со Турција и таа меѓу самите сојузници; востанието во Охридско и Дебарско во есента 1913 г., т.е. само 6 недели по несправедливиот Бук*решки договор - тоа се најкрупните моменти од стремежите на едно поробено население за правда, национална слобода, законитост и мир. Впрочем сето тоа и многу повеќе, ви е добро познато Вам, затоа што е опишано подробно во соодветните жолти, сини и зелени книги, издадени по 1902 г. од владите на Англија, Франција и Италија.

За голема несреќа на македонското население, тоа и сега, по светската голема војна, којашто големите сојузни и здружени сили ја водеа меѓу другото за ослободувањето на малите народи, страда под туѓо владеење. А сигурно Македонците не ја оросија својата света татковинска земја со крвта на најдоблесните од нив, за да заменат еден господар со други такви, коишто, макар и христијански, се покажаа полоши. Затоа што реално, денешниот режим во Македонија е понеподнослив. Грција и Србија, во својот стремеж да ги асимилираат со насилство народностите во неа, им ги одзедоа и културнате слободи, нивното право да се молат на Бога и да ги учат своите деца на својот јазик, нешто, кое што беше дозволено во Турција. Резултатот на таа денационализаторска политика се секојдневните насилства на големи и мали властодршци во нашата земја. Затворите се преполнети, малтретираните, ограбените, измачуваните, обесчестените и убиените се бројат со илјадници. По промовирањето на договорите за заштита на малцинствата Македонците ја имаа надежта, дека општеството на народите ќе ги принуди Грција и Србија да ги применат предвидените права и слободи во овие договори, затоа што споменатите две држави доброволно тоа никогаш нема да го сторат: тие не признаваат да има Бугари, Власи и Албанци во Македонија. Но и таа надеж е на исчезнување. За доказ на тоа може да послужи околноста, што многумина мажи се видоа принудени да избегаат со оружје в рака по планините. Регистрирани се веќе неколку крвави судири меѓу избеглиците и жандармеријата. Процесите во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Тетово исто така сведочат, дека населението во својот очај, по своја иницијатива ги прифаќа познатите револуционерни методи за борба.

Г-н претседателе,

Македонија во своите природни географски граници - на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море - има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Бугари - 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци - 541 615 или 23 %, Грци - 253 366 или 11 %, Албанци - 184 315 или 8 %, Власи - 77 365 или 3.4 %, Цигани - 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ - 106 360 или 5 %. Таа е поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа делење е сосем произволно и неприродно. Долните текови на реките Места, Струма и Вардар, крај кои врват главните патишта од континентот кон морето, се во пределите на Грција; средните и горните текови на овие реки се во бугарско и српско владеење. Поради тоа е и економското назадување на градовите крај морето и на тие во задгрбнината. Кога ќе се додаде и несигурноста како резултат на непријателствата меѓу владетелите и победените, мизеријата меѓу населението се зголемува постојано, 90 % од жителите на Македонија, имено Бугарите, Турците, Албанците, Власите, Евреите се против тоа распарчување и поради изложените погоре причини, тие се држат на својот стар идеал - од Македонија да се формира независна држава, под протекцијата на општеството на народите или на ополномоштена сила од него.

Г-н претседателе,

Кога сега пак е поставено за решавање Источното прашање, од кое суштински дел составува и Македонското прашање, од името на населението во Македонија ние Ве молиме да ги земете во обѕир нивните справедливи барања, за да се воведе правда и мир во нашата несреќна татковина и да се спречат идни неминовни крвопролевања како во Македонија, така и воопшто на Балканскиот полуостров.

Примете, г-н претседателе, уверенија во нашата длабока почит.

Македонија, октомври 1922 г.

Централен комитет на тајната револуционерна организација:
Т. Александар
А. Протогеров
П. Чаулев

*Овој документ на Ц К на ВМРО беше првиот од меѓународен карактер по договорот од Неј.


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2006 во 21:20
Значи ВМРО
Кон врв
venstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јуни.2006
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 93
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2006 во 22:15
Boogie,

благодаря за документите. Като технически ориентиран човек моментално забелязах цифрите в пасажа:

"Македонија во своите природни географски граници - на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море - има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Бугари - 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци - 541 615 или 23 %, Грци - 253 366 или 11 %, Албанци - 184 315 или 8 %, Власи - 77 365 или 3.4 %, Цигани - 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ - 106 360 или 5 %. Таа е поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа делење е сосем произволно и неприродно. Долните текови на реките Места, Струма и Вардар, крај кои врват главните патишта од континентот кон морето, се во пределите на Грција; средните и горните текови на овие реки се во бугарско и српско владеење."

Така е мислил Тодор Александров тогава. Факт е, че в България управляващите не са могли да се сработят с революционерите.
Буги, предполагам имаш много документи за конфликта. А също и за борбата им след договора в Ньой (Неj). Защото доколкото знам ВМРО се е борило основно срещу сръбската окупация. Как стои положението с България и Гърция?

Чудя се наистина ли не можем да се радваме на общото си наследство и на шепата земя, в която ни е поставил Бог.

Поздрав,
Венелин
Всичко изпитвайте,
дръжте доброто!
(1 Сол. 5:21)
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2006 во 22:20
LOL


Изменето од Boogie - 11.Јули.2006 во 22:21
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2006 во 22:21
Еве нешто друго
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2006 во 22:30

Окружно писмо на Тодор Александров со задачи и препораки од 28 јуни 1920 година:

„До членовите на В. М. Р. Организација
во Македонија
и до нејзините истомисленици зад границата.

По тешката голема војна (1914-1918 год.), којашто им причини многу пакости и несреќи на речиси сите народи во државите-победителки, победени и дури и неутрални — особено на народите во цела Европа — нашата многунапатена херојска татковина Македонија остана пак поробена и распарчена. И покрај програмата за траен мир во Светот, прогласена од претседателот на Сев. Американските соединети држави и прифатена од големите сили на Спогодбата, програма, изразена главно во познатите 14 точки — новото политичко евангелие на народите — при определувањето на судбината на Македонија гласот на нејзиното храбро и измачено население не беше слушнат, ниту пак беше почитувана неговата волја, изразена со толку херојски борби. Но... « не се гаси тоа што не гасне » !

Борбата за ослободувањето на Македонија ќе се продолжи, додека се извојува бар автономно управување за трите делови на таа област, сега распарчена меѓу Србија, Грција и Бугарија. Таа цела, обединета, независна или автономна Македонија може да биде поставена под покровителството на Советот на Општеството на народите или на една од големите сили, членови во него, или дури може да влезе во Југословенската држава, како рамноправен член во една федерација, ако Србите го прифатат федеративното управување во новата држава.

Внатрешната Организација во својата желба да олесни извојување на подобно автономно управување за Македонија, ако е возможно по легален начин — без жртви, без револуции и војни — реши за сега да ги поткрепи сите здруженија и партии од Македонија, како и сите политички партии во др. области на Српско-хрватско-словенската држава, коишто се борат за извојување на федеративно управување во Југославија, кога секоја област се управува самостојно и влегува како рамноправен член во федерацијата.

За постигање на горната цел, се повикуваат сите членови и симпатизери на Орг. да работат во следниот дух:

1). При општинските избори, кои ќе бидат на 22 август о. г., сите коишто имаат право на глас, да го дадат својот глас за претходно определени добри свои сограѓани или соселани, коишто ќе може да ги заштитуваат најдобро интересите и правата на населението и да го олеснат добивањето на изборите за пратеници.

2). Кога ќе се прават изборите за основачкото народно собрание (основачката скупштина), сите избирачи да гласаат за најдостојните месни народни водачи, што останале да живеат тука, коишто ќе можат најдобро да се борат во основачката скупштина, заедно со сите хрватски, словенски, босански и др. пратеници, коишто ја преследуваат истата цел, за извојување на федеративно управување во Југославија.

3). Ако српската шовинистичка власт попречи, и не дозволи да се изберат за пратеници месни водачи, сите избирачи да го дадат својот глас за комунистите, под услов тие да прифатат во прво време да се борат за федеративно управување и за применување на договорот за малцинствата.

4). Првенците во градовите и селата кадешто порано имало Македонски училишта, грабнати од Србите и претворени во српски или затворени, да поднесат барања до владата во Белград, со преписи до советот на Општеството на народите и до полномошните министри на Сев. Американските соединети држави, на Англија, Франција, Италија, Јапонија и др., со коишто барања да се бара враќањето на тие училишта на населението, за децата да учат на родениот мајчин јазик, како и за применувањето на „Договорот за заштита на малцинствата во Српско-хрватско-словенската држава“, којшто договор е изработен од државите на Спогодбата, и прифатен од Југославија (тука Ви се приложуваат неколку отпечатоци од тој договор за раководење, како при составување на барањата, така исто и при понатамошната работа за неговото применување).

Пожелно е барањата да се поднесат поскоро и истовремено од повеќе градови и села, откако се согласат, ако е возможно, тоа истото да го направат и турските, влашките др. малцинства, кадешто има такви.

Ако таа легална борба не успее, настаните ќе не научат што да правиме понатаму.

Големата војна не е се уште завршена. Руската советска република води војна на сите страни, покрај другите свои цели, уште и против насилничките договори, изработени во Париз. Турците во Тракија и Анадолија исто така се фатиле за оружје и се во војна со Грција и дури со Англија и Франција против несправедливиот мир, кој сакаат да им го наложат.

Создадената положба е толку нетрајна, што се возможни секакви и брзи изненадувања.

Од нас се бара само сплотеност, упорност, тврдост и вредна работа, за да се изведе борбата до близок и успешен крај - да изгрее пак сонцето на слободата над нашата поробена татковина Македонија.

Со мн. Срдечни поздрави,
Чл. Од Ц.К. на Орг.
Богдан

Македонија,
28/VI 920 год.“

Кон врв
srboman Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 6
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2006 во 15:19

Boogie, да вземеш да ми го покажеш това писмо на Тодор Александров в оригинал на македонски език! Имате ли го някъде във вашите македонски музеи? Иди да ми направиш едно копие и го поствай във форума! Ама да е на македонски език! Бива ли?

Поздрави!
СрбоманTongue
Кон врв
prlichev Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 06.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 51
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2006 во 15:24
То е ясно, че писмото в оригинал е на български.

„Слобода или Смрт“?

Не пишеше ли на знамето "Свобода или Смъртъ" ? :)
Кон врв
srboman Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 6
Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2006 во 15:26
Пърличев, искаме

BOOGIE

да прати писмото на македноски, нали? Тогава ще го призная!Cry

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2006 во 04:09
Секако дека е на Македонскиот дијалект наречен Бугарски.Сите пишани Македонски документи пред 1945 г. се на Старомакедонскиот кој Бугарите сеуште го користат и мене ми е мило поради тоа.Баш поради тие грешки никогаш нема да се заборави кои се Бугарите и од каде ја крепат својата култура и јазик па и верата.
ВМРО е сепак Македонска организација која со неколку проби од страна на некои Бугарски шовинисти пробаа да ја завладеат но Македонскиот дух никогаш не замира нели.

Извештај од коресподентот на лондонскиот в. „Тајмс“, од 16 септември 1924 год., во врска со нашироко распростртанетите новини, дека ВМРО водела разговори со болшевиците

„Во месец август имав случај да се сретнам ноќно време со Тодор Александров, во планините на Македонија, на извесно растојание од бугарската граница, каде што бевме обиколени од вооружени до заби комити. Сакав да знам дали македонската револуционерна организација е во сојуз со болшевиците, кои преку нивниот орган „Балканска Федерација“, што излегуваше во Виена, соопштија дека македонските лидери потпишале еден манифест кој ја поддржуваше наполни совестската политика, која го имаше за цел растурањето на сите балкански влади. Беше соопштено, дека двајца од членовите на македонскиот триумвират, Александров и Протогеров, дале формално побивање на тој манифест, кој беше објавен како лажен.Но единствениот начин да се имаат точни податоци беше да се обратам до самиот Александров.

Како одговор на моето прашање, македонскиот лидер ми кажа: „Изјавувам, дека не сум го потпишал манифестот публикуван од весникот „Балканска Федерација“, кој му го припишува на Централниот Комитет на македонската организација. Никаков акт од тој вид не бил одобрен од мене. Ако таму се наоѓа мојот потпис, тој е фалсификат. Истото е и со потписот на Протогеров, кој исто така тврди, дека не го потпишал. Ние немаме никаква желба да се бориме против европскиот капитализам, кој што не не засега. Организацијата има своја цел, која што е ослободувањето на Македонија. Додека сум јас жив, ќе се спротивставам на секакво скршнување од тој пат и нема да дозволам да се користат нашите сили за цели, кои што ни се туѓи. Организацијата нема ништо заедничко со комунизмот и болшевизмот.

Не одрекувам, дека болшевиците се обидоа на неколку пати да ја придобијат организацијата и секој пат иницијативата за преговори беше од нивна страна. По заповед на Москва, печатот на бугарската комунистичка партија престана да не напаѓа во 1922 год., и покрај тоа што ние не правевме постапки во таа смисла пред кого и да било.

Во 1923 год. советски агенти ми предложија да стапиме во преговори. Јас тогаш поставив претходни услови: растурање на комунистичката банда на Пандурски, прекинување на органот „Ослободување“ и растурање на друштвата на македонските емигранти, приврзаници на комунистичката партија. Мојот ултиматум беше прифатен во август 1923 год., но во септември избувна бунтот на селаните и на комунистите во Бугарија и јас им објавив на комунистите, дека слични обиди ја комплицираат и без тоа мачната положба на Бугарија и дека тие, следствено, треба да се сметаат како штетни и полни со опасности. Во името на организацијата јас им дадов до знаење на комунистите, дека независноста на Бугарија е за нас многу драгоцена, и дека следствено, ние сме принудени да водиме беспоштедна борба против авторите на таквите обиди, кои што ние ќе ги сметаме како непријатели. Јасно е, дека после таа декларација преговорите не можеа да продолжат.

Јас не го одрекувам суштествувањето, внатре во организацијата, на „леви“ елементи, коишто упорно настојуваат, дека после пет години ние ништо не сме добиле од Општеството на народите во Париз, Лондон, и дека, следствено, би требало да се разбереме со Москва. Под влијание на левите, но само по иницијатива на претставниците на Москва и Виена, преговорите се обновија во 1924 год. Претставниците на Советите бараа организацијата да го дозволи советизирањето на Бугарија и Македонија. Ние одговоривме, дека тоа беше неприфатливо за нас и преговорите останаа на тоа. Јас не сум имал разговори со Раковски во Лондон и не бил потпишан никаков споразум од нас. Информациите, публикувани на таа тема, произлегуваат од истиот извор како и манифестот. Повторувам, дека додека сум јас на чело на организацијата, таа нема да престане да се бори против болшевизмот, кој, според мене, е извонредно штетен за македонското движење. Пред неколку дена испратив едно ново предупредување до комунистите, дека организацијата нема намера да толерира комунистички преврати во Бугарија сепак Македонија ке биде независна и своја земја без никакви влијаниа и врски од страна на Бугарските комунисти или Царската влада“.

Слобода или Смрт

За независна Македонија ние се бориме за неа и ке умреме


Кон врв
venstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јуни.2006
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 93
Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2006 во 10:10
Сърбоман, ясно е, че писмото до българското правителство ще е на български дори да е писано от китаец. Просто така се прави. Когато пишеш официален документ или документ до някаква институция трябва да ползваш официалния език на получателя. Пък и така се подсигуряваш, че някой преводач няма да изкриви думите ти. Така че езикът не доказва много. Чистотата на изказа и използването на някои специфични  думи и изрази могат да посочат доколко добре пишещият е владеел този език.

Имам друг въпрос. Какви са били отношенията на ВМРО с правителствата на другите държави? Има ли кореспонденция със сръбския или гръцкия крал? Имало ли е дейност на ВМРО в България и Гърция и каква? И на двата въпроса нямам отговори и затова очаквам някой да представи информация.

Гледам, че често се засяга въпроса за македонския език. Предлагам отварянето на специална тема.

Поздрав,
Венелин
Всичко изпитвайте,
дръжте доброто!
(1 Сол. 5:21)
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2006 во 12:27
Сите наши документи кои ги имаме за ВМРО се во Музеј може слободно да се посети и види значи таму е знамето на Крушевската Република,Крушевскиот Манифест,Знамето на Кресненското и Разловечкото Востание,документи од врвот на Партијата е сега можам слободно да зборувам со вас за ова и да се убедувам но вие не сте како мене значи јас имам многу голема предност над вас - вие сте Бугари и вашите предци се Бугари додека јас сум Македонец и мојот предок Величко Механджијски е Кумановски Војвода учесник во Илинденското Востание и член на комитетот за Независна Македонија од 1905 па до 1927 кога се сели за Москва и е дел од Македонското братство таму.Комита и борец за независна Македонија до последен здив член на президиумот на АСНОМ и еден од творците на Независна Македонија умира 1955год. во независна и слободна Македонија го праќа синот во борба против Бугарскиот окупатор за да ја исполни обврската на чесен Македонец кој загинува во битката за ослободување на Скопје.И не е само тоа бидејки тоа е таткото на дедо ми додека таткото на баба ми е Трајан Петковски - Бикчето човек кој е еден од членовите на Скопскиот реон на ВМРО и повторно учесник во Крушевското Востание,близок соработник на Гоце Делчев и негов домаќин во повеке наврати.
Значи џабе ви се било какви коментари и документи покрај жив потомок и сведок на бурни раскажувања за случувања и битки во кои прадедо ми учествува.Керката на Механджијски почина пред една година и сите нејзини спомени со спомените на прадедо ми ке живеат вечно во сеќавањата на моето семејство а да не зборам за приватната колекција на документи,писма,знаме и др. кое ги поседувам а му припаѓаат на Македонското ВМРО
Кон врв
laki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1107
Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2006 во 17:08
VMRO pa se znaeVNATRESNO MAKEDONSKA  REVOLUCIONERNA ORGANIZACIJA mnogu ednostavno neli.
Кон врв
venstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јуни.2006
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 93
Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2006 во 09:38
Всичко изпитвайте,
дръжте доброто!
(1 Сол. 5:21)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.