IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Челси
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Челси

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:47

Тренерот на “сините“ призна дека неговиот тим не играл според очекувањата и дека тоа можело скапо да го чини.

 

Карло Анчелоти призна дека серијата лоши резултати на Челзи можеше да значи отказ за него, но и дека не е загрижен за својата позиција, иако управниот одбор на Челзи не ја исклучи можноста тој да си замине ова лето.

Не морам сега да зборувам за мојот договор. Јас сум вработен тука и среќен сум тука. Договорот ми истекува 2012. година и по крајот на следната сезона ќе ја донесам својата одлука“ - изјави Италијанецот по победата над Манчестер Сити од 2:0.

Многу добро знам дека тимот спиеше цели два месеци. Во тие тешки моменти имав голема поддршка од сите во клубот и од играчите. Голем број тренери кои ќе преспијат толкав период сега се дома и средбите ги гледаат на телевизија“ - додаде Анчелоти

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2011 во 06:17
Роман го загуби трпението?

Костурот на тимот во целост се менува за следната сезона. На Абрамович му 'прекипе', со нови луѓе во нов поход на Европа.

Флоран Малуда и Николас Анелка се пред заминување од ''Стемфорд Бриџ'', бидејќи Челзи планира голема реконструкција на екипата.

Пред заминување се и Жозе Босингва, Паоло Фереира и Јури Жирков, како и Дидие Дрогба.

Неизвесно е и местото на тренерот на ''сините'', бидејќи сеуште е отоворено прашањето дали Анчелоти ќе остане.

Погоре споменатите играчи го чинеа Челзи речиси 100 милиони фунти.

Сигурно ќе останат легендите во клубот Френк Лампард и Џон Тери. Фернандо Торес е нов и сигурно ќе остане, како и Давид Луиз.

Се очекува Абрамович повторно да вложи големи пари во засилувања, а голем е број и на имињата кои се во комбинација

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 11:00
Тевез оди во Челзи?

Според најновите ''инсајдерски'' информации од Лондон, Челзи планира во своите редови да го доведе Карлос Тевез!

Медиумите на Островот велат дека Роман Абрамович подготвува 40 милиони фунти за итроногиот напаѓач, што би довело до "тандем од соништата" во редовите на "сините" следната сезона.

Сити сака да го задржи својот капитен и еден од најдобрите фудбалери, но тешко дека ќе успее да ја оствари таквата своја идеја, бидејќи Аргентинецот повеќе пати сезонава се пожали на животот во Манчестер, па дури и побара да биде продаден. Од друга страна, и менаџерот на Сити, Роберто Манчини изјавил дека не сака незадоволни играчи во екипата и дека ако некој сака да замине тој нема да му стои на патот.

Самиот Тевез не би имал ништо против да остане во Премиер лигата, а Манчестер Сити најавува големи засилувања ова лето, па би можеле паметно да ги вложат парите од продажбата на незадоволниот играч.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2011 во 05:30

Абрамович ќе го направи Челзи секси-тим

Газдата на Челзи Роман Абрамович е подготвен да потроши дополнителни 80 милиони фунти претстојното лето, сакајќи неговиот тим да игра она што тој го нарекува секси-фудбал. Рускиот милијардер под тоа подразбира повозбудлив и понапаѓачки стил на игра.
Тој веќе издвои 72 милиони фунти во зимскиот преоден рок за да ги доведе Фернандо Торес од Ливерпул и Давид Луиз од Бенфика, кога "сините" беа во голема резултатска криза и сега смета дека екипата треба да се засили на три позиции. Абрамович веќе му дал зелено светло на извршниот директор Рон Горли да состави листа на желби, на која треба да се најдат креативен играч од среден ред, експлозивно крило и десен бек од светска класа. Англиските медиуми во овие проекции ги препознаа капитенот на Арсенал Сеск Фабрегас, најдобриот играч во Премиерлигата сезонава Герет Бејл од Тотенхем и холандскиот дефанзивец Грегори ван дер Вил.
- Роман отсекогаш сакал да го види Челзи како игра она што тој го нарекува секси-фудбал. Тој повеќе сака кога Челзи победува со 4:3 отколку тврд натпревар со еден гол - откри извор од клубот.
Челзи има и други опции за засилување на екипата, на која итно и треба свежа крв, па би можел да се впушти и по: Весли Снајдер, Томас Милер, Адам Џонсон, Мет Џарвис, Ешли Јанг, Џек Родвел, Маруане Фелаини, Лука Модриќ и Андреј Аршавин.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 05:08
Челзи го сака Зола за наследник на Анчелоти

Според извештаите на "Скај Спортс", поранешниот италијански фудбалер, Џанфранко Зола прерасна во најголем фаворит за превземање на клупата на Челзи од следната сезона.

По неделниот пораз од Манчестер Јунајтед (1-2) на "Олд Трафорд" стана се поизвесно дека Челзи нема да ја одбрани титулата англиски првак, што за менаџерот Карло Анчелоти, според пишувањето на локалните медиуми, беше последна сламка, за спас на своето работно место иако договорно е врзан со "сините" уште година дена.

44-годишниот Зола ги бранеше боите на Челзи меѓу 1996. и 2003. година и во тој период за клубот постигна 80 гола на 312 меча. Зола е омилен меѓу навивачите на Челзи, а доколку навистина ја превземе клупата на Челзи тоа ќе му биде втор менаџерски ангажман во кариерата, откако во периодот меѓу 2008. и 2010. година го водеше Вест Хем.

Клубот од "Стемфорд Бриџ" засега ги одбил коментарите за вакви медиумски шпекулации.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2011 во 07:17
"Сан": Анчелоти се прости од навивачите на Челзи

Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти го одработи во неделата својот последне меч на 'Стемфорд Бриџ' пренесува "Сан" по 37-то коло во англискиот фудбалски шампионат. Челзи одигра само 2:2 на својот терен против Њукасл, а од победата ги делеа само секунди бидејќи Стивен Тејлор погоди за гостите во третата минута од судиското продолжение. Бидејќи Челзи во последното коло патува кај Евертон, "Сан" пренесува дека последниот поздрав на крајот на мечот на Анчелоти со навивачите ќе значи и конечно збогум. "Не знам што ќе се случи. Немаме закажано состанок, но се ќе биде јасно за една недела. Сите можат да си имаат свое мислење за мојата работа, но во клубот мора да ме оценат и да донесат одлука. Ако проценат дека сум работел добро, ќе останам, ако не тогаш ќе морам да заминам. По мое мислење некогаш работев добро, а некогаш можев и подобро. Но во секој случај сакам да им се заблагодарам на навивачите кој ми даваа фантастична подршка цела сезона" изјави Анчелоти, на кој островските медиуми му даваат мали шанси да остане на менаџерската клупа на Челзи, каде минатата сезона во својата дебитантска сезона им ја донесе двојната круна.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 05:44
Челзи и Анчелоти ја раскинаа соработката

Управата на Челзи објави дека ја раскинала соработката со Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег за две години на клупата на лондонскиот прволигаш го водеше тимот до двојна круна во дебитантската сезона, но оваа сезона заврши без трофеј што е главна причина за разделбата.

Управата на клубот излезе во јавноста со соопштение само неколку часа по поразот на Челзи од Евертон во последното коло од Премиер лигата.

"Сопственикот и управата на клубот сакаат да му се заблагодарат на Анчелоти за неговиот допринос, од кога го превзема клубот во јули 2009. година, водејќи го клубот до првата двојна круна во историјата. Сепак, резултатите сезонава се под очекувањата и во клубот веруваме дека право време е да се направат промени за подготвени да ја дочекаме следната сезона. Карло секогаш ќе биде добредојден на 'Стемфорд Бриџ'." - се вели во соопштението на официјалниот веб сајт на Челзи.

Гус Хидинк и Андре Виљаш Боаш се споемнуваат како главни кандидати за наследник на Анчелоти.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:41
Хидинг ја напушта Турција, поради Челзи

Гус Хидинг е на чекор од враќање во Челзи, бидејќи Роман Абрамович запона преговори со Фудбалската федерација на Турција, за откупување на неговиот договор. Како што пренесува ББС, неименуван извор од врвот на турскиот сојуз пренесува дека Хидинг не може да му каже не на Челзи и дека ќе ја напушти Турската репрезентација. На холандскиот стратег му остана уште една година од договорот со Турците, кој за неговата 'слобода' побара четири милиони евра. Гус Хидинг привремено го предводеше Челзи во 2009-та година и со овој тим го освои ФА Купот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 06:10
Снајдер и Хидинг пристигнуваат во 'пакет'?

Гус Хидинг, наводно му порачал на својот нов шеф, Роман Абрамович дека вреди да се помачи околу трансферот на неговиот сонародник, Весли Снајдер.

Холандскиот играч од средниот ред немаше сјајна сезона со "нероазурите", а Сер Алекс Фергусон го гледа како идеална замена за Пол Сколс, но барањата на Снајдер се превисоки, бидејќи побарал 200 илјади фунти неделно!

Челзи чека да се реши ситуацијата со Гус Хидинг и Фудбалскиот сојуз на Турција, а од сојузот порачаа дека тој може да си замине за 4 милиони фунти. Клубот од Лондон е поврзуван ос многу трансфери ова лето. Први на списокот се Лука Модрич, Алексис Санчез, Нејмар, како и Ромел Лакаку.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 06:02
Малуда и Есиен за Снајдер

Интересни вести пристигнуваат од "Стемфорд Бриџ". Управата на Челзи сака да го 'претрка' Манчестер Јунајтед во борбата за Весли Снајдерм оа на колегите од Интер за одличниот Холанѓанец ќе понудат, не само пари, туки и Микаел Есиен и Флоран Малуда.

"На Масимо Морати му се допаѓаат двајцата фудбалери на Челзи, но за ваков исчекор ќе мора да разговара со Леонардо." - пишува "Кориере дело Спорт".

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 05:56
Дрогба посакува трансфер на "Вајт Харт Лејн"?

Според информациите на англиските медиуми од утринава, Дидие Дрогба сака да си замине од Челзи и во овој преоден рок да се пресели во Тотенхем!

Тој немаше баш сјајна сезона, боледуваше од маларија, пред да го достигне своето ниво.

Кога во јануари во Челзи дојде Фернандо Торес, беше јасно дека е пред крај неговата мисија на ''Стемфорд Бриџ''. Сега Челзи најавува уште засилувања за напаѓачката линија, па речиси е извесно дека 33-годишниот шпиц ќе замине. Покрај него, нов ангажман, би можел да побара и Николас Анелка.

Тренерот на Тотенхем, Хари Реднап, силно го посакува фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, а наводно самиот Дрогба побарал да биде ставен на трансфер листата, за лондонскиот клуб да го откупи.

Голгетерот е моментално на одмор, а повеќе околу неговиот статус ќе се знае во следните неколку недели.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 13:32
Вилјаш-Боаш доаѓа на клупата на Челзи

На Абрамович не му е проблем да плати отштета од 15 милиони евра. - Андре Вилјаш-Боаш

Талентираниот португалски стручњак Андре Вилјаш-Боаш ќе биде новиот тренер на Челзи, ако се суди според англиските обложувалници. Тие се толку сигурни во неговото доаѓање на "Стемфорд бриџ", што веќе не примаат облози на тоа ќој ќе биде наследникот на Карло Анчелоти на клупата на "сините".
За разлика од Интер, Роман Абрамович, се чини, е подготвен да ја плати откупната клаузула од договорот на 33-годишниот Вилјаш-Боаш со Порто, која изнесува 15 милиони евра. Тоа би било негово враќање во Челзи, бидејќи таму го учеше занаетот како помошник на Жозе Мурињо.
- Засега немаме примено информација дека некој клуб сака да ја активира откупната клаузула од 15 милиони евра, ниту, пак, тренерот изразил желба за тоа - стои во соопштението на Порто.
И португалската новинска агенција "Луса" објави дека Вилјаш-Боаш ќе го преземе Челзи, додека Гус Хидинк ќе дојде на една од директорските позиции.
- Ако некој ги уплати овие пари, ние не можеме да го спречиме неговото заминување - рече првиот човек на Порто, Пинто да Кошта.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 06:05
Сега и официjално, Андре Виљаш-Боаш три години во Челзи

Виљаш-Боаш официално ќе биде претставен во јули, кога тимот ќе се собере за прв пат пред новата сезона. Челзи во писмена изјава потврди дека Португалецот се враќа во клубот во кој беше асистент на Мурињо, пред неколку години. "Сите сме среќни што Андре е повторно со нас, тој е добар човек и одличен тренер. Се работи за млад, но одличен тренер кој веќе се докажа" соопшти клубот. Се зборува дека кога во понеделникот Челзи го доби и последното 'не' од Гус Хидинк, првите луѓе на клубот повеќе не сакаа да чекаат. Двајца играчи на Порто се на мета на новиот менаџер, еден е искусниот Мутињо, а вториот е одличниот Колумбиец, Радамел Фалкао. Ќе видиме дали ќе се реализираат трансферите на споменатите двајца играчи.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 05:09
Виљаш Боаш го носи Хулк во Челзи

Новиот тренер на Челзи, Андре Виљаш Боаш побарал од сопственикот Роман Абрамович на "Стемфорд Бриџ" да го доведе напаѓачот на Порто, Хулк, а рускиот милијардер со насмевка ја прифатил желбата.

Интересно е дека Абрамович не делел толкав ентузијазам кога за истиот играч замолил поранешниот тренер Карло Анчелоти

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.