IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Tенис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Tенис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 14>
Автор
Порака
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 22:43
да бе
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 23:32
zasluzena pobeda na nadal!
ali jas se uste sum veren obozavatel na igrata  na djokovicсреќа
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 15:42

ТЕНИС - ПО ТРИЛЕР ФИНАЛЕ ПО 4 ЧАСА И 48 МИНУТИ, ИМАМЕ НОВ ШАМПИОН НА ВИМБЛДОН

Надал ја симна круната на Маестрото Федерер

Рафаел Надал конечно ја прекина петгодишната доминација на Рожер Федерер на Ол Ингланд Клубот, откако во супер-драматичен меч од 4 часа и 48 минтуи во пет сета го совлада Швајцарецот во можеби најдобриот меч во историјата на тенисот. Надал водеше со 2:0 во сетови, но мораше да го изддржи импресивното враќањето на Федерер, кој го бркаше рекордот на Бјорн Борг од шест титули по ред за 6:4/6:4/6:7(5:7)/6:7(8:10)/9:7 победа. Надал пак стана првиот тенисер по Борг во 1980 година кој победил на Ролан Гарос и на Вимблдон во иста сезона, откако во Париз го уништи Федерер во три сета за четврта титула по ред од гренд слемот на земја.

"Не можам да објаснам што чувствувам во моментов. За мене беше сон да играм на овој терен, а за титулата да не зборуваме", изјави Шпанецот

На крајот Федерер во солзи го прими трофејот

"Се обидов да направам се, но малку предоцна. Рафаел Надал е вреден шампион на Вимблдон. Очекував и полош пораз. Се надевам дека следната година ќе бидат тука и ќе го предизвикам Надал", изјави емотивно Федерер.

Федерер направи неверојатен камбек пред последното одложување поради дожд за да израмни на 2:2. Швајцарецот спаси две меч топки во нервозниот четврти сет, од кој едниот со неверојатен пас со бекхенд, пред да го освои тај-брејкот со 10:8. Светскиот број 1 губеше со 4:6/4:6, но остана во игра пред дождот да направи пауза од 81 минута.

Во првите два сета, Надал ги искористи сите свои шанси, додека Швајцарецот играше добро, но не и на клучните поени. Со 30 минути задоцнувањето финалето почна со чудно и со два брејка Надал го освои првиот сет. Федерер направи брејк за 2:0 водство во вториот сет, но Надал се врати со брејк во седмиот гем, по што направи нов брејк за 2:0 во сетови.

Надал беше блиску до победа при 3:3 во третиот сет, кога Федерер падна на 0:40, но успеа со одличен сервис да се врати во игра. По паузата поради дожд, Швајцарецот играше подобро на форхенд и стигна до тај-брејк. Надал поведе со 5:2, но потоа направи двојна сервис грешка и имаше меч поен при 7:6.

Ова е шесто меѓусебно гренд слем финале за двајцата најдобри тенисери на денешницата, и дури 14 АТП финале, со што се на петтото место во Опен ерата само зад Лендл-Мекинро (20), Агаси-Сампрас (16), Бекер-Едберг (16) и Конорс-Мекинро (15).

Двајцата можеби не се најдобри пријатели, но имаат релативно добри односи. Лани, кога Надал имаше проблем да најде комерцијален лет од турнирот во Монтреал до друг во Синсинати, Федерер му даде превоз во неговиот приватен авион. Кога ќе се сретнат во соблекувалните, тие зборуваат, често за фудбал, а пред неколку години Надал побара од Федерер да играат двојки заедно, но тоа не се случи. Двајцата зборуваат само комплименти за играта на другиот, дури иако на Федерер не му се допаѓа колку време Надал троши меѓу поените.

ФИНАЛИЊА НА ВИМБЛДОН ШАМПИОНАТОТ

МАЖИ

(2) Рафаел Надал - (1) Рожер Федерер 6:4/6:4/6:7(5:7)/6:7(8:10)/9:7

ЖЕНИ

(7) Венус Вилијамс - (6) Серена Вилијамс 7:5/6:4

МАЖИ - ДВОЈКИ

(2) Нестор/Зимоњиќ - (8) Бјоркман/Алјет 7:6(14:12)/6:7(3:7)/6:3/6:3

ЖЕНИ - ДВОЈКИ

(11) С.Вилијамс/В.Вилијамс - (16) Рејмонд/Стосур 6:2/6:2

ЈУНИОРИ

(9) Григор Димитров - Хенри Континен 7:5/6:3

ЈУНИОРКИ

Лора Робсон - (3) Нопаван Лертчивакарн 6:3/3:6/6:1

СЕМЕЈСТВОТО ВИЛИЈАМС БЕШЕ СИГУРНО ДЕКА ЌЕ ИМА ШАМПИОН

Венус до петтиот триумф по сестринското финале

Венус Вилијамс ја совлада својата помлада сестра Серена со 7:5/6:4 за да го освои петтиот трофеј од Вимблдон и седма гренд слем титула во кариерата по драматичното финале. Вилијамс, која по вторпат ја одбрани титулата од најпрестижниот тениски турнир на светот за трета титула во четири години, вели дека не можела да биде целосно среќна.

"Мојата прва работа е како голема сестра и тоа го сфаќам многу сериозно", изјави 28-годишната Американка откако ја обезбеди титулата по 1 час и 51 минута.

Двете сестри досега играа во шест гренд слем финалиња, вклучувајќи две на Ол Ингланд Клубот, од кои само првиот меѓусебен дуел, на УС Опен во 2001 и припадна на Венус. Откако направи брејк во првиот гем од мечот Серена изгледаше во предност со моќниот сервис. Но, 26-годишната Серена не успеваше да ги освои најважните поени, пропуштајќи дури четири брејк топки во првиот сет.

"Таа беше подобра денеска и работите не отидоа како што планирав", изјави шестата носителка Серена.

Венус потоа со малку среќа и малку дарежливост од помладата сестра го освои првиот сет. Прво Венус остана на свој сервис кога среќното топче удри во мрежа, а потоа се случи уште побизарен инцидент. Во деветтиот гем Серена случајно викна "не" во средина на поенот додека топчето беше во игра. Судијата побара поенот да се преигра, но Серена одби, предавајќи го поенот и 5:4 водство на постарата сестра. Додека Серена беше нестабилна на своите поени, Венус беше клинички точна во секој момент.

По титулата, Венус имаше амбициозна цел, да сонува за израмнување на рекордот на Вимблдон на Мартина Навратилова - девет титули.

"Сега се пет. Тоа беше првото нешто на што помислив. Со толку победи сум во поинаква сфера. Да беше на било кој друг турнир е неверојатно, но тука престижот е неверојатен. Крајната цел секако е тоа што го направи Мартина, но не би било лесно. Нејзината кариера траеше три декади и не знам дали имам толку време", вели 28-годишната Венус, која ги освои титулите во 2000, 2001, 2005, 2007 и 2008.

Помладата сестра пак размислуваше на тактиката за тоа како да ја совлада Венус во следниот меѓусебен дуел.

"Мислам дека нејзината тактика беше да го сервира секое топче во тело. Задоволна сум што беше така, бидејќи ќе знам што да правам во следната прилика. Го загубив ритамот и направив многу грешки", вели Серена.

СЕРЕНА И ВЕНУС ПО ФИНАЛЕТО ВО СИНГЛ, ОДИГРАА УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ

Сестрите славеа заедно во двојки

Кога Венус Вилијамс го освои вториот меч поен во саботата на Вимблдон, дури и нејзината помала сестра Серена можеше да прославува. Три и пол часа откако Венус ја совлада Серена во натпреварот во сингл, Американките го играа финалето во двојки во кое со 6:2/6:2 ги совладаа Американката Лиза Рејмонд и Австралијката Саманта Стосур.

Со триумфот, Венус и Серена имаат 7-0 скор во гренд слем финалиња во двојки, а стигнаа и до третата титула од Ол Ингланд Клубот.

"Двете работевме напорно оваа година и мислам дека резултатите го покажаа тоа тука, во сингл и во двојки", изјави Венус по победата во сингл.

Сестрите последен пат победија во двојки на Вимблдон во 2002 година, првата од двете години кога Серена ја совлада Венус во финалето во сингл. Тие одбија да зборуваат со новинарите по мечот.

Сестрите имаат 34 турнири во двојки, од кои во дури 11 освоија титули, вклучувајќи ја Олимпијадата во Сиднеј. Вклучувајќи ги парите добиени за во сингл, семејството Вилијамс доби повеќе од 2.5 милиони $ во саботата.

БРИТАНИЈА ДОБИ ЈУНИОРСКА ШАМПИОНКА

Робсон го крена британскиот дух

14-годишната Англичанка Лора Робсон стигна до првата Вимблдон титула во јуниори за Британија по 24 години, откако ја совлада Тајланѓанката Новапан Лерчивакарн со 6:3/3:6/6:1 во финалето во саботата. Младата девојка од Лондон мораше да се бори 1 час и 34 минути со фаворизираната 16-годишна Тајланѓанка.

"Денеска беше толку добро. Публиката беше зад мене и искуството беше неверојатно. Не се чувствував опуштено пред толку многу луѓе", вели Робсон, која е родена во Австралија.

Последна Британка со јуниорска титула на Ол Ингланд Клубот беше Анабел Крофт во 1984 година, а во последните години титулите ги освојуваа тенисерки како Мартина Хингис, Амели Морезмо, Катарина Среботник, Агниешка Радванска и Каролине Возниацки.

Вонеделното финале кај јуниорите, деветтиот носител, 17-годишниот Бугарин Григор Димитров стигна до својот прв јуниорски гренд слем, откако со 7:5/6:3 го совлада Финецот Хенри Континен.

СРПСКО-КАНАДСКАТА ДВОЈКА ДО КРУНАТА ВО ДВОЈКИ

Нестор и Зимоњиќ го расипаа збогувањето со Бјоркман

Канаѓанецот Даниел Нестор и Србинот Ненад Зимоњиќ ја освоија титулата во двојки во саботата со тешка 7:6/6:7/6:3/6:3 победа над Швеѓанецот Јонас Бјоркман и Кевин Алјет од Зимбабве. Ова е прва гренд слем титула како двојка за Нестор и Зимоњиќ, а во исто време тие не му дозволија на Бјоркман, кој ќе се пензионира на крајот на годината, совршен крај на неговата кариера на Вимблдон.

"Беше навистина возбудливо до крајот. Беше одлично да се биде на Централниот Терен, бидејќи немаш многу шанси да играш таму", вели Нестор, кој е првиот Канаѓанец со круна од Вимблдон.

Нестор и Зимоњиќ беа финалисти на Ролан Гарос минатиот месец, додека Бјоркман и Алјет го играа првото големо финале како двојка. Ова е четврта гренд слем титула за Нестор, откако освои три со Марк Ноулс (Австралиски Опен 2002, УС Опен 2004 и Ролан Гарос 2007). Бјоркман има три титули од Вимблдон со Тод Вудбриџ од 2002 до 2004 и вкупно девет големи титули.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 16:46

ТЕНИС - АВСТРАЛИЕЦОТ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА НАПРАВИ НЕШТО ПОВЕЌЕ ВО ПЕКИНГ

Хјуит влезе во олимпискиот тим и покрај повредата

Постојаната повреда на колкот не спречи Лејтон Хјуит да биде вклучен во австралискиот олимписки тим за Пекинг, заедно со младата Кејси Делаква. Хјуит, кој беше исфрлен од Вимблдон во четвртото коло од Рожер Федерер е единствениот Австралиец кој автоматски се пласира во машките сингл натпревари. Тој ќе биде партнер на Крис Гучионе во двојки, додека специјалистите за игра во двојки Пол Хенли и Џордан Кер ќе бидат во втората двојка за Австралија.

Австралија има шест медали во тенисот на предходните Олимписки Игри, едно злато, едно сребро и четири бронзи и тренерите на тимот се сигурни дека можат да освојат и нова во Кина следниот месец.

"Задоволен сум од тимот кој го имаме. Се надевам дека Крис Гучионе ќе добие место во сингл бидејќи често пати покажува дека го дава својот максимум кога ја претставува својата земја. Сите знаеме што значи Лејтон за нашиот тенис и искрено тој е еден од фаворитите за медал", вели машкиот тренер Џон Фицџералд.

Три дами ќе се натпреваруваат на женскиот турнир откако Алиша Молик, која освои бронза на предходната Олимпијада во Атина во 2004, доби вајлд-карта. Најдоброрангираната австралиска тенисерка (42), Кејси Делаква и Саманта Стосур, која ја освои титулата во мешани двојки со Американецот Боб Брајан ќе играат во сингл и во двојки, додека Рене Стабс ќе се натпреварува само во двојки.

"Имаме доста силен тим ако се земе во предвид формата на Кејси оваа година и импресивното враќање на Саманта по болеста. Нашата комбинација во двојки е една од најсилните на турнирот. Сигурен сум дека ќе се вратиме дома со нешто", вели женскиот тренер Дејвид Тејлор.

Тој исто така изјави дека верува дека Молик по успехот во Атина ќе оди на медал.

"Ова е можеби најдобрата вест која ја добив од 2004. Одиграв на две Олимпијади и морам да признаам дека тоа е најдобриот дел од мојата кариера", вели Молик.

РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО):

МЕРЦЕДЕС КУП - ШТУТГАРТ, 568.000Е

(5) Болели - Зверев

(6) Каљери - Мелцер 7:6(7:3)/6:4

(8) Шванк - Кориа 0:6/6:1/6:2

Росол - Фишер 6:2/6:4

Шукин - Берлок 4:6/7:5/6:3

АЛИАНЦ СВИС ОПЕН - ГШТАД, 389.000Е

Меферт - (5) Сепи 6:2/5:7/6:4

(6) Кифер - Насо 6:3/6:2

Ханеску - Патиенс 7:6(7:4)/6:2

Чипола - Ванек 5:7/6:4/6:4

Шарди - Хорна 7:6(7:5)/6:7(6:8)/7:5

КАТЕЛА ШВЕДСКИ ОПЕН - БАСТАД, 326.000Е

Стараче - (5) Моја 6:7(4:7)/7:6(8:6)/6:4

(7) Ниеминен - Роитман 6:4/6:2

Ридерстед - Горансон 6:1/6:2

Т.Јохансон - Прпич 7:6(7:4)/6:3

О.Рошу - Жиквел 6:3/6:4

Дарсис - Колерер 7:6(7:4)/6:0

Сафин - М.Лопез 7:6/7:5

КЕМПБЕЛ ХОЛ ОФ ФЕЈМ ШАМПИОНАТ - ЊУПОРТ, 385.000$

(6) Јанг - Џун 6:3/2:6/6:4

Ледовских - Плес 4:6/7:5/6:4

Спадеа - Штадлер 6:2/3:6/6:4

Бопана - Ким 6:3/6:4

Еванс - Капдевиле 6:4/3:6/6:1

Пеја - Печнер 6:7(3:7)/6:3/7:5

ГАЗ ДЕ ФРАНС ГРАН ПРИ - БУДИМПЕШТА, 175.000$

Арн - (4) Бенешова 6:4/6:4

Шпрем - (6) Парментие 7:5/6:2

(7) Закопалова - Коен-Алоро 6:3/6:2

Квитова - (8) Чирстеа 6:2/6:4

Рибарикова - Кутузова 6:2/6:1

Мароши - Лапушченкова 6:3/6:1

Клепац - Зориќ 6:4/6:4

Миолер - Хвојкова 3:6/6:4/6:1

Куцова - Бачински 6:3/6:4

ИНТЕРНАЦИОНАЛИ ФЕМИНИЛИ ДИ ТЕНИС - ПАЛЕРМО, 145.000$

(1) Пенета - Клесел 6:2/6:2

(4) Суарез Наваро - Захлавова Стрицова 7:5/7:6(7:2)

(5) Ерани - Хсиех 6:1/6:0

Вакуленко - Сантанџело 6:4/1:6/6:1

УС Опен повторно нуди повеќе пари

Целосниот награден фонд на УС Опен ќе помине 20 милиони $ првпат во историјата оваа година, додека машките и женските шампиони ќе добијат рекордни за турнирот 1.5 милиони $. Вкупната сума од 20.6 милиони $ е за 1 милион $ повеќе од 2007 година, со што се израмнува најголемиот скок за една година во историјата на турнирот. Ваков случај беше од 2006 во 2007, кога наградниот фонд скокна за 1 милион $, а сингл шампионот од 1.2 милиони $ доби 1.4 милиони $.

Ако се соберат бонусите за најдобрите финишери во летната УС Опен серија, целосниот награден фонд може да помине 23 милиони $. Најдобрите волетната серија ќе добијат 2.5 милиони $ ако го освојат последниот гренд слем во 2008 година, кој стартува на 25 август.

Минатата година, Рожер Федерер победи и на летната серија и на УС Опен, по што доби чек од 2.4 милиони $, најголем во историјата на тенисот.

ВТА отвори Азиско-пацифички центар во Пекинг

Сони Ериксон ВТА турнејата го отвори новиот Азиско-пацифички центар во Пекинг, Кина, кој е трет глобален центар за професионалниот женски тенис, по главното седиште во Сеинт Питерсбург, Флорида, САД и европската канцеларија во Лондон. Дејвид Шумејкер, кој досега беше генерален директор на ВТА ќе ја води оваа канцеларија и ќе биде одговорен за развојот на тенисот во Азија.

Како дел од промената на календарот на ВТА, Пекинг доби еден од четирите престижни турнири кои ќе го предводат календарот од 2009 година. Овој турнир ќе трае девет дена и ќе има награден фонд од најмалку 4 милиони $, со што ќе биде изедначен со АТП Мастерс Турнирот во Шангај. Покрај тоа турнирот ќе биде задолжителен за сите тенисерки кои ќе се квалификуваат според рејтингот.

Машкото финале со одлична гледаност и во САД

Финалето на Вимблдон привлече многу ТВ гледачи и во САД, посебно како мечот се "провлече" и во попладнето. Историската победа на Рафаел Надал во пет сета над Рожер Федерер доби најголем рејтинг за едно Вимблдон финале во САД по осум години, 4.6 рејтинг и 12 "дел". Тоа е 44% повеќе од минатата година кога истите тенисери играа во финалето кој доби скор од 3.2/9. Ова е најдобра гледаност во финале во кое нема Американец од 1991 година, кога Борис Бекер-Михаел Штих дуелот доби 5.0/17 скор. Рејтингот претставува процент од американските домови со ТВ приемник, додека "делот" е процентот на тие со вклучени телевизори.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2008 во 14:18

ТЕНИС - НА АМЕРИКАНКАТА НЕ И ПРЕЧЕШЕ ДОЛГИОТ ПАТ

Серена се врати во САД за да игра на Светскиот Тимски Тенис

Три дена откако загуби од својата сестра во финалето на Вимблдон, Серена Вилијамс се одмараше во својот дом во Париз, а потоа леташе за Лондон, па "го преспа" транс-атлантскиот лет за да стигне во Вашингтон. Веднаш по пристигнувањето таа се појави во младинска тениска школа и имаше прес-конференција за промоција на нејзини производи, за на крајот долгиот ден да заврши со деби за тимот на Вашингтон Кастлс во Светскиот Тимски Тенис шампионат.

"Малку е чудно, но не застанувам", вели Вилијамс.

Таа не покажа знаци на умор на теренот со победа над светската тенисерка број 189, Мари-Ив Пелетие. Вилијамс победи 7 од 10 гема против Пелетие, но тоа не беше доволно нејзиниот тим да стигне до победа - Кастлс загубија со 22:19 од Бостон Лобстерс.

"Не бев воопшто уморна и ако требаше ќе играв уште два сета", вели Вилијамс.

Вилијамс исто така играше двојки и мешани двојки во Вашингтон. Заедно со Џастин Гимелштоб, кој минатата недела се најде во многу проблеми по коментарите за Ана к*рникова, тие загубија со 5:2 од Јан-Мајкл Гамбил и Ракел Копс-Џонс. Потоа Вилијамс заедно со Машона Вашингтон стигна до 5:4 победа во женски двојки против Пелетие и Копс Џонс.

Ваков ден не е вообичаен за професионална тенисерка која се подготвува за натпреварување, но Светскиот Тимски Тенис (ВТТ) е задоволен од промоцијата. Кастлс се најмладиот тим во лигата од 11 тима која ја започнува својата 33 сезона. Основачот на ВТТ, Били Џин Кинг вели дека сега на Вашингтон му треба турнир.

Мечот на Вилијамс беше распродаден бидејќи е единствениот натпревар во Вашингтон за Кастлс оваа сезона, а атмосферата беше сосема поинаква од Централниот Терен на Вимблдон, каде што загуби од постарата сестра Венус во гренд слем финалето во сабота.

"Бев навистина разочарана, така што ова е добра забава. Возбудена сум што играм тенис, иако не сум навикната да играм така бргу по голем турнир", вели Серена.

Вилијамс последен пат играше во ВТТ во 2000 за Делавер Смеш, а минатата година беше во тимот на Сент Луис Ејсес, но се повлече поради повреда. Во Вашингтон таа дојде со една од своите помалку познати сестри, Иша, која работи во Сутерн Тенис центарот во американската престолнина.

Покрај Серена оваа година на оваа полу-професионална лига ќе им се приклучат и имиња како Енди Родик, Мартина Навратилова, Линдзи Девенпорт и Ана к*рникова.

Но, и да не заборавиме, Венус, која игра за Филаделфија Фридомс.

"Да, тоа е убавината на ВТТ, привлекува многу големи имиња. Венус Вилијамс, која има освоено пет титули од Вимблдон, барем така мислам", се пошегува Серена.

РЕЗУЛТАТИ:

МЕРЦЕДЕС КУП - ШТУТГАРТ, 568.000Е

2.КОЛО

Берер - (3) Алмагро 7:5 пред.

(6) Каљери - Куевас 5:7/7:5/6:1

АЛИАНЦ СВИС ОПЕН - ГШТАД, 389.000Е

2.КОЛО

Чилиќ - (2) Матју 6:3/6:4

(7) Андреев - Сера 7:5/6:4

(8) Кањас - Флиген пред.

КАТЕЛА ШВЕДСКИ ОПЕН - БАСТАД, 326.000Е

2.КОЛО

(2) Вердаско - Елескович 6:0/4:2 пред.

Стараче - Сафин 7:6(7:4)/3:6/6:4

Ренквист - Ридерштед 6:3/7:5

КЕМПБЕЛ ХОЛ ОФ ФЕЈМ ШАМПИОНАТ - ЊУПОРТ, 385.000$

1.КОЛО

Левајн - (5) Изнер 6:3/6:1

(7) Данчевич - Дент 3:6/7:5/6:1

(8) Андерсон - Милер 6:7(3:7)/6:3/6:3

к*реши - Бекер 7:5/7:6(7:5)

Амритраж - Сириани 6:7(3:7)/6:4/6:4

ГАЗ ДЕ ФРАНС ГРАН ПРИ - БУДИМПЕШТА, 175.000$

2.КОЛО

Клепац - (1) Шавај 6:2/6:3

(2) Корне - Рибарикова 6:2/6:2

Гренефелд - (5) Шафарова 6:1/6:4

Шпрем - Обцилер 6:2/6:1

ИНТЕРНАЦИОНАЛИ ФЕМИНИЛИ ДИ ТЕНИС - ПАЛЕРМО, 145.000$

1.КОЛО

Де Лос Риос - (3) Резаи 6:4/6:1

Чакнашвили - (6) Викмаер 4:6/7:6(7:4)/6:4

(7) Корицева - Ворачова 6:4/3:6/6:3

Домингез Лино - О'Брајан 5:7/6:3/6:0

Санчез - Бичкова 7:6(7:1)/4:0 пред.

Воскобоева - Лоа 4:6/6:3/0:1 пред.

Хан - Кербер 6:4/6:0

Пављученкова - Винчи 7:5/6:3

Дентони - Брианти 4:6/7:6(7:3)/7:5

Кифер бара место за пријателот Шутлер

Германецот Николас Кифер сака неговиот добар пријател, ветеранот Раинер Шутлер да добие место во германскиот олимписки тим во Пекинг, откако минатата недела изненадувачки стигна до полуфиналето на Вимблдон. Кифер и Шутлер, обајцата со 32 години освоија сребро во Атина во 2004 година и сега сакаат да добијат нова шанса за олимписка слава.

Кифер, кој игра на турнирот во Гштад првпат по осум години побара да се направи исклучок за неговиот пријател Шутлер, кој ја пропушти селекцијата на тимот, која се случи во средина на турнирот на Вимблдон.

"За Раинер се работеше за една недела подоцна од потребното, но се надевам дека федерацијата ќе размисли и ќе му дозволи да дојде во Пекинг. Барем ако ништо друго нека дојде со нас и потоа да видиме дали може да игра во двојка. Би сакал да играм покрај него повторно и можеби повторно ќе се обидеме да освоиме злато", вели Кифер, кој првпат играше во Гштад пред 10 години во еден од неговите први турнири со вајлд-карта.

Стараче го сопре и Сафин

Потито Стараче го совлада полуфиналистот од Вимблдон, Марат Сафин со 7:6(4)/3:6/6:4 за да се пласира во четвртфиналето на Шведскиот Опен во Бастад. Сафин, кој играше на турнирот првпат од 1998 година, победи во единствениот предходен дуел на двајцата тенисери на Ролан Гарос во 2004. Италијанецот Стараче во првото коло го совлада шампионот од 2002 година, Карлос Моја во меч во кој спасуваше меч поен против ветеранот кој го пропушти Вимблдон поради повреда на рамото.

Сафин од друга страна во првото коло играше далеку подобро и ја избриша предноста од 3:0 на Шпанецот Марк Лопез да победи во два сета.

Квалификантот Бјорн Ренквист исто така е во четвртфиналето на турнирот на земја откако го совлада шведскиот сонародник Михаел Ридерштед со 6:3/7:5. За Ренквист ова е само четврта АТП победа од 1996 година. Тој беше последниот Швеѓанец кој освоил гренд слем јуниорска титула, откако во 1996 година го освои Австралискиот Опен.

"Ова секако е подобро од таа победа", вели Ренквист, кој сега има 30 години и е рангиран на 226. место.

Следен за Ренквист е минатогодишниот финалист, Шпанецот Фернандо Вердаско кој влезе во четвртфиналето откако Швеѓанецот Ервин Елескович се повлече во вториот сет поради повреда.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 14:29

ТЕНИС - НА ПРОГРАМАТА Е ШЕСТИОТ ГОДИНАШЕН АТП МАСТЕРС ВО ТОРОНТО

Ѓоковиќ ја брани канадската титула

Во текот на вчерашниот ден започна шестиот турнир од АТП Мастерс серијата, кој се игра во Торонто, а каде титулата од ланското ОП на Канада ја брани третиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Актуелниот освојувач на Австралија Опен, лани славеше на Мастерсот во Монтреал, град кој секоја година се менува со Торонто во ролјата на домаќин на канадскиот турнир од овој тип, кој се игра за награден фонд од 2,615.000 американски зелени банкноти.

Ѓоковиќ е трет носител на турнирот, на кој ќе настапат и финалистите од Вимблдон и најдобри светски тенисери, Рожер Федерер и Рафаел Надал, кои лани беа поразени во Монтреал од српскиот ас. Само за потсетување, Ноле во три дена ги нареди "скалповите" од најдобрите тројца во тој момент, вклучувајќи го четвртфиналниот триумф над Енди Родик, кој пак се опорави од повредата на грбот и најави дека очекува одлична форма на турнирите низ Северна Америка.

Мастерсот во Торонто е генерална проба за елитата пред Олимписките Игри, кои започнуваат на 8 август, а покрај медалите, во Пекинг ќе има и посебно рангирање за АТП листата.

Во првото коло, Федекс, Рафа и Ѓоковиќ се слободни, а Србинот веќе во второто коло ќе има тежок меч, со оглед на тоа што ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Хрватот Марио Анчиќ и високиот канадски сервер Френк Данчевиќ. Во евентуалното полуфинале, Србинот би се сретнал со Надал, кој пак во втората рунда ќе се сретне со поуспешниот од мечот меѓу Кипранинот Маркос Багдатис и малку познатиот Петер Полански. Од своја страна, првиот носител, Швајцарецот Федерер во втората рунда веројатно ќе игра со завчерашниот победник од Индијанаполис. Станува збор за Французинот Жил Симон, кој го совлада Русинот Дмитри Турсунов во последниот меч во Индијанаполис, а во неговиот премиерен двобој во Канада, за противник ќе има еден од квалификантите.

АТП РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Рожер Федерер (Швајцарија) 6.600

2.(-) Рафаел Надал (Шпанија) 5.830

3.(-) Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.945

4.(-) Николај Давиденко (Русија) 2.970

5.(-) Давид Ферер (Шпанија) 2.945

6.(-) Енди Родик (САД) 2.065

7.(-) Давид Налбандијан (Аргентина) 2.030

8.(-) Џејмс Блејк (САД) 1.955

9.(-) Енди Мареј (Велика Британија) 1.730

10.(-) Станислас Вавринка (Швајцарија) 1.660

11.(+4) Фернандо Вердаско (Шпанија) 1.475

12.(-1) Ришар Гаске (Франција) 1.445

13.(-1) Николас Алмагро (Шпанија) 1.435

14.(-) Томи Робредо (Шпанија) 1.400

15.(+1) Фернандо Гонзалез (Чиле) 1.365

16.(+1) Михаил Јужни (Русија) 1.270

17.(+1) Жо-Вилфред Цонга (Франција) 1.265

18.(-5) Радек Штепанек (Чешка) 1.256

19.(-) Хуан Монако (Аргентина) 1.240

20. Иво Карловиќ (Хрватска) 1220

ВТА РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Ана Ивановиќ (Србија) 3.828

2.(-) Јелена Јанковиќ (Србија) 3.685

3.(-) Марија Шарапова (Русија) 3.626

4.(-) Светлана Кузнецова (Русија) 3.455

5.(-) Серена Вилијамс (САД) 3.251

6.(-) Елена Дементиева (Русија) 3.105

7.(-) Венус Вилијамс (САД) 2.606

8.(-) Ана Чакветадзе (Русија) 2.416

9.(-) Динара Сафина (Русија) 2.287

10.(-) Агниешка Радванска (Полска) 2.141

11.(-) Вера Звонарева (Русија) 1.972

12.(-) Даниела Хантухова (Словачка) 1.927

13.(-) Пати Шнидер (Швајцарија) 1.802

14.(-) Агнес Шавај (Унгарија) 1.644

15.(-) Марион Бартоли (Франција) 1.550

16.(-) Викторија Азаренка (Белорусија) 1.386

17.(-) Надја Петрова (Русија) 1.321

18.(-) Ализе Корне (Франција) 1.268

19.(-) Марија Кириленко (Русија) 1.208

20.(-) Франческа Скијавоне (Италија) 1.201

Вердаско скокна четири места по трофејот од Умаг

Триумфот над Русинот Игор Андреев во маратонското финале на "Студена Кроација Опен" турнирот на земјени терени кој се одржа во Умаг, му овозможи на шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско да го оствари најголемиот скок на најновата АТП ранг-листа.

Вердаско го доби завршниот меч против четвртиот носител со 2:1, по сетови 3:6, 6:4 и 7:6 (7:4) и на тој начин ја оправда улогата на прв фаворит на хепенингот, по кој сега има две АТП титули на своето конто, по онаа освоена во Валенсија пред цели четири години.

На вчера објавената најнова ранг-листа, леворакиот Шпанец прескокна четири места и сега е вкотвен на 11. позиција.

Вознијак најдобра во Стенфорд

Канадската квалификантка Александра Вознијак ја освои својата премиерна титула од ВТА сцената, откако во финалето на турнирот во Стенфорд ја совлада шестата носителка, Мерион Бартоли од Франција со 7:5 и 6:3. Воедно, таа стана првата тенисерка од Канада која освојува турнир во организација на ВТА по пауза од неверојатни 20 години.

"Верував во себе, но навистина сум изненадена што успеав да го освојам турнирот", истакна 20-годишната Вознијак, која во полуфиналето не игрше поради тоа што нејзината противничка, американската ѕвезда Серена Вилијамс го предаде мечот поради повреда.

Уште двајца тенисери казнети поради кладење

Словакот Михал Мертинак и чешкиот тенисер Франтишек Чермак се казнети од АТП поради тоа што се кладеле на тениски мечеви.

31-годишниот Чермак, кој настапува само во дубл, е казнет со десетнеделна забрана за настап и 15.000 евра, додека Мертинак, кој е светски рекет број 616, заработи нешто поблага казна од 300 евра и само две недели без право на настап на турнирите под организација на светската тениска федерација.

Јанковиќ прва носителка, Кузнецова се откажа од турнирот во ЛА

Руската тенисерка Светлана Кузнецова се откажа од настапот на турнирот во Лос Анџелес поради повреда на ногата.

"Многу сум тажна што оваа године нема да играм на турнирот во Лос Анџелес, кој е еден од моите омилени", рече Кузнецова, четвртата тенисерка на планетава, која во главната жрепка беше заменета од Мелинда Цинк од Унгарија.

Пред Кузнецова, од турнирот во Лос Анџелес се повлекоа и Венус Вилијамс и Линдзи Девенпорт од САД, обете поради повреди на десните колена, а нема да игра ниту Марија Шарапова.

Прва носителка на турнирот во Лос Анџелес е српската тенисерка Јелена Јанковиќ, додека втора е недоволно залечената Серена Вилијамс, која во саботата, исто така поради повредата на коленото, се откажа од настапот во полуфиналето на турнирот во Стенфорд. Покрај нив, тука е и Динара Сафина, а Јанковиќ ќе се обиде да ја освои само втората титула сезонава, по онаа во Рим, откако лани во Калифорнија стигна до полуфиналето. Интересно е тоа што ова ќе биде 13-ти турнир за ЈЈ сезонава, а досега во 11 наврати стигнуваше најмалку до четвртфиналето, што доволно покажува околу нејзината константност, особено во дуелите со послаборангираните опонентки. Во првото коло, Јанковиќ е слободна, додека во второто ќе се сретне со подобрата од американскиот двобој помеѓу младите и талентирани тенисерки, Вања Кинг и Анџела Хејнс.

Инаку, силниот ВТА Турнир во Лос Анџелес, минатата година го освои Ана Ивановиќ, која оваа сезона нема да ја брани титулата и поради тоа ќе загуби цели 275 поени на ВТА листата. Турнирот кој се одржува под име "Ист Вест Бенк Класик", се игра за награден фонд од 600.00 долари.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 14:30

ТЕНИС - ЕП ЗА МЛАДИ КАТЕГОРИИ

Добар старт на Јотовски

Во Австрија, Русија и Чешка се одржуваат натпреварите на ЕП за млади категории (18, 16 и 14 год) каде секоја селекција настапува со максимум двајца тенисери во машка и во женска конк*ренција.

Убави вести, барем од првата рунда дојдоа само од Австрија, каде нашиот Јотовски, имаше добар старт. Со 2:0 (6/3 и 6/3) го доби К. Буту (Мол) со што велзе меѓу 32 најдобри на Стратиот континет. Денеска, пак, ќе има тежок двобој против Ф. Ланг (Аут - 13. носител) со кого во меѓусебниот дуел Јотовски е во водство со 1:0. Вториот наш тенисер Деспотовски игра против Карушевиќ (Рус).

Во Русија, во Москва на ЕП за играчи до 16 години Ристовски загуби од Дедерукс (Лук) со 2:1 (6/4, 4/6, 6/2), а Мицов од Бломген (Шве) исто така со 2:1 (7/5, 3/6, 6/4). За девојките сеуште нема епилог. Лепчевска игра против Иваненко (Укр), додека Милошевска со Цимерман (Изр).

Од Прага, во Чешка, на ЕП до 14 години, засега нема новини. Зеленков игра против Виратер (Лук), Николовгски со Давковиќ (БиХ), Јованова се среќава со Сехегард (Нор), а Ѓорчевска Ќе се проба против Љубиќ (Хрв).

НАЈНОВА АТП РАНГ-ЛИСТА

Само Русевски мирува


Најновата АТП ранг листа за нашите тенисери воопшто не е поволна. Единствен кој и неделава ќе ја мине на истата позиција, важи само за двојки, е Предраг Русевски (270) додека сите останати, и во двојки и во сингл бележат пад, пад кој со оглед на летниот период повеќе или помалку е очекуван.

Во двојки Л. Магдинчев има негатиба од 3 места, од мината анедела, па сега котира на 289 позиција, Мартиноски е 994 (-16), Крстевски - 1271 (-13), Деари - 1323 (-13), додека Грабулсоки - 1497 (-10).

Во сингл Русевски има пад од 5 места (494), Магдинчев е 908 (-4), Мартиноски - 938 (-6), а Грабулоски - 1382 (-9).

ИТФ РАНГ ЛИСТА

Сите со негатива


Слично како кај сениорите и јуниорите на ИТФ листата имаат благ пад. омислав Јотовски кој минаната недела бешЕ 88 - рангиран, има пад од 3 позиции па сега котира на 91 место, Мицов - 803, Деспотовски - 1351, а Јосифовски - 1427.

Кај девојките Јосифоска е на 223 местѕо, Лепчевска - 1023, а Анонова - 1504.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 14:13

ТЕНИС - ПРОДОЛЖУВААТ ИЗНЕНАДУВАЊАТА НА МАСТЕРСОТ ВО ТОРОНТО

Надал во топ форма, Родик не може да се "пронајде"

Рафаел Надал и актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ лесно влегоа меѓу осумте најдобри на Мастерсот во Торонто, додека Енди Родик искрши рекети и излета. Французинот Жил Симон, кој во предходното коло го елиминираше светскиот број 1, Рожер Федерер се врати на теренот и влезе во четвртфиналето со 6:3/6:4 победа над Аргентинецот Хозе Акасусо.

Шампионот од Вимблдон и Ролан Гарос, Надал го сопре Русинот Игор Андреев со 6:2/7:6 за да ја продолжи победничката серија на 26 меча, и сега е на пат да се "судри" со Ѓоковиќ во полуфиналето.

"Одиграв навистина добар меч, 100% подобро од предходниот. Бев загрижен во вториот сет, бидејќи видов како Федерер излета", вели Надал.

Шестиот носител, Родик беше последната жртва на турнирот, губејќи со 6:4/4:6/6:4 од 19-годишниот Хрват Марин Чилиќ. Американецот стануваше се поисфрустриран во последниот сет, кршејќи го рекетот и расправајќи се со судијата.

"Нешто не е како што треба. Само треба да проаѓам по три-четири меча по турнир и тоа сега е невозможно", вели Родик.

Американецот има 28-8 скор оваа сезона, вклучувајќи титули во Сан Хозе и Дубаи, но го имаше најлошиот Вимблдон во кариерата со пораз во второто коло од Јанко Типсаревиќ.

"Што можам да направам. Излегувам таму и играм. Ништо не се поправа од клупата", вели Родик.

ЈАНКОВИЌ ВО ПОХОД НА ПРВОТО МЕСТО

Се оди според планот на Јелена Јанковиќ. Србинката се доближи до првото место на ВТА листата откако со 6:3/6:2 ја совлада Унгарката Мелинда Чинк во третото коло на Ист Вест Банк Класик во Лос Анџелес. Јанковиќ имаше шанси да биде тенисерка број 1 уште на Ролан Гарос и на Вимблдон, но ги пропушти тие шанси и сега може да ја претекне сонародничката Ана Ивановиќ ако победи на турнирот.

"Добро е да си прв носител и се надевам во иднината, светска тенисерка број 1, но не се фокусирам на тоа. Излегувам да играм најдобро што можам и да победам. Сите очекуваат само победи, но јас знам каков е планот", вели 23-годишната Србинка.

Иако беше во добра позиција да влезе во 1/4 финалето, Ана Чакветадзе загуби со 6:4/5:7/6:2 од 14. носителка, Австријката Сибил Бамер. Третата носителка Чакветадзе игра многу непостојано оваа сезона, но се очекува многу од неа на хардкорт, каде што лани победи во 12 меча по ред по Вимблдон, освојувајќи ги титулите во Синсинати и Стенфорд.

РЕЗУЛТАТИ:

РОЏЕРС КУП - ТОРОНТО, 2.615.000$

3.КОЛО


(2) Надал - Андреев 6:2/7:6(7:1)

(3) Ѓоковиќ - Содерлинг 6:4/6:4

Кифер - (4) Давиденко 4:6/6:4/6:4

(10) Гаске - (5) Ферер 6:3/6:3

Чилиќ - (6) Родик 6:4/4:6/6:4

(7) Блејк - Турсунов 4:6/6:1/6:4

(8) Мареј - (9) Вавринка 6:2/0:6/6:4

Симон - Акасусо 6:3/6:4

ИСТ ВЕСТ БЕНК КЛАСИК - ЛОС АНЏЕЛЕС, 600.000$

3.КОЛО


(1) Јанковиќ - Чинк 6:3/6:2

(14) Бамер - (3) Чакветадзе 6:4/5:7/6:2

(4) Сафина - Кудрјавцева 7:6(7:1)/0:6/7:6(7:3)

(9) Петрова - (5) Звонарева 6:4/7:5

(8) Азаренка - Стосур 6:4/7:6(7:4)

(10) Пенета - Сугијама 7:6(7:5)/6:3

Менг - Саут 6:2/6:3

Матек - Говорцова 7:5/6:2

БАНКА КОПЕР СЛОВЕНЕЧКИ ОПЕН - ПОРТОРОЖ, 145.000$

2.КОЛО


(1) Кириленко - Винчи 6:1/6:2

Гергес - (2) Среботник 6:4/6:2

(8) Ерани - Сантанџело 6:2/6:4

Бовина - Пен 6:3/5:7/7:6(8:6)

ВТА сопира со експериментот со тренерите

ВТА турнејата на неодредено време го сопре својот двегодишен експеримент со тренирање покрај теренот. Советот на ВТА се обиде да организира гласање за експериментот, но тенисерките беа поделени.

"Тоа е суспендирано. ВТА ќе размисли за воведувањето на тренирањето покрај терен", изјави портпаролот на ВТА, Ендру Вокер.

Контроверзната иницијатива, која не се користеше на гренд слем турнирите, предизвика остри реакции од некои тенисерки. Според многумина тенисот е толку индивидуален спорт, што нема потреба за тренери кои би делеле совети покрај теренот.

"Лошо е кога тренерите излегуваат на теренот, а повеќето од нив се родители. Но, за мене тоа одговараше совршено", вели Надја Петрова.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 17:13

ТЕНИС - И ПОКРАЈ ТОА ШТО ШПАНЕЦОТ СЕ ДОБЛИЖИ НА САМО 300 ПОЕНИ

Федерер не се плаши од предизвикот на Надал

Рожер Федерер смета дека нема голема опасност во на прв изглед незапирливиот марш на Рафаел Надал кон неговото прво место на АТП рејтинг листата. Швајцарецот е светски број 1 од 2004, а оваа недела ќе мора да ја брани титулата од Мастерс турнирот во Синсинати.

"Се чувствувам добро, навистина сум фокусиран. Не размислувам за Рафа, бидејќи тој е во другиот дел од ждрепката. Секако тој игра одличен тенис и е на неверојатна победничка серија", вели Федерер.

Надал стигна до својата седма титула во 2008 и петта по ред, откако го совлада германскиот ветеран Николас Кифер во два сета за титулата од Мастерсот во Торонто.

"Сега повторно сум на хардкорт подлога и навистина е тешко да се победува. Но, тоа што го прави Рафаел е навистина страшно", вели Федерер.

Светскиот број 1 вели дека битката за опстанок на првото место не може да му донесе дополнителен стрес откако на финалето на Вимблдон, каде што имаше пет титули по ред загуби од шпанскиот ривал во епски меч од пет сета овој месец.

"Секогаш постои притисок, но очекувам да победувам во моите мечеви и на моите турнири. Тоа го правам четири или пет години и не е ништо ново. Сега само местото број 1 е под поголема закана", вели Федерер.

И покрај се 26-годишниот Швајцарец вели дека се заддржува на својот долгорочен пристап кој ја карактеризира неговата игра.

"Се фокусирам на поголемата слика, да се подготвам добро и да не мислам на рејтинг-листите. Знам дека сега сите ќе зборуваат за тоа, а Рафа ги заслужува пофалбите. Сега само треба да се подготвам за игра на хардкорт тука и да бидам во добра форма за Олимпијадата", вели Федерер.

Надал пристигнува во Синсинати на само 300 поени зад Федерер, кој загуби во својот прв меч во Торонто од Французинот Жил Симон. Шпанецот е второрангиран зад Федерер рекордни 157 недели, и следната недела ќе биде број 1 ако ја освои титулата, а Федерер, кој е на врвот исто така рекордни 234 недели загуби пред полуфиналето.

"Мислам дека морам да бидам среќен, многу среќен без разлика на тоа дали сум светски број 1 или број 2. Ако сум број 2, тогаш тоа е само бидејќи пред мене е неверојатен тенисер како Рожер. Секој тенисер сака да биде број 1. И јас би го сакал тоа. Но, засега сум број 2 и задоволен сум", изјави скромно Надал, шампионот од Ролан Гарос и Вимблдон.

Неделната победа на Надал беше 30. во 38 финалиња. Ова исто така беше негова 12. Мастерс титула и доаѓа во сезона во која тој ја освои четвртата титула по ред на Ролан Гарос и првата титула во кариерата од Вимблдон.

АТП РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Рожер Федерер (Шва) 6.605

2.(-) Рафаел Надал (Шпа) 6.305

3.(-) Новак Ѓоковиќ (Срб) 5.055

4.(+1) Давид Ферер (Шпа) 2.945

5.(-1) Николај Давиденко (Рус) 2.925

6.(-) Енди Родик (САД) 2.065

7.(-) Давид Налбандиан (Арг) 2.005

8.(-) Џејмс Блејк (САД) 1.980

9.(-) Енди Мареј (Бри) 1.835

10.(-) Станислас Вавринка (Шва) 1.685

11.(+1) Ришар Гаске (Фра) 1.545

12.(+1) Николас Алмагро (Шпа) 1.435

13.(-2) Фернандо Вердаско (Шпа) 1.400

14.(+8) Жил Симон (Фра) 1.390

15.(-) Фернандо Гонзалез (Чил) 1.340

16.(-2) Томи Робредо (Шпа) 1.315

17.(-1) Михаил Јужни (Рус) 1.280

18.(-1) Жо-Вилфрид Цонга (Фра) 1.265

19.(+18) Николас Кифер (Гер) 1.245

20.(-2) Радек Штепанек (Чеш) 1.240

ВТА РЕЈТИНГ ЛИСТА

1.(-) Ана Ивановиќ (Срб) 3.828

2.(-) Јелена Јанковиќ (Срб) 3.740

3.(-) Марија Шарапова (Рус) 3.626

4.(-) Светлана Кузнецова (Рус) 3.455

5.(-) Серена Вилијамс (САД) 3.251

6.(-) Елена Дементиева (Рус) 3.105

7.(-) Венус Вилијамс (САД) 2.606

8.(+1) Динара Сафина (Рус) 2.522

9.(-1) Ана Чакветадзе (Рус) 2.176

10.(-) Агниешка Радванска (Пол) 2.141

11.(-) Вера Звонарева (Рус) 1.977

12.(-) Даниела Хантухова (Свк) 1.837

13.(-) Пати Шнидер (Шва) 1.802

14.(-) Агнес Шавај (Унг) 1.610

15.(-) Марион Бартоли (Фра) 1.550

16.(-) Викторија Азаренка (Блр) 1.455

17.(-) Надја Петрова (Рус) 1.390

18.(+3) Флавија Пенета (Ита) 1.350

19.(-1) Ализе Корне (Фра) 1.268

20.(-1) Марија Кириленко (Рус) 1.203

ТЕНИС ОВАА НЕДЕЛА

АТП - ВЕСТЕРН & САУТЕРН ФИНАНШЛ ГРУП МАСТЕРС - СИНСИНАТИ, 2.615.000$

ВТА - РОЏЕРС КУП - МОНТРЕАЛ, 1.340.000$

ВТА - НОРДЕА НОРДИК ЛАЈТ ОПЕН - СТОКХОЛМ, 145.000$

Сафина го освои Лос Анџелес

Динара Сафина немаше многу проблеми во продолжувањето на импресивната серија. Четвртата носителка од Русија ја освои својата втора титула во 2008 во неделата со импресивна 6:4/6:2 победа над 10. носителка Флавија Пенета на Ист Вест Бенк Класик во Лос Анџелес.

Сафина го подобри својот скор на 22-3 од почетокот на мај, од кога стигна до титула во Берлин и до изненадувачкото место во финалето на Ролан Гарос. Ова е седма титула во кариерата за помладата сестра на поранешниот светски број 1, Марат Сафин.

"Бев малку нервозна на почетокот, но мислам дека одиграв добар меч. Дури и мојот тренер ми кажа дека не знаел што се случува бидејќи бев толку тивка на теренот. Сега морам да се потрудам и да ја вратам сатарата Динара", вели Сафина.

Русинката не беше под закана од Пенета, остварувајќи 19 директни победнички топки и искористувајќи 6 од 11 брејк топки за 4-0 скор во кариерата против Италијанката.

"Направив се што требаше. Бев агресивна од почетокот до крајот", вели Сафина, која доби 95.500$ за победата.

22-годишната Сафина исто така беше финалистка во финалето на Хертогенбош пред Вимблдон, каде што загуби во третото коло. Нејзината серија е уште поимпресивна кога ќе се посочи дека 8 од 22 победи од мај дојдоа против топ 10 тенисерки. На патот до титулата во Берлин, Сафина ја совлада тогашната светска тенисерка број 1 Жастин Анен (која се повлече од спортот по поразот), Серена Вилијамс и Елена Дементиева, а пред да загуби во финалето во Париз од Ана Ивановиќ, таа ги елиминираше Марија Шарапова, Дементиева и Светлана Кузнецова.

Мареј го чека "гордиот" момент

Британскиот тенисер број 1, Енди Мареј вели дека ќе биде полн со гордост кога ќе излезе на терените на Олимпијадата во Пекинг. 21-годишниот Шкотланѓанец ќе настапува во сингл и во дубл со својот постар брат Џејми и вели дека тоа ќе биде остварување на неговиот животен сон.

"Да се игра на Олимпијадата и да се претставува твојата земја е нешто неверојатно. Многу малку браќа и сестри можат да се пофалат со такво нешто. Тоа ќе биде горд момент за мене и мопето семејство. Кога ќе пораснеш во мал град во Шкотска и играш на вештачки терени на дожд со својот брат, не помислуваш дека ќе одиш на најголемото натпреврување на светот", вели Мареј.

Чела и Фогт не одат во Пекинг

Аргентинецот Хуан Игнасио Чела и Стефани Фогт од Лихтенштајн се повлекоа од олимпискиот тениски турнир во понеделникот поради повреди. 28-годишниот Аргентинец, кој исто така го пропушти Вимблдон поради проблеми со рамото ќе биде заменет со својот сонародник, Агустин Каљери, доека Фогт е заменета со Тамарине Танасугарн, ветеранката од Тајланд.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 17:20

ТЕНИС - РУСИНКАТА ГО ОСВОИ МОНТРЕАЛ, ШПАНЕЦОТ ПОРАЗЕН ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ВО СИНСИНАТИ

Сафина безмилосна, Надал ќе почека да биде број 1

Динара Сафина стигна до титулата од Роџерс Купот во Монтреал откако во финалето со 6:2/6:1 ја "уништи" Словачката Доминика Цибулкова, најголемото изненадување на турнирот. Цибулкова имаше фантастична недела во Канада совладувајќи ја светската тенисерка број 2, Јелена Јанковиќ, светската тенисерка број 6 Елена Дементиева, 12. носителка Надја Петрова и 10. ноистелка Марион Бартоли. Но, 19-годишната Цибулкова во своето второ ВТА финале (загуби во Амелија Ајленд од Марија Шарапова), немаше сили да се спротистави на "руската машина" Сафина.

22-годишната Сафина има скор од 27-3 од почетокот на мај и по петтипат беше во финалето на последните шест турнири. Сафина ја освои титулата во Лос Анџелес минатата недела, а за победата во Монтреал ќе добие 196.900$.

Каролине Возниацки ја "уништи" Вера Душевина со 6:0/6:2 за да ја освои титулата од Нордик Лајт Опен во Стокхолм. Ова е прва ВТА титула за Данката, која го зеде првиот сет за само 26 минути. Душевина, која и лани играше во финалето, беше подобра во вториот сет, но не ги искористи своите брејк топки. Возниацки имаше само седум неизнудени грешки во мечот.

ЃОКОВИЌ ГО ОДЛОЖИ КРУНИСУВАЊЕТО НА НАДАЛ

Рафаел Надал на крајот ќе биде број 1 на светот, но неговата импресивна серија е завршена. Третиот носител Новак Ѓоковиќ го совлада Надал со 6:1/7:5 во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати завршувајќи ја серијата од 32 победи по ред на Надал. Шпанецот, кој помина рекордни 158 недели како светски број 2, го осигура првото место на АТП листата со победата над Николас Лапенти во петокот.

"Мислам дека и тој сака да биде број 1, нели? Но, да не заборавиме, дека уште не сум број 1", вели Надал.

22-годишниот Надал ќе го поминеше Рожер Федерер на првото место уште денеска ако победеше, но сега ќе стигне до оваа почест на 18 август. Федерер, кој загуби во епското финале на Вимблдон од Надал, беше светски број 1 рекордни 235 недели по ред.

Ова беше прв пораз на Надал по речиси три месеци откако загуби од Хуан Карлос Фереро во првото коло на Мастерсот во Рим. Во финалето Ѓоковиќ играше со Шкотланѓанецот Енди Мареј, кој со импресивни 6:4/6:4 го совлада високиот Хрват Иво Карловиќ, подобрувајќи го скорот против него на 3-0. За 21-годишниот Мареј ова е прво финале откако ја освои втората титула во кариерата во Марсеј во февруари.

И Јанковиќ го обезбеди местото број 1

Србинката Јелена Јанковиќ ќе биде светска тенисерка број 1 за првпат во кариерата на 11 август, објави ВТА, а 23-годишната тенисерка ќе ја замени својата сонародничка Ана Ивановиќ, која стана светска тенисерка број 1 на 9 јуни. Јанковиќ како да ги загуби шансите по поразот од Доминика Чибулкова во петокот во Монтреал, но ако победеше таа ќе го преземеше местото уште денеска.

"Откако бев мало девојче сонував за нешто вакво", вели Јанковиќ.

Шарапова не оди ниту во Пекинг, ниту на УС Опен

Светската тенисерка број 3, Марија Шарапова, ќе ги пропушти УС Опен и Олимпијадата во Пекинг, откако скина лигаменти во своето десно рамо. Повредата ја принуди 21-годишната Русинка да се повлече од турнирот во Монтреал оваа недела.

"Лекарот не верува дека ќе ми треба операција, така што би требало да се вратам за два до три месеци. Навистина е лошо што нема да играм во Пекинг, ниту во Њујорк", вели Шарапова.

Шампионката од Австралискиот Опен одигра само три меча откако загуби од Динара Сафина во 4. коло на Ролан Гарос.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 16:25

ТЕНИС - ШВАЈЦАРЕЦОТ УБЕДЕН ДЕКА МОЖЕ ДА ЈА "СВРТИ" СЕЗОНАТА

Федерер не е расположен за шеги во Пекинг

Погледот кон семафорот на Олимпискиот Тениски Центар во Пекинг не помогна да се крене расположението на Рожер Федерер. Швајцарецот помина двочасовен тренинг со својот партнер во двојки, Станислас Вавринка, но поради некоја причина на семафорот беше замрзнато името на Томаш Бердих, Чехот кој го елиминираше од Олимпијадата во Атина пред четири години. Федерер беше без насмевка и ги избегна новинарите.

Но, предходно Федерер зборуваше за својата "Олимпијада од соништата" со која ќе ја надмине разочарувачка сезона.

"За мене се важни следните неколку недели, од Олимпијадата до УС Опен. Имам доста турнири да бидам добар и се надевам дека ќе почнам тука во Пекинг, каде што сонот е да се освои златото", вели Федерер.

Откако прво третпат по ред не успеа да го совлада Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос, Швајцарецот падна под Шпанецот во епското финале во пет сет ана Вимблдон, пред да загуби во првите мечеви во Торонто и Синсинати, што значеше и губење на првото место на АТП листата.

"Сум имал многу среќа во Кина. Знам дека осумката е среќен број тука, можеби затоа и мојто роденден е среќен", вели Швајцарецот, кој ќе наполни 27. години на Свеченото Отварање, каде што ќе го носи швајцарското знаме.

На другата страна на терените, расположението беше поинакво и Надал, кој ќе стане светски број 1 на 18 август имаше лесен тренинг од еден час со сонародникот Томи Робредо. Надал беше насмеан, разговараше со новинарите, потпишуваше автограми за волонтерите, и дури одигра малку фудбал со Робредо.

"Олимпијадата е малку поинаква од тоа што сум научен, но добро е. Сега бидејќи ќе бидам број 1, мислам само на олимписките медали", вели Надал.

РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО):

КАНТРИВАЈД КЛАСИК - ЛОС АНЏЕЛЕС, 475.000$


(6) Фиш - Фаља 6:2/6:2

Гремелмаер - Фоњини 6:4/6:2

Сера - Голубев 6:4/6:1

Жиквел - Флајшман 6:3/6:0

Фиш победи по два месеци

Американецот Марди Фиш стигна до својата прва победа по скоро два месеци, откако со 6:2/6:2 го совлада Перуанецот Алехандро Фаља на Лос Анџелес Класик турнирот. Шестиот носител ја прекина серијата од четири порази по ред на турнирот на кој учествуваат тенисерите кои решија да не одат на Олимпијадата во Пекинг. Последен пат Фиш победи на 11 јуни, кога го совлада Австралиецот Крис Гучионе на Квинс Клаб во Лондон, пред да загуби од сонародникот Енди Родик.

Предходно, Германецот Денис Гремелмаер разочарувањето од тоа што не е во олимпискиот тим го претвори во 6:4/6:2 победа над Италијанецот Фабио Фоњини. И покрај поддршката од германската федерација, Гремелмаер не доби место во тимот, откако националниот олимписки комитет го поддржа 32-годишниот Раинер Шутлер, по неговото изненадувачко полуфинале на Вимблдон.

"Не, тоа не е вина на Раинер, тој имаше добар Вимблдон. Играше во полуфиналето, иако тоа беше по крајниот рок за Олимпијадата. Не сум зборувал со него, но нема причина да се жалам. Ќе бидам среќен што ќе играм за Дејвис Куп репрезентацијата", вели Гремелмаер.

Стосур вели дека се е во ред

Предизвикот да се настапи на Олимпијадата е голем за секого, но австралиската тенисерка Саманта Стосур мораше дополнително да се потруди. По минатогодишниот Француски Опен таа почна да страда од Лајмс болеста, инфекција која се добива од болви. Поради тоа таа беше во аут од минатиот август до мај, но успеа да се квалификува за Олимпијадата, каде што ќе настапи и во сингл и во двојки покрај Рене Стабс.

"Да, сега се чувствувам здраво, подготвена сум за тенис. Играм добро така што мислам дека имам шанси против било кого", вели 24-годишната Стосур.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:14

ТЕНИС - ШВАЈЦАРЕЦОТ УШТЕ ГО ИМА МАГНЕТИЗМОТ НА СВЕТСКИ БРОЈ 1

Златото во Пекинг ја спасува сезоната на Федерер

Рожер Федерер размислува нешто повеќе за бројот 8 отколку на бројот 1 на АТП рејтинг листата кој ќе го загуби по Олимпијадата. Роденденот на 12-кратниот гренд слем шампион се поклопува со петочната церемонија на Свеченото отворање, кои се одржуваат на еден од најсреќните денови на кинескиот календар.

Неговата четиригодишна "окупација" на местото број 1 во светскиот тенис ќе заврши на 18 август, без разлика на тоа што ќе направи во Пекинг бидејќи Рафаел Надал има доволно поени да го помине Швајцарецот.

Бројот осум е долго време среќен број во Кина и луѓето плаќаат дополнително да го имаат во своите телефонски броеви и регистарски таблички, а Федерер се надева дека среќата ќе помине на него. Тој нема олимписки медал во двете олимписки посети во 2000 и 2004, и за првпат од 2003 стигна до август без барем една гренд слем титула.

"Луѓето очекуваат повеќе од мене по петте години, но се надевам дека ќе ја спасам сезоната со оваа титула или таа на УС Опен. Сега фокусот е Олимпијадата, а не рејтингот. Бев на неколку поени од победа на Вимблдон, и тоа болеше, но гледам напред. Рафа заврши добра работа за да биде број 1, но не размислувам за тоа. Додека компјутерот не рече така, да, јас сум број 1", вели Федерер.

ВО ОЛИМПИСКОТО СЕЛО БЕШЕ НЕИЗДРЖЛИВО

Нема сомнеж дека Федерер с$ уште го има магнетизмот како светски број 1. Прес-конференцијата во Пекинг беше најавена со 168 репортери, но на крајот имаше повеќе од 400, вклучувајќи 42 ТВ камери. Федерер, кој ќе игра со Русинот Дмитри Турсунов во првото коло, вели дека олимпиското злато ќе му значи многу, но оваа година не останува во олимпиското село.

"Одам да ги посетам другите швајцарски спортисти и да го добијам олимпиското чувство. Не е можно да бидам таму. Премногу спортисти сакаат да се фотографираат со мене, тоа не ми пречи, но секој ден има с$ повеќе. Тоа не е добра подготовка. Поминав низ истото во Сиднеј и Атина и знам што значи Олимпијадата. Некои од нас се милионери, некои не се. Тоа не е важно, бидејќи сите тука одат на истата цел - олимписко злато, а не пари", вели Федерер.

Федерер загуби во полуфиналето и во мечот за медал на ОИ во 2000 во Сиднеј, но таму барем ја запозна својата девојка Мирка Вавринец. Тој го носеше швајцарското знаме во Атина во 2004 и повторно ќе го носи денеска на својот 27. роденден.

"Еден од моите соништа е да имам олимписки медал. Носењето на знамето е само еден од тие моменти, и тоа на мојот роденден. Тоа е единствено, освен ако немам бебе на мојот роденден, но тоа не е планирано. Се надевам дека нема да се сопнам при излегувањето на стадионот", вели Федерер.

РЕЗУЛТАТИ (2.КОЛО):

КАНТРИВАЈД КЛАСИК - ЛОС АНЏЕЛЕС, 475.000$

Сера - (2) Вердаско 6:2/7:6(7:4)

Гремелмаер - (4) Ф.Лопез 7:5/7:5

(5) Сафин - Одесник 6:3/6:2

(6) Фиш - Спадеа 6:7(5:7)/6:1/6:0

Јанковиќ станува "алчна"

Србинката Јелена Јанковиќ, повторно во топ форма по повредата на коленото, можеби станува помалку "алчна". 23-годишната Србинка станува светска тенисерка број 1 во понеделник и се надева дека ќе може да стигне и до злато во Пекинг пред пет дена подоцна да се концентрира на УС Опен. По шокантниот пораз од Тамарине Танасугарн во 4. коло на Вимблдон, Јанковиќ скина менискус во коленото и се очекуваше да биде во аут најмалку два месеци.

"Горда сум што станувам светска тенисерка број 1 и покрај тоа што имав тешка година со многу повреди и болести. Мојот сон од детството е да бидам број 1 и сега сум покрај големите шампиони. Има само 18 девојки кои биле на тоа место. Да бидам искрена повеќе ја сакам УС Опен титулата отколку Олимпијадата, иако најдобро би било да победам на двете. Освојувањето медал за својата земја е навистина гордост, но и сосема поинакво чувство отколку гренд слем", вели Јанковиќ.

Тешки ждрепки за фаворитите

Рафаел Надал ќе го стартува својот поход кон олимписко злато против Италијанецот Потито Стараче, додека првиот носител Рожер Федерер има уште потежок прв меч против Русинот Дмитри Турсунов. Надал на прв поглед го има потешкиот дел од ждрепката во кој се и Србинот Новак Ѓоковиќ и Британецот Енди Мареј. Актуелниот олимписки шампион Николас Масу, кој сега е само 125. на АТП листата, има лесно прво коло против Белгиецот Стив Дарсис.

Масу и Фернандо Гонзалез одбраната на титулата во двојки ја почнуваат со дуел со Хрватите Марин Чилиќ и Иван Љубичиќ и со можен дуел во второто коло со Федерер и Станислас Вавринка. Надал, заедно со Томи Робредо може да се сретне во 1/4 финалето со првите носители Боби Мајк Брајан од САД.

Кај дамите, првата носителка Ана Ивановиќ ќе стартува против Украинката Марија Корицева, но е во потешкиот дел од ждрепката, каде што во полуфиналето може да ја чека Серена Вилијамс. Втората носителка, Јелена Јанковиќ, стартува против Кара Блек, а во нејзиниот дел од ждрепката се и Венус Вилијамс, Светлана Кузнецова и Динара Сафина.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 15:58

ТЕНИС - ЦРН ДЕН ЗА ФАВОРИТИТЕ ВО ОЛИМПИСКИОТ ТЕНИСКИ ЦЕНТАР

Нема медали за Федерер и сестрите Вилијамс

Федерер се лутеше на теренот, на своите нозе, на топчињата, на основната линија... Како последна шанса тој се обиде да добие нешто преку предизвикување на линиските одлуки, нешто што не сака да го прави. Но, тоа само го направи полут, ги погреши сите четири.

За Федерер едноставно беше таков ден. Или можеби таква година. Долгата лоша серија на Швајцарецот продолжи откако не му успеа обидот да стигне до својот прв олимписки медал во сингл, откако загуби од човек од кого предходно нема загубено, од Американецот Џејмс Блејк.

Тоа беше само почеток на серијата на изненадувања во 1/4 финалето во Пекинг. Серена Вилијамс загубо од Русинката Елена Дементиева, а Венус Вилијамс од Кинеската Ли На. Откако во првите три кола скоро се одеше според редот, четвртокот беше црн ден за фаворитите. Но, изненадувањата не се ретки во олимпискиот тенис - од 1988 година, ниту еден топ 5 тенисер не го освоил златото во машкиот сингл.

Федерер сигурно нема да го направи тоа. Со неверојатно лоша игра, еднаш незамислива за Швајцарецот, тој загуби со 6:4/7:6(7:2). 8. носител Блејк, кој дебитира на Олимпијадите на 28 години, беше единствениот преостанат Американец по првото коло во сингл, а во предходните осум меча против Федерер имаше само еден освоен сет.

"Ако играте со него доволно пати, тогаш мора да го фатите на лош ден. Го докажав тоа со денешната игра и не можеше да се случи на подобро место", вели Блејк.

Но, за Федерер ова е само продолжување на лошата серија. Цела година тој остана на своите 12 гренд слем титули, загуби по пет години на Вимблдон од Рафаел Надал и дојде во Пекинг знаејќи дека ќе го загуби првото место од Надал по 4 и пол години на врвот.

Следен за Блејк е 12. носител, Чилеанецот Фернандо Гонзалез, кој со 6:4/6:4 го совлада Пол-Анри Матју. Во второто далеку поинтересно полуфинале ќе се сретнат луѓето кои оваа година ги освоија гренд слем титулите - Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Додека Шпанецот продолжи со импресивната игра и со 6:4/6:0 го совлада Австриецот Јирген Мелцер, третиот носител Ѓоковиќ се намачи пред со 4:6/6:1/6:4 да го совлада Французинот Гаел Монфис во меч кој заврши 30 минути по полноќ по локално време.

Во женска конк*ренција, 5. носителка Елена Дементиева, носителка на сребро од Сиднеј 2000, поведе со 5:0 во последниот сет за 3:6/6:4/6:3 победа над Серена Вилијамс, пред домашната публиак да ја воодушеви Ли со 7:5/7:5 над Венус Вилијамс.

"Тоа е што е. Не можам да опишувам сега, бидејќи не сум го почувствувала поразот", вели Серена.

РЕЗУЛТАТИ:

МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ

(8) Блејк (САД) - (1) Федерер (Шва) 6:4/7:6(7:2)

(2) Надал (Шпа) - Мелцер (Авт) 6:0/6:4

(3) Ѓоковиќ (Срб) - Монфис (Фра) 4:6/6:1/6:4

(12) Ф.Гонзалез (Чил) - Матју (Фра) 6:4/6:4

ЖЕНИ, 1/4 ФИНАЛЕ

(2) Јанковиќ (Срб) - (8) Сафина (Рус) одл.

(5) Дементиева (Рус) - (4) С.Вилијамс (САД) 3:6/6:4/6:3

Ли (Кин) - (7) В.Вилијамс (САД) 7:5/7:5

(9) Звонарева (Рус) - Бамер 6:3/3:6/6:3

МАЖИ - ДВОЈКИ, 1/4 ФИНАЛЕ

(1) Б.Брајан/М.Брајан (САД) - Гучионе/Хјуит (Авс) 6:4/6:3

(4) Федерер/Вавринка (Шва) - (7) Бупати/Паес (Инд) 4:1 одл.

Клемен/Лодра (Фра) - Андреев/Давиденко (Рус) 6:2/6:7/6:4

Аспелин/Т.Јохансон (Шве) - Фирстенберг/Матковски (Пол) 7:6(7:5)/6:4

ЖЕНИ - ДВОЈКИ, 2.КОЛО

(4) Медина Гаригес/Руано Пасквал (Шпа) - Стосур/Стабс (Авс) 4:6/6:4/6:4

Доделени вајлд-картите за УС Опен

Французинката Северин Бремон и американската национална шампионка до 18 години, Гејл Бродски се меѓу тенисерките кои добија вајлд-карти за УС Опен, објавија организаторите. Бремон, која вчера го прослави 29. роденден ќе настапува на својот 19. гренд слем по ред. Таа беше 1/4 финалистка на Вимблдон во 2006 и имаше најдобар рејтинг од 34. место во февруари 2007, а моментално е 124. на светот. Таа доби вајлд-карта поради договорот со француската федерација за реципроцитет со Ролан Гарос.

Американските Фед Куп тенисерки Џамеја Џексон и Аша Роул исто така добија вајлд карти, додека покрај 17-годишната Бродски уште три американски тинејџерки ќе играат на Флешинг Медоуз: Ејжа Мухамед (17)м Мелани Удин (16) и Кого Вандервеге (16). Осмата носителка на вајлд-карта ќе биде Австралијка, која ќе ја избере австралиската федерација. УС Опен, последниот гренд слем во годината ќе се игра од 25 август до 7 септември.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 12:10
САМО ЕДЕН МОЖЕ ДА БИДЕ БРОЈ 1 - Рафаел Надал.... тоа го почуствува на своја кожа уште еднаш и Клока т.е. Џока
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.