IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Tенис
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Tенис

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 13:21
Надал нема да ја брани титулата во Квинс

По неочекуваната рана елиминација на Ролан Гарос за најдобриот тенисер на светот, Рафаел Надал, одлучил да го откаже учеството на турнирот во Квинс кој ќе се игра следната недела. Шпанецот, со тоа, третиот Гренд слем турнир сезонава- Вимблдон, на кој ќе ја брани титулата освоена минатата година, ќе го дочека без ниту еден одигран меч на тревна подлога.

"Веќе неколку месеци имам проблеми со повреда на коленото и тоа не е тајна. Морам во целост да се рехабилитирам пред Вимблдон и затоа сум принуден да го откажам учеството на турнирот во Квинс" - изјавил Надал кој минатата година на турнирот во Квинс го совлада Новак Ѓоковиќ со резултат 2:0, по сетови 7:6, 7:5.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 19:03
Русевски полуфиналист на фјучрсот во Белград

Македонскиот тенисер Предраг Русевски продолжува со победите на фјучрс - турнирите, овој пат во Белград.

Денеска во четвртфиналето го совлада Дарко Маџаровски од Србија со 0:6, 7:6 (7:3) и 6:4 по сетови. Во вториот сет противникот имаше предност од 5:3 во гемови, но Русевски успеа да се врати резултатски во игра.

Во полуфиналето утре македонскиот тенисер ќе игра со победникот од дуелот Тошиќ - Златановиќ.

Во натпреварите во двојки Русевски со партнерот од Црна Гора Тошиќ ќе настапат во финалето.


Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 14:52
абе кога почнува Вимболдон??...(срам ме било.. )
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 20:27
Vo Ponedelnik na 22 Juni

Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 16:06
Надал нема да игра на Вимбалдон
20/06/2009 02:47

Најдобриот светски рекет Рафаел Надал ќе го пропушти Вимбалдон. Шпанецот заради повредата на тетивата на десното колено ќе нема можност да ја брзни освоената ланска титула.

Надал има проблеми со двете колена, особено со десното. Минатата недела го откажа и учеството и на Квинс на кој исто беше бранител на титулата.

За жал оваа година нема да бидам во можност да играм на Вимбалдон.“ - им соопшти на новинарите Надал.

Светскиот рекет бр.1 ќе биде првиот тенисер кој нема да биде во можност да ја брани титулата  после Горан Иванишевиќ кој исто поради повреда го пропушти Вимбалдон во 2002-та.

Со ова како најголеми кандидати за титулата се Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2009 во 12:25
Федерер полесно без Надал, сестрите Вилијамс пак фаворитки

Среќата како да му е наклонета на Рожер Федерер, откако Швајцарецот ќе има далеку поголеми шанси да стигне до рекордна 15. гренд слем титула на Вимблдон оваа година, откако Рафаел Надал се повлече од равенката во петокот. Предходно овој месец, Швеѓанецот Робин Содерлинг ја прекина серијата од 31 победи по ред на Надал на Францускиот Опен, по што Федерер успеа да стигне до единствената гренд слем титула која му недостасуваше од колекцијата.

Сега, една година кога неговите надежи за шеста последователна титула од Вимблдон му беа уништени од Надал во фантастичното финале во пет сета, Швајцарецот повторно е поштеден од обврската да го совлада својот голем ривал поради проблематичните колена на Шпанецот.

Тенисот, како и британското лето, е непредвидлив, но никој не може да сокрие дека швајцарскиот маестро е најголемиот фаворит на најстариот и најпрестижниот гренд слем турнир. Плус самиот Федерер вели дека го нема притисокот откако стигна до својата прва титула во Париз.

"Пред сезоната на трева, пред Вимблдон, на врвот на светот. Тоа е фантастично чувство", признава Федерер.

Пред една година се беше поинаку. Прво Надал го засрами Федерер во финалето во Париз, потоа го совлада во драматичното финале во Лондон, па му го зеде првото место на АТП листата. Надал изгледаше на врвот кога го победи и во финалето на Австралискиот Опен, но тешкиот календар придонесе неговите маки да дојдат во најнезгодно време.

"Да не се игра на Вимблдон е една од моите најтешки одлуки во кариерата, но не се чувствувам 100% подготвен", изјави Надал.

Едно нешто е сигурно на Вимблдон оваа година - Мареј-манијата. Британскиот број 1 Енди Мареј можеби на почетокот не беше фаворит на публиката, но откако оваа година победи на Квинс Клаб, се подгреаја надежите дека Британците ќе добијат прв домашен шампион на Вимблдон по Фред Пери во 1936.

Од другите кандидати, Новак Ѓоковиќ има незгоден пад на формата во незгодно време, Енди Родик, кој двапати загуби во финалињата од Федерер, секогаш е опасена на трева, а едно од поголемите изненадувања може да биде светскиот број 5, Хуан Мартин Дел Потро, кој сега е "сам" во делот на ждрепката каде што беше Надал.

СЕСТРИТЕ ВИЛИЈАМС АПСОЛУТНИ ФАВОРИТКИ

Венус Вилијамс можеби е на само една година од својот 30. роденден, но Американката не размислува за пензија. 12 години од настапот на првиот Вимблдон, Венус се уште предизвикува емоции на Ол Ингланд Клубот, посебно кога ќе се обиде да ја освои својата шеста титула во сингл. Со повеќе од 22 милиони $ од тенисот и 41 титула во кариерата, третата носителка не мора да брка рејтинг поени, туку само слава на Централниот терен во Вимблдон.

За разлика од својата помлада сестра Серена, Венус нема аура на непобедливост, но на Вимблдон е се поинаку. Лани таа ја освои својата петта титула без загубен сет, совладувајќи ја својата сестра Серена со 7:5/6:4 во квалитетно финале.

"Мислам дека кај жените има трио. Сестрите Вилијамс и Светлана Кузнецова. Но, сепак би одела на сестрите Вилијамс. Имаат седум титули на трева и ќе бидат многу добро подготвени", вели поранешната шампионка Мартина Навратилова.

Петтата носителка Кузнецова, кој ја совлада светската тенисерка број 1, руската сонародничка Динара Сафина за титулата од Ролан Гарос, сепак го нема поминато 1/4 финалето на Вимблдон и никогаш не се чувствува удобно на тревната подлога.

Сафина е прва носителка, но откако загуби во финалињата на Австралискиот Опен и на Ролан Гарос, се покажа дека самодовербата во големите мечеви и недостасува. Помеѓу рускиот контигент тука е и 4. носителка, олимписката шампионка и минатогодишна полуфиналистка Елена Дементиева и поранешната шампионка Марија Шарапова, една од ретките тенисерки кои немаат комплекс на инфериорност од сестрите Вилијамс. Откако двете српски тениски диви Јелена Јанковиќ и Ана Ивановиќ се мачат со формата, листата на потенцијални шампионки на Вимблдон навистина не е долга.

ПОСЛЕДНИ 10 ФИНАЛИЊА НА ВИМБЛДОН

МАЖИ

1999 Пит Сампрас (САД) - Андре Агаси (САД) 6:3/6:4/7:5

2000 Пит Сампрас (САД) - Патрик Рафтер (Авс) 6:7(10)/7:6(5)/6:4/6:2

2001 Горан Иванишевиќ (Хрв) - Патрик Рафтер (Авс) 6:3/3:6/6:3/2:6/9:7

2002 Лејтон Хјуит (Авс) - Давид Налбандиан (Арг) 6:1/6:3/6:2

2003 Рожер Федерер (Шва) - Марк Филипусис (Авс) 7:6(5)/6:2/7:6(3)

2004 Рожер Федерер (Шва) - Енди Родик (САД) 4:6/7:5/7:6(3)/6:4

2005 Рожер Федерер (Шва) - Енди Родик (САД) 6:2/7:6(2)/6:4

2006 Рожер Федерер (Шва) - Рафаел Надал (Шпа) 6:0/7:6(5)/6:7(2)/6:3

2007 Рожер Федерер (Шва) - Рафаел Надал (Шпа) 7:6(7)/4:6/7:6(3)/2:6/6:2

2008 Рафаел Надал (Шпа) - Рожер Федерер (Шва) 6:4/6:4/6:7(5)/6:7(8)/9:7

ЖЕНИ

1999 Линдзи Девенпорт (САД) - Штефи Граф (Гер) 6:4/7:5

2000 Венус Вилијамс (САД) - Линдзи Девенпорт (САД) 6:3/7:6(3)

2001 Венус Вилијамс (САД) - Жастин Анен (Бел) 6:1/3:6/6:0

2002 Серена Вилијамс (САД) - Венус Вилијамс (САД) 7:6(4)/6:3

2003 Серена Вилијамс (САД) - Венус Вилијамс (САД) 4:6/6:4/6:2

2004 Марија Шарапова (Рус) - Серена Вилијамс (САД) 6:1/6:4

2005 Венус Вилијамс (САД) - Линдзи Девенпорт (САД) 4:6/7:6(4)/9:7

2006 Амели Морезмо (Фра) - Жастин Анен (Бел) 2:6/6:3/6:4

2007 Венус Вилијамс (САД) - Марион Бартоли (Фра) 6:4/6:1

2008 Венус Вилијамс (САД) - Серена Вилијамс (САД) 7:5/6:4


Турсунов победи во Истбурн, но го повреди коленото

Русинот Дмитри Турсунов стана првиот машки шампион на Истбурн Интернешнл турнирот со 6:3/7:6 победа над канадскиот квалификант, Френк Данчевич во саботата, но доби повреда на скочниот зглоб која може да му попречи на Вимблдон. Вториот носител имаше операција на зглобот пред шест недели, но вели дека повредата е нешто ново.

"Се работи за нешто сосема поинакво, изгледа како да се работи за некоја жила. Но, ќе излезам на Вимблдон, освен ако не ми се потребни патерици за тоа", вели Турсунов.

Во женското финале, светската тенисерка број 9., Данката Каролине Возниацки имаше совршени подготовки за Вимблдон со 7:6(5)/7:5 победа над Французинката Виржини Рацано. Истбурн има турнир на трева од 1974 година, но ова е првпат на него да има и машка конк*ренција.


Бекер и Танасугарн шампиони во Ден Бош

Германецот Бенјамин Бекер ја освои својата прва АТП титула откако со 7:5/6:3 го совлада домашниот фаворит 31-годишниот Рамон Слуитер во финалето на турнирот во Хертогенбош, Холандија. 82-рангираниот Бекер победи по 115 минути против противник, кој го играше првиот турнир по враќањето од пензијата.

Во женска конк*ренција, 32-годишната ветеранка, Тајланѓанката Тамарине Танасугарн ја одбрани својата титула со 6:3/7:5 побед анад 19-годишната Белгијка Јанина Викмаер.


Венус е едноставно најдобра, вели Серена

Серена Вилијамс вели дека нејзината постара сестра Венус Вилијамс е најдобрата тенисерка на трева во нејзината генерација. Двете сестри имаат 7 од последните 9 сингл титули на Ол Ингланд Клубот, но Венус има 5 во споредба со двете круни на Серена.

"Мислам дека таа покажа дека е најдобрата тенисерка на трева во нашата генерација. Има неверојатен сервис кој и помага многу, одличен ретурн и навистина е брза. Има долги раце и стигна скоро се. Тешко е да е игра против неа", вели Серена.

Покрај сестрите Вилијамс, една од темите на овогодишниот Вимблдон се и гласните тенисерки. Ова е тема која се наметна уште кога Моника Селеш играше во 1990-тите, а последна тенисерка со ваков стил е 16-годишната Португалка Мишел Ларчер Брито, која беше толку гласна што нејзината противничка на Ролан Гарос се пожали на судијата. Проблемот отиде дотаму што од ИТФ признаа дека размислуваат за "казни" за вакви "престапи".

Федерер е тажен по откажувањето на Надал

Рожер Федерер вели дека е тажно што повредата на коленото на Рафаел Надал оневозможи едно од најголемите спортски ривалства да се пресели во Лондон. Шпанецот Надал се повлече поради проблеми со колената, една година откако го совлада Федерер во финалето на Вимблдон во еден од најдобрите мечеви во историјата. Ова значи дека Федерер ќе ја добие почеста да игра прв на Централниот Терен во понеделник.

"Не го заслужувам тоа, бидејќи Рафа е шампион, но сепак сум горд што турнирот ме избра мене. Игравме последните три финалиња тука, што значи дека сега нема да има исто финале. Разочарувачки, бидејќи навистина сакам да играм со него, тој е мојот главен ривал. Знам дека му беше тешко да направи одлука да не игра на најголемиот турнир на светот", вели Федерер, кој има 7-13 скор против Надал.

Мареј: "Притисокот е предност!"

Енди Мареј не може да сфати зошто некој би мислел дека ако ја има целата нација зад сеебе на Вимблдон би било сфатено како пречка или притисок. За него очекувањето да стане првиот британски шампион на Ол Ингланд Клубот од 1930-тите е предност.

"Секогаш кога играш пред домашна публика, во било кој спорт е огромна предност. Многумина велат дека тоа не е предност на Вимблдон, но не сфаќам зошто не би било, како во кошарката или фудбалот. Имам 15.000 луѓе зад мене!", вели Мареј.

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
Anthony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anthony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2009 во 11:58
Dolgo se premisluvava dali
da ja postiram slikava vo
"Tenis" ili vo "Wimbldon"
- bidejki e od ovogodoshniot Wimbldon.
Na slikava go gledate upatuvanjeto
na ubedlivo najefektniot forthend ...

It’s nice to be important....it’s   important to be nice!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2009 во 20:22
Ах,просто го обожавамљубов


Браво мајсторе!
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 20:17
Masters Cincinnati Finale: Federer - Djokovic 6-1 7-5

Zver e nema sto sve zivo gazi

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 18:36
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Ах,просто го обожавамљубов


Браво мајсторе!


Eve ushte edna  negova obozavatelkaголема%20насмевка
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2009 во 18:24
Evo vi link za koj saka da gleda mecot medzu Marija Sharapova i cvetana Pironkova http://atdhe.net/watch-us-open.php?i=1 
 
Bi trebalo i po Eurosport isto da predavat utakmicata
Кон врв
Delija sever Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delija sever Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 14:29
Kako se izbruka Ana Ivanovic noceska
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2009 во 10:38
Серена победничка на Мастерс турнирот во Доха

Серена Вилијамс е победничка на Мастерс-турнирот во Доха, кој го означи крајот на тениската сезона.

Стопроцентниот биланс во катарскиот главен град го заокружи со триумф над сестра и Венус со 2:0, по сетови 6-2 и 7-6, за втор пехар на ВТА-шампионатите по оној во 2001.

Покрај Белгијката Жистен Енан во 2007, Серена е единствена досега со победа на завршниот Мастерс и со две Гренд-слем титули во иста година.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 02:23
Masters Paris Finale vo Nedela Djokovic vs. Monfils

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.