IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Чаеви
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чаеви

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
Автор
Порака
Radmila Rada Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Декември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radmila Rada Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 14:52
Брат ми пие зелен чај мешавина со хибискус или нана или брусница и тоа 4 пакетчиња зелен и 2 од другиот. Ги раствара во 2л вода ама тоа се чаеви ефтини од кам па затоа толку става. Ги остава да се изладат па ги пие во текот на денот наместо вода.
Може ли ваше мислење за ова, оти мене малку ми е сомнително, колку и да се тоа слаби концентрати на зелен чај, сепак...??????
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 14:29

Предности и маани на зелениот чај

Предности и маани на зелениот чај

Зелениот чај за многумина е здрава замена за утринското кафе. Лицата кои редовно го пијат, знаат дека тој штити од грип речиси еднакво колку и вакцините, дека го ублажува стресот и уморот, го намалува нивото на холестерол, го штити срцето од болести, го поттикнува слабеењето и ги топли масните наслаги.

Сепак и покрај сите добри страни, зелениот чај има и “темна страна”. Тој може да го попречи па дури и да го спречи дејството на лековите за хипертензија. Зелениот чај не смее да се меша со многу лекови и тоа токму затоа што содржи кофеин.

Токму затоа, пред да се одлучите да го пиете овој чај во комбинација со лекови, консултирајте се со вашиот доктор.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 21:35

Црниот чај го намалува ризикот од дијабетес

Црниот чај го намалува ризикот од дијабетес

Луѓето кои што редовно консумираат црн чај имаат помал ризик за појава на дијабетес тип 2, се вели во најновата студија.

Истражувачите од Велика Британија, Швајцарија и Франција ја анализирале потрошувачката на црн чај за 2009-та година од 50 земји и информациите ги поврзале со стапките на дијабетес и канцер во земјите.

Исто така, ги земале предвид и стапките на респираторни, инфективни и кардиоваскуларни заболувања во испитуваните земји.

Резултатите покажале дека најголема консумација на црн чај има во Ирска, Велика Британија и Турција, додека таа е најмала во Јужна Кореја, Бразил, Кина, Мароко и Мексико.

Авторите на студијата која што е објавена во BMJ го проучувале линкот помеѓу високата стапка на консумација на црн чај и ниската стапка на дијабетес. Сепак, големиот внес на црн чај не го намалувал ризикот за појава на другите заболувања.

Истражувачите заклучиле дека резултатите кои што се добиени од оваа студија се конзистентни со претходните биолошки, психолошки и еколошки студии за потенцијалот на црниот чај во однос на дијабетесот и гојазноста.




Изменето од Valerija - 24.Февруари.2014 во 21:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 13:56

Зошто да пиеме чај од липа?

Липа се препорачува за проблеми со црниот дроб.

Во овие ладни денови, ви препорачуваме да се напиете топол чај од липа. Липата е лек за многу болести. Таа е природен лек за смирување и опуштање, ги зајакнува одбранбените сили на организмот, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, а се користи и при зголемена температура.

Липа се препорачува за проблеми со црниот дроб, и тоа не цветот, туку внатрешниот дел на кората, бидејќи го стимулира лачењето и протокот на жолчка низ црниот дроб, па така ја чисти и обновува на природен начин.

Докажани лековити својства на чајот од липа : Го намалува крвниот притисок,Многу добар е за ублажување на болка при мокрењето,Го стимулира потењето и мокрењето,Лечи од анемија,Ја чисти крвта и бубрезите,Чајот е многу добар за настинки, грип и респираторни заболувања,Против грчеви,за опуштање (ги опушта напнатите нерви и овозможува добар сон),Лечење на епилепсија, Го спречува воспалението на белите дробови и душникот,Лекување на камења во бубрезите,Отстранува брчки и флеки од кожата на лицето,Го спречува губењето на коса,изгореници и рани е добро да се исплакнат и обложуваат со чај,Ја подобрува столицата и многу други добри својства на овој пијалок.

Подготовка: 2 лажички цветови од липа се преливаат со 2 децилитри зовриена вода. Се остава да отстои 15 минути со повремено мешање. Потоа се процедува и се пие. По избор може да се заслади со мед и со лимонов сок.



Изменето од Valerija - 05.Април.2015 во 17:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 14:03

Најдобрите чаеви според крвните групи


Во продолжение следат најдобрите комбинации од чаеви за секоја крвна група..

Чајот се смета за еден од најздравите напитоци, а неговото влијание многу зависи и од нашата крвна група. Во продолжение следат најдобрите комбинации од чаеви за секоја крвна група.

Крвна група А

Овие се емотивни и аналитички луѓе склони кон стрес. Кафето не им смета но постојано имаат потреба од билна храна. Чаевите за луѓето со крвна група А се тајвански зелен чај наречен Gunpowder, чај од чист јасмин цвет, комбинација од јасмин и зелен чај Ying Hao, невен и мајчина душица.

Крвна група Б

Луѓето со крвна група Б имаат побавен метаболизам, сколни се кон автоимуни болести, дебелеење, летаргија и нервоза. Потребен им е млад зелен чај, органски зелени или црвен рооибос без додатоци за да го освежат и накренат организмот.

Крвна група АБ

Овие припадници се интуитивни и не се склон на стрес но имаат намалено либидо. Треба да се фокусираат на посебни видови зелен чај од ментол, божур, сандаловина како и жолт чај. Мешавината од зелен чај и ментол посебно се препорачува за овие луѓе, но исто така мешавина од коприви и ментол.

Крвна група 0

Луѓето кои имаат нулта крвна група треба да избегнуваат млеко и глутен. Иако овие луѓе добро се носат со стресот, често ги мачи желудочна киселина. Чаевите кои се препорачуваат за овие луѓе се на основа на ѓумбир, зелен чај Сенча и чај Мате. Идеален избор е мешавина од Санче и ѓумбир, а исто така и чист јапонски зелен чај Санче.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 14:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 14:06
starite babi znaele da pravat caevi pa ke nasolat malku od toa...od afionot...pa ajde da letame

recepta od bilkite na baba rada
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 17:50
Турски чај

Два чајника, еден врз друг, два грста цејлонски чај, црн, од жолта кутија – со канаринец – и барем еден-двајца пријатели. Доволно елементи за пријатен муабет и дружење! Другото ќе го направи чајот!

Турски, руски, цејлонски, црн.. Наречете го како што сакате! Сигурно се разбираме.. Чајот во мали стаклени чавчиња, црвенкасто-кафена боја – јакиот – како што го нарекуваат некои, велејќи дека треба да внимаваме кога го пиеме, зашто, ако испиеш повеќе од два-три – отиде притисокот над 140. Но, и тоа се митови, како што ќе ви објасни секој што имал подолгорочно искуство со чајот од два чајника. Ако не сте го пробале досега, срам да ви е! Веднаш појдете во најблиската чајџилница или – побарате ги пријателите Турци, Албанци, Бошњаци.. и, замолете ги да ви објаснат што сте пропуштиле да пробате!

ПРЕТКАФЕ 

Независно кој како го нарекува, дали за Албанците е – руски, за Турците само – чај, за Македонците – турски – неколку работи се заеднички за чајот од два чајника, независно кој каде го приготвува и од каде потекнува мастрафот. И Турците и Албанците и Бошњаците го подготвуваат од растението тхеа синенсис или цамеллиа синенсис, а различен од другите чаеви го прави начинот на подготвување. “Тоа е дел од нашата култура, од нашата традиција.. си пиеме чај дома.. во чајџилница, пред куќа, на излет – секое место е згодоно место за чај. Чајот е дружење, дел од секојдневниот живот”, ќе ви рече секој што ќе го прашате, како што ни рекоа првите луѓе што ги сретнавме во една од чајџилниците во скопската Стара чаршија.

Сакајќи да откриеме колку што можеме повеќе за турскиот чај, се договоривме во нашата обиколка на чаршијата да ги повикаме колегите Бесник Шуки и Хусамедин Гина, сакајќи преку нив и преку нивните пријатели од чаршијата да откриеме колку што можеме повеќе за традицијата на пиење чај кај Албанците и кај Турците и кај муслиманското население во Македонија воопшто.

Разговорот го почнавме со еден од другарите на Бесник од детството, кој израснал во чаршијата и испил илјадници чашки чај во животот.

“Денес има многу чајџилници, па еве и јас отворив од неодамна чајџилница. Порано, во време на бивша Југославија, ја имавме само некогашна Слога, кај влезот Чифте амам. Луѓето одеа таму, се пиеше чај и се играше томбола. Приватните чајџилници почнаа да се отвараат од 1987-88 година. Времето се менува, ама не се менува навиката да се се пие чај”, ни рече првиот соговорник.



Како што научивме од нашите пријатели, секоја турска или албанска фамилија најмалку два пати во денот си прави чај дома и за нив е речиси незамисливо да почне денот без чај. “Чајот е задолжителен дел од појадокот во секоја турска куќа. Денот не може да почне без чај”, ни рече Хусамедин, потсетувајќи дека на тоа упатува и турскиот збор за појадок, кахвалтı, кој значи преткафе – нешто што треба да направи подлога за утринското кафе.

Сакајќи да го провериме тоа, направивме мала анкета. Сите што беа околу, без исклучок, рекоа дека во нивните семејства, секојдневно се прави чај. “Има куќи во кои чајот врие 24 часа на ден”, ни рече Бесник.

ЗАВИСНИ ОД ЧАЈ 

Разговорот со Бесник го свртевме на темата колку чајот што го пиевме е добар или лош за здравјето, како што сме слушале како почетници, кога поискусните сакале да не воведат во непознатото задоволство, велејќи дека треба да внимаваме, да не ни се слоши од многу чај.

“Ако се пие со мерка – добар е! Но, ако претераш, ова е исто како дрога! Јас знам луѓе, имам другари, што се зависни од чај. Тој ако не испие 10 – 15 – 20 чаја дневно, се тресе цел ден! Ако немаш мерка, ова е полошо од дрога! Да пиеш два-три е друго! Има луѓе, прават чај во 8 наутро, кога ќе почнат, пијат до 10 – 11 навечер”, ни раскажа.

Решивме да продолжиме во некоја друга чајџилница, накај турските, над улицата на јорганџиите. Веднаш зад аголот не чекаше пријатно изненадување, како нарачано за добра фото-илустрација за тоа колку е чајот дел од животот на муслиманското население. Пред нас беа три-четворица дуќанџии, кои застанале да се напијат чај пред дуќаните, на сред улица, далдисани во срдечен муабет. Решивме да им се обратиме, да го споделат со нас нивното искуство.

“Ако се пие со мерка, чајот е добар! Ако пиете како нас, што претеруваме, не чини. Има разни чајџии. Некој пие по 10-12 во денот, некој помалку, некој повеќе.. некој пие виски, ние пиеме чај! Убаво е со чај. Со чај секогаш паѓа убав муабет. Ќе размениш нешто”, ни рекоа најкомуникативните од нив, велејќи дека пиењето чај пред дуќан е честа ситуација во чаршијата.



ЛЕК ЗА ГЛАВОБОЛКА 

Во следната чајџилница, во близина на К*ршумли ан, научивме дека иако чајот е дел од животот на Турците, Албанците, Бошњаците.. во сите делови на Македонија, сепак, чајџилници најмногу има во Скопје, во Куманово, и во Тетово, а добар чај може да се најде само кај добрите мајстори.

“И ова си има мајсторија! Не се прави чај туку-така”, ни рече следниот домаќин. Од него го побаравме рецептот за правење чај во два чајника. “Најпрвин во долниот чајник ставаш вода, а во горниот ставаш само чај, сув. Ги ставаш на шпорет и ги оставаш додека да зоврие водата. Откако ќе зоврие водата, дел од водата од долниот чајник претураш во горниот, за да се попари чајот. Долниот чајник се дополнува со вода и повторно ги ставаш чајниците на шпорет, и се оставаат 10-15 минути на потивок оган. По 15-20 минути, чајот е подготвен за пиење”, ни рече.

Прашувајќи за квалитетот, дознавме и нешто за табиетите на муштериите. Домаќините ни рекоа дека чајот е подобар кога се пие свеж и дека не чини да се остава да стои повеќе од два-три часа. Ако стоел многу, веќе го губи шмекот и станува потежок за желудникот. “Има луѓе што не пијат чај во чајџилница. Дома можеби пијат и по 15, ама во чајџилница – не пијат! Други, не сакаат оладен чај. Тие сакаат да го пијат и – да им гори душата. Некои се навикнати да пијат тежок чај – не прашуваат ни за здравје, ни за висок притисок. Имам другар – тој е навикнат да пие темен, катран! Овој чај, што го пиеме, за него е вода! Ќе ми се налути да му дадам ваков!”, ни рече Бесник.

Муабетот за крвниот притисок и за главоболките не потсети дека е време да привршуваме со нашата ексК*рзија низ чајџилниците. Зад нас веќе имавме по 5-6 чаја, па не сакавме повеќе да ризикуваме – немавме тренинг. Но, искусните чајџии што беа со нас ни рекоа да не се грижиме многу-многу.

“Ако имаш низок притисок, да пиеш појак чај, без шеќер – ќе ти се нормализира! А, помага и за главоболка. Еднаш ми се случи – патував цел ден од Скопје за Турција – главата ме скина од болка. Кога стигнав во Истанбул, испив два чаја кај тетка ми, главата веднаш ми помина! Нема штета во чајот, само треба да си ја знаете мерката и да имате тренинг. Ние немаме гајле”, ни рекоа пријателите на нашите пријатели. За крај уште ни остана да прошетаме и да ги видиме некогаш култните чајџилници, од времето кога чаршијата беше полна со млади, кога беше собиралиште на рокери и уметници. Се потсетивме каде беа некогашна Аксарај, се’ уште активната Галерија 7.., чајџилницата Румели каде што и ден денес постарите Турци одат да гледаат фудбалски натпревари од турското првенство, или Ат-Ал, омиленото место на дружините што играат домино.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2015 во 00:53
mnogu sakam caevi
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 22:20
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 22:20
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 22:21
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2015 во 22:22
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2015 во 17:38

Чај од липа,за мене најдобарсреќа
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2015 во 21:10
Во Скопје кога бев, сестра ми ме однесе во турска чаршија, во една чаилница, чај - 10 ден, а вкусови колку сакаш, пробав од киви, портокал, стварно добри !!  да
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 78910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.