IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Нов Зеланд
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Нов Зеланд

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Нов Зеланд
    Испратена: 19.Февруари.2020 во 09:35

Нов Зеланд - рај на земјата


Kога станува збор за место со неверојатна природа, пријатна клима и чиста околина, Нов Зеланд е неприкосновен. Ако некогаш успеете да ја посетите...

 

...оваа исклучителна земја, ви предложуваме неколку места кои мора да ги посетите.

10. Kaikoura е гратче окружено со високи планини чии врвови се покриени со снег во поголем период од годината. Ова е едно од ретките места на светот каде китовите, делфините и ајкулите може да се видат во текот на целата година.

nov-zeland-raj-na-zemjata-2

9. Coromandel Peninsula е регион кој изобилува со прекрасни песочни плажи. Тука е сместена и термалната плажа со исклучително топла вода. Се што треба да направите е да ископате дупка на плажата, да чекате да се исполни со вода и добивате природно термално џакузи (лежи на вулкан). Плажите се окружени со дождовни шуми специфични по едно од највисоките стебла на светот (20 метри).

nov-zeland-raj-na-zemjata-3

8. Националниот парк Tongariro е еден од најстарите паркови на светот. Во него се сместени три активни вулкани. Пешачењето низ паркот е прогласено за едно од 10-те најубави во светот.

nov-zeland-raj-na-zemjata-4

7. Националниот парк Westland е познат по двата големи глечери кои се сместени најблиску до работ на океанот. Единствено место каде може да видите и глечери и дождовни шуми.

nov-zeland-raj-na-zemjata-5

6. Националниот парк Mt Cook е прекрасно подрачје со едно од најдолгите ски терени на глечерот Тасман. Голем дел од паркот е покриен со снег, а останатиот дел со прекрасни виолетови цвеќиња.

nov-zeland-raj-na-zemjata-6

5. Bay of Islands е суптропско подрачје со прекрасни плажи и бујна вегетација. Ова подрачје има 150 плажи и скриени заливи погодни за истражување на богатиот растителен и животински свет. Морето е богато со китови, делфини и пингвини.

nov-zeland-raj-na-zemjata-7

4. Rotorua е познато подрачје по вулканските активности и бројните геотермални извори окружени со прекрасни пејзажи. Крајот е познат по гејзерите, вулканските карпи и кратери.

nov-zeland-raj-na-zemjata-8

3. Queenstown е подрачје кое е идеално за авантури во природа. Градот е окружен со планини, а сместен е покрај големо езеро. Ова е хит туристичка дестинација на Нов Зеланд. Ако сакате адреналински доживување овде може да се качувате, да одите на парасејлинг, рафтинг и останати бројни активности. Ова е исто така и најјужно место за скијање на светот.

nov-zeland-raj-na-zemjata-9

2. Националниот парк Abel Tasman е најмалиот парк кој има најмногу сончеви часови во годината и најубави плажи на земјата.

nov-zeland-raj-na-zemjata-10

1. Националниот парк Fiorland е еден од најубавите природни феномени на светот. Планини, фјордови, дождовни шуми... се на едно место. Токму тука е снимен и еден дел од “Господарот на прстените“.



Изменето од Valerija - 19.Февруари.2020 во 09:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2020 во 09:44

Работа и живот во Нов Зеланд? Зошто да не! – Како најлесно да најдете работа таму!


Истражувањата од 2014 година покажуваа дека социјално најнапредна земја на светот е Нов Зеланд. Истраживме какви се условите на иселување и работа во оваа земја, која неретко е нарекувана најдобра за живот.

Ако сте одлучни трајно да живеете во Нов Зеланд ова се некои од основните начини за остварување на таа цел.

Пред се постои категоријата „квалификуван мигрант“, а се однесува на луѓето кои поседуваат квалификации и знаења од области во кои на Нов Зеланд му недостига работна сила.За да го стекне овој статус, апликантот треба да има помалку од 55 години, да има добро здравје и карактер и да зборува англиски јазик.

Прв чекор е пополнување на изјава на заинтересираност, која се праќа до Имиграционата служба при Министерството за економија, иновации и вработување во Нов Зеланд

Тука се наведуваат деталните податоци за апликантот, неговите вештини, семејство. На сајтот на оваа служба постојат упатства за оваа изјава.

Врз основа на изјавата кандидатот ќе биде бодиран, и ако освои доволен број на бодови се повикува да аплицира за работа во оваа земја.

Друг начин да работите во оваа земја е преку „Од Работа до престој“. Оваа опција дозволува преку привремена работна виза да добиете на крај и траен престој.

Подносителите на барања може да бидат квалификувани за занимања кои се бараат на Нов Зеланд или може да имаат специјални таленти во спортот или уметноста.

Но, и за овој статус постојат многу квалификации кои мора да ги исполните.

За да влезете во Нов Зеланд врз оваа основа морате:

-да имате добро здравје и карактер

-пасош кој важи најмалку три месеци после датумот кога го напуштите Нов Зеланд

-да имате вистинска желба за работа во оваа земја

-да ја имате неопходната виза за вашата посета

Ако ви се одобри работната дозвола мора да исполните одредени услови за време на вашиот престој:

1. Работата која ќе ја извршувате мора да биде во согласност со условите наведени во вашата дозвола

2. Морате да ги почитувате законите на Нов Зеланд

3. Може да престојувате во Нов Зеланд само онолку колку е одредено со вашата дозвола

Пред исполнување на условите за подносителите на барање, мора да ги исполните барањата на политика во рамки на која го поднесувате барањето за виза или дозвола „Со работа до престој“. Во рамки на која политика ќе поднесете барање зависи од вашето занимање и околности.

Зошто Нов Зеланд?

-бесплатно или поволно здравство

-добри јавни служби

-можност за лесно наоѓање на работа (посебно за занимања кои се на листата на оние кои му фалат на Нов Зеланд)

-пријателски настроени луѓе

-отсуство на корупција, силна економија

-природни убавини, поволна клима

-безбедност

Некои од занимањата кои се барани во Нов Зеланд

-инжениер (хемиски, електро, сообраќаен)

-медицински сестри

-физиотерапевти

-лекари со разни специјалности

-социјални работници

-ветеринари

-електричари

-автоелектричари

-инжинери во бродоградилишта



Изменето од Valerija - 19.Февруари.2020 во 09:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 102416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2020 во 09:51

Татјана Стојановска ве носи во земјата каде е постигната најголема хармонија на луѓето со природата

Нов Зеланд или Белиот облак како што го нарекува домородното население е со еден збор спој на природни убавини, смирен живот и место каде што е постигната најголема хармонија на луѓето со природата, што е всушност и филозофијата на маорите дека човекот не ја поседува земјата, туку тој е дел од неа и и припаѓа на Земјата.

Нов Зеланд е далечна дестинација за нас, Македонците, во секој поглед. Па, верувам дека љубопитни се оние кои го читаат интервјуто да дознаат нешто повеќе за оваа островска земја?

- Нов Зеланд е островска земја која е поделена на два острова Северен и Јужен. Главниот центар на северниот остров е Окланд. Политичкиот центар, главниот град на Нов Зеланд е Велингтон, а еден од поголемите градови на јужниот остров е Крајсчрч. Нов Зеланд има многу природни убавини кои ја прават различна од било каде на светот. Спојот на Тасманиско море на западниот брег и Пацификот на источниот брег е на местото Кејп Раинга, кое е најсеверната точка на островот. Безбројните плажи, со различни бои на песок од бел, златен и потемен од вулкански еруции на одредени делови од крајбрежјето ги прават секоја посебна и специфична сама за себе. Плажите се сосема природни и нема никаква инфраструктура на нив. Тие припаѓаат на Маорите кои се сметаат за чувари на природата. Нов Зеланд или Белиот облак како што го нарекува домородното население е со еден збор спој на природни убавини, смирен живот и место каде што е постигната најголема хармонија на луѓето со природата, што е всушност и филозофијата на маорите дека човекот не ја поседува земјата, туку тој е дел од неа и и припаѓа на Земјата.

Какво население живее?

- Нов Зеланд не е многу населен, освен во овие неколку поголеми градови каде е поголема концентрацијата на жителите. На површина колку поранешна СФРЈ живеат околу 5 милиони жители. Доминираат Англичаните или како што овде ги нарекуваат кивијанците, кои за прв пат доаѓаат на островот во 19 век. Нивната цел на почетокот била искористување на огромните дрва Каури кои биле високи и до 50 метри и водоотпорни за изградба на бродови. За жал искористиле 80 % од шумите со Каури, па денес има само мал дел од овие дрва во шумите и се заштитени до тој степен што на влезот во шумите има порти за дезинфекција на чевлите за да не се заразат овие дрва. Маорите- домородното население се околу 700000 и имаат многу големо влијание во културата и фолклорот во општеството. Насекаде се претставени со своите танци, обичаи. Топонимите на градови, села, плажи, планини, реки се на маорски. Имаат своја телевизија, се користат и двата јазика англиски и маорски.

Важи за земја со високо развиена еколошка свест?

- Екологијата и заштитата на природата се на прво место во Нов Зеланд, еколошки преосвестени. Затоа што земјата е изолирана од останатиот свет, заштитата е на највисоко ниво и не се дозволува никакво внесување на растенија, семиња, животни со цел да не се наруши автентичната биосфера. Се води грижа да се заштитат ендемските видови на дрјва и животни. Вегетацијата е мешавина на тропска и континентална. Палми, папрати, иглолисни дрва и грмушести растенија. 

Заштитен симбол на маорите е кору- пупката од папратите и го има на скоро секој сувенир, накит во форма на кору- што симболизира почеток, зародиш. Маорските тетоважи се мотиви кои ги има на сувенирите исто така.

Од што живее населението?

- Најубавите и најквалитетните месо и млечни производи се во оваа земја. Особено на северниот остров главна земјоделска дејност е сточарството и овоштарството, непрегледни пасишта со крави и овци. Плантажи со авокадо, лимони, цитрони, но и сладок компир-кумури, пченка и други овошја и зеленчуци. Птицата киви е ендемски вид која е заштитена со закон и областите каде ја има во природата се обезбедени и не се достапни за луѓето. Животот во градовите е подинамичен за разлика од помалите места но генерално луѓето во Нов Зеланд се релаксирани, никаде не брзаат и се многу пријателски настроени.

Каква е нивната кујна?

- Храната е комбинација на храна типична за различните народи кои живеат тука од целиот свет. Секако доминира англиската кујна, но и кинеска, индиска, тајландска, но и од европските италијанска секако која е најприфатена секаде во светот.



Изменето од Valerija - 19.Февруари.2020 во 09:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.