IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Нега на нозе и стапала
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Нега на нозе и стапала

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Нега на нозе и стапала
    Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:41

Пукнатините и здебелената, пожолтена и груба кожа исчезнуваат за кратко. Зошто да давате пари, кога ја имате оваа домашна крема

Доколку и вие веќе подолго време се обидувате да ја отстраните грубата кожа, калусите и пукнатините од стапалата, тогаш за денес, за вас имаме супер лесен домашен рецепт!

Како и што најверојатно самите веќе занете, евтините козметички производи, во повеќето случаи немаат никаков ефект, додека пак оние со природни состојки знаат да чинат богатство.

Токму за таа цел, за денес ви го подготвивме идеалниот домашен рецепт, кој ја ефикасно делува и ја прави кожата мека и беспрекорна, а притоа рецепт и со природни состојки и без да мора да го жртвувате домашниот буџет.

Грубата кожа е често резултат на габични инфекции, недостаток на хранливи вредности во организамот, може да станува збор за некој вид на нарушување на еднокриниот систем или пак едноставно, резултат на редовното носење неудобни обувки.

Во продолжение следува домашен рецепт, кој ќе ви помогне да се ослободите токму од грубата, здебелена и пожолтена кожа на стапалата и нивниот непријатен изглед.

Крема за испукани пети

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 1 кафена лажица масло за готвење
  • 1 кафена лажица сок од лимон

Начин на подготовка

Измешајте ги сите состојки заедно додека не добиете мазна текстура.

Начин на употреба

Нанесете ја добиената паста при врвот на засегнатите места и завиткајте или покријте ги истите со најлонско ќесе. Оставете ја смесата да дејствува 20-30 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

По третманот, не заборавајте да нанесете од вашата омилена навлажнувачка крема и за кратко, вашите стапала ќе бидат неверојатно меки, мазни и со значително подобрен изглед.

Се препорачува третманот да се практикува 3 пати неделно и кожата ќе ви стане забележително помека. За да ги добиете најдобрите резултати, практикувајте го третманот во период од 1 месец.

Истовремено, пред да ја нанесете домашната крема, со пемза поминете на засегнатите зони, оставете ја кожата да одмори 5 минути, а потоа започнете со третманот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:42

Домашен рецепт кој чудесно ги обновува и омекнува стапалата, притоа ја спречува појавата на непријатен мирис и габички

Секој од нас барем еднаш се соочил со непријатна ситуација  при која, откако сме ги соблекле чевлите, стапалата да започнале да мирисаат лошо.

За таа цел, за да им ставите крај на овие здодевни секојдневни проблеми, за денес ви откриваме испробан и одобрен рецепт од многумина, кој се приготвува на база на природни состојки, а кој ефикасно се бори против потењето, непријатниот мирис и притоа успешно ги елиминира габичките и микробите.

Рецептот покрај тоа што е економичен, истовремено, неговата подготовка ќе ви одземе само неколку минути.

Домашен рецепт за совршени стапала

Потребни состојки

  • 1 супена лажица сув рузмарин
  • Неколку суви листови од нане
  • 1 супена лажица исушени листови од жалфија
  • 200 мл водка

Начин на подготовка

Поставете ги билките во стаклен сад и наполнете го истиот со вотка. Оставете ја смесата да отстои 2-3 дена. Не ја филтрирајте течноста и складирајте ја на ладно место.

Наполнете друг сад со топла вода и додаде малку сода бикарбона и морска сол. Потопете ги стапалата во оваа течност во времетраење од 10 минути. Потоа извадете ги стапалата и добро исушете ги со крпа.

Завршете го третманот така што ќе потопите парче ткаенина во првиот раствор и со ткаенината поминете преку целата површина на вашите стапала т.е по кожата и ноктите.

Оваа домашна тинктура ќе ви помогне ефикасно да се изборите против поттам, микробите и габичките, а истовремено рузмаринот и нането ќе ви помогнат брзо да се ослободите од непријатниот мирис.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:43

4 домашни трикови со кои брзо и лесно ќе им кажете збогум на испуканите пети

Секоја жена посветува огромен дел од времето за нега на кожата на лицето и телото. Но, постојат одредени области, кои ненамерно честопати ги забораваме при третманите.

Станува збор за стапалата, поконкретно петите. За таа цел, за денес ви подготвивме 4 домашни рецепти со кои брзо и лесно ќе можете да им кажете збогум на сувите и испукани пети.

1. Маска од јајце

Измешајте 1 жолчка со 1 кафена лажица сок од лимон и 1 супена лажица нишесте од компир. Добро измешајте ги состојките до добивање хомогена смеса, а потоа истата нанесете ја врз вашите пети. Оставете ги состојките да се исушат, а потоа исплакнете со топла вода и нанесете соодветна крема за стапала.

2. Облога од алое вера

Сомелете еден страк алое вера и намачкајте ги проблематичните зони. Завиткајте ги вашите стапала со фолија, облечете чорапи и оставете го алоете да делува во текот на целата ноќ.

3. Пилинг од маслиново масло

Измешајте 3 супени лажици маслиново масло со 1 кафена лажица морска сол и истријте ги вашите пети со добиената смеса. Правете нежни кружни движења по целата нивна површина. Следно измијте го остатокот со топла вода и нанесете соодветна крема за стапала.

4. Компир со кромид и зелка

Земете половина кромид со средна големина, неколку листови зелка и варен компир. Сомелете ги сите состојки заедно во блендер. Поделете го добиеното пире на половина и поставете го во 2 мали торбички, поставете ги истите врз стапалата и оставете ги да отстојат неколку часа. Внимателно отстранете ги на крајот, а остатоците измијте ги со топла вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:46

Пилинг за убави и мазни стапала

За да имате убави и мазни стапалата, користете ефикасен пилинг со банана и кафе.

Потребни производи:

1/4 чаша свежо мелено кафе
1/4 чаша морска сол
1/4 чаша маслиново масло
1/2 банана

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите производи додека добиете хомогена смеса.

Нанесете ја на стапалото и оставете ја да стои околу 10 минути.

Потоа нежно масирајте ги стапалата.

Исплакнете со вода и исушете ги нозете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:48

Нега на нозете и петите

За да се ослободите од сувата, груба и испукана кожа на нозете и петите, ќе ви помогне следниот рецепт: Измешајте 3 супени лажици сол заедно со масло за готвење. Нанесете ја смесата на потребните места и со нежни кружни движења, истата распространете ја на целата површина. Потоа нозете/петите завиткајте ги во најлонско ќесе и оставете така смесата да отстои во времетраење од 20-30 минути. Потоа исплакнете на вообичаениот начин, со сапун и топла вода.

За попријатен мирис, можете да додадете и неколку капки етерично масло по ваша желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:49

Домашен пилинг за нежни стапала- Ја отстранува мртвата кожа веднаш по првата употреба

Иако грубата и мртва кожа на стапалата ви изгледа како невозможна работа за отстранување, сепак имаме добри вести за вас- Постојат неколку брзи и едноставни работи кои може да ги направите за да вашите стапала бидат меки и нежни 365 дена во годината!

1. Секојдневно отстранување на мртвата кожа

Секојдневното чекорење и притискање на стапалата, особено доколку поголемиот дел од времето се движиме во несоодветни чевли, тоа може да резултира со појава на плускавци и непријатни меурчиња на кожата на стапалата, кои главно се составени од мртви клетки.

За да ја обновите кожата, притоа истата да стане мека и нежна, потребно е стапалата да ги негувате секојдневно, односно секојдневно да ја отстранувате мртвата кожа.

Тоа може да го постигнете употребувајќи пемза или пила, а самата мртва кожа полесно ќе ја отстраните доколку стапалата претходно ви биле потопени во топла вода, купка или едноставно користете ја пемзата за време на туширањето.

2. Одржувајте ја хидратацијата на стапалата

За разлика од останатите делови од телото, стапалата се најмалку негуваните, бидејќи едноставно често забораваме дека и ним им е потребно негување и нанесување хидратантни средства.

Тоа најдобро е да се направи по купката или тушот, откако сте направиле ексфолијација на кожата на стапалата користејќи ја пемзата, при што пред легнување не заборавајте токму на тој важен чекор- хидратирањето на истите.

Во продолжение откријте како ефикасно и брзо да ја направите ексфолијацијата, користејќи го следниот пилинг.

Рецепт за најдбриот пилинг за нежни и меки стапала

Потребни состојки

  • 1 шолја англиска сол (магнезиум сулфат)
  • 1 шолја кокосово масло
  • 2 супени лажици мед
  • 10 капки масло од портокал (Доколку немате масло од портокал, слободно може да употребите било какво друго есенцијално масло)

Начин на подготовка

Стопете го кокосовото масло на воедна пареа, а потоа додаде ја англиската сол и добро измешајте ги состојките. Потоа додадете го медот и на крај капките од есенцијалното масло.

Сето тоа добро измешајте го, а добиената смеса складирајте ја во стаклен сад, за да може да ја употребите повеќе пати.

Пракиткувајте го третманот со пилингот 3 пати неделно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:52

„Ја чувам во ладилникот, а трае до 2 години. Со оваа домашна крема, заборавив што беа тоа испукани пети“

Испуканите пети може да бидат навистина непријатни на изглед, особено во текот на летото, кога стапалата се откриени при носењето на сандали.

Доколку сте имале или сè уште се соочувате со таков проблем, најверојатно знаете дека не секое средство е ефикасно, ниту пак брзо го решава проблемот во нивното отстранување.

За таа цел, ви откриваме нешто ново, различно и ефикасно. Оваа домашна маст против испукани пети, може многу едноставно и лесно да ја приготвите во домашни услови, без притоа да трошите многу пари.

Домашна крема за мазни пети

Потребни состојки

  • 1 јајце
  • Оцетна киселина
  • Чиста тегла
  • 125 гр масло

Начин на подготовка

Поставете го јајцето во мала тегла (како што е целосно, заедно со неговата лушпа). Теглата наполнете ја до врвот со оцетна киселина. Затворете го садот и складирајте го на некое место, во времетраење од 1 недела. Во тој временски период, лупшата на јајцето би требало целосно да се раствори.

Извадете го јајцето и отстранете го слојот што се формирал на неговата површина.

Користејќи вилушка, сомелете го јајцето. Потребно е да добиете густа текстура, а воедно, доколку е неопходно, може да додадете малку од користениот оцет.

Потоа додадете 125 гр масло во смесата. Однапред извадете го од ладилникот, за да истиот дополнително омекне. По неговотото додавање во смесата, добро измешајте ги состојките, до добивање мазна текстура. Доколку кремата испадне малку погуста или потврда, додадете малку оцет.

Складирајте ја добиената смеса во чиста стаклена тегла. Нејзиниот рок на траење е  2 години, а истата, покрај за петите, може да ја користите и за сите преостанати груби и суви места на вашата кожа, по целото тело, како што се пр. лактите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:53

Овој домашен третман за совршени стапала ми го препорача козметичарката, а го правам секоја сезона пред носењето на отворени обувки“

По дебелите зимски обувки, стапала бараат посебна нега и грижа, за да ги подготвите за преминувањето од затворени во отворени обувки.

За да ги направите стапалата да изгледаат беспрекорно, потребно е да ги отстраните испуканите пети, жолтеникавата, здебелена и груба кожа, колку што е можно побрзо т.е за краткок временски период.

За денес ви откриваме неколку трикови кои ќе ви помогнат токму во реализирањето на таа цел.

Во продолжение следува домашен третман кој содржи 6 рецепти со сода бикарбона, која совршено може да се употреби за козметички цели, бидејќи неверојатно ефикасно прочистува, дезинфицира, лекува и ја омекнува кожата. Воедно помага и при воспаление и третирање на рани.

Домашен третман за совршени стапала

1. Купка со сода бикарбона и морска сол

За да ја омекнете кожата на вашите стапала, во мал сад поставете топла вода и додадете 2 супени лажици морска сол и 2 супени лажици сода бикарбона, измешајте добро, а потоа во добиената смеса потопете ги вашите стапала во времетраење од 7-8 минути.

2. Купка со сода бикарбона и сапун

За максимално прочистување на кожата, во 3 литри топла вода, разредете 2 супени лажици сода бикарбона и 2 супени лажици течен сапун. Потопете ги вашите стапала во купката и оставете ги да отстојат 10 минути.

3. Купка со сода бикарбона и масло

Доколку сакате да ја навлажните кожата и таа секогаш да биде совршено хидратирана, тогаш потребно е во 3 литри вода да растворите 2 супени лажици сода бикарбона. Додадете мало количество масло за готвење или неколку капки масло од портокал, лимон, лаванда или бадеми. Потопете ги стапалата во растворот. Третманот трае 10 минути.

4. Купка со сода бикарбона и млеко

Доколку сакате вашите пети да изгледаат совршено, а на допир да бидат бебешко меки, тогаш во 1 литар топло млеко растворете 1 кафена лажица сода бикарбона. Потопете ги стапалата во смесата и оставете да отстојат 10 минути.

5. Купка со сода бикарбона и кислородна вода

Доколку сакате да се ослободите од испуканите пети и грубата кожа, во сад со топла вода додадете 2 супени лажици кислородна вода (водороден пероксид) и 2 супени лажици сода бикарбона. Потопете ги вашите стапала во добиениот раствор 12-15 минути.

6. Купка со сода бикарбона и јод



Изменето од Valerija - 23.Ноември.2019 во 10:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:54

6 видови на купки за стапала и кои здравствени проблеми можат да ги решат истите

Не е неопходно да одите кај професионалец за да добиете спа третман кој ќе резултира со бројни здравствени придобивки, бидејќи домашните купки за стапала може да ви го дадат истиот, па дури и подобар ефект.

Овие домашни лековити третмани можат да ја поттикнат циркулацијата на крвта, да помогнат во лекувањето на одредени заболувања и да имаат моќен ефект врз вашиот ум и тело.

Уште една корисна работа кај домашните третмани е тоа што слободно може да ја смените концентрацијата на состојките и на овој начин да добиете повеќе здравствени придобивки и да го намалите ризикот од иритација на кожата предизвикана од додавање на хемикалии.

За денес ви откриваме 6 чудесни купки за стапала, кои лесно може да ги приготвите во домашни услови, а кои ефикасно делуваат за одредени здравствени состојби:

1. Контрастни купки за отечени стапала

Различните температури на вода одлично ја поттикнуваат подобрата циркулација на крвта во нозете. Сепак, проверете дали водата што ја користите не е премногу жешка.

Земете 2 кофи и пополнете половина од првата со топла и половина од втората со ладна вода. Потопете ги нозете во топла вода 10 минути, а потоа потопете ги уште 10-12 минути во кофата со ладна вода. Вратете се назад во врелата вода и држете ги нозете таму уште дополителни 5 минути.

2. Ароматични цитрусна купка за ослободување од миризливите стапала

Не само што оваа купка ефикасно ќе се избори против лошиот мирис и потта, туку е и совршен начин за смирување на болките во нозете.

Додадете еден лимон, малку вар и една портокало (сите целосно исечени) во садот со вода. Следно, додадете  4 капки масло од мента, 4 капки масло од чајно дрво и 3 лажици сода бикарбона. Потопете ги нозете во смесата околу половина час.

3. Купка од еукалиптус за намалување на стресот

За многу кратко време откако сте ја направиле оваа купка, ќе се чувствувате порелаксирано и смирено.

За да ја подготвите истата, додадете малку англиска сол во сад полн со топла вода, а потоа додадетењ и 10-12 капки масло од еукалиптус. Потопете ги нозете 20-30 минути.

4. Билна купка за опоравување после долг ден на работа

Овој домашен лек ќе му помогне на телото правилно да функционира, особено по многу часови поминати одење или седење. Меѓу придобивките што ќе ги добиете ќе биде детоксикација и поздрава кожа. Ароматичните билки, исто така, прават чуда за кревање на вашето расположение и ќе ви помагнат целосно да се опуштите.

Подгответе ја купката со топла вода, додадете 2 лажици англиска или морска сол, 1 кафена лажица сода бикарбона, 1 кафена лажица екстра девственото маслиново масло и било какви билки по ваша желба – магдонос, рузмарин или нане. Можете да ги врзете билките со конец, така што купката ќе остане чиста.

5. Купка од лаванда за смирување на болните мускули

Лавандата е позната како природен ублажувач на болка. Оваа купка ќе помогне да се смират болните зглобови и да се опуштат мускулите, додека убавата арома ќе ви го смири умот.

Во топла вода додадете 1/2 чаша англиска сол, 2 лажици сода бикарбона и 6 капки есенцијално масло од лаванда. Потопете ги нозете во купката од 15 до 30 минути.

6. Купка од сок од лимон за ослободување од жолтите нокти

Едноставното потопување на стапалта во оваа купка може да помогне во отстранувањето на жолтите дамки од ноктите, а покрај тоа вреди да се знае дека директно триење на парчиња лимон врз проблематичните зони е исто така добар третман во овој случај.

За подготовка на купката, додајте лажица свеж сок од лимон во вода и само потопете ги прстите во смесата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2020 во 22:33

Најдобрата домашна маска за кадифено меки стапала и во зимскиот период!

Иако летото и отворените сандали се веќе зад нас, сепак не треба да заборавиме на негата на стапалата и во зимскиот период, бидејќи грубата кожа не само што изгледа непријатно, истата може да ви донесе и неудобност при чекорењето.

За таа цел денес ви го претставуваме најдоброто природно решение со кое ефикасно ќе го решите овој проблем.

Домашна маска за кадифено меки пети

Потребни состојки

  • Половина зрела банана
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка и употреба

Добро изгмечете ја бананата со помош на вилушка, до добивање на паста. Во истатата додадете една кафена лажица мед, измешајте добро, а потоа нанесете ја добиената смеса на измиени нозе. Обратете посебно внимание на петите т.е тие да бидат добро покриени со смесата, затоа што токму таму кожата е најгруба. Завиткајте ги намачканите стапала во проѕирна фолија и оставете ја маската да дејствува најмалку 10 минути.

Кога ќе ја отстраните фолијата, добро измијте ги нозете, а потоа употребете и пемза. За кратко ќе забележите дека грубата кожа се елиминира многу побрзо и дека стапалата се многу помеки.

Преостанатата половина од бананата можете да ја употребите за подготовка на домашна маска за лице или пак едноставно, да ја изедете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2020 во 22:59

Чудесен домашен крем од 2 состојки со кој ќе заборавите на грубата кожа и ќе имате кадифено меки пети

Следуваат деновите во кои поради студеното време, нашите стапала најголемиот дел од времето ќе бидат под чорапи и потешки обувки, а токму нивното занемарување во студените сезони лесно доведува до појава на испукани пети. Токму за оваа цел денес ви откриваме како да го спречите овој проблем.

Станува збор за лесно домашно решение на сосема природна база од 2 состојки т.е домашен крем кој се приготвува супер лесно, а сè што треба потоа да правите е истиот да го нанесувате секоја вечер пред спиење и ќе имате кадифено меки стапала!

Моќен домашен крем против груби и испукани пети

Потребни состојки

  • Восок (Свеќа)
  • Зејтин или кокосово масло

Начин на подготовка и употреба

Додадете 2 кафени лажици зејтин или кокосово масло по ваш изборе, заедно со восок во соодветен сад и истиот поставете го друг сад со топла вода. Мешајте ги состојките додека истите добро да се растопат.. Оставете ја добиената смеса да се излади, а потоа нанесете малку од истата врз кожата на стапалата. Се препорачува кремата да се употребува секоја вечер пред спиење, на претходно исчистен кожа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.