IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести > Избори
  Активни теми Активни теми RSS - Претседателски избори - 2019
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Претседателски избори - 2019

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Претседателски избори - 2019
    Испратена: 19.Февруари.2019 во 23:33

Распишани се избори за претседател на Република Македонија

Силјановскаjpeg

„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша избори за претседател на Република Македонија.

Јас се разбира дека ги почитувам Уставот и законите и соодветно на тоа ќе се однесувам “, изјави денеска професорката Гордана Силјановска Давкова во првото телевизиско интервју откако во саботата беше избрана за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори.

Силјановска, во интервјуто за ТВ Сител, потсети дека и пратениците, министрите, премиерот положија заклетва на Уставот на Република Македонија.

< id="__after" method="post" ="https://expres.mk/siljanovska-raspishani-se-izbori-za-pretsedatel-na-republika-makedonija/#_after" style="-sizing: border-;">
Да видиме кој ќе бидат следните кандидати
и каква битка ќе се води на овие избори.....
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2019 во 23:53

Амди Бајрам, Филип Петровски и Самка Ибраимовски почнаа да собираат потписи

Амди Бајрам, Филип Петровски и Самка Ибраимовски почнаа да собираат потписи

Филип Петровски, Самка Ибраимоски и Амди Бајрам се тројцата претседателски кандидати кои почнаа со собирање потписи за на изборите напролет да се тркаат самостојно, објави 24.mk

Три дена по конгресот на ВМРО ДПМНЕ на кој што бараше поддршка од делегатите на партијата, поранешниот функционер од сегашната опозиција Филип Петровски одлучи самостојно да се бори за шеф на државата. Обвини дека делегатите се под притисок на раководството на партијата и затоа не го гласале, но рече дека од сабота ќе започне со собирање на потребните потписи за неговата кандидатура.

За да се пребројат гласовите на ромската етничка заедница, ќе се кандидира и Самка Ибраимоски. Смета дека има доволно богата политичка кариера зад себе, за да добие поддршка од 10.000 гласови, а уште повеќе на изборниот ден.

Пратеникот тврди дека неговиот колега Амди Бајрам кој што исто така започна со собирање на потписи за кандидирање – не може да му биде конК*рент.
Со поддршка на ВМРО ДПМНЕ досега како единствен официјален кандидат за нов претседател е професорката Гордана Силјановска која веќе е во неформална кампања. Првата изборна трка ќе се оддржи на 21 април, а втората на 5ти мај.

Извор: 24.mk

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2019 во 19:13
Отворивте тема па и у Република Македонија викате а
Уше еден ниско-буџетен филм,тоа е се шо мислам.
А ќе додадам и на овие избори ќе се гласа како на претходните.
Против,а не за.
И гневот оди на сметка кај сдсСм.
Не мора да сум у право,впрочем боли ме цеув.Шо викаше Белогрлиќ
у Бољи живот.
А дали тие гласови ќе ги стаи на конто Силјановска најмалце
е битно.Посекако покажаа дека одлично се координираат во
контаминирањето на она што беше Македонија.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2019 во 23:36



Кандидатот на СДСМ и ДУИ за претстојните претседателски избори, 
Стево Пендаровски


Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2019 во 00:15
Професорката Гордана Силјановска сака да биде претседател на Република Македонија - Стеов Пендаровски пак на Република „Северна„ Македонија.

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала.

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала.

Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Струга на 16,02,2019  Гордана Силјановска-Давкова беше избрана за претседателски кандидат


Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен кандидат за Претседател на Република Македонија.

Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен кандидат за Претседател на Република Македонија.

По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.

Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија.

Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.


Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2019 во 01:38

Граѓаните се мајтапат со Пендаровски: Ако сакаш да станеш таен агент, сликај го Стево



Социјалната мрежи Твитер врие од коментари на граѓаните за консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Откако пред само неколку дена Пендаровски на ТВ1 изјави дека бил следен од тајните служби блиски до опозицијата бидејќи за 10 дена се објавиле неколку фотографии на социјалните мрежи од него. Но, и покрај тоа што денес премиерот Зоран Заев убедува дека Пендаровски е безбеден и дека нема странски служби, граѓаните буквално се мајтапат со Пендаровски пишувајќи ако сакаш да станеш таен агент тоа го можеш со еден потег – Слика го Стево.

Во продолжение прочитајте ги дел од најсмешните твитови.







Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2019 во 19:34
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2019 во 20:06

Какви пораки се испраќаат...
со каква возбуда и треперење на гласот
со какво возвишување на овие....

Гледајќи го ова на човек му иде да заплаче .....сршено срце




Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 10:32



Цитирај Cultivate Quietness

PARTICULARLY DURING LENT, but at all times, try to regain a measure of quiet in your lives. Today we are bombarded with noise, with news bulletins, opinions, even piped music in shops, and as a result we are frazzled, but do not know the cause of this and seek solace in more noise.

...

http://orthodoxinfo.com/praxis/practical.aspx


еве зошто јас не би гласал кога би гласал, ајт sds биле атеисти, иако сигурен сум мнозина социјалисти ко што сум и самиот се Православни дали вонаби традиционални или Воцрковени, во секој случај либералистите се најсекуларно изботирани, но дпмн да прифати како ''демохристијанска'' партија да учествува на некакви избори за време на Великиот Пост тоа е благоречено утавлук од вонаби-христијани, иако таквиот мутавлук и во свое време си го тераа, не знае Човек вака видено колку навистина она што го велат дека се 100% сигурни дека нешто во однос серво-маусдонскиот ерга-омне ќе променат навистина и им држи и како муабет а не пак агенда, но и муабетот климав а и немаат јасна агенда, односно го доодработуваат она што претходно им го оставија на sds да го почне, а сега ветуваат дека тие со млака политика че се спротивстават некако на транснационален идеал како што е евроатланската центрифуга, хм, само ако има војна во која отан пак ќе не извиси ко што и оретходно беше случај а заради свои екпериментални програми кои си ги тераат врз нас како контролна група со одличен потенцијал за екпериментирање ем наша добра волја да се радуваме што не есапат како заморчиња, само во тие околности може да се каже ќе има простор за ретерирање од постојната ситуација со одродувањето т.е. анационалниот моментум заради еа-интеграции, но и тогаш повторно треба референдум за да Народ како уставотворен елемент а не удбалитичарите одлучи кој пат зошто и по која цена ќе го фати, а тие моќат потоа ко британските удбалитичари да крпат клечки како Волјата на Народот ќе ја спроведат, тука треба да се потсети дека ние немавме референдумски амин ни за ерга-омнесот иако нема логика од таков референдум бидејќи 1991-ва веќе имало еден а во најдобар случај прво треба да има референдум за тоа дали моќе да се распипе ерга-омнес референдум т.е. што мисли за тоа Народ а потоа да се мери дали и колку сме спремни за национална еутаназија заради во случајов ветувања за мед и млеко земја недојдија, нонајт што го спинуваа ерга-омесот туку не дадоа иако уставно е изричито задолжително референдум за отан пенетрација, се прашувам дали се свесни и тие локално и нивните мецени глобално каква каузалност повлкле врз себе вака како насила си ја истераа својата волја, и ајде тие во аут, но зар дпмн не е, најмалку што можеше да каже е дека кога и ако дојдат пак на власт ќе дадат референдуми и за ерга-омнесот и за отан-пенетрација, дали имаат таква намера незнам, но лично како неутрален и кога би сакал да буричкам во нивниот недоносен агитпроп нема никаква знака за ваков абер, синкир глумат подобни играчи пред ''меѓународните'' за да не им сместат пак некоја ало-парада, но попрво ми лили дека си се координирани како удбалитичари и левица и десница а удбашана одлучиле што треба да се прави, така речи цела глума е за Народ полесно да биде легнат на брашно а притоа повторно да си опстане постојниот двопартиски македонски блок бидејќи истиот е и од удбашана насаден па си го возат како им годе им треба или им се сака, Народ моќе само да сонува дека некогаш ќе дочека демократија и ненаштимана политика во позадина, бар додека топтан не ги пролуфтира или ги снема и постојните удбаши и од нив инсталираниот политички систем, но кој да го чува тогаш, замрсено моќеби ќе никнат нови удбаши со народни а не фатаморгана идеали!?

од друга страна дпмн излегѕва на избори кои очигледно е дека ќе бидат наместени, а притоа не побара никакви екстра мерки за предострожноат, иако се виде на спинуваниот ерга-омнес референдум дека се' се може кога се сака што е до полнење кутиидури и кога се празни биралишта и полесно моќат да се воочат вакви работи, магионичарите кога најлесно протнуваат трик кога има гуќва кога може да се поткупи или уцени со лесно публика, и пто направи дпмн за да ги осигура екстра избори извади надпартиски пр.кандитат на партиска конвенција каде не им дозволи ни да се пријават партиски кандидати, удбалитичарски до коска, но не си го можат сомсвоите пандани кои ко да се знае хотелски си дојсоа ни помалку ни повече удбаш за пр.кандидат, аирлија на паметот Народе ако мислите дека сето ова шоу не е само продолќение на цела монтировка од парената револуција навака, си возат тие удбашко-удбалитичарски а вие си сонувате фантазмагорично дека сте свои на своето, можеби ако стс Православни Христијани та на земните идеали да гледате како сувишни ...

Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 20:51

би било фино да може секој да ме разбере целосно, што колку и да сум концизен пак нема да стигнам да фрлам комплетно мое разбирање а да не предизвикам збунетост, посебно ако се има во предвид дека сите сме одговорни во овие времиња што им дозволуваме на елитите да се однесуваат и во овј век ко да сме во 19-ти феудалистички новокомпонирано, среќа нема дебатна атмосфера на форуми па можам да си дозволам во низа да се доелаборирам ...

земено Христијански доколку пола популација е Православна логично ако не да се избори истата за правото да за време на Великиот Пост во Мир се подвизува, тогаш да побара мислење и Благослов од Владиците за да изборна трка си тера сред пост а Верниците културно данси кркаат удбалитичарски агитпроп како не би биле рамнодушни граѓани чиј глас значи нешто, секуларизмот во овј случај најдрско си има поиграно со чувствата на голем дел од популацијата во земјава, им го откраднал Спасението на проста удбалитичарска фора бидејќи наместо Народ торжествено да го исчекува Славењето на Христовото Воскресение тој ги очекува резултатите од изборите, каква небулоза, после семчудите зошто сте на ова дереџе, сигурно некој одма ќе почне да бара кој прв почнал, но нека не си мачи глава кој туку зошто тој некој и сите понего немаат ниту основна тронка етичност кога што е во ред да се прави, во случајов не некој индивидуална склет работа туку колективно распалување суета заради бркање власт и моќ колку и да се бира фокус за народен оретставник, само да ненму сместат ко на Николче ендек ако не е алајнед со шемите на ''меѓународните'', белким о е удбаш тоа потешко би било, но чунки ако е профа профи ќе изескивира каков и да е склет!?

рамнодушноста е чудна работа, лично не гласав минативе 20 години на избори, со исклучок на едни каде се најавуваа промени пред една деценија, не бидејќи сум рамнодушен кој ја води државата, туку бидејќи со својот прохристијански светоглед за мене немаше ниту една партија која онуди антиотанизација и антиеутаназија како ризици кои не фрлаат во империјален воен чопор но и унионистичко-федералистички доскок до нов светски поредок кој во Откровението јасно е претскажан како најдушепогубна појава во историјата на Човештвото што ќе се случи, мислам кому немму е јасно дека еу ќе се федерализира по што ќе се закачи на сАд како сЕд тој или политички е неписмен или политиката ја разбира како џамлија парти, хм, влеговте ли в шлајка излегвање тешко освен ако не удри некој картел-астероид та поредокот да мора да се редефинира, она пак што на повеќето не им е јасно макар биле и свесни колку е саат, е дека Македонија неслучајно е експериментална зона, но не е муабетот за тука та да не должам!

интересно во однос смирението професорката ГорданаС со практицирањето јога медитативно стигнала до него по индијски рецепт само не ми е јасно како мисли истиот да им го пушти на сограѓаните а излегла сре Велики Пост да им ремети вијуги агитпроповски!? во најдобар случај ова може да се разбере како расчекор во однос гласачкото тело визави своите најави за преродба, некој очигледно не внимавал на пиарот, но позначајно ако вакви зицери има уште во кампања какви ли би имало сред претседателствување, иако секоја чест за професорката како Личност која долги години елоквентно ги тимареше во јавност локалните прилики, синкир Народ не е рамнодушен па ќе и го признае тоа изборно налет зицерите нели никој не е совршен, но може тоа е проблемот што за невозможно комплицирани околности а оро се фаќаат екстра опуштени ороводци, се прашувам што ќе биде ако Тешкото треба да го заигра ќе знае ли и елоквентно да се растрча и на тапан да доскокне!? во однос ова СтевоПсигурно како екс-удбаш ем претседнички советник во склет времиња многу што и научил, но како да му даде Човек глас на скопски шемаџија со елитизам во очен нерв, просто радиоактивна е неговата самобендисаност, бетер и од онаа на БанкоЦ со оглед дека неговиот сопартиец и претходник беше шмекерлук во залисток преку две раце дотеруван, додека СтравоП фрла чалам отанизирачки, може има југо на паркинг ама изгледа има хаубица во подрум, потенцијално таков претседник би ви донел ф-16-ки за одродувањето да ви биде поблаго бидејќи немало јужниот сосед да ви чува небото, но по која цена!? под претпоставка партиската кохабитација е му овозможи да наметнува и тој свои приоритети кај автократскатата позиција на власт! во секој случај кога би гласал би се бунтувал зошто нема ниту еден независен кандидат кој во медиумите реципрочно би бил присутен, едно време разбрав и за иселеници со слични амбиции, но ме чуди зошто и како се пишманиле, еве ќе бидам искрен ЃорѓијаЏА вакво нешто од спунт ми најави во неврзан разговор, конечно бар има еден куп сенатори за пријатели во сАд а воедно е македонист па во вакви околности би бил каква таква амортизација во однос ерга-омнес одродувањето, бреј во сред отан ќе им го изваду Сонцето од Кутлеш, но се прашувам дали со муабетот не се истрча па со време дипстејтовци го олабавија ако не го и ресетирале бидејќи серво-маусдонскиот експеримент мора да продолжи како урнек за останатите европски нации кога ќе треба да прифатат федерализација и тивко европеизирање на нивните досегашни земни идеали!?
     
значи јас не бојкотирам бидејќи ја презирам Македонија, туку бидејќи заради удбашана и нивните удбалитичари е загушен каков и да е простор за Слободоумност и Независни кандидати, со кој памет тоа да им го аминувам, та не сум рамнодушен туку револтиран та затоа и апстинирам, иако тоа остава можност некој мојот глас онака како си тераат кај нас изборно вовчиња со децении и да го злоупотреби, бар да имаше ретроактивно спицоси за да видам дали тоа биднало случај, иако најпаметно би било покрај тоа денес да се тера и со биометриска идентификација та и осигурано електронско гласање ...
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 22:48

друг битен момент кој не е демократски туку удбашко масло за нееднакви можности на граѓаните за да остварат рамноправно изборно учество како политикимкандидати е удбалитичарскиот агитпроп кој капак и го затру Народ со насилно предизборно перење мозок, капак сега си имаат под изговор на натикорупциска мерка удбалитичарските бастиони и државна потпора [1] колку паметно си осигурале кампањи дури биле претходно излуфтирани, камо оие средства да одеа за лечење на болни дечиња за оние медицински услуги кои ги нема кај нас, но за нив би останало и тро отповеќе доколку се забрани какво и да е политичко медиумско и улично рекламирање, мислам кој век живееме доволно им е веб сајт за програма да си претстават, ете ако не по архивирани ефоруми тогаш по социјалки нека се дообјаснуваат, но ако не се забрани нивно рекламирање сеопдатно ќе се префрлат со спотови и плакати по социјални мрежи ем тоа за нив од спунт ќе го прават и други [2] просто нека не глумат лудило дека така се претставиле некому во полно светло, ете им за тоа дебатни емисии, нека затераат и на собранискиот канал така 24/7 ако сакаат, конечно на еФоруми нека си имаат активна дебата за своите политики, но да се фрлаат средства било индивидуални или колективни за да се измасира правовремњно свест на неутрални гласачи, со оглед дека оние стандард изботираните и така им е фикс, тоа не е потсвесна ерес туку злостор врз вијуги на Слободоумните Граѓани!

агитпропот е прилично бербат работа, тоа ви е како К*рвалук за сметка на добра облека и доволно селфија, но така силувани умствено се сите топтан, та одете вие за време на пост да постите, само од спунт што морам заради Родител~пред~тв да ги слушам па ми реметат смирение на ангро, а не пак да земам да им се замарам, иако сакал нејќел им се замарам штом излезам на улица и на секој чекор билборди ми релаксираат среќа кон склет, туку се фаќам за ретушираните брчки за да олабавам визура од натурените кандидати со државнички пораки! а дека оваа појава не е спинувана само како изборна појава за тоа има цела една нишка од мене на форумов (иако истата завозе другде најнапред [3]
повеќе налик проширен абер на основниот за пропагандни техники [4][4])
но во тукашната нишка заминав токму соодветно [5] колку да предочам колку е сиктер работа еднонасочно да се наметнува некој низ разни агит.проп. техники, иако тоа што го говорам за мене и навистина држи вода и тоа океански фрактална, но да живее Човек постојано на таков тивок оган тоа не само за Христијани туку и за атеисти е болно измачувачки, зар политиката е за дрско додворување или упуцано наметнување, уште во веце по тоалетни хартии што нема влезено, каде е крајот на ова удбалитичарско бунило, кај се' си е елитистички предетерминирано од позадина па уште ве возат ко од вас да зависи каков политички економски или културен К*рс ќе има државата, вашиот глас е само глума за маските удбалитичарски полесно да си ги носат постојните удбашко-клановски ботови, ако вие мислите дека треба и мора да си го кркате нивниот агитпроп на сите нивоа грешите, само колку деца можат да се помогнат со тие абдалски исфрлени пари по кампањи! та правете притисок бар ова да го тргнат од менито, правото на реклама не значи и одземање на правото на Мир, балансот би бил ете што повеќе дебатни емисии и активни политички еФоруми, посекако дружби по митинзи, но поарно е тие митинзи да бидат само бесплатно музички единствено дозволиви виа општински разглас, но говорите да мора со исклучено озвучење да ги држат онака или меѓу Народ или со мегафон, просто стресот кој во овие времиња на ангро е наталожен заради кашатализмот со дополнителна удбалитичарска врева не се ресетира туку се амплифицира, а батињава не да немаат осет колку го рокаат агитпроп појачало туку и самите брзо прегоруваат така па после се како изгубени во превод кога држат фотеља и нормал морало да тераат подло за да си дозашмирглаат кариеристичка суета, се надевам ќе се изнедрат пополека трeти опции кои агитпроп менито озбилно ќе го скастрат на сите нивоа а не само предизборно, е после пак ќе биде весело че си тераат со герила-маркетинг онака на плажа истетовирани по тело или групљаци слогани, нормал со кореографии за да подолго се сунчаат на елитни места и оние кои тоа таму не можат да си го дозволат, во таков случај СтевоП ќе лепи по југото отан стикери, а ГорданаС на часови по јога ќе носи маички со РепМак стихови, додека БлеримР на тапан ќе преработува ритам, тогај АмдиБ ќе штанца предиво во процентуална боја како упатство за летечки килими до еу-земја-недојдија пардон ќе ви долета како федерална наместо унија!

интересно ја праша ли некој ГорданаС како таа ко пацифист претпоставам би се сложила отан да бомбардира некоја трета земја која че ја етикетираат како евроатлански опасна, за СтевоП не се сомневам дека ќе притрча и врвки да им врзуе на генералите во бришел, но на кој се начин таа би делувала ако отан се одважи да напаѓа негде а нели ние сме се приклучиле бидејќи воениот сојуз е ''одбрамбен'' или и таа смета дека нападот е најдобра одбрана!?

Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2019 во 18:47
...

 



Изменето од којсумјас - 17.Април.2019 во 06:14
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2019 во 23:02
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2019 во 21:01
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.