IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Фритата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фритата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2019 во 12:23
Шарена фритата




Состојки
6 јајца
50 гр путер или масло
1-2 моркови
мини конзерва грашак
1 мал кромид
2 домати
1 тиквичка
полн грст сечкан магдонос
сол, црн бибер, оригано
1 кисела павлака
2-3 парчиња шунка или салама

Морковот исечкајте го на мали коцки и сварете го. Јас наместо грашак од конзерва користев замрзнат грашак со беби моркови, па тоа сето заедно го сварив.

Во тавата на путерот или маслото ставете да се запржи кратко кромидот и тиквичката исечкана на ситни коцки. За брзо додајте ги и доматите исто така исечкани на коцки и пржете малку подолго додека се згусти течноста. Пред крај додадете ги грашакот и магдоносот, посолете и зачинете.

Тргнете од рингла и сето ова прелијте го со јајцата претходно разматени со малку сол, па ставете го да се печи во рерна на 220С.

За нецели 10 минути отворете и одозгора ставете купчиња од павлаката со помош на лажица и меѓу нив со ленти или парчиња шунка или друго сувомеснато што имате и сакате, па вратете во рерна да се допечи додека краевите малку се одделат од тавата.

Кога малку ќе подолади, се сечи на парчиња и се служи топло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:18

Фритата- Мексикански деликатес готов за само 20 минути

Станете експерт за мексиканска кујна со овој едноставен рецепт кој се подготвува во 3 чекори, ќе ви одземе 20 минути, а со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски.

Потребни состојки

  • 1 тиквичка
  • 5 јајца
  • 100 г сирење
  • 1 домат
  • 50 мл млеко
  • Сол
  • Зејтин
  • 1 лажица брашно

Начин на подготовка

Во сад, скршете ги јајцата, посолете ги со малку сол и 1 лажица брашно,а потоа додадете го и млекото и добро изматете. Tиквичката и сирењето и додадете ги во претходно добиената смеса. Истите претходно, по желба може да ги изрендате.

Садот за печење, пред да го користите, подмачкајте го со зејтин и загрејте го. Додадете ја смесата, а пред да ја печете, одозгора додадете исецкан домат.

Печете 20 минути, на 250°C

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.