Вистински летен специјалитет: Брза фритата со домати и фета сирење


Брз рецепт за летна фритата, мирисна, вкусна и едноставна за подготовка.

СОСТОЈКИ:

  • 6 јајца
  • 200 гр кисела павлака Пекабела
  • 1/2 главица кромид
  • 2 домати
  • 150 гр фета сирење
  • свеж босилек
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во чинија добро разматете јајца и павлака. Во тава загрејте маслиново масло и пропржете сечкан кромид.

     

  2. Прелијте го кромидот со разматени јајца, преку распоредете домати сечкани на кругови, издробено фета сирење и листови босилек.

     

  3. Оставете на рингла 4-5 минути, потоа превртете со помош на чинија, поклопете и оставете уште 2 минути да се запече.

Добар апетит!