IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - Познатите - каде се ... што прават ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Познатите - каде се ... што прават ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2019 во 23:47

Дунавка Трифуновска: Вистинските луѓе никогаш не забораваат кој им ги избришал солзите (ФОТО)

February 9, 2019
Дунавка Трифуновска: Вистинските луѓе никогаш не забораваат кој им ги избришал солзите (ФОТО)

Секогаш кога и да се појави пред тв-екраните, македонската манекенка Дунавка Трифуновска предизвикува големо внимание со нејзината појава.

Без влакна на јазикот таа честопати говори за нејзиниот приватен живот, кој и тоа како е интересен за македонската јавност.

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од секси-боди, и изгледа мошне привлечно и сексапилно.

https://www.instagram.com/dunavkatrifunovska/?utm_source=ig_embed

Вистинските луѓе никогаш не забораваат кој им ги избришал солзите. И ком им дал крилја да полетаат. За да живеат и станат вистински“, напишаа таа под фотографијата



Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2019 во 00:42

Вера Јанковиќ не старее


Вера Јанковиќ не старее

Некогашна водителка, заштитно лице на „Макфест“, диџеј, Вера Јанковиќ е урбана градска дама која како да не старее.
Од „Видеометроном“ на тогашната Телевизија Скопје, до сценарист и заштитно лице на „Макфест“ цели 14 години- ова се само дел од нештата по која ја препознаваме. Рокерка во душа, но љубител и на домашните и на екс-југословенски шлагери со кои пораснала, во 1984 година, таа беше вокал на групата „Психо“, чиј басист беше нејзиниот покоен сопруг Зоран Јанковиќ- Бајо. Вера и Бајо беа сопственици на култниот скопски клуб „ЗЗ ТОП“, кој се затвори во деведесетите.

„Ми недостасуваат ноќите во „ЗЗ“ и пијаните утра по него. Тоа не беше клуб, туку начин на живеење“, носталгично изјави Јанковиќ.
И денес, таа ја носи истата фризура, го негува оригиналниот стил на облекување, работи како диџеј и инвестира во патувањата. Цедета кои ги носи со себе за забавите ги нарекува „куфер на љубовта“ . Младешкиот дух на диџеј Генерал Јанковиќ, уметничкиот прекар на Вера е за почит.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2019 во 00:46

Сексапил до болка: Антонија ја копира Бритни Спирс (ФОТО)


Сексапил до болка: Антонија ја копира Бритни Спирс (ФОТО)

Победничката на „Макфест 2018“, Антонија Гиговска секојдневно го привлекува вниманието на македонската јавност.

Нејзината последна фотографија ги разбранува социјалните мрежи, провоцирајќи со нејзиното прекрасно тело, но и лик, кој е бисерен.

Дури и на моменти, Антонија наликува на мега-ѕвездата, Бритни Спирс од нејзината младост.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2019 во 00:57

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Запознајте ја прилепската Анџелина Џоли


(ФОТОГАЛЕРИЈА) Запознајте ја прилепската Анџелина Џоли

Прилеп како град има многу убави девојки, а дел од нив веќе сериозно зачекоруваат по модните писти низ Македонија, но и Европа.

Валерија Преспаноска е една од девојките кои сериозно се „печени“ за на модните писти низ Европа, но и пошироко.

Станува збор за исклучително убава девојка, со темен тен, но изразено светли очи. Ако се загледате подобро, слободно се заклучува дека и тоа како наликува на американската актерка, Анџелина Џоли.

http://www.instagram.com/valerijaprespanoska/?utm_source=ig_embed



Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2019 во 00:26
Тајзи повикува на револуција на свеста

Тајзи повикува на 

револуција на свеста

 Освен тоа што го смени својот изглед т.е ги врати суканиците и носи наочари Тајзи не мирува и на музичко поле. Пред крајот на летото не почасти со нова песна и видео.

Се работи за еден вид порака која  визуелно и текстуално ја пренесува иронијата на општеството во кое живееме и дава мотив за сите оние кои пропагираат мир, љубов и имаат желба за подобро утре било дома или далеку од тука . “Мајка те раѓа да направиш нешто”
Видеото се состои од материјали и снимки од целиот свет, го изработи Филип Пауновски додека текстот е на Тајзи и е првата песна од неговиот нов албум кој го најави за крајот на оваа година.
Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски.

„Сите зборуваме за тоа како светот оди во погрешна насока, како капитализмот како и секој друг систем е ништо повеќе од бизнис, како има се помалку љубов меѓу луѓето, како постојано не трујат преку храна, вода, воздух и лажни информации  и ред други актуелни теми , а всушност никој не презема ништо, туку сме дел од една пропаганда која секојдневно не убива на глобално ниво.
Плукајте,коментирајте, но не ме фарбајте , не се работи за пари, за партија, за власт, за опозиција. Тука сум за сите вас кои го разбирате мојот јазик , мојата желба и мојата порака. Револуциите во минатото ретко кога донеле  подобар живот и демократија туку смена на еден диктатор со друг ”
Јас  не носам револуција, носам вистина и  позитивна енергија за будење за револуција на свеста кај сите нас бидејќи ако сакаме да го смениме светот нели прво треба да почнеме од себе”, вели Тајзи во врска со темата на новата песна.

Покрај „Револуција” Тајзи најавува уште  песни овој период. Се работи за песна која ќе има и српска и македонска верзија и која ќе има свој видео запис. Песната е уште една соработка со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат”. Македонската верзија е на  Лазар Цветковски  и на Тајзи, додека на српската се потпишува балканскиот хит мејкер Цоби кој освен тоа е што е актуелен како артист со песната „Црни Сине”  е и продуцент на неколку хитови на Раста,Тхц,Реља,Конект и други артисти од Балканот.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2019 во 01:21

Владо Јаневски проговори за врската со Дунавка: „Не сум ја видел со месеци“ 

February 28, 2019
Владо Јаневски проговори за врската со Дунавка: „Не сум ја видел со месеци“ (ФОТО)

Владо Јаневски, беше гостин пред камерите на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“. Не беше заобиколени ниту прашањето за врската со  Дунавка Трифуновска.

“Се познаваме, снимавме спот заедно. Што и се случува…Не сум ја видел со месеци, од лани ја немам видено, нит знам што прави. Се најубаво и посакувам. Јас не знам што прави она моментално“, одговари Владо.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2019 во 23:44

ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МАНЕКЕН

 Мио Ристиќ, човекот што ја донесе светската мода во Скопје 


ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МАНЕКЕН: Мио Ристиќ, човекот што ја донесе светската мода во Скопје (ФОТО)

Миодраг Ристиќ или едноставно познат како Мио,  беше првиот манекен кој прошета по модната писта и ги преслика светските модни трендови во македонската метропола. Една од најурбаните скопски фаци, градска легенда кој на скопјани и пошироко прв ќе им покаже како се чекори по модна писта, прв ќе ги преслика Париз, Њујорк, Лондон, Милано, Белград… во Скопје, заедно со Лиле – „Липс“ ќе го имаат првиот бутик во главниот град, ќе биде дел од првите модни фотосесии… Во многу нешта кога е модата и не само модата во прашање Мио бил пионер – пишува вистина.мк.

Неговите модни ревии и модни перформанси во рамките на првите скопски пополноќни забави се’ уште се прераскажуваат. Најубавите скопски девојки во тоа време, меѓу кои подоцна некои станаа и се’ уште се име и презиме во оваа земја, биле дел од женската „модна ергела“ на Мио.

Неговиот бутик „Мио“ во 80-тите години ќе биде епицентарот од каде во Скопје, а со тоа и во Македонија ќе излегуваат најмодерните модни парчиња, кои најпознатите скопски јавни, но и урбани фаци ќе ги носат на себе како перјаници на актуелната мода во тоа време.

Но, не само модата се врзува за урбаната скопска легенда Мио. Години потоа тој и неговите локали ќе бидат заштитен знак на скопскиот ноќен живот. Особено легендарната „Академија“, еден од првите скопски ноќни клубови кој ќе работи „од самрак до мугри“.

А таму, од скопскиот и не само скопскиот „крем“, јавните лица, музичките ѕвезди, најубавите девојки, најдобрите забави, првите македонски бизнисмени, безбедносни структури, лица од  балканското подземје… сите на купче. Сите на едно место, а местото култно со години!

Денес Миодраг Мио Ристиќ живее во Марбеља во Шпанија.

0
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2019 во 23:42

Калтрина Балаш ги руши сите граници 

March 7, 2019
&nbsp;Калтрина Балаш ги руши сите граници (ФОТО)

Речиси сите девојки изгледаат убаво, но Албанката од Скопје, Калтрина Балаш ги руши сите граници. Таа секојдневно објавува провокативни фотографии на својот Инстаграм профил.

Атарктивната професорка по солфеж и диригирање и мејкап артист денеска ги запали социјалните мрежи со уште неколку свои нови фотографии од последните фотосесии направени од уметничкиот фотограф Мики Трајковски – Манца.  Таа на фотките е облечена во еротска црна долна облека. Високо „штикли“ и црни мрежести чорапи, жартиери, градник и гаќички од тантела.

„Нема страст без инстинкт“ – напиша русокосата убавица.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2019 во 23:39

Ме распнаа дека имам СИДА, се затворив со девојката, ама и таа избега - искрено со Владо Јаневски





Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2019 во 01:01

Лозано

 Откако раскинав со вереницата, најдов сила да закрепнам



Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2019 во 00:26

Катарина Ивановска

 по втор пат ќе стане мајка 

March 21, 2019
Катарина Ивановска по втор пат ќе стане мајка (ФОТО)

Македонската манекенка и топ модел Катарина Ивановска по втор пат ќе стане мајка.

Иако се уште е во раната бременост, Катарина, покрај обврските дома, ангажирана е и за снимање на модни брендови.  Таа деновиве беше да ја снима фотосесијата за „Парос“ во Грција, моден бренд со кој подолго време соработува.


 

Инаку Катарина и Цобе веќе го имаат синот Вања кој во мај ќе наполни две години.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2019 во 23:32

Веселбата на семејствата Поп Христови и Родригез на свадбата во Еквадор 


Веселбата на семејствата Поп Христови и Родригез на свадбата во Еквадор (ФОТО и ВИДЕО)

Преку фотографии објавени на својот фејсбук профил Гордана Деан Поп Христова, сопруга на актерот Кирил Поп Христов – Кили,  долови дел од свадбената веселба на која нејзината ќерка Јоана во Еквадор се омажи за Родригез Сориа Хосе Луис. Избраникот на Јоана има 30 а таа 24 години и во јуни ќе станат родители. Тие заедно биле четири години, а претходно биле најдобри другари.

Инаку, интересен е коментарот на Гордана околу земање на презимето на мажот.

“Другари во Латинска Америка жената не го зема презимето на мажот и кога прашавме за тоа, женскиот дел од фамилијата беше згрозен: како тоа на мажот презимето, па он не ме поседува, јас не сакам да менувам презимето од моите родители. Децата имаат 4 имиња, два имиња и два презимиња. Едно име бира мајка, друго татко то, а презимињата се од двата родители“ – напиша таа на својот Фејсбук профил

.


Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2019 во 19:55

Роберт Саздов сведочеше на судењето на Панки во Солун

April 4, 2019
Роберт Саздов сведочеше на судењето на Панки во Солун

Роберт Саздов сведочел на првото суење на колегата од „Куку леле“, Сашо Каимовски – Панки. Роберт морал пред грчкиот суд во Солун, да докажува дека е познат пејач во Македонија.

“ Морав да однесам насловни страници, да покажам телевизиски емисии, гостувања и што ли уште не, бидејќи само спотовите од „Јутјуб“ не можеле да помогнат во одбраната на Панки“, рекол Роберѕ во телефонскиот разговор со екипата на „Ексклузив“.

Инаку, пред десетина дена Панки беше уапсен на граничниот премин Евзони поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2019 во 23:39

Актерите се простуваат од Беличанец 

April 7, 2019
Актерите се простуваат од Беличанец&nbsp;

Актерката Билјана Беличанец  беше пронајдена мртва вчера околу 23 часот, а МВР денеска официјално соопшти дека 45-годишната актерка, инаку мајка на две деца, се обесила во бањата, а ја пронашол сопругот.

Од неа со голема тага денеска се простија дел од актерите.

“Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче.Замина во Недојдиј”, напиша актеротДраган Спасов-Дац

– Почивај во мир драга Беличанец и во вечноста пронајди го она што овде не можеше. Бескрајно ќе ни недостасуваш, напиша, –  Јелена Жугиќ.

Актерката Јелена Јована со емотивна порака се прости од нејзината постара колешка.

„Се надевам дека сега си на подобро место…

Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…

Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…

Толку многу даде, а уште колку многу остана….

Тешко и за неверување маме..

Ти благодарам за СЕ!

Почивај во мир Билјана Беличанец“-напиша Јелена.

Игор Џамбазов напиша: “Почивај во мир моја Б. Б.“


– Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет, – напиша Васил Зафирчев.


Image result for bela ruza



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.