IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Тарт
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тарт

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2018 во 16:46


Тарт со праз

Брашно(500 Грама)

Вода(мешана со млеко 250 мл )

Квасец(20 грама свеж )

Шеќер(2 Супени лажици)

Масло(50 Милилитри)

Јајце(1-2 )

Маргарин(100 грама растопен )

Праз(1 страк )


ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Од состојките се замесува тесто и се остава на топло 15 минути.
  2. Тавата се премачкува со растопен маргарин.
  3. Тестото се дели на топчиња колку што сакате да има кори.
  4. Расукајте го секое топче во кора и редете го во тавата.
  5. Попрскувајте го со маргаринот, па наросувајте го со претходно исечканиот и посолен праз.
  6. Редете до последниот ред, па на крај филувајте со преостанатиот праз.
  7. Последната кора расукајте ја и исечете ја со машинче (онакво како за пица сечење) во ленти, па наредете ги врз питата.
  8. Страните на тестото свиткајте ги и оставете уште 15 минути на топло да отстои.
  9. Потоа печење ја питата во загреана рерна додека убаво да зарумени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2018 во 22:07
&amp;#208;&amp;#146;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;»&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;


Ванила тарт со вишни

Состојки
Кора
300 гр брашно
150 гр ладен путер
1 мало јајце
100 гр шеќер во прав
1/4 лажичка сол
Ванила крем
250 мл млеко
1 кесичка пудинг од ванила
1 лажица ванила екстракт
100 гр шеќер
50 гр омекнат путер
Крем од вишни
300 гр вишни
100 гр шеќер
1 лажица нишесте
100 мл вода

Во садот каде ќе месите помешајте ги брашното и солта. Додадете го ладниот путер исечен на коцки и со прстите тријте за да се добијат трошки. Потоа ставете го јајцето малку разматено и шеќерот и формирајте го тестото без многу месење, прво со лажица, па со раце. Тестото расукајте го на хартија за печење и пренесете го во тавчето за тарт (Ф25-26). Вака спремено оставете го во фрижидер на 1 час, а за тоа време спремете го кремот. Пред печење добро избоцкајте го вилушка и печете го во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.

За кремот, ставете 200 мл млеко и шеќерот во тенџерче да се загрее. Пудингот и екстрактот на ванила разматете ги во останатото млеко и сварете крем во загреаното млеко. Кремот покријте го директно на површината со пластична фолија и оставете го да се олади. Потоа изматете го путерот и додате го изладениот крем. Матете додека не добиете мазен крем.

Печената кора ставете ја на чинија за сервирање и исфилувајте ја со ванила кремот. Потоа спремете го кремот од вишни.

Вишните исчистете ги од семките и ставете ги во тенџерче заедно со шеќерот да провријат, треба да пуштат сок. Густинот разматете го во водата и сварете крем со вишните. Топлиот крем ставете го директно врз ванила кремот и оставете го да се излади.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2018 во 22:08
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;


Тарт со капини

Состојки
Ровко тесто
350 гр. брашно
170 гр. шеќер
170 гр. путер
1 јајце
1/2 пакетче пециво
1 рендана кора од лимон
прстофат сол
Полнење
500 гр капини
100 гр мелени бисквити или пишкоти
Прелив
100 гр кисела павлака
4-5 лажици ликер од капини (или др. шумско овошје)
100 гр шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
1 јајце
100 гр мелени бадеми

Ова е еден прекрасен овошен богат тарт со капини, во вкусно ровко тесто.

Како што се доближува пролета, гледам да ги потошам залихите од замрзнато овошје, бидејќи доаѓа сезона на ново свежо вкусно овошје. Па така настана овој тарт.

1. Се замесува тесто од наведените состојки и се става во фолија и во фрижидер, да се одлади половина час.
2. За тоа време се подготвуваат останатите состојки. Се мелат бисквитите и бадемите.
- Капините е најдобро неколку часа предходно да се извадени од замрзнувач, за да не ви се растураат при редење на питата.
- Подгответе тавче, на кое обрачот се отстранува и долниот дел обложете го со хартија за печење, а страниците премачкајте ги со путер/маргарин.
- Вклучете ја рерната на 180 степени.
3. За преливот потребно е сите состојки да ги измешате во еден длабок сад.
4. Тестото расукајте го на набрашнета површина кората да биде барем 5мм дебела. Немојте многу тенко да го расукате. Ставете го тестото во калапот и страниците убаво притиснете ги.
5. Посипете го тестото со мелени бисквити.
6. Капините распределете ги низ целата пита, ставете 400 гр., а 100 гр оставете на страна.
7. Врз капините ставете го преливот, убаво да се распредели насекаде.
8. Врз преливот ставете ги преостанатите 100 гр капини.
9. Страниците притиснете ги надоле, да се изедначат со филот.
10. Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 20-30 мин, додека тестото да фати убава румена коричка.
11. Оставете ја питата убаво да се излади и стегне, за полесно да ви се сече.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2018 во 22:11

Домашно колаче за кое не ви требаат комплицирани состојки и процедури, а во вкусот може да уживате во секој дел од денот.


Потребни состојки:

За подлога:

  • 110g брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 50g кафеав шеќер
  • Малку сол
  • 60g путер

За крем:

  • 500ml млеко
  • 140g кафеав шеќер
  • 2 големи јајца
  • Малку екстракт од ванила
  • 50g густин
  • Цимет по желба
  • domacen-mlecen-tart-koj-se-topi-vo-usta-01.jpg

Подготовка:

Измешајте го брашното со кафеавиот шеќер, солта и прашокот за печиво. Додајте го ладниот путер сечкан на коцки и замесете тесто. По потреба, додадете 1-2 лажички ладна вода.

Тестото замотајте го во проѕирна фолија и оладете го околу половина час во фрижидер.

Изладеното тесто растегнете го со сукало и поставете го на дно на тава за печење. Подигнете ги рабовите преку калапот и печете 10-15 минути на 180 степени.

Печената кора изладете ја додека го приготвувате кремот.

400ml од млекото загрејте до точка на вриење. Изматете ги јајцата, шеќерот, густинот и ванилата и додадете ги преостанатите 100ml млеко.

Истурете во зовриеното млеко и мешајте неколку минути додека кремот не се згусне. Изладете до собна температура, па потоа кремот ставете го во кората.

Оставете да се олади во фрижидер неколку часа.

Оладениот тарт посипете го со цимет.

Послужете со кафе или чај и уживајте во комбинацијата од ароми на путер, цимет и млеко.



Изменето од Valerija - 02.Ноември.2018 во 22:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2018 во 22:26
Pumpkin tart | Sitno seckano

Тарт со тиква

тесто

1 шоља брашно (од кои 1 лажица пченкарно, а останатото бело и интегрално грахам брашно)

½ лажица шеќер

60 g путер, ладен, исечен на коцки

2 лажици павлака

2 лажици ладна вода (или колку е потребно)

измешајте ги брашното и шеќерот, па додајте ги коцките путер и мешајте со прсти или со блендер за тесто додека не се направат зрнца. додајте ја павлаката и една по една лажица ладна вода и мешајте го тестото сé додека не успеете да ги споите зрнцата во топка тесто.

тестото може да се направи и неколку дена однапред и да стои во фрижидер додека не ви притреба, или да се замрзне на подолго време. засега оставете го во фрижидер, завиткано во кеса или поклопено во ванглата, додека ја подготвите тиквата.

Pumpkin tart | Sitno seckano

излупете ја тиквата, исчистете ја од семки и исечете ја на тенки резанки. развлечете го тестото со сукало, врз малку побрашнета површина и префрлете го во плитко тавче или развлечете го врз хартија за печење, па заедно со хартијата ставете го во големо тавче.

наредете ги тенките парчиња тиква со мало преклопување. во мал сад измешајте 1 лажица темно кафеав шеќер со малку мелени цимет, каранфилче и пимент и посипете ја тиквата со тоа. преклопете ги краевите од тестото врз филот, правејќи фалти. можете тестото да го премачкате со млеко и да го посипете со кафеав шеќер. ставете го тартот да се пече околу 20-25 минути, во рерна загреана на 175°C, или додека тиквата не е малку омекната, а тестото заруменето.

Pumpkin tart | Sitno seckano

i

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2019 во 10:32
Тарт со крем од костени

Тарт со крем од костени

Состојки
Тесто за тарт
250 гр брашно
180 гр путер, ладен
50 гр шеќер
1 јајце
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка кора од портокал
прстофат сол
Крем од костени
500 гр варени костени, излупени
100-150 мл млеко, отприлика
410 гр кондензирано млеко
3 јајца
80 гр кафеав шеќер
100 гр шеќер
1 лажичка ванила
15 гр густин
1/2 лажичка мелен ѓумбир
прстофат мелен кардамом
прстофат морско оревче

1. За подготовка на тестото, се мешаат сувите состојки, се додава путерот и со рацете се втрива. На крај се додава изматено јајце и се поврзува. Се обликува диск и се става во фрижидер да одстои 1ч. Потоа со него се обложува калап за тарт со димензии 26см.
2. За подотовка на кремот со костени, излупените костени се пасираат со малку млеко за да се добие мазна смеса.
3. Јајцата се матат со жица за матење и се додава кремот од костени, кондензираното млеко, шеќерот, ванила и на крај измешани зачините со густинот. Со филот се полни тартот се пече 40-45 мин на 180Ц
4. Пред служење се посипува со какао и се украсува со чоколадни листови


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2019 во 10:35
Тарт со урда и домати

Тарт со урда и домати

Состојки
Кора
200 гр. брашно
130 гр. путер, ладен
1 лажица пармезан
4-6 лажици вода
прстофат сол
Фил
4-5 лажици урда
1 лажица павлака
1 лажица пармезан
2 јајца, помали
1/2 домашна кобасица на коцки
по вкус бибер
по потреба домати на резанки
Користени Делимано производи

Подготовка
1. За подготовка на кората промешајте го брашното, пармезанот и солта и додадете го ладниот путер исечкан на коцки. Најпрво со вилушка измешајте колку можете, а потоа со рака втријте го путерот за да добиете трошки. Путерот не треба целосно да се стопи во тестото, треба да се познаваат мали топченца низ него. Додадете ладна вода по потреба, само да се поврзе тестото и обликувајте диск. Гледајте колку може помалку тестото да го месите со рака бидејќи на тој начин го топлите, путерот ќе се растопи и печеното тесто нема да ја има таа крцкавост.
2. Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер минимум ½ час.
3. Потоа извадете го, расукајте го со сукало и префрлете го во округла модлата за тарт со пречник 23 см. и избоцкајте ја кората со вилушка.
4. Измешајте ги сите состојки за филот и наполнете го тартот. Потоа одозгора наредете ги резанките домат. Премачкајте ги со четка со маслиново масло и ставете го тартот да се пече 30-35 мин на 180Ц.
5. Испечениот тарт оставете го да се олади, потоа извадете го од формата, исечете го на парчиња и послужете.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2019 во 10:37
Летен тарт со кајсии (без миксер)

Летен терат со кајсии

Состојки
4 кајсии (околу 350-400 гр.)
1 јајце
120 мл. масло
180 мл. млеко
9 лажици шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
3 лажици гриз
1/2 пециво
12 лажици брашно
2 лажици ореви (ситно сечкани)

Неодоливо вкусен колач кој овој пат го направив како тарт со кајсии како избрано овошје. Подготовката е таман за во лето кога сакаме да направиме нешто брзо, а во исто време доста освежитено и вкусно. Го обожавам киселкастиот вкус на кајсиите кој овде му даде прекрасен шмек на тартот.

1. Рерната се вклучува на 200 степени, а за тоа време ќе се подготви се по ред.
2. Во подлабок сад се става јајцето, маслото и млекото и се меша со жица за матење.
3. Потоа се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и гризот и со жицата се мати додека да се стопи шеќерот.
4. На крај се додава брашното во кое е помешано пецивото, се изедначува сето да се добие мазна густа смеса која се истура во намастена и набрашнета тава за тарт или тава бр. 26.
5. Кајсиите се лупат и се сечкаат на кришки кои се редат во круг одозгора врз тестото (како на дополнителната слика), се посолува со оревите и се пече првин 20 минути, а потоа уште 10-15 минути на 180 степени.
Се чека да излади и се ужива во вкусот.

* Кајсиите нека бидат посочни и меки за да се добие сочен вкус.
* Може да се стави и друг вид на овошје: праски, јагоди, јаболка, цреши, вишни ...
* Ако ја дуплирате дозата подесете ја количината на овошјето што ќе го ставите и печете во плех од шпорет.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2019 во 10:41
Тарт со вишни и шлаг-пена


Тарт со вишни и шлаг пена


Состојки
300 гр мелени бисквити
150 гр маргарин
50 гр шеќер
1 чаша млеко
1 кесичка пудинг од ванила
1 жолчка од јајце
1 кесичка ванилин шеќер
50 гр шеќер
50 гр маргарин
350 гр вишни
80 гр шеќер
2 лажици нишесте
100 мл вода
1 кесичка шлаг-пена

1. Во мелените бисквити се додаваат растопениот маргарин и шеќерот и се промешува.
2. Смесата се истура во тавче за печење и се пече 15 минути на 180 степени.
3. Една чаша со млеко се става во тенџере да се загрее.
4. Пудингот се мати со шеќер, жолчка и ванилин шеќер и се додава во млеко.
5. Се вари кремот.
6. Во изладениот крем се додава маргарин и се мати со миксер.
7. Вишните се чистат од семките и се ставаат во тенџере заедно со шеќерот да се варат.
8. Нишестето се мати со вода и се додава во тенџерето со вишни и се вари прелив.
9. Врз печената подлога се става кремот, а врз кремот прелив од вишни.
10. Се става во фрижидер да се олади на 2 часа.
Се декорира со шлаг-пена.
Бон апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2019 во 10:43
Тарт со тиква и лешници (посно)

Тарт со тиква и лешници

Состојки
За крем од тиква
900 гр тиква (исчистена)
13 лажици шеќер
1/2 лажичка цимет
1 ванилин шеќер
100 гр мелени лешници
рендана кора од 1 портокал
прстофат мускатно оревче
80 мл вода
За тесто
500 гр брашно
200 мл палмово масло
175 мл вода
1 лажичка пециво
1 ванилин шеќер
1 лажица шеќер
прстофат сол
За обожавателите на тиква еве еден интересен рецепт со крем од тиква. Ако немате тавче за тарт можете да си направите и тарталети во калапи за мафини.

1. Тестото го замесуваме со сите состојки за тесто. Го оставаме ½ час до 45 минути во фрижидер завиткано во проѕирна фолија.
2. Тиквате се лупи од кората и се сечка на парчиња. Се става со шеќерите, циметот, водата и мускатното оревче на тивка температура да омекне тиквата. Повремено се промешува.
3. Откако убаво ќе омекне, тиквата ја блендираме до совршено мазна структура, па ја оставаме да се олади. Лешниците ги мелеме на машинка за мелење ореви и ги додаваме во изладениот крем од тиква. Додаваме и рендана кора од 1 портокал. Промешуваме
4. Тавчето за тарт го мачкаме со масло и брашно, а ако имате делимано тавче за тарт само со масло. Од тестото одвојуваме мал дел кој ќе ни служи за украсување на тартот. Рерната ја вклучуваме на 220 степени.
5. Тестото го расукуваме во кора која ќе биде 3-4 см поголема од основата на тавчето. Ја ставаме кората, убаво ја формираме по страните и во долниот дел што е на дното ја боцкаме со вилушка , на повеќе места.
6. Го ставаме кремот врз тестото и од останатото тесто правиме форми по желба и го украсуваме тартот.
7. Го ставаме да се пече, околу 35 минути, да поцрвени кората. Кога ќе се испече го ладиме, наросуваме шеќер во прав на деловите со тесто и го вадиме од тавче. Пријатен апетит.

Забелешка
Портокалот ставете го да отстои во вода со сода бикарбона барем еден час пред да го рендате. Да се исчисти колку може од несакани материи.
Откако го испеков тартот ставив и мелени аранчини, околу 1 лажичка за декорација и вкус.
Пробајте ја тиквата додека е жива, ако не е блага додадете шеќер повеќе во варењето од што сум пишала.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2019 во 10:45
Тарт со спанаќ

Тарт со спанаќ

Состојки
тесто
250 г брашно
120 г маргарин
1 жолчка
1лажичка шеќер
малку сол
50 мл ладна вода
фил
500 г спанаќ (зеље, блитва)
300-400 гр урда и сирење (50-50%)
по потреба сол
1/2 павлака
2 јајца

Рецепт инспириран од Делимано Фантасиа Округлата тава.
Ужинка или доручек а ла Попај морнарот.

Замешајте го маргаринот претходно омекнат со жолчката, шеќерот, солта и потоа додавајте го брашното со прашокот за пециво. На крајот додадете ја ладната вода. Кога ќе добиете убаво и компактно тесто, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да постои 30 минути.
Во меѓувреме подгответе го филот- спанаќот исчистете го и убаво обарете (да испари целата вода инаку ќе ви дојде тартот длекав). Додадете ја урдата и сирењето и убаво измешајте (јас ја додадов и белката што ми остана од тестото.
Во друг сад ставете ја павлаката и двете јајца и убаво измешајте.

Тартот го расукувате помеѓу две фолии (за да не ви се залепи) и го ставате во Делимано Фантасиа Округлата тава.(немате потреба да намрсувате). Го ставате филот со спанаќот, а најодозгора филот со павлаката. Со високот од тесто правите витки од страната.
Печите во загреана рерна на 200Ц, додека убаво не се зацрвени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 10:29
Тарт со тиква и лешници (посно)


Состојки
За крем од тиква
900 гр тиква (исчистена)
13 лажици шеќер
1/2 лажичка цимет
1 ванилин шеќер
100 гр мелени лешници
рендана кора од 1 портокал
прстофат мускатно оревче
80 мл вода
За тесто
500 гр брашно
200 мл палмово масло
175 мл вода
1 лажичка пециво
1 ванилин шеќер
1 лажица шеќер
прстофат сол

За обожавателите на тиква еве еден интересен рецепт со крем од тиква. Ако немате тавче за тарт можете да си направите и тарталети во калапи за мафини.

1. Тестото го замесуваме со сите состојки за тесто. Го оставаме ½ час до 45 минути во фрижидер завиткано во проѕирна фолија.
2. Тиквате се лупи од кората и се сечка на парчиња. Се става со шеќерите, циметот, водата и мускатното оревче на тивка температура да омекне тиквата. Повремено се промешува.
3. Откако убаво ќе омекне, тиквата ја блендираме до совршено мазна структура, па ја оставаме да се олади. Лешниците ги мелеме на машинка за мелење ореви и ги додаваме во изладениот крем од тиква. Додаваме и рендана кора од 1 портокал. Промешуваме
4. Тавчето за тарт го мачкаме со масло и брашно, а ако имате делимано тавче за тарт само со масло. Од тестото одвојуваме мал дел кој ќе ни служи за украсување на тартот. Рерната ја вклучуваме на 220 степени.
5. Тестото го расукуваме во кора која ќе биде 3-4 см поголема од основата на тавчето. Ја ставаме кората, убаво ја формираме по страните и во долниот дел што е на дното ја боцкаме со вилушка , на повеќе места.
6. Го ставаме кремот врз тестото и од останатото тесто правиме форми по желба и го украсуваме тартот.
7. Го ставаме да се пече, околу 35 минути, да поцрвени кората. Кога ќе се испече го ладиме, наросуваме шеќер во прав на деловите со тесто и го вадиме од тавче. Пријатен апетит.

Забелешка
Портокалот ставете го да отстои во вода со сода бикарбона барем еден час пред да го рендате. Да се исчисти колку може од несакани материи.
Откако го испеков тартот ставив и мелени аранчини, околу 1 лажичка за декорација и вкус.
Пробајте ја тиквата додека е жива, ако не е блага додадете шеќер повеќе во варењето од што сум пишала.




Изменето од Valerija - 14.Ноември.2019 во 10:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2019 во 18:11
Тарт од јаболка


Тарт од јаболка


За сите љубители на разноврсните пити и тартови, Сања ни праќа превкусен рецепт за тарт од јаболка. Напоменуваме дека е многу брзо се прави, а секој ќе сака да го дознае рецептот кога ќе го проба првото парче 🙂

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:

  • 250 гр брашно
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр маргарин
  • 2 јајца
  • 1/2 прашок за пециво
  • 2 лажици зејтин

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

  • 4 јаболки
  • мармалад од сливи
  • 100 гр исецкани ореви
  • цимет по желба

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

  1. Во длабок сад ги ставаме сите состојки за тестото и го замесуваме.Потоа го размесуваме во една поголема кора и го ставаме во тава за печење.
  2. Ја премачкуваме кората со мармалад и ги редиме излупените и исецкани на парчиња јаболки, попрскуваме со ореви и цимет.
  3. Печеме околу 25 минути на температура од 220 степени.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 09:17
Состојки
Тесто
300гр. брашно
1 јајце
50гр. растопен путер
100мл. млеко
1 лажичка пециво
малку сол
Крема
350мл. млеко
50гр. путер
45гр. брашно
50гр. ситно рендан кашкавал
2 варени моркова
прстофат морско оревче
малку сол, црн бибер
За посипување ленено семе

Од состојките за тесто замесете тесто и оставете да отстои 20-тина минути.

Во меѓувреме подгответе ја кремата.
Во касерола ставете го путерот да се растопи.
Додајте го брашното и мешајте додека брашното малку се запржи.
Потоа додајте го топлото млеко и мешајте додека се згусти.
Посолете, наросете малку црн бибер и морско оревче.
Додајте го ренданиот кашкавал и покрупно изблендираните варени моркови.
Измешајте убаво.

Тестото расукајте го и ставете го во тава за тарт.
Избоцкајте го со вилушка и истурете ја кремата.
Посипете со ленено семе и печете 10-15 минути на 200 степени, а потоа намалете на 180 и печете уште 15-тина минути.

Испечениот тарт оставете да се подолади и послужете со сувомеснато.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 2,188 секунди.