IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Француска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Француска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 18:57
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#158;&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;°

Торта Опера

Состојки
Пандишпан
4 (240-250 гр) јајца
4 (150 гр) белки
200 гр шеќер во прав
200 гр многу ситно мелени бадеми
50 гр шеќер
65 гр брашно
40 гр путер
Чоколаден фил -Ганаш
200 гр чоколада за готвење
180 гр слатка павлака
50 гр путер на собна температура
Фил од кафе
250 гр путер омекнат на собна температура
3 жолчки
150 мл млеко
100 гр шеќер
1 полна лажица инстант кафе
Сируп од кафе
300 мл вода
150 гр шеќер
1 полна лажица инстант кафе
Чоколадна глазура за најдолната кора од тортата
70 гр чоколада за готвење
1 лажица масло
Чоколадна глазура за одозгора на тортата
120 гр чоколада за готвење
50 гр слатка павлака
50 гр путер
Тортата е презедов од Француската слатка кујна, богата со чоколаден - кафен вкус.

Подготовка на корите

Плех за печење (36х31) намачкајте го со малку путер и ставете хартија за печење. Рерната загрејте ја на 200 степени.
За подготовка на корите најпрво во еден сад измешајте ги бадемите, брашното и шеќерот во прав.
Путерот стопете го и оставете го да олади.
Белките разматете ги со прстофат сол и со постепено додавање на шеќерот продолжите да матите додека се добие цврст снег. Оставете ги на страна.
Во друг сад ставете ги јајцата и мешавината од бадеми, шеќерот во прав, брашното и матете ги да се изедначат. Доволни се само 4-5 минути, ништо повеќе. Сега додајте го и путерот и кратко изматете го да се спои во смесата.
Исклучете го миксерот и додајте ги белките на 2-3 пати и лесно мешајте со шпатула да се изедначат.
Пола од смесата истурете ја во плехот и печете ја 10-11 минути. Кората е тенка и брзо се пече, треба да остане светла.
Кога е печена извадете ја од плехот на страна а плехот измијте го со ладна вода побрзо да олади и повторно малку намачкајте го со путер и ставете хартија за печење.
Истурете ја и останатата смеса и испечете ја. Оставете ги да оладат.

Подготовка на сирупот од кафе
Водата, шеќерот и кафето ставете ги да зовријат нека варат 2 мин, потоа оставете ги да оладат.

Подготовка на филот од кафе
Жолчките малку разматете ги со пола од шеќерот(50гр). Останатиот шеќер со млекото ставете ги да зовријат во тенџерче што не лепи. Откако ќе зовријат, тргнете го на страна додајте ги жолчките и измешајте. Вратете ги на тивок оган и варете ги на пареа 10 мин со постојано мешање и внимавајте никако не смеат да провријат.
Префрлете ги во сад за матење и почнете да ги матите додека оладат. Со прстот малку маките и ако се ладни тогаш се готови.
Откако се оладиле додајте го кафето и постепено додавајте го путерот и матите додека кремот се изедначи. Оставете го да се лади во фрижидер.

Подготовка на ганашот
Чоколадата и путерот ставете ги на пареа да се топат, а слатката павлака загрејте ја и додајте ја во чоколадата и путерот. Убаво измешајте ги да се изедначат.
Оставете го да олади на собна температура, но при тоа внимавајте да не биде премногу цврст бидејќи при филовање нема да се залепи кората и ќе се дели при сечење на парчињата.

Откако корите се оладени, од секоја кора исечите 1/3 од кората. Така од тие 2 дела ќе ја добиеме и средната кора од тортата.

Сега подгответе ја и глазурата за долната кора од тортата
Чоколадата со маслото стопете ја на пареа и премачкајте една кора. Ставете ја во фрижидер побрзо да олади и стегне.

Филовање на тортата
На подлога за торта прво ставете ја кората со чоколадата така што чоколадата да биде надолу. Со помош на четче убаво натопете ја со сирупот од кафе и намачкајте ја со пола од филот од кафе. Ставете ја втората кора (двете исечени 1/3 од корите) натопете ја со сируп од кафе и намачкајте го целиот чоколаден фил-ганашот. Ставете ја третата кора малку притиснете да се залепи, натопете ја со сирупот од кафе и намачкајте ја со останатиот фил од кафе.
Оставете ја во фрижидер филот да се стегне пред да е покриете со глазурата.

Подготовка на глазурата
На пареа заедно стопете ги чоколадата, павлаката и путерот и прелијте ја на над филот. Оставете ја глазурата да се стегне и потоа со неколку коцки стопена чоколада напишете Опера и виолински клуч.

Тортата оставете ја да отстои во фрижидер, најдобро 1 ден да се стегни и спојат вкусовите. Пред сечење страничните делови исечете ги за поубав изглед на парчината. Иначе не е многу висока и најдобро е да се служи во правоаголни парчиња.





Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2018 во 19:00
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;°&amp;#208;±&amp;#208;»&amp;#195;©&amp;#209;&amp;#129; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;» &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#132;&amp;#194;&amp;#180;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#184;


Саблес со фил од суви смокви и фстаци

Состојки
Тесто
200гр брашно
100гр мелени бадеми
80гр шеќер во прав
150гр омекнат путер (на собна температура)
1 јајце
1 ванилин шеќер
прстофат сол
Фил
200гр суви смокви
50мл вода
1 лажица мед
50гр ф´стаци
по потреба шеќер во прав за посипување на колачите

Саблéс се колачи (бисквити) од типот слични на нашите ванилици, меки, ровки, се топат во уста.

Во длабок сад ставете ги сите состојки за тестото и замесете цврсто тесто. Истото ќе се лепи малку за дланките, па затоа завиткајте го во стреч фолија и ставете го во фрижидер да отстои 30-тина минути.

Смоквите исечкајте ги на покрупно, ставете ги во едно мало тенџере и додадете медот и водата. Ставете да се вари. Откога ќе почне да врие намалете ја температурата на ниска, поклопете со капак и оставете така да крчкаат 5 минути. Оставете малку да се оладат, па со штабен миксер или во сецко измиксајте ги да добиете смеса налик на паста. Додадете ги ф´стаците и убаво измешајте ја смесата.

Работната површина убаво набрашнете ја. Тестото поделете го на два еднакви дела и од секој дел развлечете долга, правоаголна кора. На пошироката страна распоредете го едниот дел од филот и завиткајте во цврст ролат. Со рацете оформете колку можете да добиете четвртаста форма на ролатот. Завиткајте во стреч фолија и ставете во фрижидер да отстои половина час.
Рерната загрејте ја на 160 степени.
Од секој ролат сечете парчиња со должина од 2-3 см и редете ги во плех на хартија за печење. Печете ги 20-25 мин во зависност од рерната. Готови се кога одоздола ќе поруменат, а одозгора треба да останат светли.
Откако ќе се изладат, посипете ги со шеќер во прав.

Напомена
Филот трпи и повеќе ф´стаци отколку што е напоменато во рецептов. Доколку го сакате нивниот вкус, слободно дуплирајте ја количината.
При варењето на смоквите може да додадете и 1 лажица сок од портокал, филот така ќе добие освежителна нота.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.