IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пиете многу вода?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пиете многу вода?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 21222324>
Автор
Порака
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2010 во 17:59
не пијам многу вода, не бара организмот.сигурно пијам помалку од 2литра дневно
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2010 во 21:42
само кога сум на работа зашто таму не ми дозволуваат пиво тага
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 11:57

Моќното дејство на водата врз нашето здравје

 

Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот.

Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор.

Жена%20што%20пие%20водаВодата ни е неопходна за живот, но и за одржување на здравјето и убавиот изглед

Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Еве дел од бенефициите кои пиењето вода ни ги носи за подобро здравје и попривлечен изглед:

  1. Водата ја зголемува енергија. Една од најчестите причини поради кои луѓето се чувствуваат изморени во текот на денот е дехидратацијата. Дури и најслабата дехидратација води до намалување на енергијата. Водата ѝ помага на крвта во транспортот на кислород и други материи до различните клетки во телото. Па, кога телото има доволно вода, нивото на енергија е поголемо.
  2. Водата го забрзува метаболизмот и помага во слабеењето. Токму затоа секоја диета препорачува пиење на барем 2 литри вода дневно. Консумирањето на 1-2 чаши вода пред оброк значително го намалува апетитот и води до внесување на помал број калории. Но, освен тоа, водата го забрзува метаболизмот, особено ако е ладна. Кога консумирате ладна вода, телото се обидува да се затопли, а за да го направи тоа, троши дополнителни калории.
  3. Водата помага подобро и подолго да вежбате. Водата ја регулира телесната температура за време на вежбањето. Ако пиете доволно вода, ќе имате повеќе енергија и сила да го завршите вежбањето. Покрај тоа, водата ќе ви помогне да ги спречите грчевите на мускулите. Затоа, пијте многу вода пред вежбање, за време на вежбањето и по завршувањето на физичката активност.
  4. Водата го подобрува варењето на храната. Растителните влакна и водата се силна комбинација која го подобрува варењето на храната. Наспроти тоа, дехидратацијата предизвикува телото да ја апсорбира целата вода, оставајќи го дебелото црево суво, па така го отежнува процесот на дефекација.
  5. Водата го намалува ризикот од камен во бубрегот. Експертите предупредуваат дека честите случаи на камен во бубрегот кај децата и возрасните се последица на недоволната консумација на вода. Водата ги раствора минералите и солите во урината кои придонесуваат за создавањето на камен. Пијте доволно вода за значително да ја намалите веројатноста за појава на камен во бубрезите.
  6. Водата го намалува стресот и ја зголемува концентрацијата. Ако се земе во предвид фактот дека околу 80% од тежината на нашиот мозок претставува вода, тогаш не е тешко да се претпостави дека дехидратацијата е пречка за негово нормално функционирање. Недостатокот на вода му предизвикува стрес и на телото и на умот, а освен тоа ја намалува способноста за концентрација.
  7. Водата може да ја излечи главоболката. Главоболката често се јавува како последица од дехидратација. Во таков случај, консумирањето на неколку чаши вода ќе ви помогне да се ослободите од непријатната болка.
  8. Водата се бори против брчките и акните. Сметајте ја водата за природно средство кое ја негува вашата кожа на различни начини. Кога телото е дехидрирано, нежните линии и брчките се повидливи. Водата ја подобрува циркулацијата, па вашата кожа ќе придобие здрав сјај. Единствениот начин на којшто водата може да ѝ наштети на кожата е ако пречесто го миете лицето. Кожата лачи природни масла кои служат како заштита, па ако премногу често ги отстранувате, може да се соочите со сува кожа и појавување на брчки.

Па, побарајте мало шише со вода и постојано чувајте го до себе. Започнете уште сега да ја користите моќта на водата.

Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 13:08
znaci mora da se pie mnogu voda
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 13:16
очигледно да среќа
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 16:00
poveke od 2l. sigurno...
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 11:59
 

Водата е неопходна за нашиот организам, а со нејзино внесување дури согоруваме калории. Имено, внесот на големи количини на вода поттикнува користење на повеќе енергија, а со тоа и согорување на калории.

 Научниците тврдат дека лицата кои одеднаш ќе испијат пола литар вода наредните 90 минути трошат и до 30 проценти повеќе енергија.  Водата го поттикнува метаболизмот, ја зголемува потрошувачката на енергија, а со тоа согорува и 25 калории. Ако конзумирате и до два литри вода потрошувачката на калории се качува на дури 100 калории дневно.

 Со внесот на вода се прочистува крвта на кратко време. На тој начин очигледно се активира рефлексот во нашиот џигер, кој пак го поттикнува нервниот систем на паметни и физички активности.

И претходните истражувања покажале корист на водата за нашиот организам и линија. Чаша вода на пола саат пред јадење го ублажува чувството на глад поради што внесуваме помалку храна, т.е. калории. А водата е извор на здравје, младост и убава и негувана кожа...! 

Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 09:44
 

Од секогаш се зборувало дека пиењето вода спречува оштетување на бубрезите, помага за губење на вишокот килограми, за зголемување на концентрацијата итн... Меѓутоа, научниците сега опоменуваат дека осум чаши вода дневно не е добро за здравјето па дури може да биде и штетно.
Научниците според новото истражување докажале дека опасноста од дехидратација е мит, односно дека нема докази како водата ги спречува здравствените проблеми.
Се наведува дека советите за конзумирање на водата во поголеми количини било само трик за поуспешна работа на компаниите кои продаваат вода.

“Доколку пиете вода и тогаш кога не сте жедни, тоа не само што нема да ви ја подобри концентрацијата туку може и да ви ја намали. Понатаму, хемикалиите кои се користат за дезинфекција на флашираната вода исто така можат да ви наштетат“ - истакнуваат научниците од Шкотска.
Пиењето на прекумерана количина вода може да ви донесе несоница бидејќи логично е доколку пиете многу вода да ви се појави потреба за одење во ВЦ додека спиете. Исто така можете да ги оштетите и бубрезите, а не да ја спречите болката. Со прекумерено пиење вода можете да имате губење на солите што ќе резултира со отекување на мозокот.
Научниците од Шкотска ги подржал и американскиот професор Стенли Голдфарб кој навел дека е чиста заблуда дека поголемото количество вода може да помогне за губење на килограмите, пренесува Дејли Меил.

Кон врв
Phantomlord Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ThrasheR

Регистриран: 11.Септември.2008
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 434
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Phantomlord Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 20:42
Над 2 литри во текот на денот
\m/>.<\m/ Thrash' till death \m/>.<\m/
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 20:43
Пијам..особено сабајлечки

Изменето од Calipso - 09.Ноември.2011 во 20:43
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
smilegirl Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Декември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 48
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај smilegirl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2011 во 21:38
Пијам најмалку 7 чаши дневно
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2012 во 02:59

Како делува пиењето чаша вода пред јадење?

voda-slabeenje.jpg

Пијте повеќе вода и ќе бидете поздрави, напијте се чаша вода пред јадење и помалку ќе јадете - се некои од најчестите совети кои може да се слушнат за водата. Иако изгледаат разумни, овие совети до неодамна немаа многу научни докази кои ги подржуваа.
Група научници на чело со Бренда Дави, го направиле првото контролирано тестирање, испитувајќи ја врската помеѓу испиената вода и слабеењето. Извештајот от тестирањето, кое траело 12 месеци, покажал дека пиењето вода пред јадење може значително да помогне во намалување на вишокот килограми.

На состанокот на Американското хемиско друштво во Бостон, минатата година, др. Дави ги открила резултатите од едногодишната студија. Американското хемиско друштво е најголемото научно здружение на светот и глобален водич во осигурување на пристапите за истрежување поврзани со хемијата, па поради тоа на веќе кажаното истражување тоа му дава кредибилитет.

Научниците поделиле 48 неактивни Американци на возраст од 55-75 години во две групи. На членовите од првата група им е кажано да пијат поа литар вода пред секој оброк. Другата група не пиела вода пред јадење.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2015 во 23:40
Пијам многу.
Сигурно 2-3 литра дневно:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2015 во 23:44
Pijam dnevno duri i do 4 litriизненадување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 21222324>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.