IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Сладолед торти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сладолед торти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98302
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2019 во 09:16

Десерт на денот: Сладолед-торта со прелив од карамел


За пролетните денови предлагаме да се „засладите“ со сладолед-торта прелиена со карамел прелив, која се топи во уста!

desert-na-denot-sladoled-torta-so-preliv-od-karamel-01.jpg

Оние кои сакаат да експериментираат во кујната задолжително треба да го подготват ова слатко задоволство. 

Изгледајте го видеото, прочитајте ја постапката и пробајте го десертот на кој нема никој да одолее.

Потребни состојки:

За карамел и чоколаден сируп:

  • 1 шолја шеќер
  • 200ml вода
  • ½ шолја какао во прав
  • 4 лажици шеќер

За торта:

  • 2 лименки кондензирано млеко
  • 300ml млеко
  • 3 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • ½ шолја шеќер
  • 300g слатка павлака

Начин на подготовка:

Во мало тавче истурете 1 шолја шеќер и ставете ги на рингла постојано мешајќи додека не добиете карамел. Истурете ја смесата во калап и тргнете го настрана.

Во друго тавче, додадете ги водата, какаото и 4-те лажици шеќер. Мешајте на среден оган додека да се стопи и формира сируп.

Истурете ја чоколадната мешавина врз карамелот и ставете ги во замрзнувач 30 минути.

Во тавче ставете ги кондензираното млеко, обичното млеко, 3 жолчки и екстракт од ванила. Мешајте постојано додека се на тивок оган и додека не се направи густа смеса. Тргнете го тавчето од оган и оставете да се излади.

Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот додека не добиете смеса како шлаг. Истурете ја смесата во таа со пудингот од кондензирано млеко. Додадете во смесата слатка павлака за готвење.

Мешавината истурете ја во калапот врз замрзнатото чоколадо и карамел. Оставете во фрижидер 3 часа и свртете ја обратно при сервирање.



Изменето од Valerija - 08.Април.2019 во 09:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98302
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2019 во 08:16

Сладолед торта совршена за жешките денови: Потребни ви се три состојки и 15 минути време


Тортата од сладолед и бисквити е летниот десерт кој ќе го обожувате.

Состојки:

- 250 грама благи бисквити; 
- 3 лажици растопен путер; 
- 1.5 кг благ растопен сладолед (вкус по желба); 
- 200 грама овошје по желба. 

Подготовка:

Во блендер ставете 10 парчиња од бисквитите и обработете ги до ситни парчиња. Додадете го путерот и мешајте во блендерот додека смесата не се соедини.

Мешавината од бисквитите и путерот ставете ја во сад за печење.

Над тоа ставете го сладоледот и нежно распоредете го по целата површина. Потоа над сладоледот ставете го овошјето. Тортата ставете ја во замрзнувач најмалку 8 часа, односно додека не стане цврста.

Наздравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 98302
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2019 во 16:01

Декоративно и вкусно – ледена торта од сладолед и овошје

Доколку сакате слатки работи, а меѓу нив е секако и сладоледот, време е да ги искомбинирате вашите омилени десерти во еден – ледена торта со сладолед, кекси и овошје.

Ledena-torta-od-sladoled-i-ovoshje-01.jpg

Се подготвува лесно и брзо, а за изгледот навистина нема потреба да објаснуваме премногу, фотката кажува сè...

Потребни состојки:

  • 250 g бисквити по избор
  • 3 лажици растопен путер
  • 1.5 l малку стопен сладолед, со вкус по желбa
  • 200 g ситно, шумско овошје по желба

Начин на подготовка:

1. Ставете ги кексите во блендер и блендирајте ги додека не станат како брашно. Додадете ги трите лажици растопен путер и продолжете со миксирање додека не добиете еднолична смеса.

2. Префрлете ја смесата во кружен калап, по можност чиј обрач се отстранува, доколку имате. Колку калапот е помал, тортата ќе биде повисока, и обратно.

3. Добро натапкајте ја смесата од кекси. Врз неа прелијте го благо растопениот сладолед и обликувајте со шпатула.

4. Врз сладоледот распоредете го овошјето по желба. Оставете ја тортата во замрзнувач најмалку 8 часа.

Совет: За полесно отстранување на обрачот од калапот веднаш откако ќе го извадите од замрзнувачот, поминете го надворешниот дел од обрачот со крпа натопена со топла вода.



Изменето од Valerija - 12.Август.2019 во 16:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.