IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Браунис колачиња
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Браунис колачиња

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 20:43

Вегански „браунис“ со просо и урми


Ако е здраво и веганско, нека биде и превкусно.

veganski-braunis-so-proso-i-urmi-01.jpg

За подготовка на чоколадните вегански „браунис“ потребни ви се:

  • 300 грама сварено просо
  • 250 грама свежи урми
  • 100 грама растопено темно чоколадо со висок процент какао
  • 50 грама мелени чиа семки потопени во 100 милилитри вода

Сите горенаведени состојки се миксираат во блендер.

Префрлете ја смесата во длабока чинија, па додајте:

  • 50 грама кокосово брашно
  • 4 лажички мед (или јаворов сируп)

veganski-braunis-so-proso-i-urmi-02.jpg

Подготовка:

Смесата оставете ја да „одмори“ 20-30 минути. За тоа време, загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.

Ставете хартија за печење во тавата и нанесете тенок слој кокосово масло. Отстојаната смеса рамномерно нанесете ја во тавата за печење.

Печете го колачот околу 50 минути. Откако ќе биде испечен, оставете го целосно да се излади. Одозгора можете да декорирате со стопено темно чоколадо, со кокос или што било друго по ваша желба.

veganski-braunis-so-proso-i-urmi-03.jpg

Бонус совет:

За да ја отстраните целосно горчината на просото, оставете го претходната ноќ на стои во вода во која има исцеден сок од половина лимон. Следното утро истурете ја водата и измијте го просото, па ставете го да се свари.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2018 во 16:29
&amp;#208;&amp;#149;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;±&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129;  (Brownies)


Едноставен браунис

Состојки
1 чаша од 250 мл. брашно
¼ чаша какао
½ мала лажичка пециво
¼ мала лаижчка сол
110 гр. путер(на собна температура)
240 гр. темна чоколада со повисок процент на какао

Во сад измешајте ги сувите состојки.
Во сад на пареа стопете ја чоколада исечкана на коцки. Откако ќе се стопи чоколада додадете го путерот исечкан на коцки, оставете го да се стопи.
Тргнете ја од оган и додадаете го шеќерот, мешајте да се стопи на пола, потоа додадете ги целите јајца и брзо мешајте со жица да се соедини.
Течната смеса додајте ја на садот со сувите состојки и соединете со миксер или жица за матеше.
Смесата сипете ја во плех 20х30 см. обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 25-30 мин. или додека зарумени. Внимавајте да не го препечите.
Извадете го и оставете го да се излади, може да го служите додека е млако.
Посипете прав шеќер или служете со изматена слатка павлака.

П
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2018 во 16:31
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°

Браунис со тиква

Состојки
за браунис
125гр путер(маргарин)
200гр чоколадо
2 јајца
180гр шеќер
1 ванила
80гр брашно
за фил од тиква
1 јајце
100гр крем сирење
пола шола пире од тиква
1 ванила
малку цимет(по желба)
3 лажици брашно
ганаш
200мл слатка павлака
150гр чоколадо

Чоколадо и тиква одлична комбинација. Прекрасни мекани браунси со фил од тиква покриени со прекрасен ганаш. Кој би одолеал на вакво нешто?

Се матат со маталка јајцата со шеќерот и ванилата. На страна се топи на пареа путерот (маргаринот со чоколадото) Откако малку ќе се изладат се додаваат чоколадото со путерот во јајцата со шеќерот. Се мати убаво и на крај се додава брашното. Се мати додека не се добие убава мазна смеса.
Во намрсено тавче(23х23-коцка тавче за лазањи е идеално) се истура половина од смесата и се печи во загреана рерна на 180степени 10-15мин додека не фати малку кора.

Јајцето со шеќерот се матат со маталка. Се додава крем сирењето, пирето од тиква, ванилата циметот.Откако ке се потпечи тестото се истура филот од тиква и се врака повторно во рерна околу 10-15мин повторно да фати кора. На крај се додава останатото тесто врз филот и повторно се враќа во рерна да се допечи(околу 20мин)
Кората ќе биде мека, но откако ќе се излади ќе се здрви.

Ганаш: Слатката павлака се става на оган заедно со чоколадото се меша постојано да се стопи чоколадото.Откако ќе се испечат браунсите се додава врз нив ганашот. Се остава да се излади потполно околу 3-4 часа.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2018 во 16:33


Браунис со лимон

СОСТОЈКИ 

Брашно(60 Грама)

Путер(113 Грама)

Јајце(2 )

Шеќер(3/4 Чаша)

Свеж сок од лимон(4 Супени лажици)

Рендана кора од лимон(1 1/2 Кафена лажица)

Сол(1/4 Кафена лажица)

Сода бикарбона(1/4 Кафена лажица)

Прашок за печиво(1/4 Кафена лажица)

Екстракт од ванила(1/2 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Загрејте ја рерната на 170°C.
  2. Во голем сад ставете го омекнатиот путер со шеќерот и измиксирајте ги пенасто. Постепено додајте ги двете јајца и продолжете со матење додека смесата да се соедини. Потоа додајте 2 лажици сок од лимон и 1 и пол лажичка рендана кора од лимон и мешајте.
  3. Во посебен сад измешајте го брашното, солта, печивото и содата. Додајте ги во влажните состојки и миксирајте околу 1-2 минути додека да добиете убава кремаста смеса.
  4. Смесата претурете ја во намастен калап и печете ја во загреаната рерна 20-25 минути. Не ги печете премногу колачите, само додека да добијат златнокафена боја. Оставете ги настрана 20 минути да се оладат.
  5. Измешајте го шеќерот во прав со 2 лажици сок од лимон, малку рендана кора од лимон и 1/2 лажица вода по потреба за да се растопи шеќерот. Со оваа глазура полијте го колачот и исечете го на коцки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2018 во 20:10


Браунис со путер од кикиритки

За колачите:
1 путер, или малку помалку
1 3/4 шољи шеќер
1 шоља путер од кикирики
2 големи јајца + 1 голема жолчка
1 ванилин шеќер
2 шољи брашно
1 1/2 шоља парченца чоколадо

за чоколадниот прелив:
1 1/2 шоља чоколадо (јас користев темно чоколадо)
1/2 шоља хопла
1 лажица путер

Ги печев во големо тавче, околу 20 x 30 cm, намачкано со путер, па ставена хартија за печење и пак намачкана со путер, само мислам дека една или две работи од ова сето може да се скратат, ќе пробам следниот пат.
прво изматете го путерот со шеќерот со миксер на средна брзина, додајте го путерот од кикирики, изматете, па јајцата, жолчката и ванилата, изматете, и потоа на спора брзина полека додајте го брашното и матете само колку да се поврзе тестото, кое е прилично густо. чоколадните парченца измешајте ги во тестото со лажица и сипете го во тавчето. се пече на 180°C околу 40 минути (или помалку, моево беше малку препечено, значи следниот пат, пократко печење).
после треба убаво да се олади (2 саата), па врз него се сипува преливот (чоколадото и путерот растопени во зовриена хопла). колачите се сечат откако ќе се стврдне преливот.

peanut
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2019 во 22:15
&amp;#208;§&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; (&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#159;) &amp;#208;±&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129;


Чоколадни -фаџ браунис

Состојки
3/4 шолја какао
1/2 прашок за пециво
1/3 шолја масло
1/2 шолја вода што врие
2 шолји шеќер
2 јајца
1/3 шолја масло
1 1/3 шолја брашно
1 мала лажичка екстракт од ванила или 1-2 ванилин шеќер
малку сол
1 шолја = околу 240 мл.

Вклучете ја рерната на околу 200˚С да се загрее додека вие го приготвите тестото. Мојата рерна се загрева за 10 мин. а тоа време ми е сосем доволно за подготовка на тестото. Подгответе си го и тавчето за печење – јас ставам хартија за печење, но оригиналниот рецепт вели тавче подмачкано со масло. Вие одберете си.

Во длабок сад помешајте ги какаото и прашокот за пециво (доколку немате пециво може половина лажичка сода бикарбона да ви заврши работа – тоа е впрочем оригиналниот рецепт, јас си го правам секогаш со пециво, поровко ми е тестото така). Додадете ја првата количина на масло (1/3 од шолја) и водата што врие. Убаво измешајте да се соедини, а притоа и малку ќе згусне. Додадете ги двете шолји шеќер па промешајте, па додадете ги јајцата, па останатата количина масло. Најпосле додадете ги брашното, ванилата и еден прстофат сол. Полутечното тесто префрлете го во тавчето за печење. Доколку сакате може да користите калапче за мафини.
Печете во загреаната рерна околу 30 минути. После 20-тина минути проверете го зашто поентата е од горе да фатат коричка, но внатре во средина да бидат лепливи, како чоколадни. Јас ги проверувам така што ги боцкам со чепкалка и на чепкалката треба да остане чоколадо на врвот т.е. на потенкиот дел. Тогаш се готови. Доколку ги препечете/пресушите внатре не е крај на светот – тогаш се посуви и ќе бидат како колач. Во таков случај може да го премачкате со мармалад (најубаво некој свеж – кајсии, потрокал..) или шлаг или да го изредите со свежо овошје за да биде малку посочно или посвежо. Или прелите го со еден подебел слој топено чоколадо.

Можностите се безбројни во однос на она што може да се додаде и да се промени вкусот на овие браунис по желба - мнооогу добро оди чили во прав, јас ставам секогаш од прилика, ама еве да речеме половина лажичка мислам дека е доволно, или една ако сакате повеќе да се чувствува. Цимет, малку морско оревче и каранфилче, плус може и тука малку чили за да добиете прекрасна зимска комбинација. Рум или некое друго ликерче му дава прекрасен вкус. Пред да го ставите да се пече може да му додадете сецкано чоколадо за дополнителна кремавост, некое суво овошје или јаткасти плодови за да крцка и да добие сосема поинаков шмек, малку свежо/смрзнато овошје како вишни, малини, боровници... Ако сакате чоколадо со арома на кафе може да сварите филтер кафе или инстант кафе и да ја замените водата со него. Ако сакате да имаат уште поубав, побогат вкус може да го замените маслото со растопен путер..
Мој совет е да го пробате прво еднаш во оригинал за да знаете со каков вкус си имате работа и потоа секој нареден пат може да си експериментирате со вкусовите ...


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:16

Браунис со вишни

Иако е едноставен за правење, Браунис колачот (колачите) високо котира кај љубителите на слатки

Кога е направен како што треба овој колач е вистинско чоколадно задоволство, сочно и богато одвнатре, крцкаво од надвор. Токму во тоа е клучот за добар браунис и единственото нешто на што треба да внимавате е да не го препечете.

Запомнете, доволни се 30 минути а чепкалката со која се проверува дали е тестото печено, не треба да излезе сува, туку напротив, влажна..

Состојки:

80 г какао
45 мл зовриена вода
250 г темно чоколадо
200 г путер
100 г кафеав шеќер
2 кесички ванинилин шеќер
5 јајца
130 г интегрално брашно
1 прашок за пециво
суво грозје ( по желба)
вишни (од замрзнувач или од компот)
малку цимет, морско оревче
малку рум

Приготвување:

1. Во лонче помешајте ги какаото и зовриената вода за да се стопо какаото. Чоколадото и путерот стопете ги и оставете ги да се оладат.
2. Измешајте ги јајцата со шеќерот, а потоа додадете ги стопеното чоколадо и путерот, како и подготвеното какао и се полека измешајте со лажица. Додадете ги брашното, прашокот за пециво и зачините, грозјето кое претходно сте го потопиле во рум и на крајот вишните.
3. Ставете ја смесата во калап за колачи обложен со хартија за печење.
4. Печете на 180 степени најмногу 30 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.