IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Браунис колачиња
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Браунис колачиња

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93071
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 20:43

Вегански „браунис“ со просо и урми


Ако е здраво и веганско, нека биде и превкусно.

veganski-braunis-so-proso-i-urmi-01.jpg

За подготовка на чоколадните вегански „браунис“ потребни ви се:

  • 300 грама сварено просо
  • 250 грама свежи урми
  • 100 грама растопено темно чоколадо со висок процент какао
  • 50 грама мелени чиа семки потопени во 100 милилитри вода

Сите горенаведени состојки се миксираат во блендер.

Префрлете ја смесата во длабока чинија, па додајте:

  • 50 грама кокосово брашно
  • 4 лажички мед (или јаворов сируп)

veganski-braunis-so-proso-i-urmi-02.jpg

Подготовка:

Смесата оставете ја да „одмори“ 20-30 минути. За тоа време, загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.

Ставете хартија за печење во тавата и нанесете тенок слој кокосово масло. Отстојаната смеса рамномерно нанесете ја во тавата за печење.

Печете го колачот околу 50 минути. Откако ќе биде испечен, оставете го целосно да се излади. Одозгора можете да декорирате со стопено темно чоколадо, со кокос или што било друго по ваша желба.

veganski-braunis-so-proso-i-urmi-03.jpg

Бонус совет:

За да ја отстраните целосно горчината на просото, оставете го претходната ноќ на стои во вода во која има исцеден сок од половина лимон. Следното утро истурете ја водата и измијте го просото, па ставете го да се свари.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93071
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2018 во 16:29
&amp;#208;&amp;#149;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;±&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129;  (Brownies)


Едноставен браунис

Состојки
1 чаша од 250 мл. брашно
¼ чаша какао
½ мала лажичка пециво
¼ мала лаижчка сол
110 гр. путер(на собна температура)
240 гр. темна чоколада со повисок процент на какао

Во сад измешајте ги сувите состојки.
Во сад на пареа стопете ја чоколада исечкана на коцки. Откако ќе се стопи чоколада додадете го путерот исечкан на коцки, оставете го да се стопи.
Тргнете ја од оган и додадаете го шеќерот, мешајте да се стопи на пола, потоа додадете ги целите јајца и брзо мешајте со жица да се соедини.
Течната смеса додајте ја на садот со сувите состојки и соединете со миксер или жица за матеше.
Смесата сипете ја во плех 20х30 см. обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени. Печете околу 25-30 мин. или додека зарумени. Внимавајте да не го препечите.
Извадете го и оставете го да се излади, може да го служите додека е млако.
Посипете прав шеќер или служете со изматена слатка павлака.

П
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93071
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2018 во 16:31
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°

Браунис со тиква

Состојки
за браунис
125гр путер(маргарин)
200гр чоколадо
2 јајца
180гр шеќер
1 ванила
80гр брашно
за фил од тиква
1 јајце
100гр крем сирење
пола шола пире од тиква
1 ванила
малку цимет(по желба)
3 лажици брашно
ганаш
200мл слатка павлака
150гр чоколадо

Чоколадо и тиква одлична комбинација. Прекрасни мекани браунси со фил од тиква покриени со прекрасен ганаш. Кој би одолеал на вакво нешто?

Се матат со маталка јајцата со шеќерот и ванилата. На страна се топи на пареа путерот (маргаринот со чоколадото) Откако малку ќе се изладат се додаваат чоколадото со путерот во јајцата со шеќерот. Се мати убаво и на крај се додава брашното. Се мати додека не се добие убава мазна смеса.
Во намрсено тавче(23х23-коцка тавче за лазањи е идеално) се истура половина од смесата и се печи во загреана рерна на 180степени 10-15мин додека не фати малку кора.

Јајцето со шеќерот се матат со маталка. Се додава крем сирењето, пирето од тиква, ванилата циметот.Откако ке се потпечи тестото се истура филот од тиква и се врака повторно во рерна околу 10-15мин повторно да фати кора. На крај се додава останатото тесто врз филот и повторно се враќа во рерна да се допечи(околу 20мин)
Кората ќе биде мека, но откако ќе се излади ќе се здрви.

Ганаш: Слатката павлака се става на оган заедно со чоколадото се меша постојано да се стопи чоколадото.Откако ќе се испечат браунсите се додава врз нив ганашот. Се остава да се излади потполно околу 3-4 часа.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93071
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2018 во 16:33


Браунис со лимон

СОСТОЈКИ 

Брашно(60 Грама)

Путер(113 Грама)

Јајце(2 )

Шеќер(3/4 Чаша)

Свеж сок од лимон(4 Супени лажици)

Рендана кора од лимон(1 1/2 Кафена лажица)

Сол(1/4 Кафена лажица)

Сода бикарбона(1/4 Кафена лажица)

Прашок за печиво(1/4 Кафена лажица)

Екстракт од ванила(1/2 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Загрејте ја рерната на 170°C.
  2. Во голем сад ставете го омекнатиот путер со шеќерот и измиксирајте ги пенасто. Постепено додајте ги двете јајца и продолжете со матење додека смесата да се соедини. Потоа додајте 2 лажици сок од лимон и 1 и пол лажичка рендана кора од лимон и мешајте.
  3. Во посебен сад измешајте го брашното, солта, печивото и содата. Додајте ги во влажните состојки и миксирајте околу 1-2 минути додека да добиете убава кремаста смеса.
  4. Смесата претурете ја во намастен калап и печете ја во загреаната рерна 20-25 минути. Не ги печете премногу колачите, само додека да добијат златнокафена боја. Оставете ги настрана 20 минути да се оладат.
  5. Измешајте го шеќерот во прав со 2 лажици сок од лимон, малку рендана кора од лимон и 1/2 лажица вода по потреба за да се растопи шеќерот. Со оваа глазура полијте го колачот и исечете го на коцки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93071
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2018 во 20:10


Браунис со путер од кикиритки

За колачите:
1 путер, или малку помалку
1 3/4 шољи шеќер
1 шоља путер од кикирики
2 големи јајца + 1 голема жолчка
1 ванилин шеќер
2 шољи брашно
1 1/2 шоља парченца чоколадо

за чоколадниот прелив:
1 1/2 шоља чоколадо (јас користев темно чоколадо)
1/2 шоља хопла
1 лажица путер

Ги печев во големо тавче, околу 20 x 30 cm, намачкано со путер, па ставена хартија за печење и пак намачкана со путер, само мислам дека една или две работи од ова сето може да се скратат, ќе пробам следниот пат.
прво изматете го путерот со шеќерот со миксер на средна брзина, додајте го путерот од кикирики, изматете, па јајцата, жолчката и ванилата, изматете, и потоа на спора брзина полека додајте го брашното и матете само колку да се поврзе тестото, кое е прилично густо. чоколадните парченца измешајте ги во тестото со лажица и сипете го во тавчето. се пече на 180°C околу 40 минути (или помалку, моево беше малку препечено, значи следниот пат, пократко печење).
после треба убаво да се олади (2 саата), па врз него се сипува преливот (чоколадото и путерот растопени во зовриена хопла). колачите се сечат откако ќе се стврдне преливот.

peanut
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.