IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Tорти и колачи со лешници,бадеми,ореви
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Tорти и колачи со лешници,бадеми,ореви

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Tорти и колачи со лешници,бадеми,ореви
    Испратена: 04.Јуни.2018 во 18:15
Повкусни од рафаело и фереро: Посни колачиња со бадеми, лешници и ореви


Повкусни колачиња од Рафаело и Фереро

Посни колачиња со ореви,бадеми и лешници

Ситни и вкусни лешник колачиња за сите сетила.
Ова е рецептот:

СОСТОЈКИ:

  • 200 гр. шеќер 
  • 100 мл. вода 
  • 100 гр. мелени ореви 
  • 100 гр. мелени бадеми 
  • 100 гр. мелени лешници 
  • 50 гр. сечени печени лешници 
  • 50 гр. сечени бадеми 
  • 50 гр. сечени бадеми

 НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Се вари шеќерот со вода и се додаваат мелените ореви, бадеми и лешници. 
  2. Се вадат колачи со лажица на плех со хартија, или пак се прават бомбици, а горе им се ставаат сечени бадеми, ореви и лешници. 


Изменето од Valerija - 18.Јули.2018 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2018 во 18:01
Чоко-лешник  крем колач


Чоко лешник крем торта

Состојки
За кора
5 белки
5 лажици шеќер
3 лажици џем од сливи
3 лажици брашно
1/2 прашок за пециво
100 гр лешници
За крем
5 жолчки
5 лажици шеќер
5 лажици густин
2 лажици брашно
1 л млеко
6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр чоколадо
50 гр лешници
За бел фил
200 мл слатка павлака

1. Се матат белките со шеќерот како снег, цврсто. Се додаваат останатите состојки, освен лешниците и внимателно се промешува. Во тавче бр. 28 (јас користев поголемо тавче, па ми испадна потенок колачот) ги ставаме дробените или сечканите лешници кои ќе бидат подлога за тестото. Ако сакате ставете си и хартија за печење.
2. Убаво постепено, лажица по лажица додаваме од смесата за пандишпан. Печеме на 180 степени. Го оставаме да се лади.
3. Во 250 мл ладно млеко ги разматуваме жолчките, 5 лаж. шеќер, 5 лаж. густин и 2 лаж. брашно. Останатото (750 мл) млеко го ставаме на оган со 6 лаж. шеќер. и ванила. Кога убаво ќе се загрее, до точка на вриење, ја додаваме смесата со жолчките и мешаме додека да се згусне.
4. Тргаме на страна и ставаме чоколадо да се стопи во неа. Убаво промешуваме и овој крем го истураме жежок, врз печениот пандишпан.
5. Посипуваме со дробени лешници. Го оставаме да се лади. На крај ја матиме слатката павлака и филуваме врз кремот. Украсуваме со какао во прав.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2018 во 17:58
Чоко-лешник колач


Чоко лешник колачи

Состојки
1 шолја=200 мл
2,5 шољи брашно
2 шољи кафеав шеќер
2 ванилин шеќер
2 јајца
на врв на нож сол
120 гр путер
100 гр чоколадо
100 гр лешници
1 лажиче прашок за печење
Чоколадото исечкајте го на ситни коцки, а лешниците ставете ги во најлон кеса и издробете ги со чеканче.
Во друг сад измешајте ги сувите состојки.

Омекнатиот маргарин, шеќерот и ванилата пенасто изматете ги, па на крај додадете ги и јајцата матејќи.

Ставете ги спиралите за тесто на миксерот и матете додавајќи ги постепено сувите состојки.
На крај, со лажица вмешајте ги лешниците и чоколадото, оставајќи две фатки од мешавината на страна.

Намастете и набрашнете долгунест калап (како оној за векна леб) и истурете ја смесата во него, израмнете и одозгора расфрлете ги одделените лешници и коцкички чоколадо.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 мин. зависно од тоа како ви печи рерната.

Печениот колач изладете го и исечете го на коцки пред служење.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2018 во 17:54

ЛЕШНИК КОЛАЧИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

Потребни состојки:

• 2 лажици мед – да се загрее
• 100 гр мелени лешници
• 100 гр мелени посни бисквити
• 80 гр шеќер во прав
• 1 лажичка рум
• 1 ванила
• 1 лажица путер
• 1 кора од портокал
• Сок од еден портокал
• 200 гр рендано чоколадо

Подготовка:

Наведените состојки се мешаат и се формираат топчиња.
По желба може да се чоколадираат, да се посипат со чоколадни мрвици, или со мелени лешници.



Изменето од Valerija - 04.Јуни.2018 во 17:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 08:33
Чоколадна бадем торта (без брашно)

Чоколадна бадем торта - без брашно

Состојки
100 гр чоколадо со висок процент на какао
80 гр млечно чоколадо ноисет
150 гр путер
5 јајца
1 ванилин шеќер
100 гр шеќер
прстофат сол
1 пудинг од чоколадо
100 гр бадеми
на врв на лажичка пециво
За фил
200 мл слатка павлака
100 гр чоколадо
1 лажичка рум екстракт
Чоколадо...бадеми...рум...чоколаден мерак.

Подготовка
1. Чоколадите искршени на коцки заедно со путерот ги ставаме да се стопат на средна температура. Ги промешуваме да се соединат и ги оставаме да се изладат.
2. Ги двоиме жолчките од белките. Во жолчките ставаме шеќер и ванилин шеќер и матиме со миксер неколку минути за да убаво се соединат состојките.
3. Печените бадеми ги мелеме и ги соединуваме со пудингот во прав и пецивото.
4. Сувиве состојки и стопеното чоколадо со путер ги додаваме во жолчките и ги соединуваме.
5. Белките ги матиме со прстофат сол додека да се направи густа пена. Ги додаваме во смесата со жолчки и мешајќи со шпатула, ги соединуваме.
6. Целата смеса ја ставаме на хартија за печење или во намрсено и набрашнето тавче бр. 26.
7. Печеме на 180 степени околу 30 мин. Откако ќе се испече ја оставаме да се излади, ја превртуваме и ја филуваме.
8. За филот слатката павлака ја ставаме на оган на средна температура и ја доведуваме до точка на вриење (да не врие). Потоа ја тргаме на страна, го ставаме чоколадото и румот и промешуваме додека да се растопи чоколадото, до соединување. Откако ќе излади смесата го вклучуваме миксерот и матиме додека да се згусне. Ја филуваме тортата.

Забелешка
Кога ќе го матиме филот треба да внимаваме да не го прематиме. Во почетокот е потребно матење од неколку минути додека се згусне , па веднаш кога ќе ја добиеме густината престануваме со матење, бидејќи секое понатамошно матење може да доведе до избивање на маста од слатката павлака и таа да добие зрнеста, а не кремаста структура.




Изменето од Valerija - 02.Јуни.2018 во 08:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2018 во 08:31
Тоблероне со кока кола, бадем, лешник


Тоблероне со кока кола,лешник и бадем

Состојки
75 гр маргарин
100гр чоколадо
1 лажица мед
100 гр шеќер
50 мл кока кола
50гр крупно мелен печен лешник
50гр крупно мелен бадем
80 гр мелени бисквити
70 гр бело чоколадо, 1 лажица масло
30 гр црно чоколадо и 1 лажиче масло

Многу вкусен и брз десерт.
Од оваа доза излегува точно еден триаголник.
Значи кога дозата би се удвостручила ќе добиете 2 триаголници, односно околу 70 парчиња.

На оган на тивко се ставаат чоколадото, маргаринот, кока колата, медот, шеќерот да се соединат и да провријат 1-2 минути.
Се трга од оган и се додаваат останатите состојки.
Убаво се промешува сето и смесата се тура во триаголен метален калап претходно обложен со фолија.
Се остава во фрижидер 2-3 часа да се стегни, се вади внимателно и се прелива прво со бела глазура и се прават шари со црна глазура.
Се сечи на парчиња.
Пријатен апетит


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2018 во 21:14
Овошна торта со лешници и бадеми


Oвошна торта со лешници и бадеми

Состојки
1 пандишпан
6 јајца
18 лажици шеќер
100 гр лешници ситно сецкани
100 гр бадеми мелени
1 пециво
2 пандишпан
5 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици вода
15 лажици брашно
15 лажици ореви мелени
15 лажици масло
1 пециво
1 ванила
Крем-фил
1кр млеко
10 лажици густин
10 лажици шеќер
1 маргарин (250 гр )
2 ванили
Додатоци
1 поголема праска
1 банана
За декорирање и прекривка на тортата
600 гр локум бел (пресен )
600 гр шеќер во прав

Во сад се делат белките од жолчките и на жолчките им се додава шеќерот.
Матиме додека не се растопи шеќерот .
Во другиот сад ги матиме белките, а потоа смесите ги соединуваме матејќи без престан.
Додаваме бадеми, лешници и пециво.
Подготвеното тесто го префрламе во намастен и набрашнет плех и печеме малку подолго на помала температура.
На пример од околу 150 степени. ( Ако ви е јако намалете )
Го продупчуваме тестото неколку пати со чепкалка за полесно да се испече.
Откако ќе ја смени бојата и ќе порумени, внимателно го отстрануваме од тавчето и го оставаме да излади.

Одиме со подготовка на вториот пандишпан.
Ги матиме јајцата заедно со шеќерот, додека не се соединат.
Штом стануваат кремасти се додава водата, оревите, маслото и откако ќе го исклучиме миксерот го додаваме брашното помешано со пецивото и ванилата.
Промешуваме со лажицата добро и го префрламе на намастен и набрашнет плех и ставаме да се пече.
Истата постапка ја повторуваме при печењето.
За проверка на тестото, користиме чепкалка.
Кога веќе не лепи на чепкалката, пандишпанот е готов.
Вадиме од рерна и оставаме да излади и ова парче пандишпан.

Додека ги почекуваме да изладат пандишпаните го подготвуваме филот кој е лесен за приготвување, и вкусен за јадење.
Во тенџере на оган го топлиме млекото,и додаваме шеќер.
Одземаме околу 200 грама и во него го разматуваме густинот.
Откако млекото врие го иставаме од оганот и полека постепено му го додаваме густинот.
Мешаме со жица за матење се додека не ја добие потребната густина.
Оставаме да излади.
На страна го матиме пенесто маргаринот и му ги додаваме ванилите.
Откако кремот со густин е изладен го помешуваме со маргаринот и мешаме убаво со миксерот.
Можете да си додадете суво грозје или разнобојни желе бонбончиња, но јас не го сторив тоа.
Го оставив да биде поедноставен филот.
Веќе завршивме со поголемиот дел од подготовката на роденденската торта.
Првиот пандишпан го оставив да оди цел во редењето, а вториот пажливо со конец го преполовив на два еднакви делови.
Јас ја редев тората на претходно обложен картон.
Го ставив едниот дел од пресекот, а потоа филував со кремот.
Врз кремот додадов банана сецкана на тркалца.
Потоа повторно ставив пандишпан но овој пат оној со лешниците.
Врз него го дотурив кремот и убаво рамномерно го разредив по површината.
Ситно сецкана праска на коцки ја додадов врз кремот.
На крајот дојде редот и за последното парче пандишпан.
Него убаво го премачкав со шлаг кремот кој го подготвив според процедурата пишана на паковката.
Ја оставив тортата малку да постои во ладилник.
Стоеше околу 30 минути.

Локумот го земав дирекно од фабрика и беше пресен и убав за работа.
Доставив шеќер во прав и месев се додека не се соедини убаво смесата.
Откако се направи убаво бело тесто од локум, развлеков кора со дебелина од пола сантим.
Кората ја развлеков со сукалка на намастен целофан. Полека поткревајќи пажливо ја прекрив тортата со покривка од локум. Ги отстранив деловите кои беа вишок со ножето.
Од остатокот на тесто од локум додадов прехрамбена боја и направив кругови со кои ја декорирав тортата.
Вака подготвената торта ја оставив да преноќи на ладничко.
Пандишпанот убаво си впил од кремот и тортата си го добила нејзиниот вкус и изглед.
На здравје



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2018 во 20:19
Бадем торта


Бадем торта

Состојки
Пандишпан
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
5 јајца
5 лажици мелени бадеми
1 пециво
1 ванила
ФИЛ
1 литар млеко
4 кесички пудинг од ванила
250 гр шеќер во прав
250 гр путер
2 паковки ресана колачи
150 гр мелени ореви ( јас ставив бадеми )
1 паковка шлаг крем

За подготовка на овој рецепт ми е потребен длабок сад во кој ги матам јајцата со шеќерот.
Откако добив пенеста смеса, ги додавам брашното помешано со пециво и ванила, а на крајот постепено ги доставам бадемите.

Оваа смеса ја префрлам во плех за печење каде претходно ја растегнав хартијата за печење.
Печам на температура од 200 степени околу 30 минути.
Додека пандишпанот се пече, одам со подготовка на филот.
Половина од млекото го налеваме во тенџере на оган, а преостанатата половина го мешаме со прашокот за пудинг.
Непрекинато мешаме со жица во зовриеното млеко, го додаваме пудингот.
Ја добиваме потребната густина и додаваме мелени ореви.
Оставаме да излади.
Во друг сад пенесто го матиме путерот и шеќерот, па го додаваме изладениот пудинг.
Мешаме додека не се соедини.
Изладениот пандишпан го делиме на два еднакви дела.
На чинија за торта, ја ставаме едната половина па филуваме со горе наведениот фил.
Секое ресана колаче го натопуваме со леко па го редиме врз филот.
постаката ја повторуваме и со вториод пандишпан, па целата торта ја премачкуваме со филот.
Оставаме да се излади и да се стегне филот во фрижидер околу 15 минути.
На страна го матиме шлаг кремот според описот на опаковката па ја премачкуваме изладената торта. Јас декорирав со растопено чоколадо. Декорацијата ја оставам на вашата фантазија....
Нека се излади, нека отстои околу еден час најмалку.
На здравје.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2018 во 20:17


Торта со бадем, лешник и орев


Торта со бадем,орев и лешник

Состојки
За пандишпаните
12 јајца
15 лажици шеќер
12 лажици брашно
3 прашок за пециво
За фил
2 кг млеко
5 паковања пудинг ванила
20 лажици шеќер
1 маргарин коцка (250г)
1 паковање шеќер во прав(200г)
210 г мелен бисквит
150г бадем
150г лешник
150г орев
500мл слатка павлака за декорација

Еве еден рецепт за вкусен десерт.
Станува збор за торта со бадем, лешник и орев. Под­го­тов­ката трае 1-2 часа, но потоа тор­тата пред вас и ужи­вајте во непов­то­рли­виот вкус.
1. Направте три оделни пандишпани каде ќе ги делите состојките подеднакво.
2. За еден пандишпан по 4 јајца, по 5 лашжици шеќер, по 4 лажици брашно и по еден прашок за пециво.
3. Делете ги јајцата во еден сад жолчките во друг сад белките.
4. Белките матете ги со миксер и постепено додавајте од шеќерот матете додека се растопи шеќерот.
5. Изматете ги жолчките и додајте ги во белките, па повторно матете додајте го прашокот за пециво и брашното и измешајте со лажица.
6. Смесата распоредете ја во правоаголен плех кој се го обложиле со хартија за печење. Печете на загреана рерна од 200С од 5-6мин.
7. Постапката повторете ја и со другите 2 пандишпани.
8. Во тенџере на оган ставте млекото и шеќерот да зовријат, но оставте 200мл млеко за да ги измешате прашаците од ванила.
9. Откако ќе зовријат додајте ја смесата од ванила и мешајте додека да ја добиете потребната густина.
10. Оставте смесата да се олади.
11. Во друг сад со миксер изматете го маргаринот и шеќерот во прав.
12. Додајте ја изладената смеса од пудинзите од ванила и матете со миксер додека да се соединат.
13. Смесата делете ја подеднакво во три сада каде во едниот ќе додадете претходно мелениот лешник, во другиот претходно мелениот бадем, а во третиот претходно мелениот орев. Во сите три сада по додајте 70г мелен бисквит. Изматете ги сите одделно додека да се соединат.
14. Филување
15.На изладените пандишпани отстранете ги хартиите.
16. Ставете го едниот пандишпан на површината на која сте испланирале да ја ставате тортата.
16. Филувајте ја површината на пандишпанот со лешник филот, па ставте го над филот другиот пандишпан и него филувајте го со бадем филот на крај ставте го последниот пандишпан и целата торта филувајте ја со орев филот.
17. Изматете ја слатката павлака и декорирајте по желба јас имам искористено и прехрамбени бои.
18. Пресече ја тортата и сервирајте ДОБАР АПЕТИТ...

Забелешка.
Филувањето на тортата не мора по редослед како што ја имам филувано јас. Може на пример прво орев филот, па лешник, па бадем или обратно тоа е по желба.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.