IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Колачи и други слатки со шербет
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колачи и други слатки со шербет

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92130
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2018 во 21:35
&amp;#208;&amp;#147;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;°&amp;#208;±&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#179;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;· - &amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#191;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#157;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#128; 1976

Гурабии од гриз со шербет

Состојки
5 жолчки
250 гр гриз
250 гр шеќер
5 големи лажици растопена маст или путер
Шербет
750гр шеќер
750мл вода

Екстремно лесни и брзи за подготовка, а вкус...милина :)

Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките убаво изматете ги рачно. Доколку сакате можете и со миксер. Во жолчките додадете го шеќерот, маста и убаво промешајте. На крај додадете го гризот.
Смесата ќе биде малку ровка.
Формирајте топчиња со големина на орев и редете ги на тавче на растојание до 4 см, ќе им треба простор да нараснат.
Печете ги на 200 степени 20ина мин додека да заруменат.

Додека се печат направете го шербетот. Водата и шеќерот нека зовријат убаво. Да се појави пена на врвот. Не меурчиња за вриење, пена. Ќе ви стане јасно кога ќе видите. Пената се појавува по подолго вриење.
Со топлиот шербет прелејте ги гурабиите и вратете ги во рерна додека да го впијат шербетот.

Преостанатите белки слободно замрзнете ги ако не ги користите веднаш. Замрзнати, па потоа одмрзнати се потполно исти како и свежи. Јас ги замрзнувам во пластични чашки и на чашката запишувам колку белки има во чашката. Можете да ги замрзнувате и во кесиња за замрзнување.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92130
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2018 во 20:52
&amp;#208;&amp;#154;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;±&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#130; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;


Колач со шербет од слатко

Состојки
пандишпан
5 јајца
6 лажици шеќер
120мл зејтин
120мл млеко
50гр какао
6 лажици брашно
1 пециво
фил
100гр урми
300гр бисквити
100гр чоколада за готвење(црна)
250-300мл шербет од било кое слатко
100мл млеко со три лажици рум за полевање на пандишпанот
малку џем од смокви и банана

Подготовката на слатко е неибежен дел од мојата кујна. При подготовка на слатко секогаш ми останува шербет кој го ставам во тегли и го користам во текот на целата година. Најчесто го ставам на сувиот пандишпан или за засладување на кафе или чај. Еве еден пример како може да подготвите интересна торта.
Подготовка
1. На почеток ги делиме белките од жолчките кои ги матиме со по три лажици шеќер. Во жолчките ги додаваме млекото и зејтинот и полека со шпатула мешаме.
2. Во друг сад заедно ги мешаме какаото, брашното и прашакот за пециво. Полека оваа сува состојка ја додаваме во жолчките и полека мешаме.
3. Во белките ја додаваме смесата со жолчки и повторно со шпатула мешаме пополека.
3. Смесата ја сипуваме во мала ростер тава и печеме половина час на 180 степени.
4. Кога пандишпанот е изладен го полеваме со малку млеко и рум.

Подготовка на фил
1. На урмите им ги одстрануваме семките и ги сечкаме.
2. Бисквитите ги мелеме и ги ставаме заедно со урмите.
3. Чоколадата ја топиме и исто ја додаваме во бисквитите и полека додавајки го шербетот замесуваме густ фил.
4. Филот го ставаме врз кората и оставаме да се излади неколку часа во фрижидер.
Декорирав со банана и џем од смокви.
Шербетот може да биде од било кое слатко во овој случај е од слатко од зрели смокви.
Добар апетит!!!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.