IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Десерти со мак
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Десерти со мак

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 19:48
&amp;#208;&amp;#148;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;±&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#189;

Двобоен колач со афион

Состојки
за прва смеса
2 јајца
100 гр немелен афион
200 мл млеко
120 гр шеќер
100 мл масло
150 гр брашно
1 пециво
1 лимон
1 лажица рум
за втора смеса
5 јајца
200 мл кисела павлака
2 кесички ванилин шеќер
1 лажица брашно
150 гр шеќер
1 кесичка пудинг од ванила
150 гр смрзнати вишни, шекер во прав

Прво се подготвува тестото со афион. Во сад за матење ги кршиме јајцата и постепено го додаваме шеќерот и матиме додека јајцата не се згуснат. Додаваме рум, млеко, масло, рендана кора од лимон, и го додаваме и брашното помешано со афионот и пецивото. Мешаме со лажица да се соедини смесата. Го истураме тестото во правоаголна тава за печење и печеме 25 мин на 180-200 степени.

Во меѓувреме се подготвува вториот жолт дел од колачот. Јајцата ги кршиме и ги двоиме белките од жолчките. Белките ги матиме со 75 гр. шеќер додека не ја добијат потребната густина. Во садот со жолчките ги додаваме преостанатите 75 гр шеќер и матиме. Ја додаваме киселата павлака ванилиниот шеќер, брашното и прашокот за пудинг и мешаме со лажица за смесата да се соедини. Во садот со жолчките ги додаваме и изматените белки и повторно промешуваме за смесата убаво да се изедначи. Тавата со испечениот прв дел од колачот ја вадиме од рерна врз тестото ги нанесуваме смрзнатите вишни и ги преливаме со жолтото тесто. Ја враќаме тавата во рерна и печеме уште 20-тина мин на истата температура.

Оставаме колачот убаво да се излади и го сечеме на коцки. Наросуваме шеќер во прав...На здравје нека е


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2018 во 09:45


&amp;#208;&amp;#156;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;


Макови коцки

Состојки
Тесто
5 јајца
10 лажици шеќер
15 лажици топло млеко
15 лажици масло
1 пециво
100 гр мак
15 лажици брашно
Шербет
15 лажици шеќер
300 мл вода
200 гр чоколадо за глазура

Ова е многу стар рецепт за макови коцки, кој е доста лесен за подготовка и нема грешка во подготовка.

1. Јајцата се двојат на белки и жолчки. Белките се матат со шеќерот во густа пена. Во нив се додаваат жолчките и се матат убаво.
2. Млекото се додава лажица по лажица пополека, бидејќи е топло.
3. Потоа и маслото и убаво се мати со миксер.
4. Без матење, се додаваат брашното, пецивото и макот и убаво се меша со лажица.
5. Се пече во тавче бр 32. на 200 степени, 15 мин, се намалува на 170 степени и уште 5-6 мин.
6. Шеќерот и водата се варат 5-6 мин и се добива редок шербет. На крај пола цеден лимон.
*Треба да биде редок, не густ како за баклава.
7. Тестото треба убаво да се олади, а шербетот треба да биде топол. Не двете топло или двете ладни!
8. Оставете го 5 мин да се упие шербетот и потоа одозгора стопено чоколадо- глазура.
9. Се сече на коцки или баклави, по ваш избор.

Вкусно и лесно!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2018 во 09:49
&amp;#208;&amp;#144;&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;


Афион коцки

Состојки
7 јајца
250 гр шеќер
150 гр маргарин
250 гр афион (мак)
1 шоља грубо мелени бисквити (вашите омилени или плазма)
2 лажици рум
1 рендана кора од портокал
1 лажиче екстракт од портокал (ако имате)
* За премачкување
4 лажици од вашиот омилен мармалад
2 лажици рум
50 гр бело чоколадо

(најубави, највкусни, единствени, прекрасни хахаха се шалам само афион коцки се-така напишете ги)))
Фин спој на ароми и состојки во кој нема брашно. Колач, кој успешно ќе го направат и почетници, а така личен и вкусен. Ќе го засакаат дури и оние кои се скептични кон афионовото семе.

Најпрво, изматете ги белките со зрно сол во цврст шам. Многу е битно јајцата кога пенасто ги матите да се на собна температура.

Потоа, изматете ги посебно жолчките со шеќерот, па додадете го маргаринот, кој исто така треба да има собна температура и румот.

Додадете го афионот, мелените бисквити, ренданата кора од портокал и екстрактот и мешајте со лажица или шпатула. Откако добро ќе измешате, додајте го снегот од белки мешајќи од долу на горе за да се задржи волуменот, додека се убаво не се соедини.
Печете на 150 степени околу 30 мин., па проверете со чепкалка.

Мармаладот и румот ставете ги на тивок оган. Мешајте додека мармаладот не стане течен за да можи полесно и порамномерно да се премачкува. Внимавајте да не проврие.
Со овој прелив премачкајте го колачот, а одозгора нарендајте го чоколадото. Оставете убаво да се излади и исечете го на коцки и уживајте во прекрасниот вкус.

Забелешка
Јас ставив некаде 225гр шеќер и пак беше солидно благ во спој со мамрмаладот. Ако сакате да не ви е толку благ, намалете го шеќерот, по моја сугестија ставете дури и 200 гр, а кој сака послатко не мора )))
По грешка место рум во составот ставив мартини, а потоа увидов кога го зедов шишето со рум за мешање со мармаладот. И со мартини се одлични хехе (само ставете рум со мармалатчето, сепак румот со портокалот, па и бисквитите се фантастична комбинација и го прават овој колач таков каков што е).


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2018 во 09:50
&amp;amp;#208;&amp;amp;#161;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#208;»&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184; &amp;amp;#208;&amp;amp;#186;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#209;&amp;amp;#134;&amp;amp;#208;&amp;amp;#186;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184; &amp;amp;#209;&amp;amp;#129;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190; &amp;amp;#208;°&amp;amp;#209;&amp;amp;#132;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;
Солени коцки со мак
Состојки
Тесто
4 јајца
200 гр. брашно
100 мл масло
1 чаша кисела павлака
1 пециво
100 мл јогурт
100 гр афион
200 гр бело сирење
Фил
2 парчиња праз
300 гр мелено месо
зачини мешан сув зачин, бибер, кисела павлака за премачкување

Фил - пропржете го празот, додајте го меленото месо, зачинете и оставете го да се динста десетина минути.
За тестото, изматете ги малку сите состојки колку да се соединат, па половината од смесата ставете ја да се печи во подмачкана ѓувеч тава, во загреана рерна на 180 степени, малку време, колку да фати кора.
Потоа ставете го филот, па другата половина од смесата и вратете ја тавата да се допече.
Одозгора премачкајте со павлака и украсете по ваша желба.




Изменето од Valerija - 01.Ноември.2018 во 09:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2018 во 09:52
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;


Пенаста торта со мак

Состојки
Тесто
6 јајца
180гр шеќер
180гр маргарин
280гр мелен мак
2 штангли рендана чоколада
3лажици рум
Глазура
100гр чоколада
1лајче шеќер во прав
3лажици масло
4лажици мармелада за премачкување

Оваа торта е за сите кои сакаат и обожаваат мак/ сочна и префинета торта.

Најпрво се матат жолчките со шеќерот, стопениот маргарин, румот и чоколадата. Потоа се додаваат изматените белки и полека се мешаат заедно двете смеси. На крајот се додава макот кој претходно е сомелен и се става смесата во округол калап со обрач бр.26. Се печи во загреана рерна 25мин(180ц). Печената торта се премачкува со мармелада(јас ја премачкав со мармелада од вишни)и се враќа тортата во релна да се суши 5мин. На крајот се прави глазура и се прелива тортата.

Во тортата нема пециво за нарастување бидејќи во тортата нема БРАШНО .
Пријатно!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2018 во 10:02
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;


Солен ролат со мак

Состојки
8 белки
5 лажици брашно
2 лажици мак
1 лажичка сок
фил
300 гр. сирење
200 гр, кисела павлака
2-3 лажици масло
150 гр. кругови шунка
2 лажички оригано
Белките се матат во цврста пена се додава брашното , макот , солта и внимателно се меша и се паче во плех обложен со хартија на 160 степени околу 15 мин. во зависност од релната. Кога е испечен уште врел се витка во влажна крпа како ролат и се остава да се излади .
За филот се ренда сирењето се додава павлаката , маслото, и ориганото и убаво се меша. Кога тестото е оладено се филува со половина од филот па се стваат листовите шунка преку целиот ролат па се мачка втората половина од филот и се витка во ролат.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2018 во 10:04
&amp;#208;§&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#189;
Чоко торта со афион

Состојки
Пандишпан
4 јајца
4 големи лажици шеќер
2 големи лажици брашно
1/2 пециво
50 гр. афион
Кора на 1 ломон
Фил
250 мл. + 10 големи лажици млеко
100 гр. чоколадо
50 гр. шеќер
1 пудинг чоколадо
2 големо лажици густин
50 гр. путер на собна температура
150 гр. бисквити
100 гр. чоколадо за глазурирање

1. Рерната се вклучува да се загрее на 180 степени.
2. Во два длабоки сада се делат белките од жолчките.
3. Во садот со белките се додава шеќерот и се мати додека не се добие густа смеса (додека не се стопи шеќерот)
4. Во помал сад се мешаат пецивото, брашното и афионот.
5. Брашното се додава во белките и се промешува внимателно.
6. Тестото се става да се печи околу 30 минути.
Фил
1. Млекото се става на оган да се загрее.
2. Во садот со жолчките се ставаат 10 лажици млеко густинот и прашокот за пудинг. 
3. Убаво се промешува за да нема грутчиња.
4. Кога млекото ќе зоврие се тргнува на страна и му се додава смесата (постојано се меша) и повторно се вреќа на оган додека не се згусни смесата.
5. Пудингот и пандишпанот се оставаат да се оладат целосно.
6. Откако кората е убаво оладена од неа се вадат 2 ремени.
7. Во длабок сад се става путерот се мати додека стане пенест тогаш во путерот се додава и растопената чоколадо и оладениот пудинг.
8. Сето заедно се мати до добивање на хомогена смеса.
Формирање на тортата
1. Ред кора ред фил ред бисквити па пак фил и на крај кората.
Горната кора се премачкува со мал слој од филот и се глазурира со чоколадо.

-дозата е за тавичка 30 на 20 сантиметри.
-рерната мора да е загреана на 180 степени
-Тавичката ако не е делимано задолжително да е обложен со хартија за печење.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 09:20
Колач со афион и цреши


Колач со афион и цреши


Состојки
за тесто
360 гр, овошен јогурт од јагода
10 лажици шеќер
5 лажици кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
120 мл. млеко
10 лажици гриз
9 лажици брашно
1 пециво
90 мл. масло
5 лажици афион
300 гр. цреши (без коски), помешани со малку гриз
фил
700 гр. цреши (без коски)
6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 кесичка пудинг од јагода
2 лажици густин
3 лажици кафеав шеќер (за пудингот)
500 мл. вода

Овој колач се прави без миксер, не содржи јајца, не е многу комплициран за правење, сочен и вкусен.

1. Црешите се мијат, се чистат коските, се цедат.

2. Овошниот јогурт се меша со лажица со обичниот, кафеавиот и ванилиниот шеќер додека да се стопи малку, па после се додаваат млекото, маслото, афионот и на крај црешите (кои стоеја посипани со малку гриз).

3. Тестото се тура во намастен и набрашнет правоаголен длабок плех (20х40 см),
се печи на 180 степени 30-35 минути, во зависност од ререната.

4. Додека се лади тестото, се мијат и чистат 700 гр. цреши, се ставаат во тенџере со шеќерот, ванилата и 100 мл. вода, се варат неколку минути и се додава останатата (400 мл.) вода.
Црешите се варат малку додека да омекнат, но да не се преварат, а потоа со лажица решетка се вадат од теџерето и се распоредуваат врз изладеното тесто.

5. Пудингот, густинот и шеќерот се мешаат со малку вода и се вари пудинг во течноста во која се вареа црешите (течноста беше околу 600 мл.)
Пудингот се распоредува брзо врз црешите, се израмнува убаво и се остава да се излади. Колачот се става во фрижидер, се сечат коцки кои се служат изладени.

Овошниот јогурт во комбинација со црешите дава убав вкус, го прави колачот освежителен и сочен. Колачот може да се прави и со јагоди.
На здравје!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 09:21
Брз афион колач


Брз афион колач



Состојки
Смеса (користена е чаша од 180 милилитри)
250 грама мелен афион
3 чаши брашно
2 чаши шеќер
2 чаши млеко
1 чаша масло
1 прашок за печиво
Чоколадна глазура
50 грама путер
2 супени лажици какао
4 супени лажици млеко
1 супена лажица шеќер

Се подготвува многу брзо, лесно, а уште побрзо и полесно се јаде.

Чекор 1
Сите намирници за смесата се матат со миксер. Се пече во загреана рерна на 180 - 200 степени околу половина час. Почекајте да се олади.

Чекор 2
На тивок оган се топи путерот. Се додаваат другите состојки за глазурата и се меша до нејзино мало згуснување. Се полева колачот.

Чекор 3
Откако ќе се олади, колачот се сече на коцкички, правоаголничиња или баклавки. Како милувате.



Колачот е пробан и со интегрално брашно и светол мусковадо шеќер. Замената е одлична.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 09:23
Колач со афион


Колач со афион


Состојки
4 шољи (250 мл) брашно
3 шољи (250 мл) млеко
2 шољи (250 мл) шеќер
1 шоља (250 мл) зејтин
100 гр афион во зрна
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка пециво
чоколадна глазура
2 лажици шеќер во прав
6 лажици вода
200 гр чоколадо за готвење
3 лажици зејтин

Измшајте ги убаво сувите состојки во подлабок сад. Потоа додадете ги зејтинот и млекото. Измешајте убаво да добиете хомогена смеса.
Смесата сипете ја во плех или тепсија со број 36 и ставете да се пече во загреана релна на 200 степени околу 45-50 мин.
Готовиот колач оставете малку да се излади и полијте го со чоколадна глазура.

Подготовка на глазурата.Сите состојки варете ги на пареа додека убаво не се растопи чоколадото.

Овој колач е многу едноставен, а многу вкусен


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 17:52

Колачи од мак

Тие се едноставни, сочни и вкусни, а освен тоа имајте предвид дека макот е извор на многу нутритивни состојки, особено на антиоксиданси и витамини од групата Б. Пробајте го овој безглутенски колач со мак


Колачите од мак на многумина им се омилени затоа што обично не се тешки за правење, а со макот мжат да се комбинираат и состојки како јаболки, јогурт или чоколадо. Брзите рецепти од мак ги вклучуваат во себе основните намирници кои повеќето од нас веќе ги имаат дома, но можат да бидат и безглутенски.

Макот е извор на многу нутритивни состојки, особено на антиоксиданси и витамини од групата Б. Делува лековито на многу здравствени состојби, како на пример, против напнати мускули, против стрес и лошо расположение, против грчеви во стомакот, слаб имунитет и болки во желудникот.

Колач од мак и чоколадо

Безглутенски колач со мак и чоколадо е извонреден избор на десерти за оние кои имаат алргија на глутен или страдаат од целијакии. Извор е на многу влакна, минерали и витамини кои ќе го заблажат сечие непце.

Состојки:

220 гр црно чоколадо

120 г кокосов путер

75 г мелен мак

Малку сок од лимон

Малку рендана кора од лимон

125 г мелени лешници, ореви или бадеми

150 г кафеав шеќер

Лажичка цимет

Малку екстракт од ванила

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 160 степени, а садот за печење обложете го со хартија и намрсете ја хартијата  со малку путер.

На шпорет стопете го чоколадото на пареа и додадете го кокосовиот путер. Во голем сад ставете го мелениот мак, одбраните мелени јаткасти плодови и циметот и шеќерот. Потоа додадете ја стопената смеса, екстрактот од ванила, сокот и кората од лимон, измешајте сѐ и ставете ја смесата во приготвениот сад за печење.

Печете го околу 35 минути. Рабовите малку ќе се издигнат и ќе попукаат, а средината ќе делува како да не е допечена, но подоцна ќе се стегне. Кога ќе се олади, превртете го колачот во чинија и по желба поросете го со какао или со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.