|
Се од бисквити и плазма кекси |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вертикална бисквит торта Состојки 450 гр. бисквити со какао 1 пудинг од ванила 1 пудинг од чоколада 1 л. млеко 8 лажици шеќер 120 гр. маргарин Најпрво се подготвува пудинот од ванила. Во сад на оган се става 400 мл. млеко да зоврие. Во 100 мл. ладно млеко се раствара прашокот за пудинг од ванила и 4 лажици шеќер и откако ќе се раствори се истура во зовриеното млеко. Се меша додека пуднингот не се згусти. Се трга на страна и се додава и 60 гр. маргарин. Се меша постојано да се растопи маргаринот. Истата е и подготовката на пудингот од чоколада. За оваа торта ни е потребен тесен, а долгнавест платичен сад, кој се обложува со проѕирна фолија. На дното и страничните делови на садот се редат бисквити. Се истура 3-4 лажици пудинг од ванила на дното и се распоредува по површината, така бисквидите ќе се залепат. Потоа секој бисквит се зема, се премачкува со пудинг од ванила и се реди вертикално во калапот (како на сликата подолу). Постапката се повторува се додека не се исполни садот (калапот). Откако ќе се свари чоколадниот пудинг се истура врз наредените бисквити и дури може малку садот да се протресе за да убаво пудингот навлезе помеѓу бисквитите. На крај над чоколадниот пудинг се редат бисквити. Се остава тортата во ладилник неколку часа да се стегне, а потоа се сечат парчиња и се служи. Доколку сакате, тортата може да се украси со шлаг или друго по желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брза бисквит тортаСтанува збор за многу едноставна и вкусна торта која се подготвува за брзо, но и уште побрзо се јаде. Состојки:
Приготвување:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брз и вкусен ролат со кршени бисквити 400 гр. бисквити 1 филџан млеко 1 филџан вода шеќер од 200-300гр 1 чоколадо за готвење 1-2 лажици какао ½ коцка маргарин Додека се зоврива млекото заедно со шеќерот, се кршат бисквитите во поголем сад. Потоа во зовриеното млеко се додава маргаринот, чоколадото и какаото. Сето тоа се меша и се додава во садот со бисквитите. Кога ќе се добие смесата се формира ролат со помош на најлонска фолија. Се остава да се олади и потоа може да се сече. Добар апетит! Изменето од Valerija - 04.Јуни.2018 во 18:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бисквит торта со капини Состојки 1 пакување со 4 бисквитни кори (24 х 9 см) фил 1 кесичка пудинг со вкус на малина 3 лажици млеко 300 мл. млеко 3 лажици кристал шеќер 200 гр. путер/маргарин 6 лажици шеќер во прав 10 капинки за во филот 300 гр. капинки по потреба ладно млеко за премачкување на корите 1 кесичка шлаг пена~ Подготовка ~ Најпрвин се подготвува филот на класичен начин. Прашокот за пудинг (со вкус на малина), се раствора со 3 лажици млеко. Поголемата количина млеко и кристал шеќерот се доведуваат до вриење и се вари пудигот со постојано мешање. Се лади сосема. Путерот/маргаринот се матат со шеќерот во прав и се соединуваат со добро изладениот пудинг. Во филот се ставаат 10 капинки, се мати со миксерот убаво да се изедначи смесата. Првата бисквитна кора се премачкува со ладно млеко, потоа се премачкува со 1/4 од филот. Се редат капинки исечени на половинки. Постапката се повторува со сите кори со тоа што последната кора не се премачкува со ладно млеко, туку се премачкува со последната 4-тина од филот одозгора и од страните. Се става во фрижидер, најдобро преку ноќ. Шлаг пената се подготвува според упатството и со готварски шприц тортата се декорира по желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Непечена бисквит торта Состојки 500гр. бисквити 1 литар млеко 6 лажици шеќер 1 пудинг од ванила 1 пудинг од чоколадо 100гр. чоколадо за готвење 100гр. бело млечно чоколадо 250гр. путерНајпрвин сварете ги пудинзите (секој пудинг со 0.5л. млеко и 3 лажици шеќер). Во чоколадниот пудинг, додека е уште на оган ставете го темното чоколадо да се растопи. Потоа оставете ги да се оладат. Во оладениот чоколаден пудинг се додава половина претхоно изматен путер и пак матите за да се соединат. Во пудингот од ванила додајте ја другата половина од претходно изматениот путер и ренданото бело чоколадо. Изматете со миксер за да се соединат смесите. Во подлога за торта наредете бисквити кратко потопени во млеко, потоа црн фил, бисквити,бел фил. Повторете ја постапката додека се потрошат бисквитеите и филовите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вистинска бисквитна фантазија: Чоколадна торта од 4 состојки- Ништо не печете, само ги мешате состојките и готово!Доколку и вие не сакате да го губите своето време покрај рерната, печејќи кори долго време, но сепак би сакале да им приготвите вкусен неодолив десерт на вашите најблиски, тогаш ова е совршениот рецепт за вас! Чоколадна бисквитна торта без печењеПотребни состојки
За глазурата
Начин на подготовкаДодадете ја павлката во сад, следно додадете ги и искршените парчиња чоколада и маслото. Поставете го садот на оган, да се затопли павлаката, при што потребно е да мешате непрекинато, додека да се стопат чоколадото и путерот. Во друг подлабок сад, искршете ги бисктивите на мали парчиња, а потоа врз истите додадете ја претходно добиената чоколадна смеса и добро измешајте ги сите состојки заедно. Добиената смеса преместете ја во сад во форма за торта и добро распоредете ја смесата во истиот. Поставете ја бисквитната торта во ладилникот на 30 минути, за да се затегне нејзината структура. За глазурата: Поставете ги павлката, чоколадото и путерот во сад и садот поставете го на оган, при што е потребно непрекинато да мешате, за да целосно се стопат и соединат состојките. Исипете ја глазурата врз чоколадната торта и повторно вратете го десертот во ладилникот, за да целосно се затегне. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брза и лесна бисквитна торта со вкус на лимон, која се топи во уста: 1 парче никогаш не е доволноКога ќе се спомне зборот торта, истиот нè асоцира на десерт чија подготовка ќе ни одземе неколку часа и притоа многу труд. Но не и овој пат! За сите оние кои немате премногу слободно време и енергија, а би сакале да направите неодолив домашен десерт за вашите најблиски, денес ви го откриваме совршениот рецепт! Брза и лесна бисквитна тортаПотребни состојки
Начин на подготовкаДодадете го млекото во тенџере, додадете ја ренданата кората од лимонот (Оставете малку од истата, за да на крај ја употребите како декорација) и така поставете ја смесата да се вари. Во одделен сад, измешајте ги јајцата со шеќерот. Додадете дел од затопленото млеко во чаша и во истата растворете го нишестето и потоа додадете го во тенџерето. Во тенџерето, додадете ја и смесата со јајцата и шеќерот. Непрекинато мешајте ја смесата, до добивање густа текстура. Оставете ја истата да се излади. Премачкајте го дното на садот, во кој планирате да ја складирате тортата, со тенок слој од филот и одозгора наредете го првиот слој бисквити. Следно, одозгора повторно нанесете од кремот и продолжете да ги редите слоевите, додека целосно не ја завршите тортата. На крај, површината на тортата декорирајте ја со остатокот од ренданата кора од лимон. Складирајте го десертот во ладилник да отстои 1 час, а потоа заедно со вашите најмили, насладувајте се на вкусното задоволство! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2 величествени вкусa, 2 раскошни бисквитни торти, за кои не ви е потребно ниту многу време, ниту печењеРечиси и да не постои поомилен десерт од „брзите и лесни“ бисквитни торти. Токму за таа цел, денес ви подготвивме 2 извонредни рецепти од овој вид, чија подготовка нема да ви одземе многу време, а нема да биде потребно ни печење. 1. Бисквитна торта со кондензирано млекоПотребни состојки
Начин на подготовкаКористејќи миксер, измешајте го путерот со кондензираното млеко, до добивање мазна смеса. Здробете ги бисквитите, притоа да останат мали парчиња, за да тортата при сечењето изгледа попрекрасно. Измешајте ги сите состојки заедно и поставете ја добиената смеса во сад со подвижно дно. Доколку немате таков посебен сад, поставете ја слатката смеса во тенџере или друг длабок сад, покриен со проѕирна фолија, така што краевите на десертот ќе излегуваат нагоре. Тоа ќе го олесни процесот на вадење на тортата. Изрендајте ја чоколадата и со истата, декорирајте ја тортата, а потоа складирајте го десертот во ладилникот и оставете го да отстои 1-2 часа. 2. Торта со овесни бисквитиПотребни состојки
Начин на подготовкаИзмешајте ја киселата павлака со шеќерот. Поставете малку од добиената смеса на дното на садот во кој ќе го поставите подоцна десертот. Израмнете и одозгора нанесете ги исечените банани, подеднакво на целата површина. Врз бананите поставете слој од бисквити и додадете уште од кремот. Можете да ги повторите овие чекори, додавајќи уште слоеви од сите состојки, а на крај завршете со кремот. Складирајте ја тортата во ладилник да отстои неколку часа или уште подобро, во текот на целата ноќ. Следниот ден, декорирајте го десертот со нанесување на какао врз истиот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт на денот: Летна торта со бисквити, без печењеКога ќе ви се пријаде благо во топлите денови – оваа чоколадна торта со бисквити е идеална за вас. Најдоброто е што не мора да се пече – се подготвува филот, се редат бисквитите, се лади и сервира! Лесно се подготвува и ќе ви стане омилен рецепт летово. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |