IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти ,колачи и други слатки со кафе и какао
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти ,колачи и други слатки со кафе и какао

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2018 во 08:46
&amp;#208;&nbsp;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ - Pryaniki

Руски медењаци со кафе

Состојки
60 мл вода + 50 гр нескафе
115 гр путер
100 гр шеќер
200 гр мед (180 гр)
1 лажиче ванила арома
1/3 лажичка ѓумбир
1/3 лажичка цимет
1/3 лажичка ѕвездест анис
1/3 лажичка мушкатно оревче
1/4 лажичка пимент
1/4 лажичка каранфилче
5 гр прашок за печење
5 гр сода бикарбона
1 лажиче киселина
1 јајце
460гр брашно (375гр)
шеќерна глазура
300 гр шеќер во прав
50 мл ладно млеко (или ако сакате лимонов сок)

Прво се приготвува  кафето. 60 мл вода и 50 гр инстант кафе се вари додека не зоврие.
Потоа кафето заедно со шеќерот, медот и путерот се загреваат со мешање додека сите состојки се растопат и кога ќе зоврие се трга на страна и се остава 15на минути да подолади.

Во сад за месење се мешаат сувите состојки, од кои содата предходно се раствора (гаси) во киселината. Се прави вдлабнатина и се додава јајцето, растворената сода и ванила аромата. На крај се додава смесата со кафе и мед и се меша со лажица до компактност.
Се добива густа и леплива смеса.
Се покрива и се остава на собна температура да стои најмалку 4 часа или преку ноќ. Мене 4-6 часа ми беше сосема доволно, дури замислете во меѓувреме успеав и на кино да одам : )

Откако ќе се вратите од работа или од шетање, време е да се испечат медењаците.
Потребни се 2 плеха обложени со пек-хартија и рерната да се загрее на 160С.
Со лажичка се зема од смесата и се става во плехот на растојание од барем 2см, бидејќи со печењето се шират. Секое купче со раце се обликува во топче. Ако има потреба рацете можи да се навлажнат со вода за да не лепи.

Печете плех по плех 20 минути, а ако е потребно, како кај мене и помалку.

Времето на печење зависи од повеќе фактори. Во овој случај вака како што е опишан рецептот мене ми требаа околу 13на минути, бидејќи ова е изменетата форма.
Овие медењаци ги правев два пати.
Првиот пат се држев до изворниот рецепт, освен што намалив на кафето, бидејќи сметав дека тоа е премногу кафе. И да ви кажам одма, не е. Така изгледа додека се спремаат, додека се печат и додека не прележат една ноќ, потоа следниот ден се си има смисла.
Но, со изворниот рецепт наидов и на проблем. Се тоа заради количината на брашно која се бараше да е 375 гр. Имено, се испекоја превкусни медењаци, кои на загриз имаа прекрасна текстура, што и купечките би му завиделе, но толку многу се сплескаа во печењето што на изглед не беа тоа што јас сакав да добијам. Си реков, овој проблем или е од недоволно брашно или непогодена температура на печење.

Структурно, ова се оние вистински медењаци. Шупливи и меки на загриз, како оние кои ги купуваме од продавниците, само со плус додатна арома и шмек на кафето кое заедно со зачините дава прекрасно уживање.
Така да, не ми се оставаа така само како еден неуспешен рецепт и решив да извршам измени и да добијам она што одамна сум сакала – вистински медењаци. И успеав, еве ги.

Можам да ви кажам дека и едниот и другиот начин, т.е. состав беа одлични и супер за јадење, но за чудо едно двата пати како да се добија сосема различни колачи. Првите ги има во дополнителни фотографии, тоа се оние со буквичките одозгора.

Испечените медењаци се преливаат/макаат во шеќерна глазура од добро измешан шеќер во прав и млеко. Во состојки напишав дека можи и сок од лимон наместо млеко, така кој сака е добие и еден киселкаст вкус на сите оние зачини за медењаци и кафе што ги содржат колачињата, па по желба е.

П
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2018 во 19:26
Видео рецепт: Торта со кафе


Торта со кафе

Состојки

    За ТЕСТОТО ќе ви треба:
    4 јајца
    250 гр. шеќер
    100 гр. ореви
    200 гр. брашно
    1 прашок за печиво
    5-6 лажици варено кафе
    За ФИЛ ќе ви треба:
    3 јајца
    200 гр. шеќер
    100 гр. чоколадо за готвење
    200 гр. маргарин

Старинска кремаста торта со вкус на кафе и крем готвен на пареа. Совршен десерт за секоја пригода.


Потоа додадете ги оревите и промешајте. Печете на 180 степени 20 минути или проверете со чепкалка. Чекор 2: Јајцата изматете ги со шеќерот и ставете ги на пареа со постојано мешање. После неколку минути додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се спои со кремот, околу 15 минути. Оставете го убаво да се олади. Изматете го со маргаринот и спојте го со изладениот крем. Чекор 3: Тестото пресечете го хоризонтално на два дела, испрскајте го со неколку лажици кафе и филувајте со веќе приготвениот крем. Чекор 4: Декорирајте по желба со шлаг и чоколадо. Оставете да стои неколку часа во фрижидер, па сервирајте. СОВЕТ: Овој фил е потежок за подготовка, но е незаменлив вкусот кој ќе се добие на крајот. Во тестото користете кафе по ваш вкус, кое може да го направите појако, за поинтензивен вкус.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2018 во 19:36

Нес кафе торта

Нескафе торта (Нес-торта)


Состојки

    500 гр бисквити (или готови кори за торта)
    500 мл слатка павлака (хопла, халта или некоја друга)
    3 јајца
    11 лаж. шеќер
    3 лаж. нескафе ( може ако сакате и капучино место нескафе)
    малку млеко за бисквитите

Слатката павлака се мати со пола од шеќерот. Во посебен сад кремасто се матат јајцата со останатиот шеќер. На крај се додава нескафето и се мати додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и се мати додека добро се измеша. Секоја бисквита на секунда ја потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават 3-4 реда, ред бисквити-ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендана чоколада или чоколадни трошки и ја оставаме да преноќи во фрижидер. Се сечи на коцки и се ужива во вкусот ))) Оригиналнот рецепт е со дупла доза од наведените и треба уште и 250 гр маргарин. Но, искуството и години наназат правејќи ја и согласно јас и конзументите, маргарин не користиме. Маргаринот минимално ја прави потешка за конзумација, а служи за повеќе да се уцврсти филот. Но, и без него филот ако добро се измати (јајцата да се пресни и пред употреба да биле одстоени на собна температура, најмалку 2 часа), маргаринот и воопшто не треба. Зошто не е напишан рецептот во оригинал? Затоа што, е многу издашен и пола доза ќе ви е доволна, доколку не се решите да ја правите за поголем број на луге. Ви посакувам слатко уживање!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2018 во 22:06
Какао торта



Какао торта

Состојки

    За прелив
    2 чаши шеќер
    15 супени лажици вода
    3 полни лажици какао
    1 маргарин
    6 јајца
    За тесто
    1 чаша шеќер
    1 чаша брашно
    1 прашак за пециво
    1 рака сечкани ореви

Шеќерот водата и какаото се ставаат во тенџере да зовријат. Штом зовријат, се трга тенџерето од оган и се додава маргаринот да се растопи сосема. Смесата се остава убаво да се излади. Јајцата се кршат и се делат белките од жолчките. Жолчките се проматкуваат со вилушка колку да се растурат и во нив се додава изладената смеса. Со миксер со бавно вртење на перките смесата се изедначува. Садот се остава во фрижидер. Во друг сад, белките се маткаат со миксер во цврст снег, пополека се додава шеќерот и брашното претходно измешано со пециво. Во нив се додаваат две кутлачи од ладната смеса од фрижидер, се измешува уште еднаш убаво и се истура во подмачкана и со брашно посипана правоаголна тава бр. 40. Се става во загреана рерна и се печи 30 минути на 180 степени. Испечениот колач се остава убаво да се излади, а потоа се сечи. Врз него се потура остатокот од смесата од фрижидер. Внимателно со помош на ножот се одделуваат парчињата за преливот да влезе меѓу секое парче. Се наросува со сечкани ореви.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2018 во 22:08
Торта со какао и рикота


Торта со какао и рикота

Состојки

    250гр. рикота
    250гр. шеќер
    3 јајца
    80гр. брашно
    75гр. какао
    100гр. растопен путер
    1 пециво
    За премачкување
    100гр. црно чоколадо
    1 лажица масло

Во длабок сад за матење ставете ја рикотата и шеќерот. Изматете ги убаво со миксер. Со непрекинато матење додајте ги јајцата. Матете уште 5 минути, а потоа додајте го брашното измешано со пецивото. Измешајте убаво со жица за матење и додајте го какаото и растопениот путер. Уште еднаш изматете убаво со жица за да не останат грутчиња. Смесата истурете ја во округол калап со обрач, премачкан со путер и набрашнет. Печете на 180 степени, 30 минути. Во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со малку масло. Испечената и изладена торта премачкајте ја со растопената чоколада и послужете.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2018 во 22:10
Торта со какао и ванила крем


Торта со какао и ванила крем

Состојки

    Кора
    3 јајца
    150 гр путер на собна Т
    250 гр шеќер
    200 мл млеко
    250 гр брашно
    30 гр какао
    1 прашак за пециво
    1/4 лажиче сода бикарбона
    1 ванила
    Фил
    500 мл млеко
    200 гр шеќер
    2 пудинзи од ванила
    150 гр путер на собна Т
    250 гр слатка павлака
    2 ванили или 1 лажица екстракт од ванила
    За прскање на кората
    150 мл топло млеко

Кора Изматете ги путерот, шеќерот и ванилата. Додавајте ги јајцата едно по едно и постојано мешајте да се изедначи смесата. Додајте го млекото и со мала брзина измешајте да се изедначи. На крај додајте го брашното измешано со какаото, пецивото и содата. Смесата измешајте ја со лажица или жица. Истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет калап (26) и печете на 180 степени околу 30-35 мин или проверете ја со чепкалка. Фил Пудингот растворете го со малку млеко а останатото заедно со шеќерот ставете го да зоврие. Потоа додајте го растворениот пудинг и на тивок оган мешајте да се згусти. Покриен оставете го да олади. Изматете ја слатката павлака. Изматете го путерот со пудингот и додајте ја слатката павлака и ванилата. Кратко измешајте да се изедначат. Кората исечете ја на половина (јас бев не прецизна со ножот и затоа едната е повисока другата пониска). Едната половина попрскате ја со половина од млекото и премачкајте ја со половина фил. Ставете ја другата кора попрскајте ја со млекото и прмачкајте ја со филот. Тортата украсете ја со глазура од бела чоколада, шлаг или по желба.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 09:30
Лесен крем колач со арома на кафе

Лесен крем колач со арома на кафе

Состојки

    Кекс
    4 јајца
    5 лажици шеќер
    1 ванила
    1 пециво
    9 лажици брашно
    1 лажица какао
    1 лажица кафе
    2 лажици нишесте
    3 лажици масло
    8 лажици газиран сок со кола вкус
    Крем
    50 гр. пудинг од чоколадо
    400 мл. млеко
    100 гр. чоколадо
    100 гр. шеќер во прав
    200 мл. неутрална павлака
    100 гр. бел дел од еурокрем

1. Јајцата, ванилата и шеќерот се матат пенесто. 2. Им се додава газираниот сок и масло, па пак се проматува. 3. Потоа се додаваат сувите состојки и убаво се мати со миксер да се соедини. 4. Смесата се истура во тава за печење 36 обложена со хартија за печење. 5. Кексот се пече во загреана рерна околу 20 минути. 6. Откако ќе се испече се лади, се преврува од страната со хартијата, се трга хартијата и се попрскува со кока кола, млеко или вода. 7. Прашокот за чоколаден пудинг се раствора во 100 мл. млеко. 8. Останатото млеко се вари до зовривање. 9. Се додава растворениот пудинг, се вари додека да згусне. 10. Се трга на страна, му се додава искршено чоколадо. 11. Се меша за да се соедини целата смеса. 12. Готовиот пудинг се покрива со стреч фолија и се остава да се излади добро. 13. Неутралната павлака се мати со шеќерот во прав. 14. Потоа се додава еурокремот. 15. Се мати убаво да се добие густ и повеќе накај течен крем. 16. Пола крем се спојува со миксер со изладениот пудинг. 17. Чоколадниот крем се премачкува цел врз кексот, а над него се разлева белиот крем. 18. Вака спремен, колачот се остава во фрижидер да се стегне неколку часа, а потоа се сече на коцки и се послужува. Добар апетит!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 09:45
Чоколадна кафе торта



Чоколадна кафе торта

Состојки

    Кора
    8 јајца
    8 лажици шеќер
    16 лажици мелени ореви
    2 рамни лажици брашно
    1 лажица какао
    Фил
    4 жолчки
    10 лажици сварено кафе
    4 лажици шеќер
    2 пакетчиња ванилин шеќер
    2 лажици брашно
    250 гр путер
    200 гр чоколадо со висок % какао
    150 мл слатка павлака
    Сируп
    150 гр шеќер
    100 мл вода
    Декорација
    2 пакетчиња шлаг крем од ванила
    250 мл млеко
    1-2 лажички инстант кафе
    50 мл врела вода

Смесата турете ја во плехот (прекриен со хартија) од рерната и испречете го на 200 степени. За филот, најпрво во врелата слатка павлака ставете го чоколадото и убаво промешајте да се растопи. Нека се олади. сварете една шоља кафе и кога ќе се подолади издојте 10 лажици и во нив ставете го шеќерот, жолчките и брашното, измешајте убаво и ставете ја смесата во некое помало тенџерче на оган. Мешајте цело време се додека не се свари, ќе се направи густ крем. Нека се излади. Путерот измиксајте го и во него додајте ја смесата со кафето, па смесата со чоколадото. Филот е готов. За преливот, зовријте ја водата со шеќерот, нека повари една минута и нека се излади. Кората пресечете ја на три ленти. Ставете една лента, испрскајте ја со преливот, па ставете 1/3 од филот. Продолжете со другите две ленти. Филовајте ја тортата од сите страни. Завршно, инстант кафето растворете го во водата, па ставете го во измиксаниот шлаг крем. Премачкајте ја тортата од сите страни. Декорирајте по желба.



Изменето од Valerija - 15.Јуни.2018 во 09:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2018 во 19:45
&amp;#208;&amp;#148;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;±&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#129; &amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ


Двобоен колач со вкус на кафе

Состојки
1 готов изладен пандишпан со мед
500мл. слатка павлака
200гр. шеќер
100мл. млеко
100мл. еспресо кафе ( сварено и изладено)
120гр. млечно чоколадо
30гр. какао

1. Исечете го изладениот пандишпан со мед кој рецетот го имам објавено тука, на ленти и наместете ги во сад со високи страни ( погледнете ги дополнителните фотографии) и натопете го пандишпанот со измешаното кафе со млеко.
2. Во сад за матење разматете ја ладната слатка павлака и разделете ја на два дела. Во едниот дел додајте го сечканото чоколадо, а во другиот дел какаото.
3.Филувајте го колачот до двата фила така што филот со чоколадо ќе биде одоздола, а филот со какао одозгора.
4. Затворете го колачот со лентите од пандишпан и повторно натопете го со млеко и кафе.
5. Садот со колачот додајте ги во замрзнувач и оставете ги да се ладат најмалку 3 часа.
Декоријате по желба со чоколадни зрна кафе или сечкано чоколадо.
На здравје!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2018 во 19:57
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ


Ситни колачиња со коњак и кафе

Состојки
за бомбиците со златно бисерче
100мл. слатка павлака
200гр. црно чоколадо
100гр. мелени плазма бисквити
20 мл. коњак
100гр. мелени ореви
100гр. црно чоколадо за чоколадирање
за другите бомбици и белите колачиња
200мл. слатка павлака
2 лажици кафе(нес,или кафе по ваш вкус)
250гр. мелени плазма бисквити
200гр. мелени ореви
100гр. бело чоколадо
50гр. чоколадни трошки
3 лажици масло
За подготивка на бомбиците со бисерче најпрво ја загреваме слатката павлака на тивок оган и чоколадото додека не се добие изедначена смеса.
Се трга од оган и ги додаваме бисквитите и коњакот и убаво промешуваме и потоа ги додаваме оревите.
Од смесата правиме бомбици и ги оставаме во фрижидер да се стегнат малку и потоа секоја бомбица ја чоколадираме.На секоја бомбица горе ставаме по едно златно бисерче.

За другите колачиња смесата е иста.
Павлаката исто ја загреваме на тивок оган и го додаваме кафето (претходно малку го раствораме со вода).Јас користев нес кафе.
Ја тргаме од оган и ги додаваме бисквитите и оревите. Убаво промешуваме.
Сместа ја делиме на половина. Од едната полвина правиме бомбици и ги валкаме во чоколадни трошки.
Во помал сад настрана го топиме белото чоколадо со маслото и со четче ги премачкуваме силиконските калапи.
Постапката ја правиме два пати и ги оставаме по 15 минути во замрзнувач.
Кога ќе ги чоколадираме калапите ги полниме со смесата и пак ги затвораме со чоколадо.
Ги враќаме во фрижидер се додека убаво не се стегнат.
На здравје!!!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2018 во 20:02
&amp;#208;&amp;#154;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ

Колачиња со турско кафе


Турското кафе не е само задоволство во шолја. Со него може да направите вкусни колачиња кои се топат во уста.

СОСТОЈКИ:

  • 4 белки од јајце
  • 4 лажици турско кафе
  • 200 гр шеќер
  • 1/2 кафена лажица каранфилче

ПОДГОТОВКА:

  1. Во сад се матат белките од јајца, па полека се додава кафето, шеќерот и каранфилчето. Се мати  додека не се добие пенаста смеса.
  2. Се загрева рерната на 90 степени, се става хартија на плехот и се прават мали топчиња од смесата. Наредете ги на хартијата.
  3. Се докорираат по желба со рендано чоколадо или кокос.
  4. Печеме околу еден час, па откако ќе бидат готови, се поклопуваат две колачиња, а во средината се става чоколаден крем.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:03
&amp;#208;&amp;#155;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ: &amp;#208;&amp;#148;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;·&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;·&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;¶&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;µ

Лава колач со кафе

СОСТОЈКИ:

  • 40 гр темно чоколадо
  • 2 лажици какао
  • 20 гр инстант кафе
  • 2,5 дл млеко
  • 100 гр путер
  • 50 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 5 јајца
  • шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во сад ставете изрендано чоколадо и прелијте го со млеко, па ставете на оган. Додајте какао и инстант кафе и сè заедно оставете да се зготви. 
  2. Просејте брашно во омекнат путер, па постепено додавајте врело чоколадно млеко. Мешајте додека смесата не стане целосно глатка. Во смесата додајте жолчки и мшеајте за да стане глатка и кремаста. 
  3. Белките со шеќер разматете ги во цврст снег и нежно измешајте во чоколадната смеса. 
  4. Калапите премачкајте ги со растопен путер и наполнете ги со чоколадна смеса. Печете на 180 степени 12 минути. 
  5. Украсете со какао во прав, шеќер во прав и послужете топло, со сладолед или слатка павлака.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:05

КОЛАЧ ОД ЦИМЕТ И КАФЕ

Вкусен и сочен десерт со прелив од еспресо.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
1 ч. 5 мин.

Порции

12 лица

Состојки

  • 250 гр. путер
  • 400 гр. кафеав шеќер
  • 6 јајца
  • 220 гр. брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 100 гр. мелени бадеми
  • 125 гр. кисела павлака
  • 2 лажички цимет
  • 3 лажички инстант кафе (за еспресо)
  • 2 лажички жешка вода

Еспресо сируп

  • 250 мл. топло еспресо
  • 100 гр. кафеав шеќер
  • 1 лажичка цимет

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте со малку путер тавче за куглов 22 см. и потоа наросете го со малку брашно.
Со миксер изматете ги путерот и шеќерот. Додавајте едно по едно јајце и продолжете со матење. Потоа додадете ја павлаката.
Во сад измешајте го брашното, прашок за пециво, мелени бадеми и цимет. Оваа смеса додавајте ја во изматениот путер и јајца една по една лажица и мешајте додека да се соединат. Во чапа измешајте го кафето со 2 лажички жешка вода и додадете го во тестото за колачот.
Ставете го тестото во приготвеното тавче и печете го во рерна 45 минути.
Во меѓувреме подгответе го еспресо сирупот. Во тенџере измешајте го свежо подготвеното кафе со шеќер и цимет. Загрејте го на рерна на среден оган и гответе го 5 минути со мешање додека да се растопи шеќерот.
Превртете го колачот врз чинија а сервирање и прелијте го со загреаниот сируп. Послужете го колачот топол.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:33
&amp;#208;&amp;#155;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;µ &amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;


Летен кафе чоко десерт

Состојки
1 паковка чоко стоби флипс
3 лажици кафеав шеќер
1 јајце
50 гр темна чоколада
200мл слатка павлака
2 лажици ликер од чоколада
1 лажиче еспресо (капучино,инстант кафе )

Интересен летен десерт.
Брз за подготовка, а за љубителите на вкусот на кафето е одличен десерт.
Мешавината на кафе и чоколадо, дава спрецифичен вкус на оваа сладурија.
Јас го приготвив во нутри булет.
На почетокот се додава пакетчето чоко стоби флипс заедно со кафениот шеќер и еспресото.
И ликерот од чоколада се прелива во садот.
Вклучете го нутри булетот пола минутка ми додадете го јајцето.
Откако смесата се соедини,се додава чоколадото на коцки и повторно се вклучува апаратот.
Слатката павлака ја ставаме во сад на оган.
Откако почне да врие, ја тргаме на страна и оставаме 5 минутки да отстои, па ја додаваме во садот со останатите состојки.
Го вклучуваме апаратот и чекаме се додека не добиеме убава хомогена смеса.
Оваа смеса ја разделуваме во стаклени садови и ја ставаме во замрзнувач.
Откако ќе отстои два часа,можеме да го служиме овој десерт декориран според нашиот вкус.
Јас користев цимет стапчиња и парчиња чоколада.






Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.