IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од тиква
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од тиква

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 10:26
Крем карамел со тиква


Крем карамел со тиква

Состојки 500 гр пире од тиква 600 мл. млеко 4 јајца 300 гр шеќер 1/2 мало лажиче цимет 1 ванила

Многу вкусна вариација на еден прекрасен рецепт.
Најпрво се разматуваат малку колку да се соединат јајцата и половина од шеќерот потоа се додава млекото, ванилата и циметот и на крајот се додава тиквата и убаво се промешува за да се направи хомогена смеса.
Останатиот од шеќерот се става во еден сад на оган за да се растопи и да се карамелизира, растопениот шеќер се става на дното од садот каде што ќе се печи кремот, над карамелот се става смесата со тиквата, потоа садот се става во поголем сад кој што се полни со вода, потребно е водата да стигнува најмалку до половината на садот со кремот. Така подготвен се печи на 160-170 степени за 90 минути. Откако ќе се испечи се остава да се излади целосно и се превртува во чинија и е готов за консумација.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 10:20
Највкусниот ролат со тиква



Состојки
кора
300 гр. тиква
150 гр. ореви (сечкани)
4 јајца
8 лажици шеќер
3 лажици брашно
1 пециво
1/4 лажичка цимет
фил
150 гр. тиква
3 лажици густин
3 лажици шеќер
350 мл. млеко
100 гр. путер/маргарин
2 лажици шеќер во прав
за глазура
50 гр. чоколадо за готвење
1 лажичка масло

Овој ролат во кој преовладува вкусот на тиквата искомбиниран со вкусот на циметот, оревите и чоколадото, излезе одличен, необично вкусен, избендисан од моите деца кои вообичаено нешто баш не ја обожаваат тиквата.

~ Кора ~
1. Тиквата се чисти, се сечи на коцки, се вари со малку вода 15 минути, се цеди,
се прави пире и се лади.
2. Тавата во која ќе се пече ролатот (јас користев Интенсо Ростер тава) се намрсува со масло, се става хартија за печење, пак се намрсува со масло и се посипува со 3 лажици од сечканите ореви. Намрсувањето на тавата (која вообичаено нема потреба да се намрсува), е само за да не се измести хартијата за печење која понатаму ќе послужи за ролање на ролатот.
3. Јајцата пенасто се матат со шеќерот, се додаваат брашното со измешаното пециво и цимет. Се мати со миксерот на бавно, се става пирето од тиква и со дрвена лажица се изедначува. Смесата има прекрасна портокалова боја која се истура врз оревите во тавата, и се пече на 170 степени 15-20 минути.
4. Откако ќе се извади ролатот од рерна, се лади 5 минути и врз него се распоредува останатата количина од сечкани ореви. Друго парче хартија за печење се става врз ролатот, врз неа се става некоја тацна или даска со соодветна големина за да може да се преврти ролатот од другата страна, внимавајќи да не испаднат оревите. Со помош на хартијата се витка ролат и се остава да се излади.

~ Фил ~
1. Исечканата тиква се вари 15 минути и се прави пире по иста постапка како за кората.
2. Густинот се меша со шеќерот и малку млеко одземено од вкупната количина, се вари како пудинг и добро се лади. Употребив густин, а не некаков пудинг, за да може да дојде до израз вкусот на тиквата во филот.
Путерот/маргаринот се мати со прав шеќерот, се додава изладениот густин, се мати убаво, на крај се става изладеното пире од тиква и се мати до убаво изедначување.
3. Ролатот се одвиткува, се отстранува хартијата и се премачкува со филот. Со помош на другата хартија се завиткува ролат.
4. На пареа се топи чоколадото и маслото и со лажица се шари ролатот одозгора, се остава во фрижидер.

При консумирањето на ролатот, во тестото иако во мала количина, се чувствува преубавата арома на циметот, но истиот може по вкус да се стави и повеќе.
Исто така може да се додадат и ѓумбир во прав, каранфилче, мускантно оревче ...
Се надевам дека ќе ви се допадне овој мој несекојдневен ролат со тиква.




Изменето од Valerija - 14.Ноември.2019 во 10:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 10:15
Есенски сок од тиква



Состојки
1 кг исчистена тиква
5л вода
500 гр шеќер
5 портокали
1 лимон

Сокчето брзо се подготвува.
Исчистете ја тиквата, исечете ја на парчиња и ставете ја во 5 литри вода да се свари.
Изблендирајте ја, јас тоа го правам директно во тенџерето, со рачниот блендер.
Откако ќе се подолади, ставете го шеќерот и исцедениот сок од лимонот и портокалите. Промешајте.
Ако баш не ви се допаѓа вкусот на тиквата, можете да ставите и екстрат од лимон или портокал...
Турете го во шишиња и чувајте го во фрижидер.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 09:56
Путер колач со тиква



Путер колач со тиква


Состојки
100 гр шеќер
100 гр путер
2 јајца
150 гр брашно
1/2 лажичка пециво
1 ванилин шеќер
сок од 1/2 портокал
рендана кора од 1/2 портокал
100 гр тиква во спирали или рендана

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 170 степени да ни се загрее.
2. Омекнатиот путер и шеќерот ги матиме до соединување.
3. Ги додаваме едно по едно јајцата и матиме со миксер.
4. Го додаваме сокот и кората од портокал, ванилиниот шеќер, пецивото и на крајот брашното. Соединуваме.
5. Тиквата ја рендаме или пак ја сечкаме во спирали и ја редиме во тавата за печење, па со додавање на смесата ја соединуваме насекаде да ни е распоредена.
6. Печеме околу 1/2 час, а пробуваме со чепкалка дали ни е печен колачот. Ако е сува, печен е.

Забелешка
Тиквата не ја рендав туку ја сечкав во спирализерот на Делимано. Многу штосни долги и тенки парчиња излегоа, па затоа и е позабележлива во колачот, а тоа и ми беше целта.
Го печев во мал силиконски калап за векни, а ако сакате поголема доза на пр. дупло, печете го во тавче бр.24 или 26.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 09:52
Колач од рендана тиква


Колач од рендана тиква

Состојки
1,5 кг тиква
2 јајца
3 лажици гриз
4 лажици шеќер
200 мл млеко
2 лажици масло
1/2 кесичка цимет

Есенско време или време на тикви. Тиквата е нискокалорична, вкусна и здрав есенски деликатес.
Изобилува со витамин ц, бета-каротен, магнезиум, витамин Б, витамин Е, калиум, цинк и уште многу други.  Има многу да се каже за тиквата, а јас ќе кажам како го подготвив овој убав десерт од тиква.

За да го подготвиме овој рецепт потребно е прво да ја изрендаме тиквата на јадрата страна од рендето.
Лупена, чистена од семки, ја рендаме.
И додаваме гриз и 2 лажици шеќер и убаво ја промешуваме.
На страна во длабок сад ги матиме јајцата со 2 лажици шеќер. Додаваме масло, млеко и цимет. Матиме да се соедини и го исклучуваме миксерот. Ја додаваме ренданата тиква. Промешуваме со лажица да се спои со јајцата. Плехот во кој ќе печеме го намастуваме со маргарин, а потоа со брашно го наросуваме. Вака подготвената смеса ја префрламе во плехот и ставаме да се пече на 180 степени околу 35 минути.
Кога е печено го вадиме од рерна и сечеме на триаголничиња.

Се јаде и топло и ладно. Мене искрено повкусно ми е топло. Можете да наросите шеќер во прав или цимет по желба.
На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2019 во 09:49

Dave`s Kitchen: Крем супа од тиква


Постојат најразлични рецепти каде што може да ја искористите тиквата како главна состојка. Оваа недела со Dave’s Kitchen ви ја споделуваме неговата верзија на омилената крем супа од тиква.


Потребни состојки:

  • 800 гр излупена тиква и отстранета од семките
  • 1 средна главица кромид, ситно исечкана
  • 1 среден компир,излупен и исечкан на коцки
  • 1 морков, излупен и исечкан на коцки
  • 2-3 чешниња лук, ситно исечкани
  • 2 л пилешка или зеленчукова супа
  • Сол и мелен црн пипер по вкус
  • 100 мл неутрална павлака
  • 3 лажици маслиново масло + екстра за декорација
  • Неколку лажици кисела павлака за декорација
  • Ситно исечкан магдонос за декорација
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 17:36

Совршено рижото со тиква



Италијански рецепт кој ќе го повторувате со задоволство….

Намирници – 150 г тиква, 100 г овчо сирење, 1 чешне лук, 200 мл бело вино, 1 лажичка мелен мак, 2 лажици семки од тиква, 4 лажици маслиново масло,300 грама ориз, бујон од зеленчук, сол и црн пипер.

Подготовка – Пропржете го лукот во загреана тава на маслиново масло па додадете го оризот и кратко динстајте додека да добие боја. Полејте се со бело вино, па додадете ја тиквата исечкана на мали коцки.Се добро измешајте и варете се додека не испари виното. Потоа додавајте од бујонот мешајќи додека оризот не се свари. Пред крајот зачинете, додадете ги сирењето и макот па се добро измешајте. Поросете со исечкани семки од тиква и послужете топло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 17:34

Многу се вкусни: Њоки од тиква



Многу се вкусни, а тиквата им дава посебна арома. Прелијте ги малку со маслиново масло, наросете ги со исечкан босилек и изрендан пармезан, и уживајте во секое залче.

Потребни намирници – 1 кг печена и оладена тиква, 500 грама брашно, 2 цели јајца, свеж босилек, маслиново масло, сол и црн пипер, пармезан.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквата исечете ја на кришки и печете ја околу еден час. Кришките изладете ги, отстранете ја коричката и одвојте го портокаловото „месо“. Од него направете пире. Додадете ги јајцата, посолите, наросите црн пипер, додадете ситно исечкан босилек и потоа додадете го и брашното. Добро мешајте и направете меко тесто. Од тестото направите њоки.

Во меѓувреме сварете вода, посолете ја и варете ги во неа њоките додека да испливаат на површина. Извадете ги со лажица. Жешките њоки прелијте ги со маслиново масло или потпечете ги на маслиново масло. Додадете уште неколку ливчиња свеж босилек и прелијте ги со изрендан пармезан.



Изменето од Valerija - 11.Април.2019 во 17:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 17:32

Превкусни палачинки од тиква



Дегустирајте ги овие слатки палачинки направени од кралицата на есента – тиквата.

Намирници – 220 грама брашно, 200 грама пире од тиква, 350 мл млеко, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици лимонов сок и малку рендана кора од лимон, 1 лажичка сода-бикарбона, 2 лажички прашок за пециво, 1 лажичка цимет, прстофат сол, малку рум.

Подготовка

Пресечете ја тиквата на четвртинки и ставете да се испече на 200 степени околу 40 минути додека да омекне. Печената тиква оставете да се излади, потоа со лажица извадете го „месото“ и гмечете да добиете пире.

Помешајте го брашното со шеќерот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, сода-бикарбоната, циметот и додадете прстофат сол.

Јајцето посебно изматете го со млекото, лимоновиот сок, ренданата коричка од лимон, пирето од тиква и неколку капки рум. Мешајќи на оваа смеса додадете ги сувите состојки. Смесата оставете ја да отстои половина час.

Палачинките печете ги на загреано масло додека поруменат, од секоја страна по околу минута. Послужете ги со прелив од мед или чоколада.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 17:31

Потпечена тиква полнета со мелено месо и ориз



Ви здодеа од некреативни оброци? Ова неодоливо јадење се подготвува едноставно, а е вистинско задоволство за целото семејство.

За подготовка потребно е – 1 тиква, 500 грама говедско месо, 50 гр ориз, 1 кромид, 1 морков, лажичка мелен бибер, лажичка зачин од сушен зеленчук, малку масло, сол, бибер.

Подготовка

Тиквата исечете ја на врвот, внимателно исчистете ја од семките, па делумно издлабете ја средината.

Ситно исечкајте ги кромидот, а морковот и остатокот од „месото“ на тиквата изрендајте ги.

На малку масло пропржете го кромидот, меленото говедско месо, морковот и тиквата. Динстајте додавајќи вода, а потоа додадете го и оризот и измешајте. Зачинете по желба.

Со смесата пополнете го испразнетиот дел од тиквата. Затворете го горниот дел со фолија и ставете ја во премачкана со масло тепсија. Во тепсијата додадете и малку вода.

Печете ја полнетата тиква во претходно загреана рерна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2019 во 17:18

Протеински колачи од тиква – подготовка

Состојки

100 грама овесни снегулки
150 грама whey протеин со вкус на капучино
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир во прав
25-50 мл млеко
100 грама пире од печена тиква
25 грама масло од кокос (стопено)
100 грама темно чоколадо

  • Сомелете ги овесните снегулки во блендер до форма на прав. Додајте whey протеин, цимет, ѓумбир и промешајте.
  • Тиквата иситнете ја во форма на пире, додајте ја во смесата, а потоа додајте млеко и стопено кокосово масло и измешајте додека состојките не се спојат во форма на тесто. Ако смесата ви е многу сува, додајте уште млеко. Ако е многу влажна за да се создаде тесто, додајте малку протеин.
  • Распоредете ја рамномерно смесата во тавче и притиснете ја одозгора со лажица. Потоа оставете ја да се олади во фрижидер најмалку 45 минути.
  • Откако ќе ја извадите од фрижидер, исечете ја во форма на правоаголници. Стопете го темното чоколадо и прелијте ги баровите. Ставете ги повторно во фрижидер да отстојат 10-15 минути и потоа можете да сервирате &amp;#128578;
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2019 во 10:30

Есенски колач со тиква

Тиквата има многу хранливи состојки па поради тоа се препорачува да се консумира редовно. Направете го овој колач од тиква и израдувајте ги членовите на вашето семејство.

Состојки:

5 јајца
200 гр кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
400 гр брашно
1 пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка морско оревче
1/4 лажичка мелено каранфилче
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка ситен шеќер со портокал и ѓумбир
300 мл масло
600 гр рендана тиква
100 гр сечкани ореви
100 гр мешавина од суво грозје и брусница
За фил
500 гр тиква
100 гр шеќер
2 пудинга од банана
400 мл млеко
80 гр путер

Подготовка:

Јајцата ги матиме со шеќерите, пенасто, да се волуменизираат и побелат. Го додаваме маслото. Ги додаваме сувите состојки, брашно, сол, пециво, сода бикарбона и зачините, соединуваме. Ја додаваме ренданата тиква заедно со оревите и сувото грозје, мешаме со лажица до соединување. Целата смеса ја распоредуваме во голема ростер тава намрсена и набрашнета. Печеме во загреана рерна на 170 степени со вентилатор околу 50 минути. Го оставаме да подизлади. Тиквата за фил ја ставаме во тенџере заедно со шеќерот и околу 50 мл вода да ни се свари. Прашокот за пудинг го соединуваме со млекото. Со помош на рачен блендер варената тиква ја блендираме директно во тенџерето. Го додаваме млекото со пудинзите и интензивно мешаме до згуснување на целата смеса. Путерот го ставаме на крај, мешаме додека да се растопи. Малку да излади и го распоредуваме филот врз колачот.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2019 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2018 во 09:04

Фрапе од тиква
За фрапе за 1:

Мала чаша месо од тиква (претходно издинстана, сварена на пареа или печена, и оладена)
пола банана
околу 150 мл. млеко, млеко од соја или ванила благ јогурт
пола лажиче цимет (а може и ронка ѓумбир во прав, каранфилче во прав)
1-2 коцки мраз
Во блендер измешајте ги сите состојки околу 1 минута, дур не добиете мазно, густо фрапе. Уживајте !
Ви требаат други идеи што да правите со тиква? Еве: тиква на пареа за сладолед и мафини,


Изменето од Valerija - 03.Ноември.2018 во 09:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2018 во 17:58
&amp;#208;&amp;#144;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°


Ароматична есенска торта со тиква


Вкус на есен, совршен десерт во ладните ноќи, аромата неодолива.

СОСТОЈКИ:

  • КОРА      
  • 300 г брашно
  • 200 гр маргарин
  • 2 жолчки
  • пола лажиче сол
  • 2 лажици павлака
  • пола лажиче прашок за пециво
  • ФИЛ1
  • 500 гр тиква
  • 600 мл млеко
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 1 лажичка цимет
  • 3 јајца
  • 50 гр маргарин
  • ФИЛ2
  • 500 гр павлака за готвење
  • 200 гр шеќер
  • 5 јајца1 лажица лимонов сок1 ванилин шеќер

ПОДГОТОВКА

  1. Од брашното, маргаринот, жолчките и солта, со прашокот за пециво направете тесто, и откако ќе отстои половина час во фрижидер, извадете го.
  2. Тиквата исечете ја на коцки, сварете ја во млекото, пасирајте ја па додадете ги шеќерот, јајцата, циметот, ѓумбирот и маргаринот.
  3. Павлаката изматете ја со сите состојки за вториот фил.
  4. Ставете го тестото во плех за печење, ставете го едниот па другиот фил.
  5. Печете половина час на 180 степени, па 20 минути на 140 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.