IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти со кокос
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти со кокос

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти со кокос
    Испратена: 18.Јануари.2014 во 18:11
                         Подгответе вкусни домашни Рафаело бомбици

За љубителите на кокосот, Рафаело бонбоните се сигурно омилениот десерт, па токму затоа и тие ќе бидат воодушевени од овој едноставен рецепт за подготвување на Рафаело бомбици во домашни услови.
Станува збор за навистина едноставен рецепт, а крајниот резултат е и повеќе од прекрасен - Рафаело бомбици на кои никој нема да остане рамнодушен.



Во продолжение прочитајте што се ви де потребно за десертот и самиот начин на подготовка, па можете уште во текот на овој продолжен празничен викенд да ги изненадите своите најблиски.



Потребни состојки:

● ½ литар млеко
● 15 лажици шеќер
● 10 лажици густин
● 250 грама маргарин
● 250 грама кокос
● Две пакетчиња ванилин шеќер
● 200 грама лешници
● 150 грама кокосово брашно



Начин на подготовка:

Во еден сад најпрво измешајте ги густинот и шеќерот, се со цел да се добие смеса слична како за подготовка на пудинг, а во тенџере на оган ставете го млекото и кога истото ќе зоврие, тргнете го од ринглата. Потоа смесата од густинот и шеќерот помешајте ја со приготвеното млеко, приготвувајќи густ крем. На крајот оставете го сето тоа да се олади.

Откако смесата ќе се олади доволно, во неа ставете го изматениот путер и добро измешајте, а потоа додадете го и кокосовото брашно.



Така подготвената смеса почнете ја да ја обликувате, односно со мокри раце започнете со месењето на малечки топчиња и во средината на секое од нив ставете по еден лешник. На крајот бомбиците тркалајте ги во сад со кокос.

Рафаело бомбиците сервирајте ги во хартиени корпички, добро изладени и секако, поканете ги вашите најблиски, заедно да уживате во десертот. Пријатен апетит!




Изменето од Valerija - 15.Јуни.2018 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2017 во 08:03

За сите оние кои се љубители на кремастите торти со многу фил ова е совршениот избор.

Kremasta-torta-za-cista-desetka-01

Тортата изгледа навистина сочно и може да ви послужи како десерт за семејството, но и во ситуациите кога ќе ви се најават гости.

Иако навидум изгледа сложена, постапката е навистина лесна и едноставна, а вкусот е нешто кое долго ќе го паметите.

Состојки:

Пандишпан:

  • 10 белки од јајце
  • 20 лажици шеќер
  • 150 g брашно од кокос

Фил:

  • 10 жолчки од јајце
  • 15 лажици шеќер
  • 8 лажици густин
  • 8 dl млеко
  • 250 g путер / маргарин
  • 100 g темно чоколадо
  • 100 g мелени плазма бисквити
  • 100 g мелени бадеми
  • 1 dl слатка павлака

Декорација:

  • 2-3 лажици мелени бадеми
  • 1 dl слатка павлака
  • 2-3 лажици од филот

Начин на подготовка:

Изматете ги белките и шеќерот во цврст шлаг. Додадете го кокосот и измешајте со лажица.

Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете околу 30 минути на 175 °C.

За филот убаво изматете ги жолчките со шеќерот. Малку од млекото додадете во густинот, а со остатокот направете густа смеса како пудинг.

Откако смесата ќе се излади додадете омекнат маргарин/путер.

Добиениот фил поделете го на два дела, во едниот додадете топено чоколадо и плазма бисквити а во другиот бадеми и шлаг од слатка павлака.

Пандишпанот пресечете го на два дела и прво нанесете го темниот фил, па светлиот фил, па вториот дел од пандишпанот, па повторно двата фила и на крај декорација.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:25


Рецепт: Кекс со кокос                                                                                                         

Состојки
4 јајца
1 кесичка ванила
1 кесичка рум шеќер
1 и 1/2 шоља шеќер
1 шоља масло
1 шоља топло млеко
2 и 1/2 шољи просеано брашно
3 лажици кокос
1 пециво
1 лажиче просеано какао-за декорација
Шољата е од 225мл.


Едноставен, лесен, брз кекс.

Јајцата се матат додавајќи им ги ванилата, рум и обичниот шеќер.
Кога сме добиле густа маса и промена на боја, го додаваме малку по малку маслото, па млекото и на крај брашното помешано со кокосот и пецивото, матејќи со послаба брзина, со цел да не спласни смесата.
Во мал дел се додава какаото, се соединува и се прават шари.
Се пече во загреана рерна 35 мин. на 180 степени.
Ладно се сече. Со шоља млеко, одлично.

На здравје!



Изменето од Valerija - 25.Мај.2018 во 21:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:27
Кокос коцки

Кокос коцки

Состојки
Тесто
4 јајца
4 филџани шеќер
2 филџани масло
6 лажици млеко
1 пециво
6 филџани брашно
филџан (150мл)
Глазура
500 мл млеко
300гр шеќер
7 лажици какао
200 гр маргарин
100 гр кокос

Се прави пандиспањата. Се матат јајцата со шеќерот се додава маслото млекото и брашното измешано со пецивото. Се печи во долго длабоко плехче 20х30см на 180С/25мин. Се лади и се сечи на коцки.
Глазура
-Во млекото се меша шеќерот додека да се стопи. Се додава какаото и маргаринот и заедно се меша да се добие еднолична течна смеса.
Се земаа коцките и се макнуваат во чоколадната смеса и се увалкуваат во кокос.
Е овие кокоски ги направивме заедно со Еми.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:28
Чоколадни кокос коцки


Чоколадни кокос коцки

Состојки
250гр. маргарин
250гр. путер
300гр. кафеав шеќер
4 цели јајца
2 лажици рум
2 лажици чоколадо во прав
500гр. брашно
за преливање..
400гр. шеќер во прав
2 лажици чоколадо во прав
80гр. маргарин
6-7 лажици млеко
50гр. кокос

Ќе започнам така што веднаш ќе кажам дека рецептот е од наша гостинка од Германија, изворно воопшто не знам од каде потекнува, но најбитно е дека со оглед на тоа што не сум голем љубител на слатко-благо ми се допадна,па по тој повод го поставувам тука,со надеж дека некој ќе го испроба.

Најпрво се бијат маргаринот и путерот во сад, настрана се бијат јајцата и од таа смеса постепено се додава во претходно биениот крем од маргарин и путер, следува шеќерот, останатите продукти,за на сам крај да се додава брашното,истовреме биејќи со миксерот. Доколку ви се гледа ,,тврда смеса,,  ќе ја префрлите смесата во садот за месење леб...доколку немате таков, тогаш поупорно со миксерот, подоцна самиот колач е доста мек зашто има и доста маргарин и путер, кои допринесуваат за тоа. Смесата се излева во стандарден плех над хартија и се печи на 180 околу 20 минути.

Додека се печи се припрема смесата за најгоре. 400гр. шеќер во прав се меша со чоколадото во прав и маргаринот кој треба да е на собна температура за убаво да се избијат со миксер, додавајќи млеко постепено во него. Над жежок кекс се става оваа смеса и веднаш се посипува со кокос. Кога се излади убаво дегустацијата може да почне.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:30
Коцки со крем од кокос


Коцки со крем од кокос

Состојки
за тесто
4 јајца
12 лажици шеќер
100мл млеко
100мл масло
12 лажици брашно
1 пециво
1 ванила
2 лажици какао
за крем
500мл млеко
3 лажици брашно
12 лажици шеќер
1 ванила
100гр кокос

Ова е рецепт за еден обичен, брз но доста вкусен десерт. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата. Откако убаво ќе се изматат се додава млекото, маслото, брашното и пецивото. Се меша со лажица. Се дели на два дела и во едниот дел се додава 2 лажици какао.
Во правоаголно намрсено тавче се става кафеавиот дел да се печи во загреана рерна на 200степени точно 10мин.

Во меѓувреме се спрема кремот. Во ладно млеко се става ванилата. Шеќерот и брашното и со маталка се мати убаво да нема грутчиња. Се вари додека не се згустне, се трга настрана и се додава 100гр кокос. Над испечениот прв дел се додава кремот, па останатиот дел од тестото и се враќа во рерна на иста температура уште 20мин.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:35
Коцки со кокос и портокал


Коцки со кокос и портокал

Состојки
Пандишпан
6 белки
12 лаж шеќер
3 лаж. брашно
150 гр. кокос
Прв фил
500 мл. вода
5 лаж. шеќер
5 лаж. густин
125 гр. маргарин
6 жолчки
Втор фил
500 мл. цеден сок од портокали
5 лаж. шеќер
6 лаж. густин
125 гр. маргарин
За декор
50 гр. кокос
За пандишпанот
Се матат белките во цврст снег. Во нив се додава шеќерот и се мати додека да се стопи. Се додава брашното и кокосот и убаво се промешува со лажица додека се убаво да се соедини.
Се пече во правоаголно тавче бр. 40 на 180 степени додека да зарумени.
Одкако малку ќе се олади се вади од тавчето и му се остранува хартијата и повторно се става во него.

Првиот фил
Се става водата на оган, а претходно се вади малку од неа за да се разреди смесата со жолчките и густинот. Во водата се додава шеќерот. Посебно се мешаат жолчките и густинот со водата и тие се додаваат во зовриената вода, се меша додека убаво да се згусне. Се додава во филот и маргаринот и убаво се промешува додека да се стопи.

Вториот фил
Сокот од портокал се добива од 5 големи портокали. Се става сокот од портокал во сад на оган со шеќерот. Одделно се меша густинот со малку сок од портокал, а доколку не ви излезе 500 мл сок може густинот да се разреди со малку вода. Густинот се става во зовриениот сок и се меша до згуснување. Се трга од оган и се додава маргаринот, се меша додека да се растопи.

Врз пандишпанот се става првиот фил и убаво се измазнува, па врз него се става и вториот фил, и убаво се израмнува.
Одозгора се поросува со кокос.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:37
Кокос коцки


Кокос коцки

Состојки
потребно за кора
1,5 чаша (250 гр) кокос
1 чаша шекер
1 чаша млеко
1 чаша брашно
0,5 чаша масло
1 јајце
1 пециво
потребно за крем
600мл млеко
7 лаж шекер
7 лаж брашно
200 гр маргарин
100 гр прах шекер
7лаж кокос

1. Се мати јајцето со шеќерот, потоа се додава маслото и млекото се промешува, па се додава брашното, кокосот и пециво. Се става во подмачкано плекче со масло и брашно и се пече на 185 степени околу 30 мин.

2. Половина и повеќе од млекото се става да се загрее со шеќерот. Во остатокот се раствара брашното, кое се додава во врелото млеко и се вари густ крем.

3.Кога кремот ке олади се спојува со претходно изматен маргарин со прах шекер и се додава кокосот.

4. Кремот се сипува одозгора на испечената и оладена кора се израмнува и се посолува со кокос, се става малку во ладилник и се сече на коцки.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 18:15

Целуфки со кокос

Потребно

6 белки

Малку сол

3 лажици мед или стевија

600 мл кокосово брашно (или рендан кокос)

Кокосово масло за тепсијата

 



Постапка:

 

1.Вклучете ја рерната на 130-140 степени.

2.Цврсто изматете ги белките со прстофат сол.

3.Постепено додавајте го медот/стевијата и понатаму мешајќи.

4.На крајот, нежно со лажица измешајте ги белките со кокосот.

5.Со лажица вадете целуфки и ставајте ги на претходно добро намастен плех.

6.Печете околу 50-60 минути додека да добијат убава боја.



Изменето од Valerija - 15.Јуни.2018 во 09:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 18:25
Кокосовки со мармалад


Кокосовки со мармалад

Состојки
3 чаши (од 330 мл) брашно
1 пециво
1 чаша (330 мл) масло
пола чаша (165 мл) млака вода
Шербет
1 чаша (330 мл) вода
1 чаша (330 мл) шеќер
И уште...
200 гр кокос
по потреба мармалад за полнење

Сето се меси убаво, се прават мали топчиња. Секое топче се плеска во рацете и се става по 1 лајче мармалад. Се затвораат убаво за да не истече мармаладот во печењето.
Се печат во загреана релна на 150 степени.
Кога се готови, се прави шербтот.
Водата се вари со шеќерот околу 10ина мин. Колачињата се потопуваат во шербетот, па се прпелкаат во кокос.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 18:27
Кокосовки


Кокосовки

Состојки
за кокос фил..
400гр. кокосово млеко(дома приготвено-види долу)
600гр. кравјо млеко
180гр. шеќер
7-8 лажици гриз
200гр. кокос
50гр. бело чоколадо
1 кесичка ванила шеќер
за тесто..
3 јајца
150гр. шеќер
300гр. млеко
150гр. масло
250гр. брашно
1 лајче чоколадо во прав, цимет пола лајче
1 кесичка печиво
глазура
100гр. чоколадо
1 лајца маргарин
6-7 лајци млеко
2 лајци шеќер
1 лајца какао

За кокос млекото најпрво во домашна верзија
500гр.вода + 100гр кокос водата и кокосот се варат 7-8 минути, се лади смесата, се префрлува во блендер, осема фина конзистенција да има, се блендира,  после се префрла во шерпа,  па низ газа се цеди убаво. Добиваме 400-450 гр.миризливо кокосово млеко, кое го користиме понатаму.

За подготовката на филот.
Добиеното кокосово млеко се става во подлабок сад, се дотура уште 600гр. млеко, се ставаат шеќерот и гризот, да се свари крем. Кога се тргне настрана се додава кокосот и чоколадото, нека се топи мешајќи.

За тестото
Се бијат белките со шеќер, кога ќе се добие густа бела смеса, се додаваат жолчките и сите продукти еден по еден. Добиваме темна смеса, која половина се истура во подмачкана 40 бр.правоаголна тава, ставаме да се печи на 180. Малку нека потпечи (јас некои 13 мин.го оставам) се вади од рерна и над него се става филот цел, па се тура најгоре втората половина од предвидената смеса за тесто. Се враќа во рерна да се допечи околу 20-тина мин.-зависно од рерната секако.

Се приготвува глазурата така што се топат шеќерот и млекото се додава какаото, да се промеша добро, без грутчиња, се додава на коцки чоколадото, но да не проврие туку се топи на тивко. На крај се додава маргаринот. Топла глазура се полева над кексот. Ладен се сечи по избор.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 18:35
Парени кокосовки со павлака


Парени кокосовки со павлака

Состојки
1 јајце
150мл кисела павлака
150мл зејтин
200гр кокос
250гр маргарин
600-700гр брашно
1 лажица кора од портокал
1 пециво
100гр шеќер
шербет
800гр шеќер
700мл вода
2кесички ванилин шеќер

Едноставни за подготовка, економични, вкусни...
Јајцето со вилушка се разматува со павлаката, зејтинот и шеќерот.
Кон оваа смеса се додава маргаринот исечен на потенки парчиња (за полесно да се соедини во смесата).
Се додава и кокосот и половината од брашното измешано со пецивото. Се меси со постепено додавање на преостанатото брашно. Потоа се остава тестото да се одмори 10 минути на поладно или во фрижидер.

Од тестото се зема колку орев, се расплескува, се става оревче во средината и се собира во форма по желба (топче,торбичка,ролничка)
Вака направените колачи се редат во подмачкан плех и се печат околу 25-30 минути на 180 степени.

Шербет
Водата се става да врие со шеќерот и врие 10 минути. Се трга од шпорет и се додаваат ванилите.

Колачите да здивнат, да се подоладат и се попаруваат со исто таков шербет.
Попарените колачи се поросуваат со кокос.
За полнење на колачите може да се употреби и друго суво овошје или свежи вишњи.
Кората од портокал не е задолжителна, но дава убава арома.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 20:54
Рафаело топчиња (веган)

Рафаело топчиња -посно

Состојки
100гр. индиски ореви
3 лажици кокосово масло
5 лажици кокос
2 лажици кокосово млеко или вода
3 лажици мед или агаве
1 лажичка екстракт од ванила
20гр. лешници или бадеми

Вистински вкус на рафаело во веганска верзија..

- Индиските ореви кратко се подпечуваат, откако ќе се оладат ги блендираме заедно со кокосовото масло се додека не добиеме смеса мазна како путер.
- Во мелница за кафе го мелиме кокосот до ситен прав.
- Во путерот од индиски ореви го додаваме иситнетиот кокос, медот, кокосовото млеко или вода и екстрактот од ванила. Блендираме се додека се се соедини.
- Смесата ја ставаме 30 минути во фрижидер. Потоа формираме топчиња, а во секое ставаме еден подпечен лешник или бадем. Ги валкаме во кокосово брашно.
- Се чуваат во фрижидер или се јадат веднаш.




Изменето од Valerija - 17.Мај.2018 во 20:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 20:56
Рафаело со цреши


Рафаело со цреши

Состојки
За бомбици
500 мл слатка павлака
2 пакетчиња пудинг од ванила
2 пакетчиња ванилин шеќер
100 гр кокос
1 бело чоколадо
125 гр маргарин
Друго потребно
30 цреши
За поросување
100 гр кокос

Поинакви рафаело бомбици кои имаат одличен вкус.
Ја ставаме слатката павлака на тивок оган и веднаш го вмешуваме пудингот, со ванилиниот шеќер додека се згусне убаво, скоро да не може веќе да мешате. Го додавате маргаринот и чоколадото да се стопат.
Потоа го додаваме кокосот и оставаме 15 мин да се олади смесата и да се поврзе се убаво.
Формираме топчиња и во секое ставаме по една цреша. На крај секое топче го валкаме во кокос.
Јас направив 30 покрупни бомбици, доколку ги правите помали ќе излезат 60 сигурно.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,078 секунди.