IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи со рум
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи со рум

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 20:39

Рум торта со двојно крем задоволство


Планирате забава во брзо време?

0-rum-torta-so-dvojno-krem-zadovolstvo-kafepauza.mk

Потребни состојки:
За кората:
  • 6 јајца
  • 6 лажици кафеав шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици какао
За првиот слој крем:
  • 500 грама пире од костен
  • 200 грама шеќер во прав
  • 200 грама путер
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 50 милилитри рум
За вториот слој крем:
  • 500 милилитри слатка павлака
  • 1 кесичка зацврстувач за шлаг
За филот:
  • 100 грама црно чоколадо
  • 50 грама путер
Начин на подготовка:

Жолчките измешајте ги со шеќерот, па додајте им го брашното и какаото, а потоа постепено турајте ги и белките додека мешате. Префрлете ја смесата во сад за печење, обложен со мрсна хартија и ставете ја во рерна на 180 степени. Оставете да се пече сè додека не добие златна боја.

За првиот фил, измешајте ги путерот и шеќерот во прав, па потоа додајте го пирето од костен, румот и екстрактот од ванила, добро измешајте и нанесете го на оладеното тесто.

Со помош на миксер, изматете го шлагот од слатката павлака, додадете го зацврстувачот за шлаг и нанесете го врз првиот фил.

Стопете ја чоколадата со путерот, а потоа во тенок слој сипете ја на мрсна хартија, оставете ја 10-тина минути да се олади во фрижидер, а потоа исецкајте ја коцки. Декорирајте ја тортата со овие чоколадни коцки и сервирајте.

1-rum-torta-so-dvojno-krem-zadovolstvo-kafepauza.mk



Изменето од Valerija - 22.Мај.2018 во 20:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.