IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи со рум
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи со рум

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Торти и колачи со рум
    Испратена: 16.Мај.2018 во 18:18
Колку го сакате румот како состојка во десертите?среќа

Чоколаден рум колач


Чоколаден рум колач

Состојки
2 јајца
130 гр шеќер
100 гр путер
прстофат сол
1 чоколаден пудинг (прашок)
1 лажица какао
130 гр брашно
1 пециво
3 лажици млеко
1-2 лажици рум екстракт
70 гр рендано чоколадо или чоколадни капки
За прелив
100 гр путер
100 гр чоколадо 50 % какао
1 лажица рум екстракт
За фил
2-3 лажици џем од јагоди

Подготовка
1. Путерот заедно со шеќерот и јајцата се мати со миксер до соединување. Се додаваат какаото, прашокот за пудинг, пецивото, брашното, млекото, солта и румот. Се соединува целата смеса со миксер. Ги додаваме ренданото чоколадо или чоколадните капки. Промешуваме со лажица.
2. Ја истураме во калап бр. 20 намачкан со путер и побрашнет. Печеме на 180 степени во загреана рерна околу 25 минути.
3. Ја вадиме тортата од калап која ни е малку изладена. Откако сосема ќе излади ја сечеме на половина. Ја премачкуваме со џем од јагоди, па ја поклопуваме со вториот дел.
4. За преливот на сосема ниска температура ги топиме путерот и чоколадото. Откако ќе се растопат и соединат го додаваме румот. Соединуваме и тргаме на страна за да подизлади, за да не биде многу течен, за да може да се задржи на површината од колачот.
5. Го прелеваме колачот, а на крај украсуваме со малини, јагоди или некое друго овошје кое може да биде и кандирано.

Забелешка
Џемот од јагоди и дава сочност и посебна краситост. Може, ама и не мора да го ставате. Јас имав некоја лажичка останат во теглата и реков вака ќе го искористам.
Немав ни доволно чоколадни капки па направив комбинација, ставив и од нив и сечкано чоколадо.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 18:20
 Ð ÑƒÐ¼ ваљаци (без печење)



Рум ваљаци без печење

Состојки
125 гр маргарин
100 гр шеќер во прав
300 гр мелени бисквити
50 гр мелени ореви
100 гр сок од портокал
1 лажица рум
Глазура
200 гр црна чоколада
20 гр бела чоколада

Измиксирајте го маргаринот заедно со шеќерот во прав. Додадете ги мелената бисквити и оревите. Се заедно се миксира и се додава прво сокот, а потоа рум. Се остава 30 минути во фрижидер да се олади смесата, па се прават долги валјаци со дебелина од 1см. Се сечат од 5см должина.
Се ставаат во фрижидер на 2 - 3 часа и се става глазура од црно чоколадо кое е истопено на пареа. Кога ке се зацврсти чоколадата се украсува со бело чоколадо.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 18:22
Рум ваљаци со кикирики

Рум ваљаци со кикиритки

Состојки
125 гр маргарин
50 гр шеќер во прав
150 гр мелени бисквити
50 гр мелени несолени кикирики
1 портокал ( сок и кора )
100 гр црно чоколадо
2 лажици рум За глазура

1. Мелените бисквити и кикириките ги мешаме заедно. Го додаваме шеќерот во прав.
2. Кората од портокал ја рендаме и го цедиме истиот.  Ги додаваме во смесата. Го додаваме румот.
3. Маргаринот го ставаме во сад на оган да се стопи. Го додаваме во смесата. Мешаме. Смесата ја ставаме во фрижидер да стои 30 минути. Од смесата правиме ваљаци со дебелина од 1,5 цм , а должина 4 цм.
4. Ги ставаме во фрижидер да се стегнат 1 час.
5. Чоколадото го топиме на пареа, и со него ги преливаме ваљаците. Украсуваме по желба.




Изменето од Valerija - 16.Мај.2018 во 18:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 18:25

Рецепт за брзи рум штангли без печење


Состојки:

300g компир
300g мелени бисквити
200g темно чоколадо
140g маргарин
200g шеќер во прав
1 лажица какао
2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
1 лажица масло

Подготовка:

1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.

2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.

3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.



Изменето од Valerija - 16.Мај.2018 во 18:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 18:26

Рецепт за кој не ви треба ниту печење, ниту вештина: Рум бомбици


recept-za-koj-ne-vi-treba-nitu-pecenje-nitu-vestina-rum-bombici-01.jpg

А во комбинација со чоколадо и мелени лешници, создава слатка идила совршена за тмурните денови.

Состојки:

  • 150g чоколадо
  • 50g путер
  • 150g мелени лешници, бадеми и ф’стаци (мешано)
  • 2 лажици рум + 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици рум

Подготовка:

Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Додајте ги мелените јаткасти плодови и промешајте.

Румот и шеќерот промешајте ги додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте ја течноста во чоколадото и промешајте.

Додајте уште 2 лажици рум, промешајте со дрвена лажица и со раце обликувајте топчиња.

Добиените бомбици ставете ги да се оладат, а потоа извалкајте ги во цимет, какао или уште стопено чоколадо.

Уживајте!

recept-za-koj-ne-vi-treba-nitu-pecenje-nitu-vestina-rum-bombici-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 18:44

Рецепт: Колачиња со рум


Навистина многу брзо и лесно ќе ги направите …

Потребно е:
125 гр путер
100 гр шеќер во прав
300 гр мелени плазма бисквити
50 гр мелени ореви
100 мл сок од портокал
1 лажица рум или екстракт од рум
200 гр црно чоколадо
20 гр бело чоколадо

Подготовка:
– Изматете ги путерот со шеќерот во прав.

– Додадете ги мелените бисквити и мелените ореви. Убаво изматете и додадете го прво сокот од портокал, а потоа румот.

– Ставете ја смесата 30 минути во фрижидер.

– Земајте парчиња од смесата и обликувајте ги како топчиња или пак може да ги направите долгнавести, по желба. Исечете ги на 5 см должина.

– Вратете ги во фрижидерда стојат 2-3 часа, а потоа глазирајте ги со растопено црно чоколадо, кое претходно сте го растопиле на пареа.

– Оставете чоколадото да се стегне и потоа украсете ги со растопено бело чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 20:36

 ДОМАШНИ ТАРТУФИ СО РУМ И ПАВЛАКА

 

    Потребни производи:

2 парчиња темно чоколадо за готвење
¼ чаша полномасен крем
2 лажици масло
½ чаша мелени чоколадни бисквити
2 лажици темен рум

½ чаша чоколадни или какао стапчиња
2829253e3afdd74422ba095d0407a784

Подготовка:
Во тенџере на водена пареа измешајте ги маслото и павлаката. Нека се варат на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе се стопат додадете меленочоколадо. Промешајте додека смесата стане целосно хомогена. Додаде ги трошките од бисквитите и румот.
Замесете ја смесата како тесто, за да се добие леплива маса. Оформете топки со раце. Тркалајте ги убаво во чоколадниот или какао прав – што сте одбрале. Изладете на 30 минути во фрижидер и сервирајте.



Изменето од Valerija - 16.Мај.2018 во 20:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 20:41

Чоколадни рум коцки: Вкусен и брз десерт за вистинските љубители на слатките


Доколку немате идеја како да го збогатите денешното мени, тогаш одлучете се за овие сочни чоколадни рум коцки кои совршено ќе го заокружат секој оброк

Чоколадни рум коцки: Вкусен и брз десерт за вистинските љубители на слатките

Потребни состојки:
  • 280 грама путер
  • 280 грама шеќер
  • 8 јајца
  • 280 грама чоколадо
  • 280 грама брашно
  • 125 милилитри рум
  • 350 грама шеќер во прав
Начин на подготовка:

Сматете ги јајцата, шеќерот и путерот во пена и растопете го чоколадото на пареа. Посејте го брашното, па наизменично со чоколадото додадете го во јајцата. Тестото рамномерно ставете го на плех обложен со хартија за печење. Печете го колачот на 180 степени. Во меѓувреме, сматете ги румот и шеќерот. Извадете го колачот од рерната и потоа прелијте го со сматениот рум. Колачот исечете го на коцки со размер 3×3 сантиметри.

Совет: За подобра арома, додадете цимет или кардамом. Доколку колачите се наменети за деца, или пак не сте голем љубител на рум, тогаш шеќерот во прав сматете го со вода.

Начин на подготовка:

Сматете ги јајцата, шеќерот и путерот во пена и растопете го чоколадото на пареа. Посејте го брашното, па наизменично со чоколадото додадете го во јајцата. Тестото рамномерно ставете го на плех обложен со хартија за печење. Печете го колачот на 180 степени. Во меѓувреме, сматете ги румот и шеќерот. Извадете го колачот од рерната и потоа прелијте го со сматениот рум. Колачот исечете го на коцки со размер 3×3 сантиметри.

Совет: За подобра арома, додадете цимет или кардамом. Доколку колачите се наменети за деца, или пак не сте голем љубител на рум, тогаш шеќерот во прав сматете го со вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 20:52
Сочна чоколадна торта со рум (посно)


Сочна посна чоколадна тота со рум

Состојки
2 шољи брашно
1 шоља шеќер
1 и пол шоља сок(џус,мултивитамин)
3 лажици мармалад од сливи
половина филџан масло
2 лажици какао
1 лажиче сода бикарбона
1 ванила
2 лажици рум
за украсување
100гр чоколадо за готвење
3 лажици масло

рз, вкусен, сочен чоколаден колач за кој не ви треба миксер.
Ги ставате сите состојки во сад мешате убаво со лажица го оставате да стои 5-10мин Пак промешувате. Ставате во тавче бр 24 или 26 и печете во загреана рерна на 200 степени 20-30минути. 
Се декорира со стопено чоколадо со 3 лажици масло и се остава потполно да се излади пред да се сечи.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 21:01



Чоколадна торта со рум

Состојки
Пандишпан
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
1/2 пакетче прашак за печиво
1 лажица какао
3-4 лажици рум
Фил
3 јајца
130 гр шеќер во прав
130 гр маргарин
130 гр чоколадо
3 лажици рум

Подготовка на пандишпанот
1. Јајцата со шеќерот се матат и во нив се додаваат останатите состојки
2. Се пече во загреана рерна во плех од рерната
3. Испечениот пандишпан се попрскува со 3-4 лажици рум, се дели на 3 ленти по должина и се филуваат и се редат една врз друга
4. Најозгора се декорира по желба...јас ставив рендано чоколадо

Подготовка на филот
1. Маргаринот и чоколадото се ставаат во сад да се растопат
2. Јајцата со шеќерот во прав се матат со миксер и се варат на пареа. Откако ќе се згусне филот од јајца, во него се додава растопената чоколада со маргарин и румот. Се меша и се остава да се излади со повремено мешање


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2018 во 09:01
Ледени рум коцки


Ледени рум коцки

Состојки
3 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици брашно
1 лажица какао
1 кесичка прашок за пециво
Сируп
200 гр. шеќер
200 мл. вода
2-3 лажици рум
Фил
5 лажици брашно
4 лажици густин
10 лажици шеќер
1 литар млеко
250 гр. маргарин
100 гр. шеќер во прав
3 кесички ванилин шеќер
100 гр. чоколадо за готвење
неколку капки екстрат од рум
Глазура
200 гр. чоколадо за готвење
3 лажици масло

Изматете цврст снег од белките и шеќерот, додајте ги жолчките, брашното помешано со прашокот за пециво и на крај какаото.
Истурете ја смесата во подмачкан плех (бр.38 или бр.40) и печете околу 20-тина минути. Оставете да се олади и спремете го сирупот.

Загрејте ја водата, додајте го шеќерот и оставете да врие неколку минути. Тргнете од оган и додајте го румот.
Оладената кора прелијте ја со врелиот сируп.

Измешајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното, густинот и полека со непрекинато мешање, додавајте го во ладното млеко. Ставете на оган и гответе се додека не згусни, па потоа добро оладете.
Пенесто изматете го маргаринот и шеќерот во прав па додајте го оладениот фил. Смесата поделете ја на два дела.

Во сад над пареа, истопете го чоколадото за готвење и додајте го во едниот дел.
Убаво распоредете врз оладената кора, прво темниот, па светлиот фил.
Прелијте со чоколадната глазура и оставете на ладно.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2018 во 20:54
Шери рум бомбици

Шери рум бомбици

Состојки
1 белка
100 гр шеќер
150 гр мелен лешник
100 гр мелени бисквити
200 гр растопено црно чоколадо
2 лажички рум
за полнење на бомбиците
30 вишни од слатко исцедени од шербетот
за валкање на бомбиците
150 гр црно чоколадо
3 лажици масло
за декорација
30 зрна лешник

- Во една вангличка се става белката, се мати со миксер и постепено се додава шеќерот. Се додаваат румот, растопеното чоколадо, бисквитите, лешниците
Сето убаво се изработува со рака за да се добие убава хомогена смеса. Ако е суво може да се додаде уште едно лажиче рум или малку од шербетот од слаткото со вишни.
Се земаат парчиња со големина на орев, во средината се става по една вишна, се формира бомбица и се редат на послужавник.
На страна над пареа се растопува 150 гр чоколадо со 3 лажици масло и секоја бобица се потопува во чоколадото. Се редат на хартија да се стегнат и се украсуваат со еден цел лешник.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2018 во 20:57
Рум бомбици


Рум бомбици

Состојки

200 грама чоколадо за готвење
100 грама мелени ореви
100 грама шеќер
1 белка

Чоколадото го рендаме, ги додаваме оревите, шеќерот, белката и замесуваме со рум. Убаво мешаме со рака се додека не добиеме хомогена смеса. Земаме дел од смесата уваво го расплескуваме. Ако сакаме на средина ставаме вишна и формираме бомбица. Сите бомбици ги валкаме во чоколадни мрвици.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 19:40
Чоколадна рум торта


Чоколадна рум торта

Состојки
ЗА ПАНДИШПАН
8 јајца
8 лажици шеќер
8 лажици мелени ореви
5-6 лаж брашно
1 пакетче прашак за пециво
2 лажици какао
ЗА ФИЛ
5 јајца јајца
250 гр шеќер во прав
250 гр чоколадо
250 гр маргарин
малку рум

ПОДГОТОВКА НА ПАНДИШПАНОТ
1. Се матат јајцата со шеќерот во еден сад.
2. Се исклучува миксерот, се додава брашното со пецивото, какаото и мелените ореви и се промешува.
3. Се истура во тркалезно, високо ( длабоко) тавче или длабоко тенџере обложено со хартија за печење.
4. Се пече околу 40-50 мин. на 180 С
5. Испечениот пандишпан се сече на три дела по висината.
6. Секоја од корите се попрскува со рум и се филува

ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ
1. Маргаринот и чоколадото се растопуваат на огин во еден сад, но да не вријат.
2. Јајцата и шеќерот се матат со миксер и се варат во густ крем на пареа.
3. Се соединуваат двете смеси и се оставаат да се изладат со повремено промешување за да не фати коричка филот
4. Со филот се филуваат сите три кори
5. Озгора се декорира по желба - со шлаг пена, со слатка павлака или чоколадо. Јас декорирав со фондан бидејќи тортата ја направив за брат ми и снаа ми.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.