IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Грчка кујна - рецепти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Грчка кујна - рецепти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2019 во 20:50

Вкусовите на Грција: Медитерански омлет


Грција е една од најпосетуваните дестинации од страна на Македонците.

Оваа земја изобилува со разни специјалитети, а за вас издвојуваме медитерански омлет.

Состојки:

- 8 јајца; 
- 1/2 шолја млеко; 
- 1/4 лажица мелени црвени пиперки; 
- 2 лажици маслиново масло; 
- 2 тиквички; 
- 1 црвена пиперка; 
- 1 зелена пиперка; 
- 1 шолја шери домати (цели); 
- 1 лажица суво оригано (може и босилек); 
- 1/4 шолја миризливо фета сирење; 
- сол; 
- бибер.  

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голем сад скршете ги јајцата, додадете млеко, посолете, додадете бибер и додадете ги црвените пиперки ако сакате да ги искористите. Мешајте додека не ја добиете посакуваната смеса. Ставете ја настрана.

Во голема тава за печење (отпорна на рерна), загрејте масло. Додадете ги тиквичките, црвената и зелената пиперка и гответе 3-5 минути додека не омекне. Додадете ги доматите и ориганото и зачинете со сол и бибер. Во тавата додадете ја смесата од јајцата. Гответе неколку минути. Додадете го фета сирењето и ставете ја тавата во претходно загреаната рерна.

Печете 15-20 минути. Послужете додека е жешко!

Променете го вкусот со било кој зеленчук кој го имате при рака - додадете малку свеж или исушен босилек и моцарела, малку шунка... Можностите се бескрајни!



Изменето од Valerija - 25.Јули.2019 во 20:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.