IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Куглоф
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Куглоф

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93094
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2018 во 21:46
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#132;


Солен куглоф

Состојки
3 јајца
9 лажици брашно
100 мл. масло
2 филџана од 100 мл. рендан кашкавал(може сирење)
2 филџана од 100 мл. рендана салама
2 филџана од 100 мл. рендан морков
1 филџан од 100 мл. ситно сецкан магданос(не мора)
1 лажиче сол
1 пециво
Јајцата изматете ги со солта, додадете ги и другите состојки, измешајте убаво со лажица да нема грудчиња. Смесата ставете ја во калап за куглоф(подмачкан со масло и брашно). Стaвете го да се пече на 250 степени 30 мин. во загреана рерна.
Служете со јогурт.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93094
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2018 во 21:47
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#132; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;·&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#186;


Солен куглоф со зеленчук

Состојки
4 јајца
300гр. брашно
1 пециво
200мл. јогурт
100мл. масло
100гр. сецкана шунка
100гр. сецкана чајна
4-5 сецкани кисели краставички
1 сецкан морков
150гр. дробено сирење
100гр. варен грашок

Најпрво се бијат јајцата и потоа се додаваат сите состојки(освен зеленчукот) и убаво се мешаат со миксер. На крај се додаваат чајната, сирењето, шунката, морковот, грашокот и корнишоните. Смесата се истура во намрсен калап за куглоф и се печи на 180 степени околу 35 мин. Кога ќе се испечи се превртува куглофот и се остава да се излади. Декорирањето е по желба.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93094
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2018 во 09:56
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#130; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;


Полнет куглоф

Состојки
200гр. маргарин
1 квасец
200мл. млеко
100мл. врело млеко
2 лажици шеќер
4 јајца
700 до 800гр. брашно
2 кесички ванилин шеќер
200 до 300гр. крем сирење
200гр. мармалад со светла боја
200гр. мелен мак
4 до 5 лажици мед
1/2 кафена лажичка сол
малку лимонов сок

Од следниве состојки: 200гр.маргарин,200 мл.млеко,1 квасец,4 јајца,половина лажичка сол,2 лажици шеќер и брашно од 700 до 800 гр.,заместе тесто и оставете на топло триесетина минути.
За првиот фил,прелијте го мелениот мак(200 гр.) со врелото млеко(100мл.) и додадете ги двете кесички ванилин шеќер. Оставете го да олади. Доколку се случи да не го впие млекото, слободно отстранете го вишокот.
За вториот фил, загрејте го мармаладот( 200 гр.) и закиселете по вкус со лимоновиот сок.
Стасаното тесто поделете го на 3 еднакви дела.Секој дел расукајте го во правоаголна кора. Двете кори премачкајте ги прво со крем сирење(на секоја кора му доаѓа од прилика 100гр. или 150гр.крем сирење) и мед (2 до 2 и половина лажица по кора), па потоа со филот од мак. На третата кора нанесете го мармаладот. Секоја кора завиткајте ја во ролат. Ставајте наизменично во предходно намастен и побрашнет калап (мак,мармалад,мак).
Печете на 170 степени.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93094
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2018 во 22:36
Blackberry chocolate bundt cake | Sitno seckano

Чоколаден куглоф со капини

Ни беше роденден и ни помина, а не успеавме како што треба да го “прославиме”. конечно, имаме торта вредна за оваа прилика, 9-ти роденден на ситно сецкано. не е класична торта во слоеви, не сум многу по таквите, освен чоколадната која ја правам скоро за секој роденден, ама во последно време овој куглоф ѝ го зазема местото. го правев со цреши, вишни и капини и сите варијанти се вкусни, ама со вишни е некако најсвежа.

Chocolate blackberry bundt cake | Sitno seckano

170 g темно чоколадо, искршено на коцки (јас користам чоколади со 70% и 85% какао)

¾ шоља какао

1 лажица гранули за инстант кафе

¾ шоља жешка вода

160 ml сончогледово масло

5 јајца

1 шоља кефир (или кисела павлака, јогурт…)

1 ½ шоља кафеав шеќер (или бел)

1 лажица домашен ванилин шеќер (или 1 кесичка купечки)

1 ¾ шоља брашно (мешавина од интегрално и тип 500)

1 лажиче сода бикарбона

2 – 3 лажици слатко од капини (или од вишни, цреши)*

250 g капини, вишни или цреши (свежи или замрзнати и неодмрзнати)

Ставете ги во голема вангла чоколадото, какаото и кафето, прелијте ги со жешка вода и мешајте додека чоколадото не се стопи. оставете го чоколадото малку да се олади, па додајте ги другите состојки (масло, јајца, кефир, шеќер, ванила, брашно, сода бикарбона) и изматете ги со миксер.

голем калап за куглоф (oд 2,5-3 l) премачкајте го убаво со путер, па посипете го со какао (само јас во последно време заборавам на какаото). во него истурете нешто повеќе од половина од смесата, па ставете од слаткото. замрзнатите капини помешајте ги со останатата смеса и истурете ја и неа во калапот. печете го куглофот во рерна загреана на 175°C, околу 50 минути, или додека не е целосно испечен, проверете со дрвена чепкалка. ако површината почне да загорува, а внатре сé уште не е испечен, покријте го лабаво со хартија за печење или фолија. оставете го малку да се олади, 10-15 минути, па лесно поминете со нож помеѓу колачот и тавчето и потоа превртете го во чинија за послужување.

* јас во колачот ставав домашни слатка од капини, цреши или вишни

Blackberry chocolate bundt cake | Sitno seckano

Куглофот е вкусен и без прелив, ама ако сакате да биде посвечен и почоколаден, овој прелив брзо се прави и е многу вкусен.

за чоколадниот прелив

85 g слатка павлака

100 г темно чоколадо, искршено на коцки

45 г путер, на коцки

Ставете ги чоколадото и слатката павлака во огноотпорен сад, па врз друг сад со вода која полека врие и мешајте додека чоколадото не е скоро целосно стопено (или загрејте ги на 10-20 секунди во микробранова). тргнете го садот од пареа и мешајте додека чоколадото не се стопи целосно и не се измеша убаво со слатката павлака, а потоа додајте го путерот и повторно мешајте додека сé не се поврзе.

ако сметате дека преливот не е сладок, додајте лажица шеќер во прав. јас го сакам без шеќер.

пред да ја премачкате со прелив, најдобро е тортата да е целосно оладена, а преливот млак и сé уште течен.

Blackberry chocolate bundt cake | Sitno seckano


Изменето од Valerija - 02.Ноември.2018 во 22:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93094
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2018 во 09:02
chocolate pumpkin bundt cake | sitno seckano

Миризлив чоколаден куглоф со тиква

3 јајца

250 g шеќер

½ шоља сончогледово масло

265 g брашно (се разбира, измешано сенаменско и интегрално грахам)

1 кесичка прашок за пециво

40 g какао

2 лажици домашен сируп од ѓумбир

2 лажици ушеќерен ѓумбир (од правењето на сирупот)

1 лажичка кинеска мешавина од 5 зачини

250 g пире од печена тиква

50 g темно чоколадо, исецкано на ситни коцки

Изматете ги јајцата со шеќерот и маслото. додајте ги брашното, прашокот за пециво, какаото, исушениот ѓумбир, сирупот од ѓумбир и зачините, изматете го тоа, па додајте ја тиквата и повторно изматете сé додека не е рамномерно измешано. парченцата чоколадо вмешајте ги со лажица.

Тавчето за куглоф убаво намачкајте го со путер и посипете го со брашно. истурете ја смесата во него и ставете ја да се пече во рерна загреана на 180°C околу 35 – 40 минути. проверете дали е испечено со дрвена чепкалка. оставете го кугловот малку да се олади во тавчето, па превртете го внимателно во чинија за послужување. можете да го послужите прелиен со стопено чоколадо или посипан со шеќер во прав.


chocolate pumpkin bundt cake | sitno seckano



Изменето од Valerija - 03.Ноември.2018 во 09:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.