IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Атрактивни национални паркови низ светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Атрактивни национални паркови низ светот

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 88360
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Атрактивни национални паркови низ светот
    Испратена: 03.Април.2018 во 09:06

Национални паркови во Европа што некогаш треба да ги посетите


Кога ќе се спомене национален парк секогаш во умот ми се провлекуваат пејзажи кои ми будат спокој и хармонија.

nacionalni-parkovi-vo-evropa-sto-nekogas-treba-da-gi-posetite-001.jpg

Посебно оние места кои не се допрени од човечка рака и чија дивина те прави да се чувствуваш посебно. Исто како да имаш заталкано во некој сосема непознат свет, сличен на оние од приказните. Сигурно многумина ги имаат посетено македонските национални паркови како што се Пелистер, Маврово и Галичица.

Но, кога ќе се спомене патување во странство секогаш природните и заштитените предели се места кои знаат да го привлечат окото на туристите и патниците.

Планински масиви, полиња со трева, диви животно и кампување со логорски огин, тоа е комбинација што секое авантуристичко срце го посакува. Иако во светот постојат над 7.000 национални паркови, сепак во продолжение следува суптилна листа на неколку кои се наоѓаат во Европа.

Плитвички Езера (Хрватска)

najubavite-nacionalni-parkovi-vo-evropa_3.jpg

Wild Taiga (Финска)

najubavite nacionalni parkovi vo evropa 6

Saxon Switzerland (Швајцарија)

najubavite nacionalni parkovi vo evropa 7

Belluno Dolomites (Италија)

najubavite nacionalni parkovi vo evropa 4

Ecrins (Франција)

najubavite nacionalni parkovi vo evropa 5



Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 09:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 88360
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2018 во 09:09

ФОТО: КРКА - НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВО ХРВАТСКА

 
Крка е еден од најубавите национални паркови во Хрватска. Името на паркот е добиено од реката Крка која е дел од овој национален парк. Се наоѓа во централниот дел на Далмација, во оптината Шибеник-Книн, неколку километри североисточно од градот Шибеник. 

Националниот парк е познат по големиот број на езера и водопади. Во паркот се наоѓа и православниот Манастир Крка кој е основан 1345 година. 













Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 88360
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2018 во 09:14

НАЈУБАВИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ ВО ЕВРОПА

 


Непознати и волшебни: десетте најубави национални паркови во Европа што, најверојатно, никогаш не сте ги посетиле. 


Гран Парадизо (Италија) – ова е најверојатно најастарото заштитено алпско подрачје. Богато е со планини од 800 метри до врвот Гран Парадизо што се наоѓа на 4061 метар надморска височина. 

Гран Парадизо

Триглав (Словенија) – единствениот словенечки национален парк. Изобилува со питорескен пејзаж. Се наоѓа на територијата на Јулиските Алпи, а името го добил според највисокиот врв, Триглав, со 2864 метри надморска висина. 

Триглав

Оуланка (Финска) – најпосетениот национален парк во Финска, со 80 километри недопрена шума и најпознатата патека Кархункиерос. 

Оуланка

Пенеда Гереш (Португалија) – најголемата португалска природна атракција и прв национален парк. Во него живеат разни животински видови, меѓу кои и автохтоната раса кучиња, Castro Laboreiro. 

Пенада Гереш

Саксон (Швајцарија/Германија) – карпесто подрачје што се издигнува до 2000 метри височина. Мостот на фотографијата е изграден во 1824 година, за посетителите да можат да уживаат во спектакуларниот поглед.   

Саксон

Сарек (Шведска) – најголемиот национален парк во Шведска, карактеристичен по нерамниот терен, каде што се наоѓаат 100 леднички езера во апсолутна изолација. Посетителите мораат да бидат храбри и да имаат изострено чувство за ориентација. Ова е место измислено за авантуристички типови луѓе.

Сарек

Калкалпен (Австрија) – овој парк ја носи титулата „најбогато шумско подрачје“ во Централна Европа. И покрај импресивната убавина, паркот им е речиси непознат на туристите. 

Калкалпен

Раго (Норвешка) – еден од 44 национални паркови во Норвешка. Предвидува активности на отворено, има означени патеки со мрежи и планинарски домови за сместување. 

Раго

Порт Крос (Франција) – најстариот француски национален парк. Таму можете да отидете на прекрасно подводно патување, благодарение на бродот Aquascope со проѕирен труп и да уживате во бујната вегетација, заливите, камените гребени, флора и сè друго што е типично за Медитеранот. 

Порт Крос

Ордеса (Шпанија) – богат со реки и долини, го карактеризираат места со невидена убавина. Тука се наоѓа и водопадот „рибја опашка“, висок 1700 метри.   

Ордеса


Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 09:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 88360
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2018 во 09:19

ИСКУСТВО НА МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТ: ЖИВОТ И РАБОТА ВО НАЈУБАВИОТ НАЦИОНАЛЕН ПАРК

 
Многу млади од Македонија мечтаат да ги посетат и работат во големите Американски градови – Њу Јорк , Мајами , Чикаго, Бостон , Лос Анџелес .... Но да се најде студент на кој 3 лета поминал во најголемиот и најубав Национален парk во Америка , претставува изненадување . 


Од оваа причина за нас интересно беше да ги пренесеме импресиите што Стефаниа Макаровска ( студент на Економскиот Факултет во Скопје ) ги има од ова уникатно место. 



Ф : „ Како се одлучи да аплицираш преку програмата W&T America – и зашто го избра Yellowstone ? – ја прашавме Стефаниа . 

СМ: „Јас пред се премногу ја сакам природата и животните и тоа беше основна причина да аплицирам за овој национален парк. Работата ја добив преку Коузон и заминав пред 4 години за прв пат и сега живеам да одам и предстојното лето во Yellowstone “ – изјавува Стефанија и додава „нема зборови со кои може да се опише убавината на тој национален парк. Верувајте ми Yellowstone не е само парк, Yellowstone е парк кој има и нешто што го нема никаде на светов, гејзерите. Јас ја имав таа ретка можност да го посетам најголемиот Grand Prismatic кој има големина на езеро од 90 метри широчина и 50 метри длабочина. Температурата во овој гејзер е околу 70 С. Ерупциите кои се случуваат во овој гејзер се нешто што неможете да го замислите доколку не го видите со сопствените очи “ – изјавува Стефаниа, видно возбудена од емоциите кои и се враќаат со самото спомнување на овој гејзер. – „Покрај гејзерите овој национален парк изобилува со прекрасни езера, водопади и планински патеки по кои се движат милионите туристи кои го посетуваат„. 

Ф: „ Кажа дека сакаш животни, дали тоа значи дека имаше можност да ги видиш во нивна придордна средина како се шетаат и дали можеш да им пријдеш “ 

СМ: „ Животните во паркот се слободни и можеш да ги видиш скоро насекаде. Мене лично најмногу впечаток ми оставија елените и бизоните. Но во Yellowstone има и мечки, лисици, зајаци , диви кози и уште многу, многу други видови на птици “ – вели Стефаниа. “За мене исто така представуваше задоволство можноста да јавам коњи кои во овој парк ги има доста и се некоја форма на превозно сретство кога се органзираат ексК*рзиите низ паркот“. 


Ф: „ Што работеше во овој парк “ 

СМ: „Првата година од мојот престој во Yellowstone работев како помошник келнер. Втората и третата година добив унапредување и бев келнер. Тие што биле во Америка, знаат дека келнерите заработуваат многу, многу повеќе од останатите работни позици. Работев во преубавиот Yellowstone Resort – изјави Стефаниа. „ Презадоволна сум од условите на сместување и целиот престој таму. Сместувањето и храната се скоро бесплатни, ако се спореди колку плаќаат студентите кои работат на Источниот брег. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 88360
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2018 во 16:48

ФОТО: НАЈУБАВИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ - YOSEMIIT

 
Јосемит е еден од најголемите паркови во Сиера Невада во кој егзистираат разновидни растенија и животни. Националниот парк ги опфаќа источните делови на Телуме, Марипоса и Медера окрузи во источниот дел на централна Калифорнија. 


 
Паркот зафаќа површина од 761 268 хектари (3 080 74 км2 ), а се наоѓа на надморска височина од 648 до 3997м и содржи пет зони на вегетација: дабови шуми, долна планинска зона, горна планинска зона, субалпска и алпска зона. Во Калифорнија има околу 7000 видови растенија, околу 50% од нив ги има во Сиера Невада, а од нив повеќе од 20% ги има во Јосемит. Постои соодветна документација дека 160 ретки видови на растенија опстојувале во паркот благодарејќи на ретките геолошки формации и карактеристичната почва. Од геолошки аспект Јосемит го карактеризираат гранитни карпи. 





Сиера Невада како планински масив почнала да се издигнува пред 10 милиони години. По речните корите почнале да се формираат длабоки и тесни кањони. Пред околу 1 милион години акумулираните глечери од снег и мраз од високите алпски пасишта почнале да се движат надолу по речните долини. Еден од тие глечери за време на раната глацијација достигнал височина од 4000 стапки (1,200 м). При движењето на тие глечери се создале валови кои претставуваат природна атракција и привлекуваат огромен број на посетители. Јосемит над 3.7 милиони луѓе го посетуваат секоја година, а најмногу посетителите се задржуваат во 18 м2 од целиот парк. Јосемит за светско природно наследство е прогласен во 1890, а својата титула ја добил поради спектакуларните гранитни карпи, водопади, потоци, шумскиот џин Секвојата и разновидниот биолошки диверзитет. 









Јосемит е дом на безброј водопади. Најдобро време за набљудување на водопадите е во текот на пролетта кога поголемиот дел од снегот се топи. Некои од водопадите во текот на летото сосема пресушуваат, а тоа се случува најчесто во месец август. Во текот на зимскиот период околу рабовите на водопадите најчесто се формира мраз. Еден од Јосемитските водопади претставува и еден од најголемите во светот. Јосемитскиот водопад се состои од три дела: Горен пад со височина 430м, среден пад составен од повеќе каскади со височина од 204м и долен пад со височина од 96м. Јосемитскиот водопад може да се види од повеќе места во паркот, а најдобро за набљудување е околу селото Јосемит каде што има направено посебна платформа за набљудување. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,063 секунди.