IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2020 во 22:07
Ќе ве вратат во детството: Божиќни колачиња по рецептот на баба


Ќе ве вратат во детството: Божиќни колачиња по рецептот на баба


Направете вкусни Божиќни колачи кои потсетуваат на детството.

СОСТОЈКИ:

  • 200 гр. брашно
  • 200 гр. омекнат маргарин
  • 150 гр. шеќер
  • 1 јајце
  • 2 жолчки
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 кора од лимон рендана
  • 2-3 лажици рум
  • 170 гр. мелени бадеми
  • 1 прстофат сол
  • 2 белки за валкање
  • 100 гр. мелени бадеми за валкање
  • 100 гр. чоколадо за готвење за декорација
  • 40 гр. маргарин

ПОДГОТОВКА:

  1. Се матат пенасто омекнатион маргарин со јајце, две жолчки.
  2. Се додава шеќер и ванилин шеќер,мелени бадеми и една рендана кора од лимон.
  3. Се додава на крај просеаното брашно и рум.
  4. Се меша да се соедини смесата па се става еден час во ладилник, а потоа се прават мали топчиња како бомбици, со големина на орев.
  5. Ако смесата се лепи, додајте уште малку мелени бадеми.
  6. Секоја бомбица се валка во белки, па во мелени бадеми.
  7. Се ставаат на хартија за печење и на секоја бомбица се прави дупче од горе, па се печат на загреана рерна на 180 степени 15 минути.
  8. Се ладат потоа, па се топи чоколадо со маргарин на пареа и се става на средината каде направивме дупче од смесата со чоколадо.
  9. Се ладат и служат.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 18.Декември.2020 во 22:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2020 во 22:10
Ароматични колачиња за Божиќ: Полни ванила, цимет и портокал


Ароматични колачиња за Божиќ: Полни ванила, цимет и портокал


Вкусни, меки и ароматични кекс колачиња.

СОСТОЈКИ:

  • 100 гр. кафеав шеќер
  • 170 гр. маргарин
  • 1 јајце
  • 1 лажиче арома ванила
  • 260 гр. брашно
  • 1 прстофат сол
  • ½ лажички цимет
  • 1 портокал(рендана кора)
  • 60 гр. мелени ореви
  • 50 гр. чоколадо за готвење и сечени ореви

ПОДГОТОВКА:

  1. Се матат пенасто маргаринот кој треба да е на собна температура, со шеќерот.
  2. Се додава ванила и се мати уште кратко смесата.
  3. Се додаваат јајце, брашно и сол, ванила арома, цимер, рендана кора од портокал и мелени ореви, па матете со спиралните стапчиња на миксерот.
  4. Се замесува на крај тестото и со рака и се остава со фолија горе во ладилник, околу два часа.
  5. Се расукува потоа тестото и се вадат облици по желба со калапи.
  6. Се ставаат на голем плех за печење со хартија за печење, со малку маргарин на неа.
  7. Се печат околу 7-10 минути на 170 степени.
  8. На допир ќе се меки кога ќе ги извадите, но со ладење ќе се стврднат.
  9. Се шараат горе со топено чоколадо и сечени ореви.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2020 во 22:14
Евтини Сникерс колачиња – Совршени за Нова Година и Божиќ


Евтини Сникерс колачиња – Совршени за Нова Година и Божиќ


Вкусен и фин десерт, чоколадо со кикиритки, совршено Сникерс уживање за малку пари.

СОСТОЈКИ:

  • 400 гр. шеќер
  • 300 мл. вода
  • 250 гр. печени лупени кикиритки
  • 250 gr. маргарин
  • 500 гр. дробени бисквити
  • 150 гр. чоколадо за глазура
  • 8 лажици масло

ПОДГОТОВКА:

  1. Се вари шеќер со 300 милилитри водa откако ќе зоврие се трга од оган и се додава маргарин кој стоел на собна температура, па се меша да се стопи.
  2. Се додаваат кикиритките и бисквитите, па се меша, се обликува колач во форма по желба на чинија.
  3. Се топи чоколадото со масло и се става врз оладениот колач.
  4. Оладете и послужете, а горе по избор ставете си и мелени или сечени кикиритки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2020 во 22:37


За незаборавна празнична трпеза: Направете пица во облик на елка


Празничниот период е се поблиску до нас, а за таа цел денеска ви претставуваме еден рецепт кој сигурно ќе ги направи празниците уште поубави.


Потребни состојки: 

- 300 гр. спанаќ

- 500 гр. лиснато тесто

- 50 гр. кашкавал

- 1 јајце

- 200 гр. крем сирење

- лук во прав

- чили во прав

- италијанска мешавина од зачини

- шери домати

- сол и бибер

- хартија и вода

Начин на припрема:

1. Направете облик на елка од хартија. Лиснатото тесто поделете го на 2 дела, секој дел исукајте го во правоаголник, а потоа ставете ја скицата од елката и исечете го по рабовите.

2. Обарете го спанаќот, исечкајте го на ситни парчиња и помешајте го во еден сад заедно со крем сирењето.

3. Додајте сол, бибер, италијанска мешавина од зачини и чили во прав, а потоа и јајцето и се добро промешајте.

4. Премачкајте го првиот слој од „елката“, а потоа одозгора додадете рендан кашкавал.

5. Врз него, додајте го другиот дел од тестото во облик на елка.

6. Со нож засечете краеви на тестото од средината кон крајот, а потоа завртете ги за да формирате гранки.

7. Премачкајте со јајце и одозгора ставете преполовени шери домати, како украс на елката.

8. Печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени, 35 минути или додека тестото не добие златножолта боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2020 во 09:40

Празнична торта со ореви: Рецепт од „другата страна на светот“



Овој рецепт за празнична торта доаѓа од Филипините и го нарекуваат „храна на боговите“. Покрај урмите и оревите, може да се додаде суво овошје, а може да се користи и само за украсување.

Празнична торта со ореви: Рецепт од „другата страна на светот“

Потребни состојки:

  • 200 г свежи урми без семки
  • 200 г ореви
  • 280 г путер
  • 650 г кафеав шеќер
  • 5 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 5 лажички прашок за пециво
  • 1 и 1/2 лажички сол
  • 500 г брашно + 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
  2. Урмите и оревите ситно исеќкајте ги.
  3. Измешајте брашно, прашок за пециво и сол.
  4. Добро измешајте го шеќерот и омекнатиот путер, а потоа додајте ги јајцата едно по едно, мешајќи. Додадете екстракт од ванила, брашно, урми и ореви додека мешате. Тестото ќе биде компактно, така што ќе ви треба малку сила за тоа.
  5. Ставете ја смесата во сад за печење обложен со хартија за печење и печете околу половина час до 40 минути. Оставете да се излади околу 10 минути, а потоа извадете ја од садот и оставете да се излади целосно.
  6. Совет: Овој филипински рецепт е навистина многу благ, па можете да ја намалите или преполовите количината на шеќер што се користи.


Изменето од Valerija - 24.Декември.2020 во 09:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2020 во 14:46

Брз, празничен рецепт – полнети, чоколадни корпи што се прават за 10 минути


Вкусни, се топат во устата, неодолива комбинација на чоколадо, путер од кикиритки и џем. Ќе ги направите за 10 минути, ќе ги изедете (веројатно) за минутка.

Polneti-chokoladni-korpi-01.jpg

Овие полнети, чоколадни корпи ќе станат вашиот омилен, брз, празничен рецепт… до Нова година веројатно ќе ги направите најмалку 3 пати.

Потребни состојки:

  • 200 g темно чоколадо
  • 2 лажички кокосово масло
  • Путер од кикиритки
  • Домашен џем (вкус по избор), а може наместо џем да ставите и замрзнато овошје

Начин на подготовка:

  • Стопете ја чоколадата заедно со кокосовото масло на пареа. Истурете мала количина во хартиени (или силиконски) мали корпи за да направите дно и ставете ги во фрижидерот да се оладат околу 10 минути.
  • Извадете ги корпите и ставете 1 мала лажичка путер од кикиритки, а врз него слој од џемот или пак иситнетото смрзнато овошје.
  • Прелијте ги корпите со уште еден слој чоколадо. Вратете ги во фрижидерот (или во замрзнувач доколку не ви се чека предолго).
  • Откако добро ќе се стегнат, подготвени се за сладење.

Polneti-chokoladni-korpi (4).jpg

Polneti-chokoladni-korpi (3).jpg

Polneti-chokoladni-korpi (2).jpg

Polneti-chokoladni-korpi (1).jpg


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2020 во 08:51

Божиќните путер колачиња се едни од најпопуларните слатки во празничниот период. Благодарение на креативноста при декорирањето, добиваат многу облици и интрпретации, па оттаму и се едни од омилените бидејќи дозволуваат да се забавувате додека ги правите.

Ние најдовме три супер рецепти кои можете да ги испробате: 

Класични путер колачиња 

Потребно: 300 гр. меко брашно, 200 грама омекнат путер, 85 гр. шеќер во прав, 1 белка, 1 ванилин шеќер, 1 лимонов шеќер во прав.

Подготовка: Во еден сад исечкајте го омекнатиот путер и додадете ги брашното и шеќерот и се убаво соединете. Во друг сад ставете ги белката, ванилиониот и лимоновиот шеќер и со миксер или бленер убаво изматете ги додека не стане пенеста смесата, а потоа додадете ја во првиот сад. Со маталките на миксерот за тесто, изматете го, а потоа со раце месете додека не добиете мазно тесто. Завиткајте го со транспарентна фолија и оставете во ладилник еден час. 

После тоа, расукајте го и со модли направете ги саканите фигури. Печете ги во загреана рерна на 180 степени 9 минути.  

Медени путер колачиња 

Потребни состојки: 150 грама путер, 150 грама мед (ако ви е многу, намалете малку), 250 грама меко брашно, 100 грама мелени ореви (ако не ги сакате може и без нив), 2 помали и едно поголемо јајце, 1 лажиче сода бикарбона, зачини по желба (цимет, каранфилче, ѓумбир...).

Подготовка: Брашното ставете го во поголем сад, додадете ја содата и оревите, па убаво промешајте. Ако користите зачини, додадјте ги и нив во брашното во оваа фаза на подготовка. Путерот насечкан на тенки ливчиња ставете го во брашното, па со рацете „смачкајте“ го за да станат трошки. Потоа во смесата со брашното и путерот, додадете едно јајце (претходно разматено) и повторно малку промешајте. Додадете го медот во смесата, па со раце месете додека не се добие убаво мазно тесто. Завиткајте го во транспарентна фолија и оставете во ладилник на еден час. 

Потоа со лажица во посакуваната големина, земете дел од смесата и обликувајте ја во топче. Ако сакате големи медењаци, користете голема лажица, а за мали - мала. Ако не сакате да бидат округли, тогаш секое од топчињата равлечете го и со модла направете ја саканата форма. Редете ги во тава за печење на која претходно сте ставила хартија за печење. Оставете простор помеѓу медењаците бидејќи при печењето ќе се зголемат. Печете десетина минути на 180 степени или додека не забележите дека работ на дното на медењаците се темнозлатна боја.  

Ако забележите дека на врвот се малку меки, не грижете се, ќе се стегнат после печењета. 

Путер колачиња со џем 

Потребно: 300 грама меко брашно, 1 прашок за пециво, 1 јајце, 150 грама путер, 100 грама шеќер, 1 ванилин шеќер, малку нарендана кора од лимон или портокал, џем или мармелад со малку киселкаст вкус ако имате (вишна на пример), шеќер во прав. 

Подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и со рацете месете додека не добиете убаво мазно тесто. Оставете го еден час во ладилник, обложено со транспарентна фолија. Потоа, тестото расукајте го и со модлите оформете ги колачињата. Потребни ви се две половини - една цела и една издлабена во истата форма. Наредете ги на хартија за печење и печете на 180 степени, на претходно загреана рерна додека не добијат златна боја.  

Кога ќе се подизладат малку, на првата половина ставете џем, а потоа врз него ставете ја изглабената половина, на која претходно сте наросиле шеќер во прав. 

Доколку пак, не сакате џем, од смесата можете да направите класични колачиња во форма на круг (или некоја друга) и потоа да ги украсите со глазура. 

За сите три рецепти глазура: 

Потребно: 1 белка, 2 лажици млеко, 300 грама шеќер во прав.

Подготовка: во блендер ставете ги сите состојки и измешајте ги на умерена брзина. Ако немате блендер, може и миксер. Треба да добиете мазна смеса која не е ниту прегуста ниту премногу ретка. Поделете ја глазурата во неколку помали садови и во секој од нив додадете одредена прехрамбена боја, доколку ви се потребни повеќе бои. Потоа, саканата глазура ставете ја вреќичка (ќесичка за шприц) и декорирајте по желба. Можете да додадете и бомбони, чоколадни трошки и слично, зависи како сакате да ви изгледаат колачињата. На крај, оставете ги неколку минути да се стегне глазурата, а потоа послужете ги.



Изменето од Valerija - 30.Декември.2020 во 08:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2021 во 12:27

Новогодишни ванилици – слатки колачиња по бабин рецепт од кој сите ќе посакаат парче повеќе


Сосема малку модифицирани, но добро познати ванилици од времето на нашите баби, декорирани во „новогодишно руво“.

Novogodisni-vanilici-01.jpg

Ќе ги обожаваат апсолутно сите овие слатки колачиња од нашето детство. Не очекувајте премногу долго да се задржат во кутијата или чинијата.

Потребни состојки:

  • 125 gr маргарин
  • 125 gr свинска маст (доколку не го преферирате вкусот на свинска маст, слободно ставете 250 gr маргарин)
  • 3 жолчки
  • 120 gr шеќер во прав
  • Кора од лимон
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 500 gr брашно
  • 2 лажици прашок за печиво

Начин на подготовка:

  • Маргаринот, свинската маст и јајцата мора да бидат на собна температура.
  • Изматете го маргаринот и свинската маст пенесто заедно со ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Додавајте ги жолчките, една по една, како и кората од лимон. На крајот додадете го просеаното брашно и прашокот за печиво.
  • Добро изработете го тестото со рацете. Доколку е лепливо, слободно додадете уште некоја лажица брашно повеќе. Тестото префрлете го во чиста ќеса, па оставете го да „одмори“ во фрижидерот, најмалку 2 часа.
  • Расукајте тенка кора со дебелина од 0,5 cm. Со модли за колачи извадете ги саканите форми и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење.
  • Печете ги во загреана рерна на 170°C сосема малку, додека не поруменат.
  • Кога добро ќе се оладат колачињата, залепете ги формите со малку џем или мармалад, најдобро во црвена боја поради празничниот изглед. Посипете ги со шеќер во прав и – уживајте.

Novogodisni-vanilici (4).jpg

Novogodisni-vanilici (3).jpg

Novogodisni-vanilici (2).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2021 во 16:27

Маноло Бланик го сподели омилениот рецепт за празнични ѓумбир колачиња


Маноло Бланик сака да ни ги разубави празниците и да ни ги разгали непцата со својот омилен рецепт за празнични колачиња.

Популарниот дизајнер за „Вог“ го сподели рецептот и порача: „Ова е многу лесен рецепт и се надевам дека ќе им донесе на сите малку радост во текот на празничниот период“.

Ѓумбир колачиња

СОСТОЈКИ

¾ шолјапутер
1 шолјакафеав шеќер
2 шолјибрашно
½ лажичкасол
2 лажичкисода бикарбона
1 лажичкацимет
½ лажичкамелено каранфилче
½ лажичкаѓумбир
1јајце
¼ шолјамеласа
¼ шолјабел шеќер

ПОДГОТОВКА

1

Извадете ги јајцето и путерот од фрижидер околу еден час пред подготовката за да постигнат собна температура.

2

Со миксер матете ги путерот и кафеавиот шеќер додека да добиете мазна смеса.

3

Во друг сад, измешајте ги сите суви состојки.

4

Додајте ги јајцето и меласата во смесата со путер и кафеав шеќер. Откако добро ќе се соединат, додајте ги сувите состојки и продолжете со мешање за да добиете хомогена смеса.

5

Нацрпете со лажица од смесата и направете топче, а потоа протркалајте го во белиот шеќер.

6

Топчињата наредете ги во плех и ставете ги во фрижидер 30-45 минути. Печете 12-15 минути на температура од 180°C.



Изменето од Valerija - 01.Јануари.2021 во 16:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2021 во 15:01

Подготвуваме: 3 видови на празнични колачиња - нека замириса целиот дом


Магијата на празниците која нè исполнува во новогодишниот период не може да се замисли без домашни специјалитети и драгоцени моменти кои ги делиме со најблиските, уживајќи во подготовки на празничните рецепти.

podgotvuvame-3-vidovi-na-praznicni-kolacinja-neka-zamirisa-celiot-dom-01.jpg

Посебно место на свечената трпеза им припаѓа на колачите, а во нивната подготовка секогаш со задоволство учествуваат и најмалите.

Fresh Fine Divine ве инспирира да подготвите лесни и брзи рецепти за магични денови.

1. Новогодишни колачиња

Потребни состојки: 

  • 150g путер
  • 100g шеќер
  • 300g брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • ½ лажица цимет
  • 2 лажици какао
  • 4 лажици мед

Состојки за кралска глазура за украсување: 

  • 140-180g шеќер во прав
  • 1 белка од јајце
  • 4-5 капки сок од лимон

Начин на подготовка:

  • Се мати путерот со шеќерот додека се добие пенеста структура и се додаваат сите останати состојки, потоа се замесува тесто кое се остава на работната површина да отстои 10 минути и се развлекува кора од која се прават посакуваните форми.
  • Се печат на 180 степени 10 минути.
  • За глазурата се мати кратко белката и се додава шеќер во прав. Кога ќе се добие густа смеса се додаваат сокот од лимон и се украсуват колачињата по желба.

podgotvuvame-3-vidovi-na-praznicni-kolacinja-neka-zamirisa-celiot-dom-02.jpg

2. Ѓумбир колачиња (Gingerbread)

Потребни состојки:

  • 500g брашно
  • 90g кафеав шеќер
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица ѓумбир
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 3 лажици мед
  • 1 јајце
  • 2 лажици млеко
  • 150g путер

Состојки за кралска глазура:

  • 140-180g шеќер во прав
  • 1 белка од јајце
  • 4-5 капки сок од лимон

Начин на подготовка:

  • Се меша брашното со сите зачини и суви состојки, а потоа се додава путерот, јајцето, медот и млекото и се замесува тесто.
  • Се става во фрижидер 1 час, а потоа се расукува кора и со калапи се вадат форми, кои се печат на 180 степени 10-15 минути.

podgotvuvame-3-vidovi-na-praznicni-kolacinja-neka-zamirisa-celiot-dom-03.jpg

3. Путер колачи со џем од јагода и бадем

Потребни состојки:

  • 125g путер
  • 70g шеќер
  • 185g брашно
  • 2 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 50g ситно сечкан бадем
  • 2 лажици џем од јагоди

Начин на подготовка: 

  • Убаво се мати путерот и се додава шеќерот, јајцата, ванилата и на крај брашното.
  • Се меси средно меко тесто и се става во фрижидер да отстои 30 минути.
  • Кога ќе помине потребното време, се зема тестото и се прават бомбици по 25g и секоја се валка во ситно сечканиот бадем.
  • На секоја бомбица се прави мала вдлабнатина во средина и се става по малку од џемот од јагоди.
  • Се печат 10 минути на 180 степени.

podgotvuvame-3-vidovi-na-praznicni-kolacinja-neka-zamirisa-celiot-dom-03_1.jpg

 Е. П. | Црнобело

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,176 секунди.