IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2019 во 09:36
Солен Божиќен ролат


Солен Божиќен ролат



Состојки
4 јајца
1 лажиче сол
6-7 лажици брашно
1 лажиче пециво
1/4 лажиче мелен бибер
90 мл масло
200 мл јогурт
400 гр спанаќ
Фил
1 кисела павлака, со висок процент на масленост
100 гр пилешки гради
4 тенки, мали виршли
сол, бибер, сенф
Декорација
1 кисела павлака
50 гр ситно рендан кашкавал
3-5 шери домати

Предлог за свечен солен ролат, кој ќе ја збогати празничната трпеза.

Прво исчистениот спанаќ го ставаме во малку врела вода, да омекни или го бланшираме само неколку секунди.
Го процедуваме и оставаме да се подизлади.
Потоа во нутрибулет, во садот го ставаме маслото и исцедениот спанаќ.
Кратко соединуваме, односно ќе добиеме убава мазна смеса.
Оставаме настрана.
Во вангличка ги ставамаме јајцата и додаваме сол.
Матиме се додека не побелат.
Со исклучен миксер ги додаваме јогуртот, биберот, измиксаната смеса, брашното и пецивото.
Со лесни движења со шпатула убаво ја изедначуваме смесата.
Ја истураме во правоаголен плех од рерната кој е обложен со хартија за печење.
Печиме во загреана рерна на 200С околу 25 минути.
Оставаме во плехот 5 минути, а потоа го вадиме и ја отстрануваме хартијата.
Во еден сад ги соединуваме киселата павлака, сецканата шунка, малку сол, бибер, сенф.
Со ова ја премачкуваме кората.
На почетокот ставаме 4 виршлички и завиткуваме цврсто ролат.
Го оставаме на ладно 2 часа.
Потоа го премачкуваме со кисела павлака, рендаме кашкавал.
Декорираме со шери домати.
Сечеме парчиња и сервираме.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2020 во 19:24
Божиќни колачи

Состојки
300 гр. брашно
1 мало лажиче пециво
150 гр. мелени ореви
125 гр. шеќер во прав
250 гр. путер
1 јајце
1/2 мало лажиче цимет
1 пакување ванилин шеќер
1/4 мало лажиче сол
1 жолчка од јајце за премачкување
Половинки од ореви за декорација
Брашното се меша заедно со пецивото и мелените ореви. Се додава шеќерот во прав. Ладниот путер се сече на парчиња и се додава во смесата. Се додаваат и јајцето, циметот, ванилата и солта и се меша се заедно. Се остава во фрижидер преку ноќ.
Другиот ден се загрева рерната на 200 °С . Се размесува 3мм тенко тесто. Со овална форма се вадат колачите и се редат на плех на кој има фолија за печење.
Тенко се премачкува со жолчка од јајце и се ставаат половинките од оревите.
Се печат 12 мин.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2020 во 19:27
Божиќни полумесечинки

Божиќни полумесечинки


Состојки
250 гр брашно
200 гр путер
6 лажици шеќер
1 јајце
160 гр мелени ореви
За декорација
50 гр чоколадо,ливчиња бадем и шеќерни трошки



Колачиве се топат во уста, многу се вкусни. Ви ги препорачувам.
Од сите состојки замесуваме мазно тесто кое треба да е полутврдо и не лепливо. Доколку сепак ви е меко и лепливо додадете уште брашно.
Оставете го тестото на ладно барем половина час.
Потоа формирајте полумесечинки и ставете ги во плех обложен со хартија за печење.
Се печат во загреана рерна на 190 степени околу 10 минути. Внимавајте бидејќи треба да останат бели.
Печените колачи оставете ги да се изладат и декорирајте по желба.
Јас ги декорирав со стопено чоколадо и шеќерни трошки и ливчиња бадем.
Уживајте!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2020 во 09:46
Кулич

Состојки
750 гр. брашно
350 мл. млеко
250 гр. маргарин
20 гр. сув квасец
5 јајца
50 мл. рум
1 лажица екстрат од ванила
по 80 гр. суво грозје, бадеми во ливчиња сечени, микс од суво овошје
200 гр. шеќер

Имате ли сочувано лименки???
Можеби ќе ви затребаат, сокријте некоја лименка во оставата.
Италијаните го имаат своето Панеттоне, а Русите го имаат својот Кулич- кој обавезно го имаат на Божикната трпеза. Јас сега ви го представувам едн од поголемиот број на рецепти. Вака го спрема комшивката која е русинка, па проследете го. Описот е малку повеќе за читање, верувам дека нема да ви е тешко ако сакате да го имате и вие на трпезата,
Подготовка
1. Сувото горзје потопете го во рум (може и од вечер)
2. Од млекото одвојте 100 мл. загрејте го и растворете го во млакото млеко кавсецот, оставете да ферментира - да се запени.
3. Во друг сад од вкупната количина на брашно премерете 125 гр,.додајте го во останатото млеко и бркајте да стане како каша. Во оваа смеса додајте го запенетиот квасец. Оставете 30 мин, повторно да стасува.
4. Издвојте ги белките од жолчките.
5. Со миксер се работат жолчките додавајки им постепено шеќерот. Откако сте добиле пенеста смеса, додајте ја ванилата - измешајте. Додадете го румот во кој стоело сувото грозје. Измешајте.
6. Се работат со миксер белките со прстовет сол се додека добиете снег од истите.
7. Сега вратете се кај смесата која ја оставивме да стасува. Овде додајте ги жолчките, измешајте со лажица. Откако се споила смесата, додајте ги уработените белки. Повторно измешајте со лажица.
8. Почнете да додавате од останатата количина на брашно и цело време бркајте со лажица. Оставете мала количина од брашното кое ќе ви треба за домесување.
9. Преместете го тестото на работна површина која сте ја посипале со брашно и продолжете да месите се додека не го потрошите целото брашно.
10. Ве чека уште работа. Сега почнувате да го месите тестото така што на дланките ќе си ставате од омекнатиот маргарин и ќе месите се додека не го потрошите маргаринот. Значи, ќе ги намачкате дланките со мекиот маргарин, ќе месите, тестото ќе почне да ви се лепи по рацете (тоа е многу меко тесто), пак намачкајте ги обилно со маргарин, месете, набрзина ќе го потрошите, не е страшно. Значи сфативте дека треба да се меси што повеќе време.
11. Оставете го сега вака измесеното тесто да стаса околу 30 мин.
12. На работната маса посипете го исецканото суво овошје и бадемите
13. Сувото грозје со сосема малку брашно измешајте го.
14. Врз посипот од сувото овошје истурете го тестото, врз тестото ставете го сувото грозје, месете колку да се измеша овоштието.
15. Поделете го и ставете во модлите во кои сте испланирале да се пече. Оставете да стаса и печете на 180 степени најмалку 45 мин. до 60 мин. , а еве зошто:
Како што ќе забележите на фотографиите,  јас печев во лименки, времето на печење е пократко, а и во куглов, времето на печење е подолго.
Тестото се става до 1/3 од садот. Кога стасува тоа треба да биде со троен волумен.
Ако одлучите во лименките, па и во друга модла ставете хартија за печње, освен ако е тоа силиконски калап- во силиконските модли нема потреба од хартија за печење.

ЗАБЕЛЕШКА
Вака испечениот Кулич потоа си има и свој завршен дел. Тие го полеваат со крем спреман од 1 белка и шеќер во прав кој се клапа до густина која може да се полее врз куличот, додатно се попрскува со шарени мрвици.
Јас тоа не го сторив, па веднаш се и јадеше, немаше зошто да го правам тоа.
Значи, покрај тоа што печам во тегли, печам и во лименки. На мене ми се многу прикладни вака спреманите куглови или куличи- панеттонето, лесни да се запакуваат и да се подарат токму за празнициве кои наближуваат. Го пишувам рецептот порано, можеби на некој ќе му се допадне мојата идеја да спреми токму ваков подарок!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2020 во 09:49
Медењаци со ѓумбир

Состојки
750 гр брашно
250 гр мед
150 гр маргарин
120 гр шеќер
2 јајца
1 прашок за печење
5-7 лажици млеко
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир
1/2 лажичка мускатно оревче
1/4 лажичка каранфилче
50 гр мелени ореви
1 лажица рум
* Ројал смеса
1 белка од јајце
200 гр шеќер во прав
1 лажица винска киселина

Состојки
750 гр брашно
250 гр мед
150 гр маргарин
120 гр шеќер
2 јајца
1 прашок за печење
5-7 лажици млеко
1 лажичка цимет
1 лажичка ѓумбир
1/2 лажичка мускатно оревче
1/4 лажичка каранфилче
50 гр мелени ореви
1 лажица рум
* Ројал смеса
1 белка од јајце
200 гр шеќер во прав
1 лажица винска киселина

Медот пожелно е да ви е течен. Ако е зашеќерен (ферментиран) тогаш стопете го на рингла на многу мала температура во огноотпорен сад или со правилната процесура за топење на мед ставајќи ја тегличката во поголем сад со вода и на мала температура загревајте додека се растопи.
Јајцата со жица за матење благо разматете ги.

Измешајте ги најпрво сувите состојки, па потоа додадете го маргаринот месејќи и едно по едно течните за на крај да завршите со млекото кое и ќе ја регулира компактноста на тестото.
Оставете го тестото во фрижидер 1 час.
Одмореното тесто развлечете го во кора од 3-5 мм дебелина и сечете со калапчиња фигури за медењаци. Редете ги во подмачкан или обложен плех со пек хартија и печете на 180 степени некои 10на мин., односно додека благо не потемнат.
Печените медењаци оставете добро да се изладат.

Спремете ја ројал смесата за премачкување така што со жица за матење ќе ги разбиете белките до степен како за омлет (не во шам) и потоа мешајќи постепено ќе го додавате шеќерот во прав и на крај киселината.
Смесата поделете ја на повеќе дела во зависност од тоа колку бои мислите да мешате и обојте ја, па шарајте ги медењаците и оставете на крај добро да се исушат.

Уживајте во вкусот на зимата со овие медењаци и израдувајте ги најмалите, така што додека сечите фигури на едниот крај правете им мали дупчиња низ кои на готовите медењаци ќе провните украсен конец и ќе им ги подарите како лампиони.
Ова се моите први медењаци кои со скептичност ги правев не знаејќи дали на крај успешно ќе ја погодам и смесата за украсување и дали успешно ќе ги завршам. Искрено, резултетот ме израдува )))


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2020 во 09:51
Божиќна мисирка


Состојки
1 мисирка (3,5-4 кг)
М а р и н а д а
250 гр маргарин на собна температура
1 мала киска магдонос
80 гр крупна сол (мелена на машинче)
1 лажица мешан сув зачин
1/2 лажиче оригано
1/2 лажиче босилек
1/3 лажиче лук во прав
1 рамно лажиче црн бибер
1 рамно лажиче црвен пипер
по малку К*ркума, енибар, гарам масала, мускатно оревче, сумак, мајоран
1 помал лимон (сок и кора)
З а п о л н е њ е
1 мала главица кромид
4-5 чешниња лук
1 помал лимон
внатрешните органи од мисирката
Уште
6-8 ленти сланина
2 чаши вода
1 коцка за супа
1 преполна лажица густин

Мисирката се спрема ден предходно со маринада. Во маргаринот се ставаат сите зачини, солта и кората од лимон. На крај sе додава и лимоновиот сок. Се убаво с емеша.
Мисирката се мие и се бришe од водата. Се одделува внимателно кожата од месото.
Се премачкува поткожно насекаде со маринадата. Потоа, се премачкува и во внатрешноста и насекаде одозгора. Внатре се ставаат мисиркините органи, чешнињата лук нелупени, кромидот исечен на 4 и излупен само од горната лушпа и лимонот на половина. Едната половина лимон се става на самиот отвор за да ја држи полнетата содржина.

Се засекува кожата над самиот отвор на мисирката и низ него се провнуваат накрсно нозете.
Така спремена се витка со фолија и се остава на ладно (во ладна просторија или во фрижидер) да стои отприлика 12 часа.

Другиот ден, пред да се печи, се остава на собна температура да поседи половина час.
Во 2 чаши вода се раствора една коцка за супа и се тура на дното на пекачот.
Се облепува одозгора насекаде со лентите сланина, се посипува со една или две лажици маслиново масло и се става да се печи на температура од 160- 165С, онолку часа колку што е тешка. Значи, за секој кг по 1 час.
После час и пол печење, откако сланината ке се собери и излизга (таа што ќе остани не ја тргајте) повремено (на секои 15-20 минути) полевајте ја одозгора со течноста од пекачот.

Готовата мисирка пред служење оставете ја да одмори некои 45 минути за да можи убаво да се сечи. Кај нас иако одморена, сепак се исече во навала и без стручност, но тоа не не спречи со задоволство да ја изедиме.

Пред да се послужи мисирката, соберете го сосот од пекачот во помал огноотпорен сад, загрејте го и додадете го нишестето растворено во малку вода. Мешајте додека згусти уште некои 2-3 минути и сосот послужете го заедно со мисирката.

Ова е мојата прва мисирка која сум ја јадела и воедно правела. Прогуглав многу начини и искористив од сите по нешто, а зачинив со се што во моментот помислив дека ќе е вкусно. Гости што беа поканети на ручек ги пречекав со „или ќе јадиме добро или ќе мачкаме нешто на лепче“ : ) Јадовме ДОБРО и ете, со задоволство го споделувам изгугланиот рецепт на мој начин : ) Потребата да е сочна и вкусна беше повеќе од задоволувачка.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 21:16

Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните



Лижавчињата-колачиња (или „cake pops“ како што се нарекуваат на англиски) ќе донесат многу радост на детските родендени, но идеални се и за време на празниците.

Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните

Овој креативен десерт, со кој може да се заблажите „од нога“, може да биде украс на вашата празнична трпеза, како и сладок подарок за вашите гости доколку ги завиткате лижавчињата во проѕирен целофан и ги заврзете со лентички.

Ако купите веќе мелени бисквити вашиот десерт ќе биде готов за само неколку минути, а не мора да бидете особено вешти или креативни за да ги украсите топчињата. Не се сомневаме дека божиќните лижавчиња на вашата празнична трпеза ќе ги израдуваат и возрасните исто колку и децата.

Потребни состојки:

  • 150 г чоколадо за готвење
  • 50 г путер (на собна температура)
  • 150 г мелени бисквити
  • 2 лажици рум (може да го замените со екстракт од ванила ако ги подготвувате за деца)
  • 2 лажици кафеав шеќер

Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните

За украсување:

  • 200 г бело чоколадо
  • 180 г темно чоколадо
  • шарени трошки, прехранбени светки, бисерчиња, ѕвездички итн.
  • дрвени стапчиња за раженчиња или пластични стапчиња

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад ставете ги мелените бисквити, омекнатиот путер на собна температура, растопеното чоколадо, румот и кафеавиот шеќер.
  2. Убаво измесете ги состојките со рацете и обликувајте топчиња, а потоа ставете го секое топче на стапче. За топчињата да не се вадат од стапчињата пред да го ставите топчето, натопете го врвот на стапчето во растопеното чоколадо.
  3. Оставете ги наредените лижавчиња во замрзнувач на 10 минути за смесата добро да се излади и чоколадото во кое подоцна ќе ги топите брзо да се стврднува.
  4. Натопете ги лижавчињата во веќе растопеното бело и темно чоколадо. Вртејќи ги во воздухот над садот тие веднаш ќе се ослободат од вишокот чоколадо, а потоа разубавете ги со шарени трошки.

Идеи за украсување: Може да направите снешко, така што ќе споите две топчиња со бело чоколадо и врвот ќе го украсите со шарени трошки наместо капа, ќе ставите мали очиња и портокалово мало носе. Наместо раце може да ставите солени стапчиња. Направете и чоколаден ирвас со уши од переци.

Бидете креативни и создадете различни новогодишни слатки украси со вашите деца.

Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните



Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 21:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 21:17

Меки празнични колачиња


Меки божиќни колачиња

Потребни состојки:

  • 470 г сенаменско брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • ½ лажичка сол
  • 250 г омекнат маргарин
  • 300 г бел шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажички екстракт од ванила

За подготовка и печење на колачињата ќе ви биде потребен половина час (не сметајќи го времето за ладење на тестото).

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад измешајте го брашното, прашокот за печиво и солта. Во друг голем сад изматете ги маргаринот и шеќерот додека смесата не стана бледа и пенеста. Во оваа смеса додајте ги јајцата едно по едно, а потоа ставете ја и ванилата. Изматената смеса додајте ја во претходно просеаните суви состојки и месете додека состојките не се спојат целосно. Покријте го тестото и ладете го во фрижидер 2 часа.
  2. Загрејте ја рерната на 200 ᵒС. Ставете хартија за печење во голем плех. На чиста набрашнета површина од тестото исукајте кора со дебелина од 1 см. Исечете го тестото со помош на форми за колачиња и наредете ги колачињата во плехот.
  3. Печете од 6 до 8 минути во загреана рерна, или додека рабовите на колачињата не станат кафеави. Извадете ги од плехот и оставете ги на решетка за да се изладат. Потоа украсете ги по желба: со шеќерен прелив и прехранбени бои, со фондан или со растопено чоколадо.


Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 21:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2020 во 21:10
Ѓумбир колачиња

Ѓумбир колачиња



Состојки
  1. 350 гр брашно
  2. 120 гр путер
  3. 1 јајце
  4. 1 кесичка прашок за печиво
  5. 1/2 лажичка ѓумбир
  6. 1/2 лажичка цимет
  7. 1 прстофат сол
  8. 70 гр кафеав шеќер
  9. 100 гр мед
  10. Декорација/ајсинг
  11. 1 белка,200 гр шеќер во прав и 2 лажици сок од лимон

Варијација на познатите џинџербред кукис или ѓумбир колачиња.
Од сите состојки се замесува мазно тесто.
Се остава во ладилник околу еден час.
Се сучи кора дебела околу 7-8 мм и со модли се вадат форми.
Јас некои ги направив со стаклен дел (со тврди бомбони)
Декорирава со ројал ајсинг.
На здравје!



Изменето од Valerija - 10.Декември.2020 во 21:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2020 во 08:43

Божиќни колачиња со путер 

Божиќни колачиња со путер може да си направите сами дома, а за целата таа постапка нема да ви бидат потребни повеќе од 30 минути.

Во Данска невозможно е да ги замислите божиќните празници без овие колачиња со путер. Станува збор за фини и крцкави бисквити кои што се топат во устата, а кои што во продавниците најчесто ги купуваме во метални кутии.

Потребни состојки:

250 грама брашно;
- 200 грама путер; 
- 150 грама шеќер; 
75 грама бадемово брашно; 
1 јајце; 
- 1 лажица кора од лимон; 
- 1 лажица екстракт од ванила. 


Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.

2. Со миксер проматете го путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете го јајцето, кората од лимон и екстрактот од ванила.

3. Во смесата додадете го бадемовото и обичното брашно и сето тоа добро изматете го со миксер.

4. Ставете ја смесата во кеса за слатки, па на намачканиот плех со малку путер, ставајте ги меките прстени од тесто со дебелина од околу 4 сантиметри.

5. Така подготвените колачиња печете ги околу 10 минути додека не заруменат.

6. Почекајте да се изладат пред да ги послужите.

Пријатно јадење!




Изменето од Valerija - 16.Декември.2020 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2020 во 21:01

Рецепт за празнични колачиња за оние кои не сакаат да ги комплицираат работите во кујната



Nutellotte се празнични италијански колачиња кои се полнат со Нутела, а во последно време ги полнат и со џем. Која варијанта и да ја изберете, ќе ви требаат само неколку состојки, а колачињата можат да бидат подготвени за половина час.

Овие колачиња се еден од најгугланите рецепти оваа година во Италија, а во Македонија најверојатно би било рецепти за вкусен леб!

Рецепт за празнични колачиња за оние кои не сакаат да ги комплицираат работите во кујнатаПотребни состојки:

  • 180 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 г путер
  • 100 г црно чоколадо
  • 150 г мелени ореви
  • 250 г мелени бисквити
  • малку хопла

За украсување:

  • мелени ореви
  • намаз од лешник и/или чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот, путерот и чоколадото загрејте ги на пареа, а потоа измешајте ги со бисквитите и оревите. Ако смесата е премногу густа, додадете неколку лажици хопла.
  2. Оставете ја смесата во фрижидер околу два часа и кога ќе се олади добро, формирајте топчиња. Валкајте ги во мелени ореви, а потоа притиснете ја средината и наполнете со намазот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2020 во 22:00
Најлесни новогодишни колачиња

Најлесни новогодишни колачиња


Направете новогодишни колачиња.

СОСТОЈКИ:

  • 140 гр. брашно
  • 100 гр. шеќер
  • 1 јајце
  • 40 гр. мед
  • 40 гр. кора од портокал
  • 1 прстофат содa
  • малку цимет, каранфилче

ПОДГОТОВКА:

  1. Медот се растопува благо и се додава шеќер, рендана кора од портокал, сода и јајце, цимет, каранфилче и брашно.
  2. Се меси тесто.
  3. Се развлекува и се вадат облици по желба, се редат на плех со масло и се печат на 180 степени додека поруменат.
  4. Може потоа да ги украсите со шеќер во прав, боја или некоја глазура.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2020 во 22:03
Новогодишни колачиња – подобри од секој подарок

Новогодишни колачиња – подобри од секој подарок


Уживајте за време на празниците!

СОСТОЈКИ:

  • 2 јајца
  • 150 гр кристал шеќер
  • 50 гр растопен путер
  • 150 мл млеко
  • 250 гр брашно
  • 2 лажици какао во прав
  • 1/2 прашок за печиво
  • екстракт од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Измиксајте јајца и шеќер. Додајте растопен путер и млеко и продолжете со миксање. Ставете и брашно, какао, прашок за печиво и екстракт од ванила. Соединете и ставете во капали. Печете на 180 степени околу 15 минути. Украсете со разматена слатка павлака.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2020 во 22:05
Божиќни медени колачиња – Домот опојно ќе мириса

Божиќни медени колачиња – Домот опојно ќе мириса


Направете Божиќни медени колачиња.

СОСТОЈКИ:

  • 5 шолји брашно
  • 2 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја мед
  • 1 шолја масло
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажички сода

ПОДГОТОВКА:

  1. Се мати медот со сода, се додаваат матени јајца со шеќер и ванила.
  2. Се става постепено маслото.
  3. Се додава постепено и брашното додека матите.
  4. Се прави тесто и се сечат медењаци во форма по избор.
  5. Се печат на плех со хартија 20 минути на загреана рерна на 180 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,267 секунди.