IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Новогодишно и Божиќно мени
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новогодишно и Божиќно мени

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 93506
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2018 во 10:24

Божиќни колачиња

Полека наближуваат празниците а освен украсувањето на домот и новогодишната елка кои ја креваат еуфоријата и адреналинот, сите се веселиме на подготвувањето на божиќни и новогодишни колачиња. Во оваа статија ќе ви дадеме два лесни рецепти, а вие пробајте ги и кажете ни дали ви се допаднаа :) 
Meдени новогодишни колачиња Меки како душа, брзо се прават, и го будат мирисот на детството. Како и сите суви колачи, се благодарни бидејќи може долго да стојат, а со овој рецепт нема да згрешите. Состојки: 350 гр брашно 100 гр шеќер Половина кесичка прашок за пециво По желба зачин за медењаци и неколку супени лажици мед 100 гр мелени бадем 2 јајца 120 гр путер Подготовка: Се меси тесто од сите состојки, оставете го еден час да отстои, додајте ги бадемите и печете 10 минути на 180 до 200 степени Целзиусови. 

Лондонери-колачиња Лондонерите се уште еден Божиќен рецепт, кој без разлика на името, нема многу врска со главниот град на Велика Британија. Лондонерите со години се составен дел од традицијата за Божиќ во многу земји. Ние ви ги предложуваме токму нив: Состојки: 300 грама брашно 150 грама путер Ванилен шеќер 2 јајца Прашок за пециво 2 лажици млеко Подготовка: Замесете тесто, оставете да отстои и ставете го во плех. Премачкајте со џем по желба и подгответе прелив од чоколадо. Изматете две белки во снег, додајте ја стопената чоколада (150 гр) и 100 грама сецкани ореви или бадеми. Намачкајте на тестото и печете 20 минути на 180 степени .
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.