IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти со брокула
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти со брокула

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92255
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:02


Слатко солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. Подгответе го ова пилешко со брокула со слатко-солен сос и уживајте во префинетиот вкус.

Намирници – пилешки гради, брокула, 6 лажици мед, 4 лажици кечап, 4 лажици кафеав шеќер, 2 лажици оцет (балсамико), 3 лажици соја сос, 1 лажичка лук во прав, малку сусам.

Подготовка

Прво, измешајте го медот со кечапот, оцетот, соја сосот и лукот. Ставете две лажици маслиново масло во тава или вок, па додадете го посоленото пилешко месо исечкано на парченца. Пржете го околу 10-на минути. Додадете ја исечканата брокула и на крајот прелијте со сосот. Гответе и мешајте уште 5 минути додека пилешкото добро се испече, а брокулата да омекне. Ако е потребно, додадете лажица-две вода. На крај, наросете сусам.

Сервирајте со варен ориз.



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92255
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:12

Њоки со тиква од босилек и пармезан

Многу се вкусни, а тиквата им дава посебна арома. Прелијте ги малку со маслиново масло, наросете ги со исечкан босилек и изрендан пармезан, и уживајте во секое залче.

njoki1

Потребни намирници – 1 кг печена и оладена тиква, 500 грама брашно, 2 цели јајца, свеж босилек, маслиново масло, сол и црн пипер, пармезан.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквата исечете ја на кришки и печете ја околу еден час. Кришките изладете ги, отстранете ја коричката и одвојте го портокаловото „месо“. Од него направете пире. Додадете ги јајцата, посолите, наросите црн пипер, додадете ситно исечкан босилек и потоа додадете го и брашното. Добро мешајте и направете меко тесто. Од тестото направите њоки.

Во меѓувреме сварете вода, посолете ја и варете ги во неа њоките додека да испливаат на површина. Извадете ги со лажица. Жешките њоки прелијте ги со маслиново масло или потпечете ги на маслиново масло. Додадете уште неколку ливчиња свеж босилек и прелијте ги со изрендан пармезан.



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92255
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2018 во 10:00
slika 234

Киш од брокула

Потребни состојки: 4 јајца 1 главица брокула, 300 грама печурки, 150 грама рендан кашкавал (чедар), 2-3 млади кромидчиња,сол, пипер,округло тавче обложено со хартија за печење

Подготовка: Исечкајте ја брокулата на поситни парчиња. Варете ги 5 минути во врела вода . Извадете ги и убаво исцедете ги. Исечкајте ги младите кромитчиња и печурките.Пропржете ги на малку масло, околу 5 минути, и зачинете ги со малку сол и пипер. Оставете да се излади

Во поголем сад изматете ги јајцата и додајте ги останатите состојки.Истурете во округло тавче обложено со хартија и печете во загреана рерна на 175 степени, околу половина час.

Послужете со шери домати или салата од рукола.



Изменето од Valerija - 01.Јули.2018 во 10:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.