IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти со брокула
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти со брокула

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти со брокула
    Испратена: 01.Јули.2018 во 10:00
slika 234

Киш од брокула

Потребни состојки: 4 јајца 1 главица брокула, 300 грама печурки, 150 грама рендан кашкавал (чедар), 2-3 млади кромидчиња,сол, пипер,округло тавче обложено со хартија за печење

Подготовка: Исечкајте ја брокулата на поситни парчиња. Варете ги 5 минути во врела вода . Извадете ги и убаво исцедете ги. Исечкајте ги младите кромитчиња и печурките.Пропржете ги на малку масло, околу 5 минути, и зачинете ги со малку сол и пипер. Оставете да се излади

Во поголем сад изматете ги јајцата и додајте ги останатите состојки.Истурете во округло тавче обложено со хартија и печете во загреана рерна на 175 степени, околу половина час.

Послужете со шери домати или салата од рукола.



Изменето од Valerija - 01.Јули.2018 во 10:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:12

Њоки со тиква од босилек и пармезан

Многу се вкусни, а тиквата им дава посебна арома. Прелијте ги малку со маслиново масло, наросете ги со исечкан босилек и изрендан пармезан, и уживајте во секое залче.

njoki1

Потребни намирници – 1 кг печена и оладена тиква, 500 грама брашно, 2 цели јајца, свеж босилек, маслиново масло, сол и црн пипер, пармезан.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквата исечете ја на кришки и печете ја околу еден час. Кришките изладете ги, отстранете ја коричката и одвојте го портокаловото „месо“. Од него направете пире. Додадете ги јајцата, посолите, наросите црн пипер, додадете ситно исечкан босилек и потоа додадете го и брашното. Добро мешајте и направете меко тесто. Од тестото направите њоки.

Во меѓувреме сварете вода, посолете ја и варете ги во неа њоките додека да испливаат на површина. Извадете ги со лажица. Жешките њоки прелијте ги со маслиново масло или потпечете ги на маслиново масло. Додадете уште неколку ливчиња свеж босилек и прелијте ги со изрендан пармезан.



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:02


Слатко солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. Подгответе го ова пилешко со брокула со слатко-солен сос и уживајте во префинетиот вкус.

Намирници – пилешки гради, брокула, 6 лажици мед, 4 лажици кечап, 4 лажици кафеав шеќер, 2 лажици оцет (балсамико), 3 лажици соја сос, 1 лажичка лук во прав, малку сусам.

Подготовка

Прво, измешајте го медот со кечапот, оцетот, соја сосот и лукот. Ставете две лажици маслиново масло во тава или вок, па додадете го посоленото пилешко месо исечкано на парченца. Пржете го околу 10-на минути. Додадете ја исечканата брокула и на крајот прелијте со сосот. Гответе и мешајте уште 5 минути додека пилешкото добро се испече, а брокулата да омекне. Ако е потребно, додадете лажица-две вода. На крај, наросете сусам.

Сервирајте со варен ориз.



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2018 во 16:50
Здрав и вкусен оброк: Запечена брокула со пармезан и лук


Запечена брокула со пармезан и лук

Совршен оброк за сите кои внимаваат на своето здравје…

СОСТОЈКИ:

  • 1 главица брокула
  • 2 чешниња лук, мелен
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка црн бибер
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/4 чаша пармезан

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени. 
  2. Измијте ја брокулата и исечете ја на парчиња. Ставете во сад за печење. 
  3. Посипете со лук и ставете 3 лажици маслиново масло преку брокулата, потоа додајте бибер и сол. 
  4. Печете во рерна 20-25 минути, а потоа прелијте со сок од лимон, пармезан и остатокот од маслиновото масло.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 17:32
Посна чорба од брокула

Посна чорба со брокула
Состојки
500 гр брокула
2 средно големи компири
1 морков
1 парче праз
2 чешниња лук
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче мечан сув зачин
5-6 лажици масло
по вкус сол и бибер
1,3 л вода

Компирите и морковите излупете ги и исечете ги на тенки кругчиња. Брокулата искинете ја мали цветчина, а празот и лукот исецкајте ги. 
Ставете ги во тенџере, додајте ја водата, зачините и маслото. Ставете го да се вари додека зеленчукот омекне. Потоа тргнете го на страна и со рачен блендер изблендирајте го.
Чорбата послужете ја топла со потпечен леб и салата по избор.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 19:04
Печена брокула со тиквички


Печена брокула со тиквички

Состојки

1 брокула 
1 тиквичка
200 грама кашкавал
3 јајца
150 мл павлака
1. Брокулата се мие и се вари 20 минути.
2. Тиквичката се чисти, лупи и се ренда.
3. Јајцата се матат со вилушка.
4. Павлаката се меша со малку вода и зачини.
5. Плехот за печење се мачка со путер и се истура презла.
6. Во плехот се ставаат парчиња од брокула и рендани тиквички.
7. Одозгора се истура сос од павлака и зачини.
8. Се пече 30 минути на 200 степени.
9. На крај се става рендан кашкавал.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 19:00
Супа со брокула и топено сирење


Супа со брокула и топено сирење

Состојки
1 китка брокула
2 моркова
2 чешниња лук
1 лажица брашно
60 гр масло
500 мл млеко
500 мл супа од зеленчукова коцка
200 гр топено сирење

Морковите ги лупиме и сецкаме на тркалца.
Лукот исто така го лупиме и сецкаме на ситно.
На масло се запржуваат морковите, а потоа лукчето.
По 5 минутно пржење на тивко ја додаваме супата од коцка.
Оставаме да поварат на тивко за да омекнат морковите.
Во друг сад на масло запржуваме брашно.
Кога заруменува се додава млекото.
Се промешува додка се спојуваат течностите.
Го додаваме топеното сирење и мешаме.
Оставаме да зоврие еднаш, а потоа ги додаваме брокулите кои ги исековме на ружички.
Од дршката на брокулата,сечеме во вид на стапчиња и ја додаваме во садот. Оставаме да поврие 5 минути и тргаме од оган.Зачинете со црн бибер или шафран.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:58
Фритата од брокула и сирење


Фритата со брокула и сирење

Состојки
1 главица кромид
околу 200 гр брокула
5 јајца
3 лажици млеко
100 гр овчо сирење
по вкус сол
по вкус бибер
по вкус лук во прав или во гранули
малку масло за готвење
1/2 лажиче прашак за пециво
2 лажици брашно

Фритата од брокула и сирење
Едноставно и брзо јадење, кое може да послужи како вкусен и екстра брз ручек кој нема многу да го оптовари вашиот желудник, но и како одлична вечера.

Најпрво се вклучува рерната да се загрее додека се подготвува фритатата. На малку загреано масло, се пржи ситно сецканиот кромид и кога ќе зажолти, се додава брокулата исецкана на поситни парченца. Се пржи кратко, додека брокулата малку не омекне. Кога е готово, се трга на страна малку да се излади.

Во еден сад се матат јајцата, се додаваат зачините, млекото, прашакот за пециво, брашното и сирењето. На крај се додава пржениот кромид и брокулата, се заедно убаво се промешува за да се соединат состојките. Добиената смеса се става во калап (може и во долгнавест, но и во обична правоаголна или тркалезна форма), обложен со хартија за печење и се става да се пече. Се пече на 250 Ц, отприлика 25-30 минути или додека убаво не порумени одозгора.

Се јаде додека е топло или кога потполно ќе се излади. Мене ова второво многу повеќе ми се допаѓа.

Најубава комбинација е со свежа зелена салата или со помфит, со додаток на некој убав сос на база на мајонез и павлака.

.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 10:04
Брокула со макарони

Брокула со макарони

СОСТОЈКИ:

  • 350 гр макарони
  • 500 гр брокула
  • 300 мл јогурт
  • 250 швапско сирење
  • 200 гр трапист
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Брокулата исчистете ја од корен и раздвојте ги цветовите, па измијте ги под млаз студена вода. 
  2. Потоа кратко бланширајте од три до пет минути во посолена врела вода. 
  3. Омекнатата брокула исцедете ја и оставете ја на страна. 
  4. Посебно обварете макарони ал денте, па процедете ги од вишокот течност. 
  5. Во длабок сад измешајте брокула, макарони и швапско сирење, па префрлете во огноотпорен сад намастен со масло. 
  6. Разматете јогурт и малку масло. Зачинете по вкус и прелијте преку макароните во чинијата. 
  7. Сè посипете со изрендано трапист сирење. Печете во рерна загреана на 200 степени 25 минути.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 09:51

ТЕСТЕНИНИ СО БРОКУЛА



Тестенини со брокула

Тестенините и брокулата се големи љубовници. Совршено си одговараат еден со друг, па затоа се феноменална комбинација во моментите кога сакате да си приготвите здраво, вкусно и брзо ручече или вечера.


Тестенини со брокула

  • PREP: 30 MINS
  • COOK: 0 MIN
  • READY IN: 30 MINS

INGREDIENTS

INSTRUCTIONS

  1. Сварени тестенини1.Сварете ги тестенините според упатството на пакетчето. Исцедете ги и вратете ги во истиот садот.
  2. Подготовка на сосот2.На тава за готвење, ставете маслиново масло и сечкан лук. Запржете неколку минути па додадете брашно. Промешајте и додаде супа од коцка, млеко и павлака. Кога ќе ја добие потребната густина, додадете и пармезан.
  3. Сварена брокула3.Во меѓувреме, ставете ја брокулата да се свари. На брокулата и е потребно околу 20 до 25 минути во зовриена солена вода да се свари.
  4. Подготвено јадење - Тестенина со брокула4.Сосот и исечканата брокула префрлете ги во садот со тестенини. Измешајте и сервирај те.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 09:39

ЗГОТВИ БРОКУЛА СО СОС ОД СИРЕЊЕ

    Брокулите се од оние исклучително корисни видови храна кои не се многу обожувани од повеќето луѓе. Најмногу децата.

e1ef9905568ea097ef07a5c536f9d1d5

Штом еднаш сепак ги пробате, приготвени на соодветен начин, тешко дека некогаш ќе ги одбиете.

Затоа ви нудиме едноставен рецепт за брокула со сос од сирење , кој ќе ја направи здравата храна навистина неодолива.

Покрај околу 30 слободни минути за подготовка на 6 порции од јадењето, ќе ви требаат и следниве производи:

– 2 глави брокула – исечени на розички;

– 2 чаши полномасно млеко;

– 1 лажица масло;

– 1 чешне лук;

– ½ лажичка сол или повеќе по вкус;

– ½ лажичка црн пипер или повеќе по вкус;

– ½ лажичка чили во прав;

– 350 грама меко сирење по избор – сечено на коцки;

– 120 грама чедар сирење – рендано;

– 120 грама кашкавал – рендан;

Начин на приготвување:

1. Сварете ги брокулите за 3-4 минути додека малку омекнат (но не премногу).

 

2. За да направите сос, загрејте го маслото и млекото на просечна кон слаба температура.Почекајте течноста да стане жешка и ставете рендан лук.

 

3. Додајте сол, црн пипер и чили во прав. Додадете го мекото сирење по избор и промешајте додека не се стопи и не стане кремасто.

 

4. Додадете ги чедарот и кашкавалот и повторно мешајте додека тие исто така не се растопат. Пробајте и додадете зачини по ваш вкус.

5. Послужете ги брокулите и сосот одделно или заедно, како сакате.

 



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 08:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 08:46
Лосос со пире од брокула


Лосос во пире од брокула

Состојки
400 гр лосос (овде, замрзнат)
400 гр брокула (замрзната)
50 мл неутрална павлака за готвење
2 чешниња лук
1/2 лимон
30 мл маслиново масло
по вкус сол
1/2 лажиче сушен копар

Ако користите замрзнат лосос, прво одмрзнете го и ставете го во цедилка да се исцеди вишокот на вода. Потоа, ако се работи са парчиња со нееднаква дебелина, како што беше во мојот случај, исечете го тенкиот дел од парчето лосос. Отсечените делчиња одат во тава, како и големите парчиња, да си знаете! :)
Вака подготвениот лосос, ставете го на хартиени салфети, за да му се одстрани вишокот на вода. Така ќе спречите прскање при пржење, а и лососот ќе се пржи, а не динста. Рибата добро посолете ја.

На јак оган, пржете, прво со кожата на страната на тавата во која има маслиново масло! После 3-4 минути, превртете ја рибата на страна и пржете уште 1 минута, па превртете ја на спротивната страна и пржете уште една минута. На крај, рибата превртете ја со кожата нагоре и пржете уште една минута. Внимавајте да не ја препржите, затоа што ќе биде сува како дрво.

Сега направете го пирето од брокули. Во сад со вода во која се става една лажичка сол, ставете ги цветчињата од брокула. Варете отприлика 5 минути (ако е замрзната) или малку подолго, ако е свежа брокула. Внимавајте да не ја преварите, затоа што убавата зелена боја ќе ја смени во маслинесто зелена, а тоа баш и не е убаво за око, а и ќе биде поводенеста.

Штом ќе биде варена, префрлете ја во цедилка и добро исцедете ја од водата. Во пригоден сад, додадете ја брокулата, едно чешне ситно сецкан лук и со стапчест миксер измиксајте ја во пире. На вака измиксаната брокула, додадете и’ ја неутралната павлака и со шпатула добро промешајте ја смесата за да стане хомогена.

Од другото чешне лук, малку маслиново масло, сушениот копар, сокот од половина лимон и малку сол, направете прелив и со него прелијте го пржениот лосос.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 08:43

Летото е совршен период од годината за да ги уживате благодетите на градината. Затоа навалете на овошје и зеленчук.

 

Потребни состојки

900 гр свежа брокула

225 гр свежи печурки

100 гр павлака

100 гр мајонез

1 лажичка бел шеќер

малку црн пипер

1 кафена лажица рендан лук  

1 чешне ситно сечкан лук

Начин на подготовка:

Исчистете ја и ситно исечкајте ја брокулата, а потоа ставете ја во топла вода да се вари 10 минути.  Потоа во голем сад додадете ги печурките, павлаката, мајонезот, шеќер, бибер и лук во мал сад.

Пријатно јадење!



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,184 секунди.