IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од тиквички
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од тиквички

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 21:00

ВКУСНО ПРЕДЈАДЕЊЕ СО ТИКВИЦИ И СИРЕЊЕ

Потребни состојки:

–      3-4 тиквици

–      250 гр младо сирење

–      100 гр листови од тенко исечена сланина

–      малку брашно

–      сол и масло

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на тенки листови по должина. Посолете ги и оставете ги малку да отстојат. Потоа малку забришете ги со хартиена салфетка па ставете ги во брашно од едната страна. Листовите сланина кратко пропржете ги, а потоа извадете ги па во истото малсо ставете ги листовите тиквица, прво од набрашнетата страна а потоа од  другата страна. Кога тиквиците ќе бидат готови, од набрашнетата страна ставете ја сланината, па одозгора премачкајте со сирење и свиткајте ги во ролничка. Прицврстете со една чепкалка. Ставете ги во тава за печење сите ролнички и запечете ги на 160 степени, само додека благо не заруменат.



Изменето од Valerija - 29.Мај.2017 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 21:02

Рецепти: Вкусен ручек со модар патлиџан и тиквички
Коцките модар патлиџан ставете ги во цедилка и добро посолете и оставете ги на страна околу 30 минути. Потоа, измијте ги и исушете.

Состојки:

1 голем модар патлиџан
2 тиквички
5-6 зрели домати
2 средни главици кромид
100 г ситно сирење
3 јајца
125 мл маслиново масло
сол, зачини по желба

Подготовка:

Модриот патлиџан измијте го, излупете го и исечете го на коцки со околу 2,5 см големина. Коцките модар патлиџан ставете ги во цедилка и добро посолете и оставете ги на страна околу 30 минути. Потоа, измијте ги и исушете. Тавата загрејте ја на средна температура и додајте 3 лажици масло, додајте го исушените коцки модар патлиџан и испржете. Посолете и зачинете по вкус.

Додека модриот патлиџан се пржи, измијте ги доматите и тиквичките - доматите исечете ги на кругови, тиквичките исечете ги накосо. Рерната вклучете ја на 220 Целзиусови степени. Огноотпорниот сад намачкајте го со масло и во него редете го приготвениот зеленчук. Врз модриот патлиџан редете ред тиквички, ред домати. Изматете ги трите јајца со малку млеко, ставете го сирењето во смесата, посолете и прелијте го јадењето. Печете во претходно загреана рерна околу 40 до 45 минути, извадете го јадењето од рерната и оставете да се излади десетина минути.
 



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2016 во 21:10

Брза пита со тиквички

Вкусна пита која се подготвува брзо и едноставно.Може да ја послужите за појадок, ручек и вечера.

Потребно е:

една тиквичка со средна големина

пола литар јогурт

3 полни супени лажици бело брашно

3 полни супени лажици пченично брашно

една кесичка прашок за пециво

2 јајца

2 супени лажици масло

сол

Подготовка:

Излупете ги, исечкајте ги тиквичките на мали коцки. Посолете, покријте ги со крпа и оставете да отстојат.

Изматете ги јајцата, јогуртот и маслото. Додадете ги брашното и пецивото. Измешајте и на крај додадете ја сечканата тиквичка која претходно добро сте ја исцедиле.

Во тепсија ставете малку масло и загрејте је во загреана рерна, а потоа врело масло сипете во смесата. Печете на 200 степени околу половина час.

Питата, по желба, 10 минути пред крај на печењето премачкајте ја со павлака за готвење (250 мл).

Сервирајте ја топла со кисело млеко или јогурт.



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:27
1.Пржени тиквици

Две тиквици ги лупиме и сечеме на кругови. Се посолуваат и се оставаат да постојат некое време за да им излезе водата. По час, два ги пржиме во загреано масло.



2. Салата од тиквици

Истата постапка како од погоре. Кога ќе се испржат ги ставаме на салфетка да се исцедат, потоа ја тргаме салфетката ставаме сол, магдонос, зејтин и оцет.

3. Кофтиња од тиквици

Две тиквици ги лупиме и рендаме. Ги цедиме од водата и ги ставаме во подлабок сад. Во садот се додава едно јајце, брашно по потреба, сол, бибер, вегета, може и магдонос кој сака. Кога ќе се добие хомогена смеса, се прават топчиња и се пржат во загреано масло. Се ставаат на салфетка да се исцедат.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:28
Плескавици од тиквици 

3 средни тиквици, изрендани
малку кромид, исецкан
малку магдонос
3 јајца
1 лажица црвен пипер
сол, бибер
200 g сирење, издробено или исечено на коцки
1 шоља брашно


[IMG]

Лазањи со тиквици
Подготовка:

Тиквиците измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на тенки кругови. Неколку минути варете ги во солена вода претходно зовриена, а потоа веднаш измијте ги со ладна вода.

Отстранете ги рачките од цветовите и исечете ги на ленти.

Ставете во тавче ситно исецкан кромид на претходно загреано масло. Пред крај истурете 0,5дл вода и варете додека водата не испари. Додете ги цветовите од тиквицата и динстајте уште 2-3 минути. Посолете, додадете бибер и тргнете ги од рингла.

Во зовриена солена вода со малку масло, варете го тестото за лазањи, потоа исцедете го и раширете на хартија која ќе ја упие водата.

Младото сирење и павлаката добро измешајте ги, додадете сол и бибер.

Во ватростален сад, подмачкан со остатокот од путерот, ставете ред лазањи, ред крем од сирење, ред варени тиквици и цветови од тиквици и ред домати исецкани на кругови. Повторете ја постапката додека не ги потрошите намерниците, а на крајот посипете со пармезан.

Печете 35 минути во загреана рерна на 180 степени.
Состојки:

* 250гр готово тесто за лазањи
* 400гр свежо сирење
* 20гр путер
* 800гр тиквици
* 300гр домат од конзерва
* 50гр пармезан
* 12 цветови од тиквици
* Кромид
* 2дл слатка павлака
* Маслиново масло
* Сол и бибер

Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:30
Палачинки од тиквици


Состојки за 2 лица:

1 китка магдонос
100гр сирење
2 јајца
50гр рендан пармезан
Бибер
125мл млеко
1,5 лажица сол
100гр брашно
Ореви
500гр тиквици
Неколку шери домати
60гр путер
Подготовка:

Измијте ги тиквиците, ислупете и изрендајте. Посипете со рамна лажица сол и оставете еден час или повеќе, да пуштат вода, а потоа добро исцедете ги со цедалка. Магдоносот исецкате го ситно, па поделете го на два дела.
Во исцедените тиквици додадете млеко, јајца и истопен путер. Помешајте го со брашно, пармезан, половина од исецканиот магдонос, додадете половина од рамна лажица сол, малку ораси и бибер.
Тефлонската тава загрејте ја, капнете малку масло, па сипете ја смесата во дебелина од половина сантиметар. Намалете ја температурата. Штом ќе се потпече долната кора, со помош на плаштична лопатка пресечете ја палачинката на 4 дела, за лесно да ја превртите. Печете од секоја страна по неколку минути или додека не порумени.
Сервирајте на танки парчиња сирење и половинки од доматите, а потоа декорирајте со сецканиот магдонос.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:37
Чипс од тиквичка

Потребни состојки:
тиквичка
50 гр. сусам
100 гр. пченкарно брашно
сол, зачин по желба

Подготовка:
Исецкајте ја тиквичката на тенки кругови, а потоа посолете ги и оставете ги да постојат 30 минути во сол.
Помешајте го сусамот, пченкарното брашно и зачинот.
Откако круговите ќе постојат, исцедете ги. Секој круг намачкајте го од двете страни со смесата која сте ја добиле од сусамот, брашното и зачинот. Потоа редете ги во тава која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.
Печете 15 минути на 200 степени, а потоа свртете ги на другата страна и печете уште 5 минути.
Може да ги сервирате како здраво и вкусно аперитив.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 20:40

Печени тиквички во рерна

3 средни тиквички, сечкани на тркалца

Сол, зеленчуков зачин(вегета), една рака пченкарно брашно

 



За преливање:

5 јајца

1 л јогурт

Малку млеко

 




Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2016 во 16:27

Брзи тиквички со кашкавал

Состојки:

3 големи тиквички
1 лажица маслиново масло
По желба два различни вида на тврд кашкавал
½ шолја лебни трошки
1 шолја доматен сос
½ шолја моцарела
Сол и бибер
босилек
Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех ставете хартија за печење.

Тиквичките исечкајте на кругови или на летни по желба со ширина околу 1 см. Посолете ги и оставете да ја испуштат течноста па избришете ги со салфетки.

Во сад измешајте ги лебните трошки со ситно ренданиот кашкавал и посолете и ставете бибер.

Секое парче тиквичка извалкајте го во таа мешавина и наредете ги на калап за печење.

Печете додека не станат златни и крцкави.

Извадете ги од рерна, и на дното на еден подлабоко тавче ставете доматен сос кој ќе го зачините со сол, бибер и босилек.

На сосот наредете дел од тиквичките, посипете ги со моцарела.

Повторувајте ја постапката додека да останете без состојки но на крајот погрижете се да завршите со моцарела.

Печете уште 10-15 минути додека сирењето да се стопи.

Послужете го додека е топло.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 09:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2017 во 12:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2017 во 09:59

Вкусни ролнички од тиквички полнети со сирење



Веќе почнавме да посегнуваме по полесна храна, која лесно се вари. Еден таков предлог се и овие вкусни полнети ролни, направени од тикви кои може да ги подготвите за фамилијарниот ручек или за закуската со пријателите.


Потребни состојки:

  • 3 помали тиквички
  • 50гр свежо козјо сирење
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • ½ мала лажица свеж исцеден сок од лимон
  • Сол и црн бибер

Начин на подготовка:

Загрејте ја тавата или скарата. Измијте ги тивкичките, па исечете ги на должина со дебелина од 5см. Премачкајте ги со масло, сол и црн бибер. Испечете ги на скарата или испржете ги на тава со цел да омекнат, но да не ја изгубат целосно својата цврстина.

Во еден сад измешајте го козјото сирење, магдоносот и сокот од лимон. Ставајте по една мала лажица на едниот крај од парчињата тиква, а потоа ролајте ги. По потреба употребете чачкалица, ако имате проблеми со отворање. Направете ролнички од сите исечени парчиња тиквички, додека не ја истрошите целата смеса. 

Совет плус: Може да додадете и други намирници.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2017 во 08:07

Капрезе салата на тиквички


Свежа промена на класичната капрезе салата.

Разнобојна, здрава, брза и лесна за подготовка. Супер идеја да се послужи покрај омилената порција риба или месо.

 Потребни состојки:

  • 3 средни тиквички 

  • 5 средни домати 

  • 1 китка свеж босилек 

  • ½ лажичка лук во прав 

  • 1 лажичка сол 

  • маслиново масло 

  • 200 гр. свежа моцарела 

  • мелен црн пипер по вкус



Начин на подготовка: 

Тиквичките пресечете ги на половина, премачкајте ги со маслиново масло, посолете и нарусете од лукот во прав. Премачкајте ја огноотпорната тава со маслиново масло и печете ги тиквичките на загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Во меѓувреме пресечете ги доматите и парчињата моцарела на кругови.

Додека се сè уште топли тиквичките, врз нив наредете по еден круг од доматите и еден круг од моцарелата. Ситно исечкајте го босилокот и декорирајте ја салатата. Нарусете  мелен црн пипер и додадете маслиново масло за да ја завршите салатата.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2017 во 19:59

Рецепт: Полнети тиквички печени во рерна


Рецепт: Полнети тиквички печени во рерна

Ако незнаете што вкусно да подготвите денес, еве еден рецепт од традиционалната кујна што нема да ви одземе премногу време.

Состојки:

  • 1-2 млади тиквички
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 100 грама кашкавал
  • 1 лажица зачини
  • 1 голема лажица црвен пипер
  • Малку бибер
  • 500 грама мелено месо
  • Ситно сечкан лист од магданос
  • 1 зелена пиперка
  • 2 ситно исечкани компири

Подготовка:

Исчистете ги тиквичките од семки и издлабете ги со лажица како корито. Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, па додадете сечкана пиперка и мелено месо.

Потоа додадете ситно исечкан лук, сечкан компир, зачин, црвен пипер и црн бибер. На крајот додадете го магдоносот.

Плехот премачкајте го со масло и наредете ги тиквичките што претходно ги исчистивте. Наполнете ги со подготвениот полнеж. Можете да додадете и неколку цели млади компирчиња да се печат заедно со тиквичките.

Плехот затворете го со фолија и печете околу 35 минути на 200 степени Целзиусови.

Извадете ги и изрендајте кашкавал и вратете ги во рерната уште 10 минути за да се стопи кашкав алот и тиквичките да се запечат и да поруменат. Служете со салата!




Изменето од Valerija - 02.Декември.2017 во 19:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2017 во 20:01

Седум вкусни рецепти со тиквички

Седум вкусни рецепти со тиквички Јадеме.мк


Токму затоа до сега на Јадеме.мк се собраа повеќе рецепти во кои тиквичките се во една од главните улоги. Состојка со која, доколку се подготвки како што треба, нема утка и која секој специјалитет може да го направи уште повкусен.

Својот епитет на летен зеленчук тиквичката го оправдува со разновидноста на јадења во кои можеме да ја сретнеме, од чорби до брускети, од печени во рерна до подготвени на скара. Секако, тука се и цветовите од тиквички кои во последно време можат да се најдат на пазарите и кои најчесто се подготвуваат похувани.

image001

Инаку, интересно за нив е тоа што потекнуваат од Мексико, а човекот ги консумира веќе 10.000 години. Највкусни се плодовите со должина од околу 15 сантиметри, а богат се извор на бета каротен, витамин Ц, магнезиум и Калиум. Поради големото количество на вода имаат ниска калорична вредност.

Пред ставањето во ладилник нема потреба да се мијат, а во таква состојба можат да останат свежи една седмица. Секое, дури и најмало оштетување, го забрзува драстично процесот на пропаѓање. Доколку сакате да ги замрзнете претходно мора да ги исечете на кришки и да ги бланширате две минути.

roladice-od-patlidzana-i-tikvica-bd1db9ecd0779e047200d1aa766a3704_header-710x476

До сега на Јадеме.мк имавме рецепт за ражничи со тиквички и сирење за кои ви се потребни само 20 минути и само неколку состојки.

Отприлика толку време ќе ви треба и за тиквичките печени во рерна со кои одлично оди рендан пармезан.

Ролат од модар патлиџан и тиквички, рецепт кој ќе ви одземе малку повеќе време, но во кој дефинитивно ќе уживате.

stuffedzucchini2_thumb-566x476

Тиквичките полнети со говедско се нешто навистина посебно, а покрај двете главни состојки битен е и миксот од пиперки, чедарот и моцарелата.

Од тиквички можат да се подготват и шницли, јадење кое е одлично за сите вегетеријанци, но и за оние кои внимаваат на својата линија.

lazanja-710x476

Во таа категорија се и лазањите со тиквички и зеленчук, рецепт погоден за секое време и за секоја пригода.

Вегетеријанците, но и сите останати, можат да уживаат и во пицата со тиквички, сирење и кашкавал.

Добар апетит :)



Изменето од Valerija - 02.Декември.2017 во 20:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.