IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од тиквички
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од тиквички

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97865
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 20:44


Печени тиквички на грчки начин

Лесно, нискокалорично летно јадење на кое никој не може да му одолее. Подгответе го на грчки начин.

Количините за овој рецепт се однесуваат на четири порции. Време на подготовка – 1 час и 20 минути.

tikvicki

Од намирници потребно ви е – 1 главица стар кромид, половина главица лук, 300 грама мелено месо, 100 грама варен ориз, 4 тиквички, 3 домати, 4 лажици маслиново масло,  30 грама сечкани бадеми, 30 грама суво гозје, малку сол и црн пипер, малку ким и цимет, малку црвен пипер, 100 грама кашкавал.

Подготовка

Кромидот и лукот ситно се сечкаат, се мешаат со меленото месо, бадемчињата и сувото грозје. Се додаваат зачините, сол, црн пипер, црвен пипер, ким и цимет.

Потоа се мијат тиквичките, се сечат на половина, се длабат со помош на лажица. „Месниот“, издлабениот дел од тиквичката се става во посебен сад.

Во меѓувреме оризот се вари, и кога изгледа омекнат, на самиот крај се додавава „месниот“ дел од тиквичките за  малку  да омекне (1 минута).

Оризот и мекиот дел од тиквичките се додаваат на садот со месо, кромид, лук и зачини. Ги сечкаме доматите на ситни парченца и ги додаваме во смесата. Се добро се меша, а потоа со смесата ги полниме издлабените тиквички.

Наполнетите тиквички ги редиме во сад за печење. Ги полеваме со маслиново масло и ги ставаме во загреана рерна. Печеме на 200 степени 35 минути.

Во меѓувреме го рендаме кашкавалот. Малку пред да бидат готови печените полнети тиквички, ги наросуваме со кашкавал и печеме уште малку додека кашкавалот не се стопи.

Ги сервираме топли и ги украсуваме со сечкан магдонос.



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97865
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2018 во 17:57
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#226;&amp;#128;&amp;#147; &amp;#208;±&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#188;, &amp;#208;·&amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;

Пита со тиквички – богата со сусам, залачиња кои се топат


Направете пита со тиквички, залачиња кои се топат во уста.

СОСТОЈКИ:

  • 4-5 тиквички
  • 5 јајца
  • 2 лажици брашно
  • 10 лажици гриз
  • 1 прашок за пециво
  • 400 гр. сирење
  • 100 мл. масло
  • ½ шолји јогурт
  • ½ мала павлака
  • сол и бибер
  • сусам

 

ПОДГОТОВКА:

  1. Се мијат и лупат тиквичките, се рендаат и им се става сол, па се цедат во цедалка 15 минути.
  2. За тоа време со миксер изматет ги јајцата со брашно, гриз, прашок за пециво, јогурт и павлака, масло, издробено сирење и прашок за пециво.
  3. Се додаваат и добро исцедените тиквички.
  4. Се става сол и бибер.
  5. Се става смесата во подбрашнет плех и се става сусам на смесата.
  6. Се пече на 200 степени 45 минути.
  7. Декорирајте по избор.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 97865
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2019 во 13:42

Вкусен ручек за целото семејство: Подгответе го овој лесен и брз оброк

Летниот период е навистина проблематичен кога треба да одлучиме што ќе зготвиме. Кога станува збор за храната, многу често знаеме нешто да порачаме, но овој пат имаме една одлична идеја за превкусен ручек за целото семејство.

Состојки:

- 3,4 мали округли или 2-3 обични долги тиквички;
- 1 лук;
- мала шолја (2дл) ориз;
- 3,4 парчиња мелено месо;
- 1 морков;
- 1 лажица кисела павлака;
- 100 гр. кашкавал ајдамер или гауда;

- суви зачини - сол, бибер.

Подготовка:

Тиквичките преполовете ги по должината ако се долги, а ако се округли, отсечете им го врвот како капа. Издлабете внимателно со помош на мал нож или лажица и оставете ги малку на тивок оган во поголема количина солена вода (5мин.). Бланшираните тиквички исцедете ги во огноотпорна тава, премачкана со масло или путер.


Пред да ги наполните со ориз, динстајте на малку масло ситно исецкан кромид, а после неколку минути додадете го остатокот од состојките. Промешајте, додадете три шолји вода, зачинете и повремено мешајте додека оризот не ја впие речиси целата течност.

Тогаш додадете ја киселата павлака, а за да го усовршите вкусот додадете го и кашкавалот. Промешајте додека кашкавалот не се стопи, па со оваа мешавина наполнете ги тиквиците. 



Изменето од Valerija - 09.Јули.2019 во 13:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.