IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од морков
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од морков

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 18:59
Видео рецепт: Торта со моркови (Керот кејк)

Торта со моркови (Керот кејк)

Тортата со моркови (Керот Кејк) моментално се смета за класичен Американски рецепт, но таа станала популарна за време на Втората Светска Војна кога количините на брашно биле ограничени и морковот во тортата претставувал ефтина замена. Ова е прекрасен колач со фил од крем сирење.

Состојки

  • 125 грама брашно
  • 1 супена лажица прашок за пециво
  • 1 супена лажица мелен цимет
  • 200 грама шеќер во прав
  • 175 милилитри растително масло
  • 2 јајца
  • 175 грама рендани моркови

За филот од Крем Сирење ќе Ви треба:

  • 115 грама крем сирење
  • 55 грама путер
  • 225 грама шеќер во прав
  • Половина кафена лажичка екстракт од ванила
  • Ореви за декорација

Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 6
Време на подготовка: 30-60 мин.

Подготовка

Чекор 1: На почетокот ќе почнеме да ги мешаме сувите состојки заедно. Брашното, шеќерот, циметот и прашокот за пециво.

Чекор 2: Во смесата додадете 2 јајца и растително или сончогледово масло. Убаво измешајте ја со миксер додека состојките да се спојат и смесата да стане мазна. На крај ставете и 175 грама рендани моркови и измешајте со лажица.

Чекор 3: Намачкајте ја правоаголната силиконска тава со путер и потоа во неа сипете ја целата смеса за торта, и изгребете го садот за да не остане ни малку од смесата. Ставете ја тавата во рерна загреана на 180 степени 30 минути.

Чекор 4: Во меѓувреме ќе го направиме филот од крем сирење – во длабок сад ставете го крем сирењето заедно со малку путер. Убаво измешајте. Потоа додадете и шеќер во прав и продолжете да мешате додека да се спојат состојките. на крај ставете неколку капки екстракт од ванила. Измешајте уште еднаш, и готови сме.

Чекор 5: Извадете ја тортата од рерна. Оставете ја да се излади 15 до 20 минути, превртете ја и оставете ја да отстои уште малку, а потоа ставете го филот.

Чекор 6: Намачкајте го филот врз тортата и внимавајте тој рамномерно да ги покрие и аглите. Попрскајте со мелени кршени дробени ореви одозгора и ставете ја тортата во фрижидер пред сервирањето.

Чекор 7: Сервирајте ја тортата исечена на парчиња, и секако поканете неколку гладни пријатели!

СОВЕТ: Филот од крем сирење е генијален. Киселкастиот вкус на крем сирењето измешан со путерот и шеќерот во прав одлично одат со колачот со моркови одоздола. Слободно додадете ореви и во смесата за колачот, или пак ставете двојно повеќе од состојките и направете торта на слоеви.





Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2016 во 22:24
Морков салата

Потребни состојки: 
  • моркови
  • млад лук
  • брусница
  • вински оцет
  • зејтин
  • сол 
Чекори за подготовка: 
  1. Изрендајте ги морковите.
  2. Ситно исецкајте го младото лукче и додадете го.
  3. Додадете ја брусницата.
  4. Додадете зејтин и вински оцет. Можете и јаболков во случај ако винскиот ви е јак.
  5. Зачинете со сол, промешајте и уживајте во неверојатниот вкус. Живели!


Изменето од Valerija - 05.Април.2016 во 22:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 08:34
&amp;#208;&amp;#154;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#129; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;


Кекс со моркови
Состојки
2 јајца
прстофат сол
115 гр. кафеав шеќер
175 гр. стопен и оладен путер
2 лажици свеж сок од портокал
1 кора рендана од портокал
175 гр. просеано бело брашно
1 пециво
1 лажиче цимет
300 гр. ситно рендани моркови

Мек, сочен и вкусен колач со моркови.

Јајцата се матат со шеќерот, па се додава путерот, сок од портокал.
Со намалува брзината на миксерот и се додава помешано брашното со пецивото, циметот и кората од портокал.
На крај се додаваат морковите. Убаво се изедначува.
Смесата се излева во два помали правоаголни калапи.
Се печи во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Малку да одмори во калапот и се вади.
Ладно се сечи.
На здравје! :)


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 08:35
&amp;#208;&amp;#154;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;

Колач со моркови

Состојки
300 гр исчистени моркови
300 гр брашно
200 гр шеќер
1 пакетче ванилин
4 јајца
180 мл масло
половина пакетче пециво

Препорачувам овој кревок и ароматичен колач на љубителите на зеленчукови десерти.
1. Морковите се рендаат на најситното ренде, јајцата се матат со миксер заедно со шеќер и ванилин.
2. Кон матените јајца се додаваат морковите, маслото и полека се додава брашното со пециво и се промешува цело време.
3. Смесата ја ставаме во тавче намачкано со масло и брашно и се пече на 180 степени околу 30-40 минути.
Пријатен апетит! - Приятного вам аппетита! :))))


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 09:02
&amp;#208;&amp;#144;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;


Амерички колач со моркови

Состојки
500гр рендан морков
400гр шеќер
2 јајца
120гр сечкани ореви
5гр цимет
1/2 морско оревче
6гр сол
1 пециво
120мл масло
250гр брашно

200гр крем сир(АБЦ)
200гр шеќер во прав и 2 ванили

1.Со миксер се мати јајцата со шеќерот.Се додаваат морковите, оревите,циметот,оревчето,солта пецивото ,маслото и брашното.Се се меша и се пече на 180-30мин.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 09:04
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;


Сладок посен колач со моркови

Состојки
200 гр брашно
90 гр нишесте
170 гр шеќер
400 гр рендани моркови
60 гр дробени фстаци
6 големи лажици вода
100 мл масло
1 пакетче прашок за пециво
рендана кора од лимон

1. Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат. Смесата се става во подмачкан правоаголен калап (30х11).
2. Се става да се печи во загреана рерна на 180 степени 45-50 минути.
3. Откако убаво ќе се олади, се наросува со шеќер во прав и се сервира.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 09:29
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;±&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;


Бомбици со моркови

Состојки
250 грама моркови рендани
1 чаша шеќер
1/2 чаша вода
250 грама ореви мелени
Морковите рендани на јадро со шеќерот и водата се ставаат да се варат се додека не стани како мед. Кога ќе биде млако се додаваат мелени ореви и се формираат бомбици. Може за декорација чоколадо одозгора. Од оваа доза излегуваат малку, па затоа препорачливо е во две дози да се прават.

Иако од моркови , сепак брзи и вкусни, неосетливи дека има морков!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:04
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#156; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;


Спанаќ со морков

Состојки
500 г спанаќ
5 моркови
1 шолја ориз
1 чаша благо млеко
1 говедска коцка
1 ½ шолја вода

1. Спанаќот се чисти, мие и сецка.
2. Се става во тавче. Се додава масло и ½ шолја вода. Се меша додека не се подобари.
3. Се додаваат 5 сецкани моркови и тие се пропржуваат со спанаќот. Се додава 1 шолја ориз, 1 чаша благо млеко, 1 шолја вода и 1 говедска коцка.
4. Се готви додека да испари течноста. Спанаќот треба да биде густ.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:05
&amp;#208;&amp;#144;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184;

Ароматични моркови

Состојки
400гр моркови
4 лажици маслиново масло
1 чешне лук
1 ловоров лист
3 лажици црни маслинки без семки
1 лажица сенф
1/2 чаша бело вино
малку сол
малку бибер
1 чаша вода


1. Исчистете ги морковите и исечете ги на кругови.
2. Ставете ги во тава со останатите состојки, додадете по вкус сол и бибер.
3. Оставете ги да динстаат за 30 минути, додавајќи по потреба вода.
4. Сервирајте ги како додаток на печено месо, пржена риба, ќофтиња и сл.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2018 во 10:07
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;±&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#134;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#184; (&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190;, &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;)


Бомбици со моркови (посно)

Состојки
120 гр мелени ореви
100 гр мелени бадеми
120 гр морков
2-3 лажици вода или јаболков сок
2-4 лажици агаве сируп или мед
2 лажици какао путер
2 лажици мелено ленено семе
За чоколаден прелив
1 лажица агаве сируп
2 лажици кокосово масло
2 лажици какао
фстаци за декорација

Подготовка
1. Морковите ги мелеме со вода или сок во блендер.
2. Ги мелеме и јаткастите плодови.
3. Какао путерот го растопуваме на тивок оган.
4. Ги соединуваме сите состојки и формираме бомбици. Ги оставаме да се стегнат во фрижидер.
5. За преливот го растопуваме кокосовото масло, па додаваме агаве и какао.
Мешаме до соединување, кратко време го ладиме, па ги прелеваме бомбиците секоја посебно.
6. Украсуваме со сечкани фстаци.

Забелешка
Од оваа смеса излегуваат околу 25 бомбици.
За да ви се формираат бомбиците и да имаат потврда структура, многу зависи сочноста на морковите, затоа густина калкулирајте ја со додаток на ореви или бадеми.
Сокот или водата ви се потребни за да се изблендира убаво морковот.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2018 во 15:55
&amp;#208;&amp;#156;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;


Морков салата со сос

Состојки
6 моркови
1 супена лажица сусам
1 чешне лук
2 мали лажичиња мед
2 големи лажици вински оцет
2 мали лажици сенф
5 големи лажици маслиново масло

Морковите рендаме на ситната страна.
Сусамот го запржуваме во сад на оган без масло.
Сосот се спрема на овој начин
Лукот се пасира. Маслото, сенфот, медот и оцетот се миксираат.
Јас ги измешав со апаратчето за нескафе.
Се зачинува со сол и црн бибер.
Се меша сосов со пасираниот лук,и се зачинува сосот.
Се додава сусамот и се помешува се заедно.Полејте ја салатата.

Ова е еден уникатен вкус кој мене лично многу ми се допадна.
На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2018 во 15:57
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;¶&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;


Салата од пржен морков

Состојки
5 средени моркови
5 лажица кисело млеко
3-4 лажици зејтин
1-2 лажици мајонез
сол по потреба

Салата од морков е прекрасно предјадење.Се приготвува брзо и едноставно и на тој начин ќе имате доволно време да се посветите на пригутвувањето на ручек...

1. Морковот излупете го и изрендајте го на ситната страна на рендето.
2. Ставте го во сад на оган и додајте го зејтинот и сол по вкус.
3. Пропржете по желба може малку, но може и повеќе ако сакате морковот да ја задржи крцкавоста пржете околу 4-5мин, а ако сакате помек пржете повеќе минити.
4. Откако ќе се испржи оставете да се олади.
5. Во изладениот морков додајте го мајонезот и киселото млеко промешајте и сервирајте
Добар апетит...


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2018 во 15:58
&amp;amp;#208;&amp;amp;#161;&amp;amp;#208;»&amp;amp;#208;°&amp;amp;#208;&amp;amp;#180;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#208;»&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#208;&amp;amp;#180; &amp;amp;#209;&amp;amp;#129;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190; &amp;amp;#208;&amp;amp;#188;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#209;&amp;amp;#128;&amp;amp;#208;&amp;amp;#186;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190;&amp;amp;#208;&amp;amp;#178;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184; &amp;amp;#208;&amp;amp;#184; &amp;amp;#209;&amp;amp;#147;&amp;amp;#209;&amp;amp;#131;&amp;amp;#208;&amp;amp;#188;&amp;amp;#208;±&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;&amp;amp;#209;&amp;amp;#128;


Сладолед со моркови и ѓумбир

Состојки
500 гр. моркови
2 чаши слатка павлака
1 чаша млеко
3 жолчки
50 гр шеќер
50 гр мед
1 голема лажица ѓумбир (ако сакате може и повеќе)
2 ванилин шеќер
1/3 мало лажиче цимет

Морковите се варат и се блендираат.
Во еден сад се ставаат жолчките, шеќерот, медот, солта и ванилата и се матат (како за торта). На оган се става млекото и 1 чаша слатка павлака и се загрева, пред да зоврие се тргнува од оган, жолчките додаваат во млекото. Целата смеса се става на оган и се вари за да се добие крем, на кремот му се додава пирето од моркови, циметот и ситно ренданиот ѓумбир, смесата се вари уште неколку минути и се тргнува од оган.
На топлата смеса се додава уште едната чаша слатка павлака и се остава половина час да излади.
Смесата се става во кутија и се замрзнува.






Изменето од Valerija - 18.Мај.2018 во 15:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2018 во 11:36

КОЛАЧ ОД МОРКОВИ


FIC_0405

Рецептот оди вака:

Во сад за матење ставете 4 јајца, 2 шолји шеќер, 2 лажички ванила арома, 1 1/4 шолја сончогледово масло и 1/3 лажичка сол. Изматете ги додека не добијата пенаста структура. Потоа додадете 2 шолји брашно, 2 лажички сода, 2 лажички прашок за пециво и 2 лажички цимет. На крај додадете 3 шолји рендан морков и промешајте да добиете еднаква смеса.FIC_0396Сипете ја смесата во нелепливо тавче за печење и печете 50 минути на 180 степени. Потоа извадете го тестото и ставете го на решетка добро да се олади.FIC_0399Во меѓувреме изматете крем од 40гр путер (на собна температура), 2 шолји шеќер во прав, 4 лажици млеко и 1 лажичка ванила арома.FIC_0400Премачкајте го колачот со кремот и наросете го со цимет. FIC_0401Фантазија! &amp;amp;#128521;FIC_0402
FIC_0411FIC_0406FIC_0407





Изменето од Valerija - 20.Мај.2018 во 11:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.