IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од морков
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од морков

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92255
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:59



Превкусна торта од моркови

Тортата послужете ја топла со мезе од кулен, пршута и колбаси.

Потребни намирници

300 грама брашно, 80 грама пармезан, 40 грама рендан кашкавал, 150 грама моркови, 60 грама црни маслинки без семки, 1 сув квасец, 3 јајца, 1 лажица млеко, 1 кафена лажичка шеќер, семки од тиква, масло, сол, црн пипер.

Подготовка

Морковите излупете ги, измијте ги и изрендајте ги. Брашното измешајте го со квасецот, малку сол, малку шеќер, 40 грама пармезан, и постепено додадете 100 милилитри млака вода. Јајцата изматете ги и додадете ги во тестото. Потоа додадете ги и изренданиот кашкавал, преостанатиот пармезан, маслинките и изренданите моркови. Замесете тесто, формирајте топка, засечете крст на површината и оставете да стасува 1 час на топло место. Преместете го тестото во намрснет калап, покријте го со кујна крпа и оставете го да стасува 1 час на топло. Површината намачкајте ја со жолчка изматена со млеко. Одозгора наросете семки од тиква и печете 1 час на температура од 200 степени.



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 92255
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2018 во 10:54

Ќофтиња од моркови


  • Приготвување:

    Измешајте ги јајцата, морковите, магдоносот и брашното во голем сад; зачинете со сол и црн пипер.

    Загрејте 2 лажици масло во голема тава на средно-висока температура. Со лажица земајте од смесата и спуштајте ги топчињата во загреаното масло, а потоа притискајте ги одозгора да добијат дебелина од 1 см.

    Пржете ги ќофтињата додека да добијат светлокафена боја, околу 3 минути од секоја страна. Пренесете ги на кујнска хартија и оставете ги да се исцедат и да се подоладат. Повторете ја постапката сè додека не ја потрошите целата смеса, додавајќи уште масло во тавата ако треба.

    Послужете ги ќофтињата со кисела павлака.

    Состојки:
    4 јајца, матени

    500 г моркови, излупени и крупно изрендани

    3 лажици магдонос, ситно сечкан

    30 г пченкарно брашно

    сол и црн пипер, по вкус

    3 лажици маслиново масло, плус уште по потреба

    кисела павлака, за сервирање




Изменето од Valerija - 09.Јули.2018 во 10:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.