IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од морков
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од морков

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Се од морков
    Испратена: 02.Април.2016 во 15:34
Дали го користите морковот во секојдневната исхрана?
Да споделиме некој рецепт од морковсреќа

Печени моркови со лук и магдонос


Морковите се фантастични. Полни со каротин и витамини. Тие се одлични во десерти, супи, како што покажува и нашиот најнов предлог рецепт и додатоци за главните јадења.

Печените моркови со лук и магдонос, не само што се здрави и вкусни туку и лесни за приготвување. Би биле како одличен прилог за неделниот ручек, а ова се состојките...

Состојки:

  • ½ кг моркови
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици балзамичен оцет
  • 5 чешниња лук (или 2 лажици сув лук)
  • 1 лажица сушен темјан
  • 2 лажици сецкан свеж магдонос
  • Сол и бибер по вкус

Подготовка:

Излупете ги морковите, пресечете ги на половина и вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови.


Во длабок сад ставете ги морковите, зејтинот, оцетот, зачините и лукот. Промешајте ги добро за секој морков да биде обложен, а потоа добро посолете и нанесете бибер.

Наредете ги морковите во намрсен плех и печете ги 35-40 минути.

Сервирајте топло.



Изменето од Valerija - 24.Октомври.2018 во 21:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 15:37

Солена торта од моркови

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, а бидејќи содржи малку калории и многу корисни состојки, често се користи во диеталната исхрана.

Пробајте го специјалитетот – Солена торта од моркови кој има незаборавен вкус и прекрасен мирис.


 

Потребни состојки:

300 грама брашно,

80 грама пармезан,

40 грама рендан кашкавал,

150 грама моркови,

60 грама црни маслинки без семки,

1 сув квасец,

3 јајца,

1 лажица млеко,

1 кафена лажичка шеќер,

семки од тиква,

масло,

сол,

црн пипер.

Подготовка:

Морковите излупете ги, измијте ги и изрендајте ги.

Брашното измешајте го со квасецот, малку сол, малку шеќер, 40 грама пармезан, и постепено додавајте 100 милилитри млака вода.

Јајцата изматете ги и додадете ги во тестото. Потоа додадете ги и изренданиот кашкавал, преостанатиот пармезан, маслинките и изренданите моркови.

Замесете тесто, формирајте топка, засечете крст на површината и оставете да отстои 1 час на топло место.

Преместете го тестото во намастен калап, покријте го со кујнска крпа и оставете го да одмори уште 1 час на топло.

Површината премачкајте ја со жолчка изматена со млеко. Одозгора наросете семки од тиква и печете 1 час на температура од 200 степени.

Тортата послужете ја топла со мезе од кулен, пршута и колбаси.



Изменето од Valerija - 17.Мај.2018 во 08:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 18:43
Ќофтиња од брокула и моркови
 Ќофтиња од брокула и моркови

Предлог кој сигурно ќе им се допадне на вегетаријанците. Ќофтиња со зеленчук кој изобилуваат со витамини. Оброк кој го препорачуваме и на оние кои преферираат месо. Секоја промена верувајте е добра. А оваа сигурно ќе ве бендиса!

INGREDIENTS

INSTRUCTIONS

  1. Состојки1.Брокулата исчистете ја и исечкајте ја. Морковот излупете го и исечкајте го на крукчиња. И компирот излупете го и исечкајте го на парченца.
  2. Подготовка на морковот и брокулата2.Во тава за готвење, ставете го сечканиот морков и брокула, зачинете го по желба, ставете неколку лажици масло за готвење и печете се додека зеленчукот не омекне и зарумени.
  3. Подготовка на компирот3.Компирот сварете го. Најбрз начин е да користите микробранова печка (во садот ставете малку вода и покријте го со растеглива проѕирна фолија. На ситно исечканиот компир му е потребно околу 5-7 минути за да биде сварен).
  4. Блендирање на морковот, брокулата, кромидот и лукот4.Во блендер, ставете го испечениот морков и брокула, додадете го сечканиот кромид, лук и блендирајте се додека не добиете компактна смеса.
  5. Смеса спремна за формирање на ќофтиња5.И сварениот кромид испасирајте го, додадете 1 лажица сенф и зачинете по желба.
  6. Подготвени ќофтиња6.Двете смеси измешајте ги и со помош на рацете формирајте ги ќофтињата кои треба се прибли


Изменето од Valerija - 02.Април.2016 во 18:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:17

Џем од моркови

Ако сакате да направите нешто слатко, евтино и брзо тогаш наш предлог е џем од моркови.

Можеби ви звучи чудно, но сепак подгответе го, ветуваме дека ќе бидете пријатно изненадени.

Состојки:

  • Еден килограм  моркови
  • 500 грама шеќер
  • Сок од 1 лимон и изрендана кора
  • неколку бадеми
  • 2 лажици бренди
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила

djem od morkovi 01

Подготовка:

Подготовката е уште еден плус кој го прави овој џем уште подобар. Од лесно полесно…Излупете ги морковите и ставете ги во тенџере со вода на среден оган за да омекнат.

По кратко време додадете ги во водата и бадемите. Кога ќе процените дека се доволно меки морковите и бадемите извадете ги од водата и изблендирајте ги, ставете ги во тенџере во кое ќе го додадете и сокот и ренданата кора од лимон.

Потоа ставете го и шеќерот и ставете ја смесата да се вари на тивок оган со повремено мешање.

По десетина минути додадете го и брендито а на самиот крај од приготвувањето на овој џем ставете ги кесичките со ванилин шеќер како и екстрактот од ванила.

Овој џем не само што има неверојатен вкус, туку има и интензивна портокалова боја и прекрасен мирис  па слободно можеме да заклучиме дека ги задоволува сите сетила.



Изменето од Valerija - 17.Мај.2018 во 08:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:51
Банана колач со моркови



Потребни состојки:

3 зрели банани
2 изрендани моркови
2 јајца
100 мл. јогурт
160 гр. брашно
140 гр. интегрално брашно
1 ќесичка ванилин шеќер
1 ќесичка прашок за печиво
1 лажичка цимет
150 гр. сушена брусница

Подготовка:
Бананите испасирајте ги со вилушка, додајте го морковот, јајцата и јогуртот. Измешајтја смесата додека не се изедначи. Во друг сад измешајте ги двете брашна, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво и циметот. Додајте ја смесата од банани и повторно измешајте се убаво да се соедини.

На крај ставете ги исушените брусници. Излијте ја смесата во намачкан калап и печете на загреана рерна на 180 степени се додека чепкалката не излезе сува кога ќе ја забодете во колачот. За мафините е доволно 20 минути, додека за куглоф ќе ви бидат потребни 40 минути.

Печениот колач оставете го во калап малку да се излади, а потоа извадете го колачот и посипете го со шеќер во прав.



Изменето од Valerija - 17.Мај.2018 во 08:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 08:25

Шницли од моркови

Потребни состојки:

  • 750гр морков
  • кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 јајца
  • лажица риган
  • лажица сол
  • презла
  • масло

Начин на подготовка:

Сварете го морковот во солена вода, исецкајте и помешајте го месотот со ситно исецкан кромиди изматени јајца.

Посолете, зачинете со риган и згуснете со презла. Од смесата направете ролат, ставете го во плех премачкан со масло и печете половина час на 200 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 08:32
Пиперки со морков

Пиперки со морков

Ова е еден од поубавите рецепти за зимница кој не само што е вкусен и декоративен туку е и здрав.

Пиперките се мијат и чистат од семето и рачките. Се подпргавуваат на рингла и се оставаат да се оладат.
Морковот се мие, чисти и се ренда на покрупната страна на рендето. Во него се истура зејтинот, се посолува и закиселува по вкус. Се додава и шеќер и конзерванс и се убаво се меша. Се остава да одседи 3-4 часа, а потоа се полнат пиперките. Одкако ќе се наполнат, се редат во тегли со отворот свртени нагоре, а помеѓу пиперките се става сецкан лук и магдонос. Одкако ќе се наполнат теглите се преливаат со течноста од морковот и се затвараат.
Јас по наш вкус ставам пола филџан ексенција, една шака сол и една шака шеќер, но секој може по свој вкус.
Можеби количината на зејтин ви изгледа многу, но не е така плус витаминот А е мрсен и за да се искористи од морковот мора да се комбинира со зејтин, така најдобро се искористува.
Рецептот е добар, а за хранливоста толку од мене, нека се јават тука со коментар постручни лица.
Салатата е доста декоративна кога се сече на тркалца или пак ако се гамби на 4 дела.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 08:38

КРЕМ СУПА ОД ПЕЧЕНИ МОРКОВИ

Фичо ќе приготви крем супа од печени моркови, со арома на ѓумбир и нане. Необичен спој на состојки, со совршен баланс на вкусови.

Подготовка:

Чекор 1: Морковите излупете ги, исечете ги на поголеми делови, намастете ги со маслиново масло и наредете ги во тавата за печење. Додадете повеќе сол. Печете ги во загреана рерна на 215 степени, 15-20 минути. Превртувајте ги при печењето за да се испечат од сите страни.

Чекор 2: Бујонот ставете го во сад да проврие. Додадете го парчето ѓумбир и нането.

Чекор 3: Исечете ја смесата на коцки и повторно оставете ја да избие течноста од неа.

Чекор 4: Главицата кромид исецкајте ја ситно, продинстајте ја во тавче и додадете една кутлача од бујонот. Додадете го лукот и динстајте ги заедно околу 5 минути. Извадете ги ѓумбирот и нането и изблендирајте ја смесата со рачен блендер. Изблендираната смеса оставете ја да проврие уште малку и додадете сол и бибер.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Можете да декорирате со павлака за готвење.



Изменето од Valerija - 04.Април.2016 во 08:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 15:14
Бомбици од морков со ѓумбир
Бомбици со морков и ѓумбир

Морковот се мие се чисти и се ренда. Се става во тенџере на оган и се динста на не многу јака температура еден час. Потоа се додава сокот од половина лимон, шеќерот и се динста уште околу еден час.
Се трга на страна и се додават мелените ореви, циметот и ѓумбирот. Се меша се заедно и потоа се формират бомбици кои се валкаат во кокос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 15:17

Велигденски колач со моркови

Велигденски колач со моркови

Состојки
  1. 250 гр. моркови ситно рендани
  2. 5 жолчки
  3. 5 белки
  4. 150 гр. шеќер
  5. прстофат сол
  6. 250 гр. мелени бадеми (може и лешници)
  7. 100 гр. брашно
  8. 1 пакетче пециво
  9. Прелив
  10. 200 гр. чоколадо за готвење
  11. 1 лажица маргарин

Кремасто изматете ги жолчките и шеќерот. Во посебен сад изматете ги белките во цврст снег. Брашното, пецивото, бадемите и солта додадете ги во смесата од жолчки. Во оваа смеса внимателно додадете ги изматените белки. На крај се ставаат и ренданите моркови.
Се пече во подмачкано и побрашнето тавче бр.26 на 180°Ц околу 50 мин. во зависност од рерната.

Прелив
Чоколадото и маргаринот стопете ги на пареа.
Со ова се прелива изладениот колач и се украсува со морковчиња од марципан.





Изменето од Valerija - 04.Април.2016 во 15:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 15:21

Вкусен колач од моркови





Приготвување:

За тестото: загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете го и набрашнете го калапот за печење торта.

Во голем сад изматете ги јајцата, маслото, шеќерот и 2 лажички ванила. Додајте ги брашното, сода бикарбоната, прашокот за печиво, солта и циметот и повторно матете. Додајте ги ренданите моркови и оревите и измешајте со лажица. Истурете ја смесата во подготвениот калап.

Печете 40-50 минути, или додека чепкалката боцната во средината на тортата да излезе чиста. Оставете го колачот целосно да се олади.

За преливот: измешајте ги путерот, крем-сирењето, шеќерот во прав и 1 лажичка ванила. Матете додека смесата да стане мазна и кремаста. Додајте ги сечканите ореви.

Кога колачот целосно ќе се олади, премачкајте го со преливот. Послужете.

Состојки:

За тестото:

4 јајца

300 мл растително масло

400 г шеќер

2 лажички екстракт од ванила

250 г брашно

2 лажички сода бикарбона

2 лажички прашок за печиво

1/2 лажичка сол

2 лажички мелен цимет

350 г рендан морков

130 г сечкани (или мелени) ореви

За преливот:

130 г путер, омекнат

200 г крем-сирење, омекнато

450 г шеќер во прав

1 лажичка екстракт од ванила

130 г сечкани ореви



Изменето од Valerija - 17.Мај.2018 во 08:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 15:26

Состојки
  1. 500 г брашно
  2. 1 свеж квасец
  3. 1.5 лажиче сол
  4. 3 лажици шеќер
  5. 250-300г моркови
  6. 150 мл масло

Овој рецепт ми го кажа една пријателка која ја запознав на интернет, а се дружиме и во вистинскиот живот. Многу често го правам, бидејќи не само што се лесни, туку се и вкусни, а може да поминат и како посни кифли, кога се пости со масло.

1. Квасецот се става во малку млака вода, со малку шеќер и брашно, да се растопи убаво и да скисне.

2. Морковите се варат и блендираат.

3. Во длабок сад се мешаат брашното, шеќерот и солта, се додаваат морковите, маслото и квасецот и се замесува меко тесто. По потреба може да се додаде млака вода или брашно, важно е тестото да биде меко и да не се лепи многу.

4. Добиеното тесто се дели на два дела. Секој од овие два дела се дели на уште четири делови.

5. На набрашнета површина од секое делче се сука кора, се мачка со маргарин и се редат една над друга, при што последната кора не се мачка со маргарин.

6. Вака наредените кори (4) се расукуваат во нова кора со дебелина од половина сантиметар. Се сече на 8 или 16 делови (зависно колкава големина сакате) и се виткаат кифли.

7. Истото се повторува и со другиот дел од тестото.

8. Кифлите се премачкуваат со сенф растворен со млака вода и се попрскуваат со сусам. Се печат на 180 степени околу 20-30 минути, зависно од рерната.

Може да го киснете квасецот пред да ги замесите кифлите, исто може и кифлите да се киснат пред печењето. Ама јас не го правам тоа, оти тогаш не ми личат на кроасани, туку на класични домашни кифли.








Изменето од Valerija - 04.Април.2016 во 15:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 15:30
Амерички колач со моркови

Амерички колач со моркови

Состојки
  1. 500гр рендан морков
  2. 400гр шеќер
  3. 2 јајца
  4. 120гр сечкани ореви
  5. 5гр цимет
  6. 1/2 морско оревче
  7. 6гр сол
  8. 1 пециво
  9. 120мл масло
  10. 250гр брашно
    1. 200гр крем сир(АБЦ)
  1. 200гр шеќер во прав и 2 ванили

1.Со миксер се мати јајцата со шеќерот.Се додаваат морковите, оревите,циметот,оревчето,солта пецивото ,маслото и брашното.Се се меша и се пече на 180-30ми


Изменето од Valerija - 04.Април.2016 во 15:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 18:56

ПОСЕН КОЛАЧ СО МОРКОВ И ПОРТОКАЛ

Посен колач со морков и портокал

Ако случајно се прашувате што бара морковот како состојка во овој колач, сетете се дека заради неговиот неутрален вкус и сочна природа, тој е дел од рецептурата за најголемиот број здраво сокови кои се подготвуваат.

Поради тоа, и ние сме убедени дека овој сочен и вкусен посен колач со својот изглед и арома ќе ги задоволи и најпребирливите.

Состојки:

2 шолји брашно

1,5 шолји изрендан морков

2 лажички цимет

1 портокал

7 лажички шеќер

половина шолја масло

1 прашок за пециво

рака ореви (или други јаткасти плодови по ваш избор)

За преливот:

2 лажички какао

малку масло

малку соино/оризово млеко

2 лажички шеќер

Подготовка:

Изрендајте ги морковите најситно што можете, а во нив изрендајте ја и кората од еден добро измиен портокал. Исцедете го сокот од портокалот, па измешајте го со маслото и шеќерот.

Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и циметот, па додајте ги и ситно исечканите ореви. Во оваа сува мешавина додајте го сокот од портокалот, па потоа полека додавајте ги и и изренданите моркови. По потреба додадете малку соино/оризово млеко. Смесата ставете ја во претходно намастена тава за печење и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече 40 минути на 180 степени.

За преливот, сите состојки измешајте ги и ставете ги на рингла на максимална температура, со постојано мешање, додека смесата не се згусне. Потоа прелијте го испечениот колач и ставете го да се лади во фрижидер. Послужете го за неколку часа или уште подобро следниот ден, кога сите вкусови ќе бидат упиени и измешани едни со други. Уживајте.



Изменето од Valerija - 04.Април.2016 во 18:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.