IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Се од морков
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Се од морков

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Се од морков
    Испратена: 07.Март.2020 во 12:07
Плескавици со морков

Состојки
500 гр. мелено месо (телешко и свинско)
1 главица кромид (средно голем)
1 морков (голем)
1 лажица брашно
1 лажица масло
2 лажици презла (лебни трошки)
1 лажица мешан сув зачин
по малку црн пипер, кари, масло

1. Во меленото месо се додава морковот изрендан на крупната страна од рендето, кромидот исечкан на ситни коцкички.

2. Се додаваат останатите состојки, се измесува сето убаво со рака и се формираат плескавиците. При формирањето на плескавиците по потреба рацете се намастуваат со масло и се пржат во жешко масло.

Јас направив 6 плескавици, а бројкава може да варира според големината на плескавиците.

Едноставен и брз ручек кој одговара со гарнир од варен ориз, пржени цели пиперки, домати и се друго по желба.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 12:05
Дукати од морков


Состојки
400гр моркови
1 јајце
1 лажица гриз
2 лажици брашно
1-2 лажици презла
1 лажица пармезан
1 главица сецкан кромид
сол, бибер, зачин по вкус, масло

Едноставни за припрема, а краен ефект одличен и за око и за непце.
Прво морковите се чистат и се ставаат во касерола, се налеваат со вода во која има малку сол и се варат на тивко да омекнат.
Се процедуваат (водата може да се искористи за подготовка на домашна чорба)и се пасираат со вилушка.
Се ставаат во ситна цедалка да одстојат 10 минути.
Потоа се ставаат во сад, се додаваат зачините, кромидот, јајцето, пармезанот, гриз, брашно и лебни трошки по потреба, за да се добие смеса од која ќе може лесно со влажни раце да се формираат дукатите.
Се редат на чинија и се пржат на многу малку масло во загреана тава од двете страни по 2 минути, благо да заруменат.
Сервирајте со кисела павлака, сирење, кајмак........




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 12:04
Кекс со морков - BISCOTTI ALLA CAROTA


Состојки
250гр брашно
50гр растителен кашкавал
1 кесичка прашок за пециво
200гр морков
300мл масло

Во превод Кекс со морков, инаку може да се прави и во солена и во блага варијанта.
Јас ја одбрав солената варијанта.
Брашното, кашкавалот и пецивото измеашајте ги заедно. Морковот изрендајте го на ситната страна, додадете го и него, малку сол и маслото.
Замесете тесо од смесата. Ако ви е ровко додадете уште масло.
Размесете кора и правете форми по желба.
Се пече 15 минути на 200 степени.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 11:59
Филувана торта со морков

Состојки
5 јајца
1 чаша шеќер
1 и 1/2 чаша масло
1 чаша млеко
1 пециво
1 ванила
2 чаши брашно
ПОСИП
100 гр шеќер во прав
2 ванили
Слатко од моркови во средишниот дел
Јајцата ги матиме пенесто со шеќерот откако ќе ја добиеме посакуваната смеса, додаваме масло, млеко, пециво, ванила и брашно.
Миксерот го исклучуваме уште кога ќе ги изматиме јајцата и шеќерот, а се останато се мати со вилушка. Пола од сместа ја префрламе во плех за печење кој претходно сме го намастиле со путер.
Печеме и проверуваме дали е печено со чeпкалка.
Кога е печено, ги цедиме морковите од шербетот и ги редиме врз печениот пандишпан. Врз него постиламе уште еден ред од преостанатата смеса. Продолжуваме да печеме додека не се испече убаво цела торта.
Кога е готова ја вадиме од рерна и попрскуваме шеќер во прав врз целата торта. Оставаме да се излади, па сечеме коцки по желба.
Многу ни се допадна вкусот на оваа брза торта.
Вистината е дека ова не е оргиналниот рецепт, туку моја идеја за комбинација торта - слатко.
Забелешка
Оргиналниот рецепт вели дека треба да се стават вишни од компот наместо моиве моркови, ама немате престава колку е убава на мојов начин.
На здравје


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 11:57

Морков торта


Состојки
за кора потребно
4 јајца
1 чаша шеќер ( 200 мл)
1 чаша брашно
1 пециво
потребно за морков желе
2 големи моркови
1 чаша вода
6 лажици шеќер
2 лажици густин
1 лажица кора од лимон
1 ванила
потребно за крем
2 чаши млеко ( од кои половина чаша за натопување на кората )
6 лажици шеќер
2 лажици брашно
1 лажица густин
1 ванила
1 лажица путер

Јајцата ги матиме со шеќерот. Кога се изматени го додаваме брашното промешано со пецивото. Печеме во тавче бр.24 см на 180 степени.

Морковот го вариме заедно со кората од лимон додека морковот убаво да омекне. Потоа морковот го блендираме убаво да се раскаша и во него ја додаваме ванилата, шеќерот и водата во која сме го раствориле густинот. Вариме додека да се згусти, а потоа оставаме да се излади.

Во 1 чаша млеко додаваме шеќер и ванилин шеќер во половината чаша го раствараме брашното и густинот. Кога млекото и шеќерот ќе зоврие го додаваме другата половина од млекото и вариме густ крем во густиот крем додаваме 1 лаж путер и го оставаме кремот да се излади.
Готовата кора ја пресекуваме на половина да добиеме 2 кори и ги попрскуваме со половина чаша млако млеко. Едната кора ја премачкуваме со кремот од млеко, а врз него половината од морков крем, па преклопуваме со другиот дел од кората и ја премачкуваме со морков крем.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:10

Торта од моркови со мармалад од малини

Иако на многу луѓе оваа кобинација им е се уште необична, оние што пробале, знаат

Морковите му даваат на тестото сочност која не влијае на вкусот, односно, не го менува. А знаеме дека морковите се голем извoр на каротеноиди кои помагаат во заштита од болести на крвотокот, за регулирање на шеќерот во крвта и за подобрување на видот, такашто и ова се дополнителни причини зошто да ги употребиме и за правење торти и колачи.

Состојки:

3 средни моркови
3 јајца
100 кафеав шеќер
100 г брашно
1 лажица какао
1 лажичка прашак за пециво
1 лажичка цимет
½ лажичка ѓумбир
Прстофат ѓумбир
Прстофат сол
Џем од малини
За кремот:
200 г крем сирење
2 лажици путер
2 лажици мед
Екстракт од ванила

Приготвување:

Матете ги јајцата 3-4 минути па додадете и го шеќерот и матете уште 1-2 минути. Соединете ги сувите состојки па додадете ги јајцата и се добро измешајте.

Додадете ги ренданите моркови и ставете ја смесата во калапот за печење кој претходно сте го намрсиле или сте ставиле хартија за печење.

Печете 10-тина минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

За кремот е потребно со помош на миксер да се соединат сите состојки.

Единствено внимавајте путерот да биде на собна температура за да не останат грутчиња.

На бисквитот намачкајте слој мармалад од малини (или било кој друг мармалад по ваш избор) и ставете слој крем од сирење.

На кремот ставете мали купчиња мармалад и раширете ги со помош на чепкалка за да го декорирате колачот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2019 во 10:11
Морков торта


Морков торта


Состојки
6 јајца
250 гр шеќер
250 гр моркови
1 паковка лимонов шеќер
200 гр брашно
200 мл слатка павлака

Јајцата се делат белки од жолчки
На страна се матат белките со пола шеќерот, а во друг сад се матат жолчките со пола шеќерот. Се здружуваат заедно, па се додава лимон шеќерот и морковите. Се разбркува со дрвена лажица, па се додава брашното.
Се печена претходно загреана рерна, на потивко. Кога е печено, се остава да излади, а потоа се декорира со матена слатка павлака. Можете да не ставате слатка павлака, па да го посипете со шеќер во прав. На здравје






Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2019 во 09:48
Морков торта


Морков торта


Состојки
За кората
250 мл. масло
180 гр. кафен шеќер
3 јајца
1 ванила
250 гр. брашно
1 лажичка пециво
1/3 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
1 лажичка цимет
1/2 лажичка мускатно оревче
1/2 лажичка мелен ѓумбир
350 гр. рендан морков
150 гр. ореви
Крем
250 гр. крем сирење
60 гр. шеќер во прав
1-2 лажици сок од лимон
За посипување
1 шака сецкани или толчени ореви

Состојки
За кората
250 мл. масло
180 гр. кафен шеќер
3 јајца
1 ванила
250 гр. брашно
1 лажичка пециво
1/3 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка сол
1 лажичка цимет
1/2 лажичка мускатно оревче
1/2 лажичка мелен ѓумбир
350 гр. рендан морков
150 гр. ореви
Крем
250 гр. крем сирење
60 гр. шеќер во прав
1-2 лажици сок од лимон
За посипување
1 шака сецкани или толчени ореви
Љубител сум на ваквите колачи или торти. Подеднакво ги сакам и со тиквички и со моркови. Во врска со поставената тема, јас ја направив, а вие проследете го рецептот. Впечатоците ќе бидат воодушевувачки - почнувајки прво од аромата по кујната додека се печи, а после - после- јас знам колкава вкусотија е, оставам сега вие да кажете откако ќе ја спремите. Во дилема бев дали да напишам Торта или пак Колач.
Постапка
- Морковот изрендајте го. 
- Измешајте ги брашното, пецивото, содата и ароматните мелени состојки и сецканите или толчени ореви.
- Во сад за матење изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го маслото и продолжете да матите додека се спојат состојките.
- Исклучете миксерот, додадете го брашното, со шпатула добро измешајте, додадете ги морковите и измешајте да добиете компактна смеса. Излијте ја во модла постелена со хартија за печење, а ѕидовите премачкајте со масло. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Нека се пече околу 50 мин. Извадете од рерна, ставете на решетка и дозволета да се олади.
Додека се лади вие ќе го спремите кремот кој е готов за чинам секунда време.
Крем
- Измешајте со миксер крем сирењето и шеќерот во прав, пробајте и овкусете додатно со исцеден сок од лимон 1 или 2 лажици. Доколку сметата дека не е потребно не мора да ставите.
- Оладената кора пресечете ја хоризонтално, половина од кремот ставете на едната кора, поклопете со другата, премачкајте со останатата половина, посипете со сецканите или толчени ореви.
Нека одстои неколку време као би се споиле кремот со корите, потоа ви предлагам само да уживате. Неверојатен вкус!
Напомена
- Модлата пожелно е да биде бр.20-21 см. Јас ја печев во 24 бидејки немав помала.
- Би ви предложила да навистина користите кафениот шеќер иако може и бел, но има разлика, а не ги изоставајте зачините, ако тоа го сторите нема да го добиете тој бајковит вкус кој потсетува на Божиќните празници.
- Морквот треба да биде рендан 350 гр. Јас еден дел изрендав на поедрата страна, а другиот дел на ситната страна.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 21:46
Брз колач со сирење и моркови (без миксер)

Брз колач со сирење и моркови

Состојки
3 јајца
1 чаша јогурт
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
1 пециво
1/2 лажичка сол
6 лажици бело мешано сирење (изрендано)
2 моркови (ситно рендани)
за посипување сусам и малку ленено семе
чаша = 250 мл.

1. Јајцата се матат убаво со жица, се додава јогуртот и маслото, се меша убаво и се додава солта, брашното со помешаното пециво, сирењето и на крај ситно изренданите моркови (средно големи).

2. Убаво се изедначува смесата со мешање и се истура во намрсена и набрашнета тава бр. 30, се посолува со сусам и малку лен, се пече на 190 степени околу 40 минути.

Се лади и се сечи на ленти или по желба.
Мешаното бело сирење ни е омилено дома и јас претежно го користам него во солени работи, а секако наместо такво може да се користи сирење по вкус или пак изварка, па според тоа се подесува и количината на сол во колачот.
Ако се пече во тава бр. 28, колачот ќе биде малку повисок.
На здравје!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2018 во 21:44


Сладок посен колач со моркови
Сладок посен колач со моркови


  • Состојки
    200 гр брашно
    90 гр нишесте
    170 гр шеќер
    400 гр рендани моркови
    60 гр дробени фстаци
    6 големи лажици вода
    100 мл масло
    1 пакетче прашок за пециво
    рендана кора од лимон

    1. Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат. Смесата се става во подмачкан правоаголен калап (30х11).
    2. Се става да се печи во загреана рерна на 180 степени 45-50 минути.
    3. Откако убаво ќе се олади, се наросува со шеќер во прав и се сервира.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2018 во 10:54

Ќофтиња од моркови


  • Приготвување:

    Измешајте ги јајцата, морковите, магдоносот и брашното во голем сад; зачинете со сол и црн пипер.

    Загрејте 2 лажици масло во голема тава на средно-висока температура. Со лажица земајте од смесата и спуштајте ги топчињата во загреаното масло, а потоа притискајте ги одозгора да добијат дебелина од 1 см.

    Пржете ги ќофтињата додека да добијат светлокафена боја, околу 3 минути од секоја страна. Пренесете ги на кујнска хартија и оставете ги да се исцедат и да се подоладат. Повторете ја постапката сè додека не ја потрошите целата смеса, додавајќи уште масло во тавата ако треба.

    Послужете ги ќофтињата со кисела павлака.

    Состојки:
    4 јајца, матени

    500 г моркови, излупени и крупно изрендани

    3 лажици магдонос, ситно сечкан

    30 г пченкарно брашно

    сол и црн пипер, по вкус

    3 лажици маслиново масло, плус уште по потреба

    кисела павлака, за сервирање




Изменето од Valerija - 09.Јули.2018 во 10:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2018 во 19:59



Превкусна торта од моркови

Тортата послужете ја топла со мезе од кулен, пршута и колбаси.

Потребни намирници

300 грама брашно, 80 грама пармезан, 40 грама рендан кашкавал, 150 грама моркови, 60 грама црни маслинки без семки, 1 сув квасец, 3 јајца, 1 лажица млеко, 1 кафена лажичка шеќер, семки од тиква, масло, сол, црн пипер.

Подготовка

Морковите излупете ги, измијте ги и изрендајте ги. Брашното измешајте го со квасецот, малку сол, малку шеќер, 40 грама пармезан, и постепено додадете 100 милилитри млака вода. Јајцата изматете ги и додадете ги во тестото. Потоа додадете ги и изренданиот кашкавал, преостанатиот пармезан, маслинките и изренданите моркови. Замесете тесто, формирајте топка, засечете крст на површината и оставете да стасува 1 час на топло место. Преместете го тестото во намрснет калап, покријте го со кујна крпа и оставете го да стасува 1 час на топло. Површината намачкајте ја со жолчка изматена со млеко. Одозгора наросете семки од тиква и печете 1 час на температура од 200 степени.



Изменето од Valerija - 30.Јуни.2018 во 20:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2018 во 11:36

КОЛАЧ ОД МОРКОВИ


FIC_0405

Рецептот оди вака:

Во сад за матење ставете 4 јајца, 2 шолји шеќер, 2 лажички ванила арома, 1 1/4 шолја сончогледово масло и 1/3 лажичка сол. Изматете ги додека не добијата пенаста структура. Потоа додадете 2 шолји брашно, 2 лажички сода, 2 лажички прашок за пециво и 2 лажички цимет. На крај додадете 3 шолји рендан морков и промешајте да добиете еднаква смеса.FIC_0396Сипете ја смесата во нелепливо тавче за печење и печете 50 минути на 180 степени. Потоа извадете го тестото и ставете го на решетка добро да се олади.FIC_0399Во меѓувреме изматете крем од 40гр путер (на собна температура), 2 шолји шеќер во прав, 4 лажици млеко и 1 лажичка ванила арома.FIC_0400Премачкајте го колачот со кремот и наросете го со цимет. FIC_0401Фантазија! 😉FIC_0402
FIC_0411FIC_0406FIC_0407





Изменето од Valerija - 20.Мај.2018 во 11:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2018 во 15:58
Сладолед со моркови и ѓумбир


Сладолед со моркови и ѓумбир

Состојки
500 гр. моркови
2 чаши слатка павлака
1 чаша млеко
3 жолчки
50 гр шеќер
50 гр мед
1 голема лажица ѓумбир (ако сакате може и повеќе)
2 ванилин шеќер
1/3 мало лажиче цимет

Морковите се варат и се блендираат.
Во еден сад се ставаат жолчките, шеќерот, медот, солта и ванилата и се матат (како за торта). На оган се става млекото и 1 чаша слатка павлака и се загрева, пред да зоврие се тргнува од оган, жолчките додаваат во млекото. Целата смеса се става на оган и се вари за да се добие крем, на кремот му се додава пирето од моркови, циметот и ситно ренданиот ѓумбир, смесата се вари уште неколку минути и се тргнува од оган.
На топлата смеса се додава уште едната чаша слатка павлака и се остава половина час да излади.
Смесата се става во кутија и се замрзнува.






Изменето од Valerija - 18.Мај.2018 во 15:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.