IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Одберете фризура според хороскопскиот знак
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Одберете фризура според хороскопскиот знак

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Одберете фризура според хороскопскиот знак
    Испратена: 07.Октомври.2015 во 23:37

Најчесто нашите фризури ги бираме според видот на косата, обликот на лицето, бојата на тенот и очите, како и вкусот. Но, вие исто така можете да ја одберете најсоодветната фризура за вашиот карактер и според хороскопскиот знак. Без разлика дали сте елегантен Бик, конзервативна Девица, шик Вага или некој од другите знаци, дознајте која е вашата идеална фризура…

Овен

(1) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Овните најчесто имаат густа и виткана коса со дебело влакно. Тие ги обожаваат изразените бои и нијанси кои се драматични, со цел да привлечат внимание кон себе. Затоа и често одбираат несвојствена боја за коса. Знаат да бидат непрактични и забораваат да го прашаат фризерот дали фризурата која ја одбрале е лесна или тешка за одржување, па токму затоа и често завршуваат со фризура која не е соодветна за нивниот вид коса и често се фрустрирани поради тоа.

Совет: Истакнете ги локните со различни видови фризури наменети за нив.

Бик

(2) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Практичните и елегантни Бикови ги сакаат традиционалните и женствени бои и фризури кои се едноставни за одржување. Нивната идеална фризура за денот е уредно скратена коса која изгледа добро дури и кога немаат време за чешлање. За вечерта, тие се сосема спротивни – обожаваат да одбираат нападни и бушави фризури.

Совет: Детално објаснете му на фризерот што точно сакате да добиете со вашата фризура.

Близнаци

(3) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Близнаците обожаваат необични фризури и често сакаат да ги менуваат, копирајќи го стилот на омилените славни ликови. Тие се подготвени да направат сè со цел да ја добијат онаа фризура која ја носи нивната омилена актерка, дури и ако треба секое утро да поминуваат по 1 час во подготовка.

Совет: Оваа есен одлучете се за единствена боја на косата по која ќе бидете препознатливи.

Рак

(4) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Раковите обожаваат едноставни и женствени стилови. Долгата и рамна коса им е омилена фризура, додека пак одлично им стои и класичното коњско опавче со неколку прамени кои паѓаат од страните на лицето.

Совет: Раковите не сакаат промени, но добро ќе ви дојде доколку се охрабрите и пробате сосема различна фризура од претходно.

Лав

(5) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Лавовите, исто како Овните, имаат густа коса која е често непослушна. Вие без проблем ќе ја препознаете жената Лав по својата богата коса, без разлика на бојата или фризурата. Тие не паѓаат на трендови, туку ја носат онаа фризура која ја сметаат за свој потпис. Поради тврдоглавост, не го менуваат често нивниот стил, но прават суптилни и бавни промени.

Совет: Посветете внимание на темето и нежно масирајте го по нанесувањето регенератор.

Девица

(6) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Овој перфекционист обожава уредна и конзервативна фризура. Токму затоа и ѝ одговара боб фризура со должина до рамената или целосно долга права коса. Третманите со кератин се како создадени за Девиците, бидејќи за нив секое влакно мора да биде на своето место.

Совет: Држете се до својот стил и избегнувајте големи промени и кратки фризури.

Вага

(7) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Вагите имаат елегантен и софистициран изглед кој е шик. Тие имаат свој стил и за разлика од повеќето знаци, можат да ја менуваат фризурата од ден на ден, со цел совршено да им се совпадне со облеката. Тоа се постигнува преку флексибилната основна фризура која е подложна на различни видови брзи промени, како на пример, секси плетенки, висока пунџа…

Совет: Експериментирајте и целосно променете ја вашата фризура со цел да внесете малку свежина во вашиот живот.

Скорпија

(8) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Скорпиите зрачат со сексапилност и моќ, па затоа и често им успева да изгледаа одлично во текот на целиот ден. Тие сакаат богати бои и прамени кои им го прават лицето како во рамка. Токму затоа и ќе одберат женствена фризура со долги прамени или кратка машка фризура, позната како „мод“, која се носела во 60-тите.

Совет: Хидратацијата е најдобар пријател на вашата коса.

Стрелец

(9) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

На овој огнен знак кој не сака да се ограничува, најмногу му одговара младешка и бујна фризура која се подготвува за секунда. Стрелците не се расположени за долго подготвување на косата бидејќи тоа го сметаат за губење време.

Совет: Не се плашете од промени, брзо ќе ја засакате вашата нова фризура.

Јарец

(10) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Исто како и Девиците, така и Јарците се перфекционисти и љубители на третманот со кератин. Тие сакаат чист и модерен изглед, како и традиционални бои и стилови кои се погодни и за работа и за вечерно излегување. Тие се току искусни во својата практичност, што многу лесно можат да го усовршат својот стил така што ќе му дадат завршен шик, резултирајќи со извонреден изглед.

Совет: Ако имате долга коса, скратете ја и уживајте во вашиот нов изглед. Доколку имате кратка, оставете ја да порасне со цел да го освежите стилот.

Водолија

(11) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Непредвидливите Водолии, кои исто како Близнаците и Стрелците, најмногу ја ценат својата слобода, уживаат во пробување нови трендови и постојано менување на нивниот изглед. Токму затоа и често можете да ги видите со откачени и модерни фризури во неочекувани и неприродни бои.

Совет: Забавете малку и погледнете се во огледало со цел да ја видите целата убавина која ја рефлектирате и да се почувствувате поисполнето.

Риби

(12) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Овој ултра женствен знак е слаб на најновите трендови, но исто така сака и многу да се вклопи во околината. Рибите сакаат многу долги коси и фризури кои не бараат труд за одржување. Многу е лесно да ги натерате на промена, дури и кога не се сигурни дали навистина го сакаат тоа. Но, ако резултатот не е онаков каков што тие очекувале, тогаш лесно можат да се вознемират.

Совет: Одморете ја косата од сушење со фен и пеглање со цел таа да биде поздрава, а вие посигурни во себе.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,113 секунди.