IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Ролат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ролат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Ролат
    Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:48
РОЛАТ ОД СМОКВИ

Состојки:
250 гр. шеќер
1,5 дцл.вода
250 гр. мелени ореви
250 гр. суво грозје
250 гр. суви смокви
Од шеќерот и водата се прави шербет. Се додава сечканото суво грозје, сечканите смокви и мелените ореви (сувото грозје и смоквите можат да се смелат на машина за месо) и се заедно се меша. Се чека малку да се олади, a потоа се прави кора и се обликува ролат.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2012 во 21:46

Лесен и вкусен ролат со мармалад

Потребни се: 4 јајца, 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно, изрендана кора од непрскан лимон, мармалад за фил.

Подготовка: Со миксер изматете шлаг од белките. Додадете шеќер и матете додека смесата не стане цврста. На миксерот намалете му ја брзината, додавајте една по една жолчка и матете уште 1 минута. Исклучете го миксерот и мешајќи со лаижца додајте го брашното и кората од лимон. Печете во рерна на 200˚Ц, во тавче (30х35), претходно намрсено и посипано со брашно. По дваесетина минути, печеното тесто извадете го од рерната и ставете го на платнена салфета посипана со кристал шеќер. Тестото го виткате во ролат.

Кога ќе се олади, отворете го, премачкајте го со мармалад и повторно завиткајте го. Се сече на парчиња и се служи.



Изменето од Valerija - 24.Декември.2012 во 21:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:49


СОЛЕН РОЛАТ ОД ПАЛАЧИНКИ

Потребни состојки:

  • 200гр Моркови
  • Сол
  • 200гр – Спанаќ
  • Зачин од сув зеленчук
  • 1 кес. Желатин
  • 600гр Крем сирење
  • 200гр – рендан кашкавал
  • Бибер
  • 12-палачинки
  • 200гр шунка

Начин на подготовка:

  1. Се вари морковот и се пасира(не многу ситно). Се бланчира, се сецка спанаќот(исто не ситно).
  2. Се припрема желатин ( по упатство од кесичката) и се замешува сирењето. Се додава ренданиот кашкавал, а потоа спанаќот и морковот.
  3. Се става шунката на палачинката, потоа се става филот.
  4. Се сечат палачинките накосо и се сервираат украсени со свежи ротквици, исечени на кругчиња.


Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:50

РОЛАТ СО ТАРТУФИ

Потребни состојки:

  • 0,05кг  Кори
  • 0,065кг свежо сирње
  • 0,007кг -тартуфи црни
  • 0,003кг -тартуфи, бели
  • 0,035л Павлака за готвење
  • 0,001 л  Масло за тартуфи
  • 0,012 путер
  • 0,001кг сол
  • 3 јајца
  • 0,012л. Масло, растително
  • 0,012кг шеќер

Начин на подготовка:

Се загрева путерот и му се додава шеќер, за да се направи светла карамела. Се трга од оганот и во карамелата се додаваат црните тартуфи, кои претходно ги исчистивме и исецкавме на листови.

Во меѓувреме се развлекуваат кори од тесто и се посипуваат со зејтин, се премачкуваат со смеса од сирење и јајца, сол, и лесно карамелизираната црна тартуфа.

Се обликува ролатот.

Во пригоден сад кој предходно го намачкавме со масло, се реди ролатот и се пече на 180ц. околку 10мин.

Од павлака за готвење со белите тартуфи  и од маслото од тартуфите, се припрема умак кој се послужува со ролатот.

Се сервира топло.

 

 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:51

РОЛАТ ОД МАЛИНИ

Потребни состојки

  • 4 јајца
  • 200гр Шеќер
  • 70гр  Башно
  • 40гр Густин
  • 3 – кесички желатин
  • 300гр Малини
  • 300гр Сирење
  • 200мл слатка павлака
  • Лажица сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200.C. Раздвојте ги белките од жолчката. Изматете ја жолчката со 4 лажици врела вода и 70гр шеќер. Изматете ја белката и 30гр шеќер, па измешајте ја жолчката. Додадете брашно и густин. Разлејте го по плехот со хартија за печење и печете 15 мин.
  2. Извадете го печениот пандишпан на чиста крпа и посипете со шеќер, па потоа одлепете ја хартијата. Свиткајте го ролатот.
  3. Се подготвува желатинот. Малините се пасираат. Се меша соединува, пола пире од малина и 100г. шеќер. Се мати павлаката.
  4. Сокот од лимон се загрева, се растопуваат 2 кесички желатин и во таа смеса се меша кремот од сирење, и павлака.
  5. Се премачкува кората со сирењето, и се завиткува повторно во ролат. Се премачкува ролатот со слатко од пире во кое е замешан желатин, направен по упатството од кесичката.


Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:52

ПРОЛЕТЕН РОЛАТ

Потребни состојки:

  • 500гр. Свинско филе
  • Сол, бибер
  • 1 тиквица
  • 1 црвена пиперка
  • 150гр. Масен крем сирење
  • 2 лажци маст

 

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го и исушете го. Исечете го надолжно но не сосема. Од сите страни побиберете го и посолете.
  2. Зеленчукот подгответе го, исчистете го и иситнете го на блендер. Додадете го крем сирењето и добро измешајте. Загрејте ја рерната на 175 C.
  3. Смесата намачкајте ја на месото, завикајте го и поврзете го со кујнски конец. Испржете го месото на врело масло од сите страни. Префрлете го во ватростален сад и ставете го во рерна да се допече, уште околу 20 мин. Во текот на печењето, превртете го месото 2 пати. и преливајте го во сосот од печењето.
  4. Извадете го месото, завиткајте го во фолија и оставете го така да отстои колу 10 мин. Да се извади конецот и да се исецка на кришки. Се сервира со пире од компир и рукола( млад спанаќ или зелена салата).

 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:55

РОЛАТ ОД ШУНКА И СПАНАЌ

Потребни состојки:

 

  • 350 гр. спанаќ
  • 5 јајца
  • 100гр. брашн
  • 2лаж. густин
  • 2 чена бел лук
  • 150 гр. шункова салама
  • Малку путер, сол, бибер

 

Начин на подготовка:

 

Измијте го добро спанаќот, процедете го и исушете го на крпа, па исецкајте го на тенки ленти. Измешајте, брашно и густин, а лукот ситно сецкајте го. Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со малку сол, и изматете цврст шлаг. Во жолчките додадете го лукот , сол, бибер, брашно,  густин, и на крајот, наизменично додавајте ги траките од спанаќ и изматените белки.

Рерната загрејте ја на 160Ц. Обложете ја тавата со хартија за печење, премачкајте ја со парче путер и на тоа претурете ја смесата и печете 18 мин. На испеченото тесто ставете ја шунката , па полека замотајте го во ролат. Кога ќе се олади ролатот исечете го на кришки со дебелина од 1,5см. и послужете.

 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 16:07

РОЛАТ СО ШУНКА И ЗЕЛЕНА САЛАТА

Потребни состојки:

  • 9 кори за пита
  • 300гр шунка
  • 200гр кашкавал
  • 100гр пршута
  • зелена салата
  • 2 кисели павлаки
  • масло

Начин на подготовка:

За една ролна идат по три кори, а секоја треба да ја попрскате со масло и да ја намачкате со тенок слој павлака. Преку третата кора наредете листови шунка и кашкавал, а на средната ставете листови пршута и зелена салата. Така направете три ролати, попрскајте ги корите со масло и вода и кратко запечете.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 16:10

РОЛАТ СО СВИНСКО МЕСО

Потребни состојки

  • 3кг свинско месо
  • 200гр моркови
  • 100гр грашок
  • 600гр печурки
  • 200гр кашкавал
  • 200гр чадена сланина
  • 200гр печеница
  • сол
  • бибер
  • масло
  • пиво

Начин на подготовка:

Свинското месо одвојте го од коската да добиете убаво парче кое може да се завитка. Месото добро посолете го. Морковот и грашокот сварете ги, а кашкавалот, шампињоните, сланината и печеницата исечете ги на ситни коцки. Се измешајте, па смесата ставете ја на на половина од месото. Внимателно замотајте го ролатот, затегнете со конец и премачкајте со масло. Печете на 220 степени оклу 2 часа и повремено преливајте со пиво.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 16:13

КАФЕ РОЛАТ

Кафето во помали количини држи континуитет и може да им помогне на тинејџерите и студентите при учењето, но, поголеми количини создава несоница и намалување на концентрацијата.

Секојдневното пиење на големи количини кафе, доведува до хроничен замор и слабеење на отпорноста на организмот при стресни ситуации.

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 грама Шеќер во прав

100 грама Шеќер

150 грама Путер

300 грама Кекси

1  Кафе филџан

1  лажица Какао

1  Жолчка

1  голема лажица Шеќер во прав

 

Време за подготовка: 15 мин.

Време за готвење: 30 мин.

 

ПОДГОТОВКА:

За кората (или црната смеса): во подлабок сад промешајте ги мелените кекси, шеќерот и какаото, па додавање на процеденото кафе замесете убава компактна смеса.

Расукајте ја смесата на фолија или хартија за печење со дебелина од околу 5 мм.

За филот: пенесто изматете го путерот со шеќерот, додадете ја матената жолчка и добро соединете.

Со филот (или белата смеса) премачкајте врз кората и завиткајте ролат.

Оставете го ролатот неколку саати во фрижидер, па пред самото послужување сечете го на кришки.



Изменето од Valerija - 26.Јуни.2018 во 18:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 22:49

НУТЕЛА РОЛАТ

Тој  толку лесен што може да го имате за појадок или вечера со една чаша млеко. Децата едноставно го обожаваат.

Потребни состојки:

–      7 јајца

–      7 лажици шеќер

–      7 лажици брашно

–      половина кесичка пециво

–      нутела

Подготовка:

Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. На страна измешајте ги белките во цврст снег, па додајте ги во изматените жолчки. Додајте го брашното и пецивото и промешајте полека со дрвена лажица. Обложете ја тавата за печење со хартија и ставете ја смесата. Печете околку 15 минути на 170 степени.

Испечениот бисквит извадете го ис тавете го на крпа за да се излади. Премачкајте го со нутела и свиткајте го во ролна. Ролатот ставете го во фрижидер да се излади убаво. Потоа пресечете го на парчиња со дебелина од 2 цм и послужете.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 22:55

ДЕКОРАТИВЕН И ВКУСЕН РОЛАТ СО ЈАЈЦА

Одличен начин да ги искористиме велигденските јајца

Потребни состојки:

–      200 гр срзнат грашок

–      200 гр морков

–      200 гр компир

–      200 гр јаболка

–      1 лимон

–       6 лажици мајонез

–      7 лажици кисела павлака

–      250 мл супа од зеленчук

–      20 гр желатин

–      5 јајца

–      1 црвена пиперка

–      1 врзоп магдонос

–      бибер и сол

Подготовка:

Сварете ги грашокот, морковите, компирите во солена вода. Исечете ги и јаболките на коцки. Во нив додајте го сокот од лимон. Јаболките и зеленчукот убаво измешајте ги и додајте им го мајонезот и павлаката. Зачинете со сол и бибер и убаво измешајте. Потоа исецкајте го и магдоносот и ставете го во зеленчукот. Супата од варениот зеленчук измешајте го со желатинот и растопете го на тивок оган. Потоа сипете ја смесата во смесата со зеленчук и убаво измешајте. Сипете во еден правоаголем пле и оставете нека се стегне. Јајцата излупете ги и наредете ги во еден ред. Потоа свиткајте ја кората во ролат.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 23:06

ПОХОВАН ПИЛЕШКИ РОЛАТ


Интересна комбинација на пилешко месо, зеленчук и зачини која заслужува малку да се потрудите околу нејзната подготовка бидјеќи плени и на изглед и со вкус.

 

Состојки:

600гр пилешко филе

1 лажица босилек

80гр презла

0,5л сончогледово масло

50гр црни маслинки

2 јајца

300гр домати

1 лажица ситно исецкан магдонос

1 чечне бел лук

брашно

 

Спремете чекан за месо, проѕирна фолија, чечкалици, длабока тава и еден поголем сад

 

Подготовка:

 

Пилешкото филе покријте го со проѕирна фолија и со чеканот за месо исчукајте го зад а биде со пола сантиметар дебелина.

Полнење

Излупете ги доматите, извадете ги семките и исецкајте го на мали коцки. Исецкајте ги и маслинките. Изгмечете го лукот. Додадете го магдоносот, вегета и босилек. Додадете го и лукот, маслинките и маслото. Сето тоа измешајте го добро.

 

Ролат

Секој стек филувајте го со полнењето и завиткајте. Ставете чечкалици на секој ролат за да не се отворат во пржењето. Ставете го ролатот во посебен сад. направените ролати избрбелајте ги во брашно, изматени јајца и презла. Пржете на загреано масло десетина минути и кога ќе бидат готови извадете ги од тавата.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 12:50

НАЈВКУСНИОТ РОЛАТ ОД ЛЕШНИК И КОКОС

Потребни состојки:

• 150 грама Шеќер во прав
• 20 грама Чоколадо за готвење
• 50 грама Чоколадо
• 250 милилитри Млеко
• 250 грама Лешник
• 100 грама Кокосово брашно
• 50 грама Какао
• 100 грама Блага павлака
• 250 грама Бисквити

Подготовка:
Млекото, 100 гр. шеќер во прав и какаото варете ги додека не зовријат, а потоа ставете го чоколадото за готвење, па мешајте додека не се растопи.
Додадете ги мелените бисквитите и мелените лешници.
Измешајте ја смесата за да стане хомогена.
На работната површина ставете намастена кујнска хартија, одозгора ставете ја смесата, па расукајте правоаголник, а одозгора ставете намастена хартија или фолија.
Слатката павлака и белата чоколада ставете ги да се варат, пред да зовријат тргнете ги од оганот, па вмешајте ги со 50 гр. шеќер во прав и кокосот.
Премачкајте преку темната смеса, а потоа внимателно завиткајте ролат.
Ролатот оставете го во фрижидер неколку саати да се стегне, а потоа со остар нож сечете парчиња и послужете.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.