IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - ШТО Е УМЕТНОСТ ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ШТО Е УМЕТНОСТ ?

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ШТО Е УМЕТНОСТ ?
    Испратена: 16.Август.2015 во 20:33
Имаме пдф Уметност, говориме за уметност, се среќаваме со уметност, твориме уметност, но што подрaзабираме под уметност?

Без обзир за каква уметност се работи, што е уметност за вас?

Подолг период од својот живот се обидувам да најдам соодветен одговор на ова прашање… дали е уметност пресликување на природата, дали уметност е материјализирање на нашата имагинација, дали е поголема уметност колку што е подалечна од реалноста, дали не е уметност ако е 100% копирање на оноа што веќе постои без обзир колку е тоа вешто направено од авторот…

Дали фотографирањето на цветот е уметност? Дали сликањето со бои и четка на истиот цвет во хипер реалистична техника е уметност или е само презентација на одлично совладана техника на сликање? Дали апстракното сликање на цветот е поголема ументост од онаа првата? Дали дигиталното манипулирање на фотгорафијата на цветот е уметност во однос само на фотографирањето без обзир колку мајсторски е тоа направено ? 

Дали супер реална скулптура на човек е уметност ? Дали апстракната скулптура е исто уметност, поголема уметност од првата или помала? Дали супер реалната скулптура претставува уметност или мајсторство во работата ? Дали наивното скултурство е поголема уметност или е рефлексија на слабото мајсторство ?

Истото би можел да го илустрирам и со музиката…


Што е уметност?

И кога смe веќе на тоа прашање и можни одговори, тогаш и што е добра и лоша уметност ?













Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2015 во 20:29
Во раговорот околу некои дела, еден мој пријател (уметник) ми рече дека за него уметност е оноа дело кое предизвикува емоции кај гледачите.

Се сложувам… до некаде.






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44199
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2015 во 22:15
Вчера на два три пати се думав да пишам,да не пишам.
Па си велам се ќе кажам ништо нема да речам.
Тема која е на ниво да Ајнштај сега почне да
ни раскажува за Универзумот.
Пријателот арно ти рекол но и по дефиниција така оди со уметноста.
Секако емоциите не сите подеднакво ги манифестираме.
А самото по себе и тоа е еден вид на уметност да ја опишеш уметноста.
Вреднувањето на истата во еден материјален свет е пак сосема друго.


Но не би одел подлабоко од овде...Прекрасно е ехото.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2015 во 23:35
Зошто гледам проблем во таквата дефиниција?

Оти безброј човечки нешта предизвикуват емоции (вакви или онакви) кај луѓето и дали сите тие, според поставената дефиниција,  се уметност ?

Мислам дека нема потреба од многу елаборирање за да се заклучи дека не се.

На страна од тоа што некои дела порано не предизвикувале некои посебни емоции и не биле вреднувани, ама денес се нејвреднуваните уметнички дела.

Е сега, како нешто според таквата дефиниција може еднаш да не биде уметност, а друг пат да биде?









Изменето од Messenger - 17.Август.2015 во 23:45
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2015 во 23:44
Друга работа…

… природната убавина стокмена како цвет, пејсаж, птица или водопад може буквално емотивно да ни го земе здивот… дали е тоа уметност?

Ако некој рече да, тогаш мора природата да ја сметаме за уметник. 

А дали природата е уметник?

Прашањево беше чисто реторичко… сигурно дека природата не е уметник. Штом природата не е уметник, туку креатор на нештата кои некогаш нам, сосем случајно,  можат да ни бидат воодушевувачки за гледање и слушање, а некогаш не, дали истите тие природни убавини перфектно (природно) пресликани со фотоапарат или со четка и бои се уметност?

Со други зборови, дали сликата која ја гледаме низ прозорот е уметност и дали доколку наместо прозор ставиме фотографија од истата слика тоа одеднаш ќе го сметаме за уметност?

Еве, однапред да кажам, за мене и двете работи не се уметност, со тоа што првото е мајсторство во креирање на природата, а второто е мајсторско владеење на занаетчијството со ракување на фотоапарат или на ликовната техника.

Оти ако не е така, тогаш и фотографија и ликовна копија на Мона Лиза ќе бидат уметност.

Ако сето тоа е така, а е така, тогаш што ја дефинира уметноста ?

Што е уметност ?










Изменето од Messenger - 17.Август.2015 во 23:49
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21931
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2015 во 23:56
Можеби баш занаетчиството е уметност збунетост
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Devojcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Март.2015
Локација: Skopje
Статус: Офлајн
Поени: 497
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Devojcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2015 во 23:59
Umetnost e eden vid na nacin na ziveenje.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2015 во 00:06
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

Можеби баш занаетчиството е уметност збунетост

Не се сложувам.

Занаетчисјтво е занаетчијство, а  уметност е уметност.

Во слободен разговор ние понекогаш имаме обичај да речеме за добар занаетчија дека е уметник, но под тоа се подразбира мајсторство во работата. 





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2015 во 00:09
А што е копаничарството?среќа....Убав спој нели.....
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2015 во 00:16
Не знам што сакаш со тоа да кажeш…

…копаничарството, како занает, по автоматизам не е уметност . Истото можеме да го речеме и за сликањето, фотографирањето, свирењето, пеењето, танцувањето…

Занаетот, самиот по себе, не претставува уметност, како што и мајсторското (умешното) владење на занаетот не претставува уметност. Тоа секако може да биде извонредно корисно во евентуалното создавање на уметночко дело, но умешноста во работењето на било што не претставува уметност.








Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21931
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2015 во 00:28
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Имаме пдф Уметност, говориме за уметност, се среќаваме со уметност, твориме уметност, но што подрaзабираме под уметност?

Без обзир за каква уметност се работи, што е уметност за вас?

Подолг период од својот живот се обидувам да најдам соодветен одговор на ова прашање… дали е уметност пресликување на природата, дали уметност е материјализирање на нашата имагинација, дали е поголема уметност колку што е подалечна од реалноста, дали не е уметност ако е 100% копирање на оноа што веќе постои без обзир колку е тоа вешто направено од авторот…

Дали фотографирањето на цветот е уметност? Дали сликањето со бои и четка на истиот цвет во хипер реалистична техника е уметност или е само презентација на одлично совладана техника на сликање? Дали апстракното сликање на цветот е поголема ументост од онаа првата? Дали дигиталното манипулирање на фотгорафијата на цветот е уметност во однос само на фотографирањето без обзир колку мајсторски е тоа направено ? 

Дали супер реална скулптура на човек е уметност ? Дали апстракната скулптура е исто уметност, поголема уметност од првата или помала? Дали супер реалната скулптура претставува уметност или мајсторство во работата ? Дали наивното скултурство е поголема уметност или е рефлексија на слабото мајсторство ?

Истото би можел да го илустрирам и со музиката…


Што е уметност?

И кога смe веќе на тоа прашање и можни одговори, тогаш и што е добра и лоша уметност ?

Дефиницијата за уметност на Википедија гласи: Уметноста — е човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Наједноставната дефиниција за поимот уметност е дека таа е творештво на човекот.
Затоа ја поврзав со занаетчиството.
Мислам дека уметност е нешто што умееш да направиш, дали е тоа пресликување од природата,
дали е дрвено столче, или е манџа за ручек голема насмевка
Дали е поголема или помала, добра или лоша зависи од индивидуалната перцепција на секој
поединец. Во суштина она што им се допаѓа на поголема група луѓе, веројатно е поголема уметност.
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Не знам што сакаш со тоа да кажeш…

…копаничарството, како занает, по автоматизам не е уметност . Истото можеме да го речеме и за сликањето, фотографирањето, свирењето, пеењето, танцувањето…

Занаетот, самиот по себе, не претставува уметност, како што и мајсторското (умешното) владење на занаетот не претставува уметност. Тоа секако може да биде извонредно корисно во евентуалното создавање на уметночко дело, но умешноста во работењето на било што не претставува уметност.


Како тоа не е уметност, а може да биде корисно во создавање на уметничко дело збунетост




Изменето од Gabriela_S - 18.Август.2015 во 00:32
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2015 во 01:47
Gabriela_S, cо онаа посочена дефиниција се сложувам.

За мене уметност е човекова експресија како интерпретација на реалноста околу него (било која и било каква, вклучувајќи ја и фантазијата која постои како инспирација од реалноста).

Значи, занаетчиството (во него вклучувам с'е што постои како струка), самото по себе не го сметам за уметност. Автомеханичар, водоводџија, хирург, електотехничар… ги сметам за занаети, струки и вештини. Тие не служат како духовна интерпретација на светот околу нас.

Од друга страна, занаетите (се извинувам за употребениот израз доколку за некој не е најсоодветен) како ликовен уметник, копачар, длаборезач, фотограф, музичар, сликар, танцувач… можат да се користат како вештини и алати за креативна експресија и интерпретација на реалниот свет и и нивниот резултат како краен продукт можe да се смета за уметност доколку буквално не го копираат тој реален свет.

Значи, за мене, доколку овие ce користат како алат за човечко интерпретирање на реалноста, тогаш нивниот производ го сметам за уметнички, без обзир дали би ми се допаднал или не (тоа е сосема друга дискусија).



Како што посочив претходно, ако еден ликовен уметник употреби хиперреалистичнo сликање кое скоро е неразлучливо од фотографија и ја наслика природата истоветнo како што е во реалноста, за мене претставува одлично мајсторство во струката, но не го сметам за уметност. Дозволувам другите да не се сложат со кажаново, но тоа е моето разбирање за уметноста.

Истото би го рекол и за фотографирањето. Уметност, за мене, би било доколку авторот додаде нешто свое како интерпретација на оноа што го фотографира, без обзир што би било тоа.

За музичарот… доколку својот инстумент го користи за буквално копирање на природните звуци за мене би бил добар мајстор (доколку тоа го прави навистина добро), но би бил уметник само ако создаде свое дело кое не постои во природата, но секако дека е инспирирано од неа.

Како илустрација би ја употребил, на пример, Пикасовата слика Guarnica. За мене таа е ументичко дело… фотографијата направена од неа, како и секоја друга идентична ликовна копија не се уметнички дела.

Интерпретацијата на реалноста, како лично автентично дожувување, е уметност, a нејзиното копирање не е уметност.

Тоа е моето разбирање и дефинирање на уметноста… и мајcторството. Две различни работи: eдното е креативност во создавање на нешто што не постоело до тогаш, а второто е вештина и умешност на работење.














Изменето од Messenger - 18.Август.2015 во 01:59
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.