IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мезиња - солени и благи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мезиња - солени и благи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 23:14
ПИКАНТНИ ТИКВИЧКИ ЗА ДОБРО МЕЗЕ

Брзо, ефикасно и многу вкусно мезе


 
  • 2 тиквички
    1 чаша пармезан*
    бибер
 

1. Тиквичките се лупат и им се отстранува мекиот дел со семките. Се рендаат на ситно и се мешаат со пармезанот и биберот.

2. Се формираат топчиња и потоа се сплескуваат тенко на хартија за печење

3. Се пече 20 минути на 200 степени

*наместо пармезан може да користите и некој друг цврст, сув кашкавал кој треба да биде ситно изрендан



Изменето од Valerija - 01.Октомври.2020 во 11:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 01:02
Багет со сирење

Багетот исецкајте го на кругчиња , намацкајте ги со путерче , на нив ставете сиренце и ставете ги во рерна малку да се запечат , на крај ставете домат или шери на секое од нив
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 12:24
Пилешки крилца или копанчиња

Едноставно, на загреано масло испржете ги крилцата и копанчињата, не им ја вадите кожичката, Одкако ке ги испржите посипете ги со многу вегета , буковец или друг зачин кој вам ви е омилен а одговара со пилешко.

Одлично мезенце за со пиво
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 13:16

Мезе на брзина: Шарен солен ролат


Покрај тоа што е примамлив на око, шарениот ролат е микс од вкусови и ароми кои ќе ги обожавате за појадок, ручек, вечера или за мезе со омилениот пијалак.

meze-na-brzina-saren-solen-rolat-02.jpg

Се пече само 15 минути, па затоа ви препорачуваме да го пробате уште денес.

Потребни состојки:

За жолта кора

  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица кисела павлака
  • 2 рамни лажици брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • 3-4 лажици изрендан кашкавал

За зелена кора

  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица кисела павлака
  • 2 рамни лажици брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици блендиран спанаќ
  • Малку сол

За портокалова кора

  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица кисела павлака
  • 2 рамни лажици брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици ајвар
  • Малку сол

За фил:

  • Крем сирење
  • Тенко исечкана шунка или месо по желба

Подготовка:

Во 3 посебни садови измешајте ги сите состојки само со жолчките од јајцата. Откако ќе ги изматите белките во цврст снег, распоредете го во 3-те садови.

Кога ќе добиете готови смеси, ставете ги во 3 различни кеси и цедете ги низ мало дупче во тава, на хартија за печење. Можете да правите шари по желба.

Печете само 15 минути на 200 степени, не повеќе, затоа што кората ќе ви се исуши и ќе пука кога ќе ја виткате.

Кога кората ќе се испече, веднаш замотајте ја со мрсната хартија на која ја печевте и оставете ја да се олади.

Потоа намачкајте со крем сирење, ставете шунка и повторно замотајте.

Сервирајте го ролатот ладен. Можете да декорирате со павлака и рендан кашкавал.

meze-na-brzina-saren-solen-rolat-01.jpg

meze-na-brzina-saren-solen-rolat-03.jpg

meze-na-brzina-saren-solen-rolat-04.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2015 во 23:08

Викендите се употребуваат за забава и релаксација, па мал број на луѓе сакаат да поминуваат многу време во кујната за да готват ручек со часови.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-01.jpg

Ако сте дел од тие луѓе, овој рецепт е идеален за вас.

Нема да ви треба многу време, ниту мака – направете мини ролати со сланина.

Потребни состојки:

  • 6 Парчиња леб за тост
  • 6 Парчиња сланина
  • 1 Лажица путер
  • 1 Јајце
  • 2 Лажички млеко
  • Сол по желба

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-1.jpg


Поготовка:

1. Пресечете ги краевите на парчињата леб.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-2.jpg

2. Израмнете ги парчињата со сукало.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-3.jpg

3. Во голем сад изматете го јајцето.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-4.jpg

4. Печете ја сланината околу 15 минути на 220 степени. Претходно не мора да виде загреана рерната. За тоа време ќе можете да ги подготвите останатите делови од рецептот.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-5.jpg

5. Ставете го путерот на тивко во тефлонски сад.

6. Во средината на секое лепче ставете сланина, односно околу сланината навртете го лепчето.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-6.jpg

7. Потоа ставете ги во јајцето.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-7.jpg

8. Готовите мини ролати пржете ги во путерот околу 3 – 4 минути со постојано вртење.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-8.jpg

9. Кога ќе добијат златна боја, веќе се готови.

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-9.jpg

za-mrzelivite-brzi-mini-rolati-so-slanina-10.jpg

На здравје!

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2016 во 14:50

Мезе со печени пиперки


Пиперките се задолжителен елемент од македонската кујна. За време на летните горештини, можете да ги искористите за лесна закуска со сирење.

Мезе со пиперки

СОСТОЈКИ

пиперки во различни бои
тврдо сирење
маслинки
масло
оцет
лук
магдонос

ПОДГОТОВКА

  1. Испечете ги пиперките. Излупете ги, а потоа исечете ги на ленти.
  2. Сирењето исечете го на коцки. Пожелно е да изберете тврдо сирење кое не се распаѓа лесно.
  3. Коцките сирење замотајте ги во ленти пиперки. Прободете ги со чепкалка за заби и одгоре ставете маслинка.
  4. Посипете ги пиперките со дресинг (мешавина од масло, оцет, лук и магдонос).


Изменето од Valerija - 19.Јули.2016 во 14:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2017 во 09:34

4 рецепти за мезиња и грицки готови за 10 минути


4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-001.jpg

Сепак, не можете да послужите само чипс или соленки, па вреди во ракав да имате неколку брзи рецепти кои ќе изгледаат како навистина да сте се потрудиле и посветиле.

Овие 4 се токму такви:

Залчиња чипс со сос

Состојки:

  • Чипс по желба
  • 300g домати
  • 100g сирење
  • Малку лук
  • Мајонез
  • Маслинки
  • Зачини

Ситно исечкајте ги доматите, изронете го сирењето во нив и промешајте. Додадете малку толчен лук или лук во прав, а потоа и мајонезот.

Најдобро е сосот да го ставите непосредно пред послужувањето на парчињата чипс, за чипсот да не омекне. Декорирајте со половина маслинка.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-01.jpg

Домати со намаз од сирење

Состојки:

  • 2-3 домати со средна големина
  • Сирење по желба
  • Малку лук
  • Мајонез
  • Зачини

Изронете го сирењето и додадете го лукот. Измешајте заедно со мајонезот и зачините.

Намазот ставете го на тенко сечкани кругови домати и декорирајте по желба.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-02.jpg

Модри патлиџани со ореви

Состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • Малку лук
  • 200g ореви
  • Масло
  • Мајонез
  • Сол

Исечете ги модрите патлиџани на подебели листови и пропржете ги во масло неколку минути.

Исечкајте ги ситно оревите и помешајте со малку мајонез додека не добиете густа мешавина. Посолете и зачинете.

Во пропржените патлиџани ставете малку од смесата и замотајте ролнички. Поставете ги како на сликата и украсете со половина орев.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-03.jpg

Полнета шунка

Состојки:

  • 300g шунка
  • 200g сирење
  • 3 тврдо варени јајца
  • Малку лук
  • Мајонез и павлака
  • Зачини

Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките изронете ги во посебен сад, додека белките ќе ги изрендате и ќе ги измешате со сирењето, зачините, лукот, мајонезот и павлаката.

На работ од парчињата шунка ставете од белиот намаз, а потоа пропрскајте со изронетите жолчки. Замотајте ги како ролни.

4-recepti-za-mezinja-i-gricki-gotovi-za-10-minuti-04.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2018 во 09:11

Брзи, ладни мезиња - идеални за ненајавени гости


Сите имаме неколку блиски пријатели и роднини кои знаат да се појават на вратата ненајавено, па во тие моменти наместо да признаете дека не сте ги очекувале и немате ништо за послужување, бидете мудри и искористете ги овие идеи.

Ви требаат само неколку минути за подготовка на овие ладни мезиња:

Чипс и бел сос со кисели краставички

Состојки:

  • 1 шолја крем сирење
  • 1 шолја кисела павлака
  • Малку исечкан копар
  • Малку лук во прав
  • Сол по вкус
  • 1 шолја исечкани кисели краставички

Измешајте ги сите состојки во една длабока чинија и послужете со чипс околу неа.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-2.jpg

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-1.jpg

Полнети јајца со авокадо

Состојки:

5 варени јајца

½ авокадо

Зачини и сол по желба

Сварете ги јајцата, пресечете ги на половина и одвојте ги жолчките од белките. Жолчките измешајте ги со пасирано и зачинето авокадо, па со мешавината наполнете ги белките.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-4.jpg

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-3.jpg

Маринирана моцарела (или сирење по желба)

Состојки:

2-3 пакетчиња Моцарела

½ шолја маслиново масло

Зачини и сол по желба

Во голем сад ставете ја исечканата моцарела и прелијте ја со маслиново масло. Додадете зачини и билки по желба, па оставете ја неколку минути да остои во фрижидер. Потоа послужете со стапче на секое парче или со багет лепче. Може да додадете и чери домати, доколку имате.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-5.jpg

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-6.jpg

Ролни од салама

Ова е рецепт без точни и конкретни состојки, важна е само идејата.

Во тенко сечкани парчиња салама или сувомеснато наредете зеленчук, сирење или кашкавал по земја и направете мини ролнички.

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-8.jpg

brzi-ladni-mezinja-idealni-za-nenajaveni-gosti-7.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2019 во 11:59

3 рецепти за здрави мезиња, приготвени на вкусен начин


Здравите јадења не значи дека не може да се приготват на вкусен начин, а овие рецепти ќе ве уверат во тоа.

3-recepti-za-zdravi-mezinja-prigotveni-na-vkusen-nachin01.jpg

Доколку сте одлучиле дека е време да се откажете од брзата храна, овие мезиња се идеално решение вас.

За собиранките со друштво или како замена за оброк или ужинка – овие здрави мезиња се подготвуваат на начин на кој нема да одолеете.

Изненадете ги најблиските со некое вкусно, здраво мезе:

Мезе 1 

Потребни состојки:

  • 2 големи модри домати
  • 300g доматен сос
  • 200g мек кашкавал
  • Сол
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

Доматите исечете ги на кругови со дебелина од пола сантиметар, наросете им сол и оставете ги половина час.

За тоа време тие ќе го испуштат вишокот вода и горчливоста. Плехот за печење поставете го со хартија за печење и премачкајте го малку со маслиново масло и наредете ги доматите. Печете на 200˚С околу 10-15 минути.

Свртете ги од другата страна, премачкајте ги со доматен сос, наросете го ренданиот кашкавал, а на секое парче ставете лист босилек, наросете уште малку маслиново масло и повторно вратете ги во рерна.

Запечете кратко додека да се стопи кашкавалот и наредете ги едно врз друго како на сликата.

3-recepti-za-zdravi-mezinja-prigotveni-na-vkusen-nachin-02.JPG

Мезе 2

Потребни состојки:

  • 2 големи тиквици
  • 300g пилешко филе
  • 200g пченка
  • 200g црвен грав
  • 1 голема главица кромид
  • 50ml доматен сос
  • 1 голема црвена пиперка
  • 3 лажици маслиново масло
  • 200g мек кашкавал
  • 50g тортиља чипс
  • 3 чешниња лук

Начин на подготовка:

Измијте ги тиквиците и исечете ги по должина, а потоа издлабете го средишниот ден (може да го зачувате за супа или да го исечкате ситно и да го искористите). Потопете ги во солена вода па исцедете ги. Додека тиквиците се цедат, направете ја смесата за полнење.

Кромидот исечкајте го и пропржете го малку на загреано масло, додадете го пилешкото месо исечкано на коцки и кратко пропржете ги заедно.

Додадете ја исечената пиперка, пченката и гравот и потоа прелејте со доматно пире. Зачинете со зачини по вкус и додадете го ситно сечканиот лук.

Мешајте додека филот не се згусне, па потоа наполнете ги тиквиците со смесата.

Во загреана рерна на 180˚С ставете ги тиквиците да се печат, а потоа додадете го ренданиот кашкавал и искршениот чипс одозгора, па повторно ставете во рерна на 200˚С додека не се стопи кашкавалот.

3-recepti-za-zdravi-mezinja-prigotveni-na-vkusen-nachin-03.JPG

Мезе 3

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 120g брашно
  • 120g масло
  • 1 ½ лажици прашок за печиво
  • 120g рендан пармезан
  • 3 тиквици
  • 1 мал кромид
  • 1 морков
  • 50g сланина
  • Зачини по желба

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Пропржете ги кромидот и сланината исечени на коцки на малку масло, па потоа изладете ги.

Во сад измешајте ги јајцата, маслото, брашното и прашокот за печиво, а потоа додадете ги тиквиците (претходно исцедени), пармезанот, сланината и кромидот и измешајте добро. Зачинете по вкус. 

На хартија за печење истурете ја смесата и печете на претходно загреана рерна на 180˚С околу 40 минути. Солениот колач најдобро се сече кога е ладен и може да се сервира на различни начини.

3-recepti-za-zdravi-mezinja-prigotveni-na-vkusen-nachin-04.JPG

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2020 во 11:23

15 извонредни идеи за декоративно мезе со кои ќе ги изненадите вашите гости

Ненајавените гости се секогаш вистински предизвик, особено бидејќи секој од нас сака да се покаже во убаво светло, а кога сме неспремни, не секогаш имаме дома веднаш што да послужиме. Токму за оваа цел, денес ви претставуваме 15 извонредни идеи за креативно мезе кое се приготвува супер брзо и лесно:

Инспирирајте се како најдобро да ги изненадите и воодушевите вашите гости:

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 10:50

Вкусни, солени залачиња „на боцки“ – нема да посакате друго мезе


Обожаватели сме на брзи, едноставни и вкусни рецепти кои нема да нè задржат долго во кујната, ниту пак ќе ни направат „дупка“ во буџетот.

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki-01.jpg

Го имаме највкусното мезе „на боцки“. Ќе престанете да броите колку сте изеле после третото солено топче.

Потребни состојки:

  • 150g пченка од конзерва (добро исцедена од течноста)
  • 150g рендан кашкавал (трапист по можност)
  • 200g крем-сирење
  • 6 парчиња сомелен двопек

Начин на подготовка:

  • Добро соединете ги сите состојки во подлабок сад.
  • Двопекот додавајте го постепено, затоа што зависи од големината на парчињата.
  • Од добиената смеса обликувајте топчиња. Од наведената количина на состојки треба да добиете околу 12 топчиња.
  • Доколку сте перфекционисти, количината за секое топче измерете ја на кујнска вага.
  • Ставете „боцки“ во секое топче и декорирајте со свеж магдонос.

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki (4).jpg

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki (3).jpg

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki (2).jpg

Vkusni-soleni-zalacinja-na-bocki (1).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 10:51

Брзо мезе кое ќе им се погоди и на почетниците во кујна


Најбрзо и најлесно мезе со кое дури и неискусните во кујна ќе се покажат пред гости.

brzo-meze-koe-kje-im-se-pogodi-i-na-pochetnicite-vo-kujna-01.jpg

Наликува на пирошки, но се прави без тесто и без пржење. Сè што треба да направите е да испржите печурки со неколку додатоци, да ги замотате во кашкавал и салама, да ги извалкате во лебни трошки и да ставите да се печат.

Неодоливо мезе на кое никој нема да одолее, а рецептот е толку едноставен што не може да не ви се погоди.

Потребни состојки:

  • 250g печурки
  • Малку бело вино
  • Магдонос
  • Лук, кромид, маслиново масло
  • Сувомеснато – големи парчиња
  • Големи парчиња кашкавал
  • 2 јајца
  • Лебни трошки

Начин на подготовка:

Испржете ги печурките на малку масло, заедно со лукот и кромидот. Додадете малку вино за вкус и сол, а потоа оставете ги на тивок оган уште 15-тина минути.

Наредете ги парчињата кашкавал, а одозгора ставете парче сувомесното, па најгоре по малку од печурките.

Нежно роловајте ги и извалкајте ги прво во изматени јајца, а потоа во лебни трошки. Наредете ги во тава и печете на 190⁰С околу 15 минути. Послужете ги топли.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.