IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:19

БРЗИ КРОФНИ - СО ЏЕМ

Состојки:

1/3 чаша (од 250 мл) брашно за торти и колачи

7 гр прашок за пециво

1/3 чаша шеќер

1/3 чаша млеко

7 лажици масло за јадење

1 јајце

1/2 кафена лажичка екстракт од ванила

12 лажички џем, по една за секоја крофна

1/2 чаша путер

1/2 чаша шеќер

Загрејте ја рерната на 200 степени. Со вилушка се мати млекото, маслото, јајцата и ванилата. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и 1/3 чаша шеќер и добро измешајте. И не грижете се ако има грутки, смачкајте ги со вилушка или дрвена лажица. Не е потребно смесата премногу да се меша, бидејќи крофните ќе бидат тврди.

Исипете ја смесата во подмачкани калапи за мафини (12 калапи) – се полнат со смесата помалку од третина, па додадете по една лажичка џем. Додадете врз секој калап уште малку од смесата, додека не се наполни 2/3 од калапот.

Крофните се печат 20 минути додека не добијат златно кафена боја и не пораснат. Во меѓувреме стопете го путерот на пареа. Останатиот шеќер ставете го во посебен сад. Штом крофните ќе бидат готови, ги вадите од калапот, ги валкате прво во путерот, а потоа во шеќер. Се послужуваат топли.

krofne-brze2

 



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:37

ЕКСТРА-БРЗИ СОЛЕНИ КИФЛИЧКИ

Состојки:

1 белка од јајце

1 лажичка сол

125 гр сирење

50 мл млеко

50 мл масло

3 лажички прашок за пециво

250 гр брашно

За премачкување:

1 жолчка

Лажичка млеко

Сусам

Во длабок сад ги додаваме белките, солта, маслото и млекото, брашното измешано со прашок за пециво и од тоа замесуваме глатко тесто. Тестото се дели на два дела и се развлекува. Секој дел го сечеме на 8 тријаголници и ги виткаме во ролна. Ги премачкуваме со жолчка матена со млеко и ги поросуваме со сусам, а кифличките може да се полнат со сирење или салама.



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2015 во 18:30

ВКУСНИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИ

8

Потребни состојки:

  • 4 шолји од 2dl брашно
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажица сол
  • 2 лажици масло од сончоглед
  • 500ml млеко
  • 11g сув квасец

Подготовка:

Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер.

testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-02.jpg

Потоа лесно размесете, направете облик по желба – пирошки, лепче, кифли…

Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени.

Послужете со главно јадење, салати, сосови…

Ова се само дел од идеите како да го искористите тестото:

testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-03.jpg

 

testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-05.jpg

testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-06.jpg




Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2015 во 12:45
Посни кокос кифлички

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 грама шеќер

1 кесичка прашак за печиво

30 милилитри масло

1 кора од лимон

50 грама кокосово брашно

200 милилитри вода

500 грама брашно

Рендан кокос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Од сите состојки замесете тесто, со тоа што ќе додадете вода онолку колку што ќе ви биде потребно за да добиете хомогено тесто. Кинете парчиња тесто, правете топчиња, па од нив кифлички. Редете ги на плех, кој сте го обложиле со алуминиумска фолија.

Печете на 180 степени, околу 20-ина минути. Кога кифлите ќе заруменат извадете ги. Додека се топли потопете ги во сируп зовриен на рингла од 200 мл. вода и 250 гр. шеќер. Потоа кифличките валкајте ги во кокос и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 08:56

Рецепт за “оригинални” пекарски кифли


ПОТРЕНИ СОСТОЈКИ:

* 1кг бело брашно

* 100гр путер или маргарин

* 2 лажичиња сол

* 2 лажичиња шеќер

* 25гр свеж квасец

*4дл вода

* 1 лажица оцет (растворен)

* 1 дл млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Во еден пласичен сад ставете го брашното, солта, путерот. Во друг сад загреете го млекото да биде млако и во него издробете го квасецот и ставете едно лажиче шеќер. Откако квасецот ќе се стопи ставете го во брашното и сето тоа замесете го со топла вода во која претходно сте ставиле едно лажиче шеќер. Тестото мора убаво да се одвојува од садот.
  • Тестото покриете го и оставете го да отстои 50 минути. Откако ќе поминат 50 минути премесете го и оставете го да отстои уште 25 минути.
  • Откао сте го премесиле тестото и отстојало доволно, работната површеина набрашнете ја и истресете го тестото на неа, од тестото направете 15 топчиња и оставете ги да отстојат уште 10 минути.
  • Секое топче исукајте го и правете ги кифлите од горе надолу така што на почетокот ќе притиснете со дланката а потоа со двете раце ќе го виткате тестото додека не дојдете до крајот.
  • Плехот за печење покриете го со хартија за печење, наредете ги кифлите и оставете ги да стојат се додека не станат дупло поголеми. Секоја кифла намачкајте ја со вода и попрскајте ја со сол.
  • Печете во загреана рерна на 250 степени 12 минути.
  • Рерната мора да биде многу  загреана пред да ги ставите кифлите и сосема е доволно да ги печете 12 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2015 во 16:13

АМЕРИКАНСКИ КРОФНИЧКИ


5

Состојки:

За тестото:
150 мл млеко
60 гр мек маргарин или путер
500 гр пченично брашно
1 квасец
40 гр шеќер
1/2 лажиче сол
1 јајце

Загрејте го млекото и во него додадете го квасецот, шеќерот и маргаринот или путерот и оставете да отстои да стаса

Замесете го брашното во кое сте сатавиле јајце и сол со квасецот. Изматете го ова со миксер првин со најмалата брзина, а потоа едно пет минути со поголемата брзина така да добиете мазно тесто.Оставете го да отстои тестото на топло се додека двојно не се зголеми.

Од кога тестото е нараснато го ставате на побрашнета површина и уште еднаш рачно премесете го и развијте кора со дебелина 1 см. Првин исечете кругови (Ø 9 см), потоа од средината исечете други кругови така да добиете прстени со ширина од 2 см.

Прстените покријте ги и оставете ги да одстојат на топло место додека видно не се зголемат.
Од кога ќе нараснат крофните се пржат во загреано масло така да пливаат во него се додека не добијат од двете страни златно-жолта боја.

Ги вадите на кујнска решетка за да се исцедат од маснотијата и потоа ги посипувате со шеќер во прав и им ставате чоколаден прелив



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2015 во 20:10

KИФЛИЧКИ СО МАРМАЛАД

11

Состојки

1 пакетче лиснато тесто

Мармалад по избор

1 жолчка

3 лажици млеко

малку шеќер во прав

Подготовка

Добро измесете го лиснатото тесто и исечете го на триаголници. На секој триаголник ставете малку мармалад па замотајте ги во облик на кифлички. Редете ги кифличките во тепсијата па премачкајте ги со жолчката и млекото. Загрејте ја рерната на 170 степени, па ставете ги кифличките да се печат околу 25 минути. Кога ќе бидат готови оставете ги малку да се оладат, па послужете ги прелеани со шеќер во прав.



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:32

Кифлички Пеперутки




Подготовка

Во длабок сад за месење ставете ги брашното, нишестето, маргаринот, ванилата, шеќерот, јајцето и прашокот за печиво. Од наведените состојки замесете тесто, а по потреба додадете вода. Поделете ја смесата на два дела. Во едниот дел ставете го какаото и добро измесете. Оставете го тестото во ладилник за време од 30 минути. Со сукало од секој дел исучете кора како што е прикажано на сликата. Корите ставете ги една врз друга и формирајте ролат. Ролатот поделете го на два еднакви дела. Двата ролати ставете ги еден покрај друг и сечете парчиња. (Следете ги инструкциите на сликите). Парчињата редете ги во тава обложена со хартија за печење и малку притиснете ги странично за да се добие форма на пеперутки. Печете ги во загреана рерна на 175 степени додека поруменат.

Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 4

Состав

1 чаша нишесте (густин)
2 чаши брашно
150 грама маргарин на собна температура
1 кесичка ванилин шеќер
1 чаша шеќер во прав
1 ? лажица какао
1 јајце 
1 лажиче прашок за печиво

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2015 во 08:17
Солени крофни


Потребни состојки:

* 300 г брашно

* 2 големи јајца

* 1 кесичка прашок за пециво

* 1 лажица сол

* 100 г сирење

*  масло за пржење

Начин нa подготвување:

Изматете ги јајцата, ставете сол, прашок за пециво и додаете го брашното и издробеното сирење.

Замесете средно тврдо тесто. Тестото исукајте го со дебелина од еден сантиметар.

Со поголема кружна формичка или чаша направете кругови. Со помала формичка направте уште еден помал круг во средина на големиот круг.

Маслото за пржење добро загрејте го. Пржете додека крофните не добијат убава златно кафена боја.



Изменето од Valerija - 13.Ноември.2015 во 08:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2016 во 20:57

Благи кифлички со пиво

Се меси мазно тесто од:
6 филџани пиво
5 филџани масло
1 печиво и
брашно по потреба

Откако убаво ќе биде измесено тестото, се одделуваат мали топчиња и се расукуваат во корички со дебелина од 1 см. Се оставаат да постојат 10 минути.

Потоа секоја коричка се расукува во поголема кора, се сече на 8 делови, на секој дел се става мармалад и се виткаат како кифлички.

Се печат подолго време на пониска температура.

250 гр. шеќер се растопува со малку вода. Во овој шербет се ставаат испечените и изладени кифлички а потоа се прпелкаат во 50 гр. мелени ореви или во шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 13:40

ПОСНИ ПРЖЕНИ КРОФНИ

12

Потребни состојки:

  • 250ml млака вода
  • Пакетче свеж квасец
  • 800g брашно
  • ½ маргарин
  • 3 лажици шеќер

Подготовка:

Во млаката вода ставете 1 лажичка шеќер со квасецот и 1 лажица брашно. Оставете да нарасне.

Соединете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ја водата со нараснатиот квасец и замесете тесто.

Оставете тестото да нарасне неколку минути, а потоа растегнете го. Со калапи за крофни или со шолја извадете кругови.

Наполнете едно тенџере со масло, затоа што крофните мора да пливаат додека се пржат. Во маслото спуштете неколку крофни и пржете додека не заруменат.

Кога се готови, исцедете ги на една платнена крпа, проросете со шеќер и наполнете ги по желба.

Служете ги додека се топли.



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 22:06
Полнети кифли со шунка и крем сирење



Состојки:

450 г од вашето омилено тесто за печива
1 јајце
сусам
афион
крупна морска сол
300 г крем сирење
100 г шунка
100 г кулен
1 домат
малку сечкан магдонос
 

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и подгответе го плехот на кој сте ставиле хартија за печење. Свиткајте две хартии за печење кои сте ги споиле во облик на фишек, а потоа истите фишеци обвиткајте ги во алуминиумска фолија. Тестото замесете го, развлечете го во долга лента, па лентата тесто обвиткајте го околу фишекот. Повторувајте ја постапката сè додека не ги потрошите сите состојки, а би требало да добиете околу осум корнети.

Со изматеното јајце премачкајте го тестото, па по желба посипете го со афион, сусам и сол. Запечете го во рерна на 200 степени околу 16-18 минути. Извадете, па кога малку ќе се излади, наполнете ги фишеците од тесто со филот што сте го подготвиле од крем сирењето, сечканата шунка, магдоносот, куленот и останатите состојки по вкус. 




Изменето од Valerija - 10.Мај.2018 во 19:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 17:44
Брзи крофни готови за 10 минути

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 400 мл. јогурт
– 2 јајца
– 2 пакетчиња ванилин шеќер
– прстофат сол
– 2 лажички шеќер
– 20 лажици брашно
– 1 пакетче прашок за пециво
– масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги сите состојки додека не се претворат во еднолична смеса. Доколку забележите дека вашата мешавина е ретка, слободно додадете уште неколку лажици брашно.

Вадете мали топчиња со лажица (и со прсти), и пржете во врело масло. Сепак, внимавајте да не биде прежешко.

Штом забележите дека тестото добило црвенкаста боја (а тоа ќе е за кратко време), превртете ги и на другата страна. Доколку ги пржите во многу масло, тие ќе се превтруваат и самите.

Вадете ги во чинија обложена со салфети, за да се впие вишокот масло.

Посипете со шеќер во прав и со чоколаден прелив (по вкус).



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2016 во 08:01

Dave’s Kitchen: Рецепт за домашни кроасани


Dave’s Kitchen оваа недела ви подготви вкусни кроасани. Зошто да купувате смрзнати производи кога може да направите нешто домашно и подеднакво вкусно?

Потребни состојки:

  • 250мл вода
  • 2 пакетчиња сув квасец
  • 500 гр. брашно
  • 3 лажички сол
  • 50 гр. шеќер
  • 100 гр. + 250 гр. путер

Начин на подготовка:

Најпрвин во водата ставете го квасецот. 

Во друг сад ставете ги брашното, шеќерот и солта и добро промешајте. Додадете ја смесата со квасецот и водата и 100 гр. путер растопен на собна температура. 
Месете додека не добиете убаво и меко тесто. 

Оставете го да нарасне околу 2 часа. 

Набрашнете ја работната површина и расукајте го тестото правоаголно долго околу 40-50 см. Превиткајте го како книга неколку пати и оставете да стаса во фрижидер преку ноќ. 

Утредента расукајте го повторно , па потоа ставете го путерот на едниот крај и поклопете со тестото. Расукајте го тестото за да се распредели путерот низ целото тесто. (Оваа постапка треба да ви одземе околу 10 минути)

Расукајте правоаголна кора долга 50 см и сечете триаголници. Свиткајте во кроасани и оставете ги на тавче за печење, па потоа премачкајте со јајце. Оставете да стасаат околу 2 ипол до 3 часа. 

Печете 10 минути на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 190 и печете уште 12 минути или додека не добијат убава златно кафена боја. 

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB странаDave’s Kitchen.



Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.